Следниот дел

Претходниот дел

 запустуат.........1
Шепни — покров куќа запустуат.
 заработан.........1
Лебот е поблаг кога е заработан.
 заради............3
Заради босиљокот и шчирот го вадит.
Заради Никола и св. Никола.
Заради сувото и сурото горит.
 зарадувај.........1
Не виж арно — не зарадувај се; не виж лошо — не уплаши се.
 зараствит.........2
Од нож и од сеќира пљагата зараствит, а од лош јъзик не.
Рана шчо се кријат, тешко зараствит.
 зареза............1
Ја зареза куќата како на рабуш.
 зарекла...........1
Се зарекла свина да не ојт на бунишче, да не претат.
 зарзават..........1
Му прилега како на ат да носи зарзават.
 засадено..........1
Криво засадено криво ќе расте.
 засенвит..........1
Сънцено со ръка не се засенвит.
 засениш...........1
Не мојш со ръка сънцето да го засениш.
 засечено..........1
Од ке е дреото засечено, кун таму падинет.
 засмрди...........2
Додека не лишнеш, нема да засмрди.
Не го разриве говното — ќе ти засмрди.
 засмрдува.........1
Рибата откаде главата засмрдува.
 заспав............1
Кога легнав, како скапана круша веднаш заспав.
 заспала...........2
На борина попрела, на виделина заспала.
На месечина попрела, на сънце заспала.
 заспивјат.........1
Еѓуптинот кога имат пекмез, не заспивјат дури не го изејт.
 застојла..........1
Се напила вошката крв, та се застојла на чело.
 засукана..........1
Жена работница одит засукана.
 затанува..........1
За мала печалба човек затанува.
 затва.............1
Инетот е поблаг од се, затва поскъпо се плашчат.
 затвара...........1
Од углавник врата не се затвара.
 затворат..........2
Децата на татка си ја ќе му ја отворат куќата, ја ќе му ја затворат.
Ѓаолот во трска го затворат итриот.
 затворена.........1
Во затворена уста мува не влегува.
 затвори...........1
Затвори ја вратата однадвор.
 затвориш..........2
Нечесната жена и в кафез да ја затвориш, таа ќе си најт чарето.
Устите од алкот не се врешче да ги затвориш.
 заткало...........1
Како се заткало, така и се доткало.
 затниш............2
На свето устите не можиш да му ги затниш да не зборуаат за тебе лошо или арно.
Човечките уста не са враќа да и затниш.
 зато..............1
Волкот сам си вршит работата, па зато му је дебел вратот.
 затоа.............26
Високо орело лета, затоа далеку гледа.
Восоко го собираат безгрешните пчели, затоа се гори пред чесните икони.
Го престрел волко, затоа стори убав ал'швериш.
Го престрел зајак, затоа ал'швериш не напраил.
Дете смеа не знаи, та затоа за ништо се лути.
Децата гајле не берат, затоа и брго растат.
Ѓаолот од темјан бегат, затоа в црква кадат.
Еѓупката страм нема, затоа си пита.
Кој ти ги изваде очите? — Брат ми. — Затоа толку длабоко.
Мажот посилен ет од жената, затоа требат да премолчуат жената.
Му влезе лебо во забите, затоа го кошка со нога.
Му дошле гости, затоа пеат песни.
На туѓи гробишта плакала, та затоа солзи не пуштила.
Не му е на гајдата, затоа не заигра.
Нозе ми нема стоката, да затоа не ми се продаа.
Овците сет кротки и будали, да затоа стојат да ги давит волкот.
Од една чешма пиле вода, та затоа се родуале.
Од кокошка нога јал, та затоа скришното го кажуат.
Ормањето скраја отидоа, затоа државата се оскапеа.
Парите затоа сет тркалести, да одаат од раце в раце.
Ретка е честа, затоа е скапа.
Ретко е златото, затоа е скапо.
Сака чоек да бидит пијаница, да затоа влегуа в меана.
Свињата си е свиња, затоа не знаи како се јади диња.
Си искина ѓаолот опинците, затоа го предаде.
Таткото и мајката берат гајле за децата, затоа брго ќе остарат.
 затова............1
Високо литаа орлите, па затова и надалеко гледаа.
 затријат..........1
Се плашит дан' му се затријат семето.
 затркаљало........1
Варди дури не се затркаљало клопчето.
 затркалало........1
Затркалало се е тенџерето, нашло си капако.
 затрни............1
Ја затрни куќата, је кладе трн под опачка.
 затрнила..........2
Мрзливата жена куќа затрнила.
Портата ја смела, а куќата ја затрнила.
 затрнит...........1
Ќе ја затрнит куќата со умо што киниса.
 заузда............1
У секого има лутина, ама блазе на тој што ја заузда.
 зауздал...........1
Го ватил ѓаолот за врат, та го зауздал пијаниот.
 зауздани..........1
Самите пијаници знаат оти од ѓаолот сет зауздани.
 зафатиш...........2
Ер шчо да зафатиш помисли каков ќе му бидит крајот.
Кога ќе зафатиш една работа, требит да је битисаш.
 зафашчање.........2
Лошо зафашчање, лош крај.
Секое зафашчање е тешко.
 зафашчат..........5
Еднош се зафашчат.
Кој арно зафашчат, арно ќе битисат.
Кој арно зафашчат, полојна работа битисвит.
Кој зафашчат многу рабоќе ниедна не битисвит.
Многу му зафашчат лопатата.
 зафашчаш..........1
Поарно и да не зафашчаш, отколку и да не битисаш.
 зацрвенал.........1
Се зацрвенал ракот од арно.
 заш'..............1
Заш' та љубам, ти кажвам.
 зашел.............1
Нашел, па зашел.
 зашила............1
Не ти је зашила мајка ти устата.
 зашол.............1
Нашол — зашол.
 зашто.............4
Бладзе на глувиот зашто два пати слушат.
Имам со што, немам зашто.
Ноќта вода не са плиске вонка, зашто ќе те болат очите.
Чоеко се родил на веков за нешто да познаит зашто се родил.
 зашчо.............21
Варди се дури си здрав, зашчо шчо марифет од ко ќе си је клајш чивијата.
Гулема снага зашчо ти е куга немаш здраво срце.
Ела зло, зашчо без тебе ушче позло.
Зашчо бараме многу, сме сиромаси.
Зашчо му е брада куга нема глава.
Зъјакон трпит да го вјат жељка, зашчо орелон е над него.
Зъјакот трпит зашчо, орелон е над него.
Јади, Маро, сирење зашчо овчар сакаше.
Като шчо те мрази, така да те боли, нема зашчо да си жив.
Ќисело било грозјето зашчо не го дофтасвела лисицата.
Му дале на Влаот крастајца, а тој не ја сакал, зашчо била крива.
Мъжи ја момичката дури ти тропет на врата, зашчо после ти ќе фатиш да тропаш по чужџи враќе.
На чужџо куче не дај му коска, зашчо и твојето ќе те остајт.
Не кажви му ја на будалата камарата со камења, зашчо ќе ти је скршит глата.
Не копај гроб другему, зашчо сам ќе падниш во него.
Не мокај се спроти ветар, зашчо ќе се испрскаш.
Не смеј му се на будалата зашчо лесно мојш да го фтасаш.
Не фрљај камен в ќенеф зашчо ќе те испрскат.
Сал си седа и се чуда зашчо ми са деца боси.
Сиромав е ѓаолот зашчо немат жена.
Сиромав е крлежон зашчо немат гъз.

Следниот дел

Горе