Следниот дел
Претходниот дел
зборвиш...........6
Ако зборвиш лош си, ако малчиш ќе пукниш.
Ако не знъјш да зборвиш, знъјш да малчиш.
Зборвиш по ветар.
Лесно е да зборвиш, ама тешко е да сториш.
Поарно сешчо да јајш, одошчо сешчо да зборвиш.
Шчо зборвиш, да ми бидит; шчо ми мислиш, да ти бидит.
збори.............3
Ако срцето за љубов ти збори, не дај му да гори.
Молчи, не збори лошо да не си поткасаш јазикот.
Што ќе дојт на умот, не збори пред кумот.
зборлив...........1
Зборлив човек е писмо без адреса.
зборлива..........1
Поарно е жена прдлива, отколку зборлива.
зборливио.........1
Зборливио чоек ет писмо без муур.
зборо.............2
Не менуј се од зборо како времето во марта.
Ногата му се слизна, а зборо не.
зборој............7
Малу зборој, многу рабоќе.
Многу зборој, многу арноти.
Од зборој попара не се прајт.
Поарно е да вервам на очиве свој, одошчо на чужџи зборој.
Со зборој пиљав не се праит, оти сака ориз и мас.
Чвек со зборој не се опервит.
Чужџи зборој, в срце ножој.
зборојте..........2
Зборојте се мерет, не се броет.
Зборојте сет како цреши: една вати, сите ќе се кренат.
зборои............9
Воденица многу зборои се праат.
Зборои треба да арџиш кога сакаш нешто да продаиш.
Јас на моите очи зер не ќе се веруам, ами на туѓите зборои?
Ќе го робеше кога го завати со зборои да му вели.
Многу зборои сет стребрени, а помалку позлаќени.
Многу зборои — торба ореи.
Си дадоа лоши зборои, си зедоа од триста години.
Срцево ми го распара од твојте лоши зборои.
Шупливи му сет сите зборои.
збороите..........4
Железото железо трие, а збороите умо.
Камењето и песокта сет тешки, ама збороите лоши од безумнио сет потешки.
Лоши и се на момето веѓите, ама чесни и се збороите.
На лош чоек секој не можи да му ги јади збороите.
зборот............27
Арен ти е зборот, ама тиквен ти е грошот.
Зборот два не ти го прајт.
Зборот дупка не дупнуа, ама се паметуа.
Зборот дупка не отворат, ама рана отворат.
Зборот дупка не отворат, ама се паметвит.
Зборот дупка не отворат.
Зборот дури не го предумаш и преживаш арно, не зборуј го пред секого.
Зборот збор отворат.
Зборот зборче отворат.
Зборот како коа крава јазикот да му го изел.
Зборот не е врапче. Ако летне не се фаќа.
Зборот не е стрела, ама полошо од стрела устрељвит.
Зборот разговор отворат.
Зборот рани отворат.
Инатчијата умират, ама зборот назад не си го земат.
Каков е чвекот, таков е и зборот.
Каков што ет чоекот, таков му ет и зборот.
Ми помина зборот како на камен.
На кум зборот не се погазува.
На чоеко месото не му се јадит, ами зборот.
Не враќај се од зборот како жена од пазарлакот.
Ногата му се подмествит, зборот не.
Полошо сечит зборот, одошчо ножот.
Сечит со зборот како сабја.
Си стојт на зборот, ко вода в речина,
Стојт на зборот ко вода в речина.
Чвека по зборот ќе го познајш.
зборуј............6
Зборот дури не го предумаш и преживаш арно, не зборуј го пред секого.
Зборуј коа те прашаат, не молчи како ќос на јајца.
Зборуј му ти на шут чоек: со едното уо слуша, со другото пушта.
Зборуј си ако немаш работа, сам си зборуаш, сам си слушаш.
Шеќер јади и шеќер зборуј.
Што ќе ти доит на умот, не зборуј пред кумот.
зборуа............3
Којшто не знаит да молчит, не знаит и да зборуа.
На сиромајот никој праото не му го даа кога да зборуа.
Стоката арна сама зборуа и се продаа.
зборуањето........1
Пилците се познаваат по пеењето, а луѓето по зборуањето.
зборуај...........1
Поеќе слушај ошто зборуај.
зборуаат..........1
На свето устите не можиш да му ги затниш да не зборуаат за тебе лошо или арно.
зборуав...........2
Зборуав, зборуав, устата ме доболе, и пак не ме разбра.
Зборуав, зборуав, устата ме доболе, и пак не ме разбра.
зборуал...........2
Зер тој зборуал со Бога, да што знаел?
Од кај знаи тој што кажуат, зер со Бога зборуал?
зборуат...........5
Друго мислит, друго ти зборуат.
Зборуат и туку брборит како газ на грозје брање.
Зборуат како празна воденица.
Зборуат, ама и тој сам не знаит што зборуат.
Зборуат, ама и тој сам не знаит што зборуат.
зборуаш...........4
Зборуј си ако немаш работа, сам си зборуаш, сам си слушаш.
Лути се, карај се, ако криво зборуаш, никој не те поткрепуа.
Луто ако јадиш, ама благо да зборуаш.
Поеќе слушај одошто да зборуаш.
зборувањето.......1
Палците се познаваат по пеењето, а љуѓето по зборувањето.
зборче............1
Зборот зборче отворат.
збрчит............1
За разбранјот и ајпида да збрчит, доста е.
збудаљвит.........1
Виното и умниот го збудаљвит.
збудалиш..........1
Ако сакаш некого да го збудалиш, пофали го.
звънец............1
На будалата не требит да му обесиш звънец, и без ѕвонец се познат.
згазат............1
Ако си мек ќе те згазат како кал, ако си благ ќе те изедат като мед.
згази.............1
Не згази оѓине, не изгори се.
згазиш............3
Ако ја згазиш змијата на опашката, ќе се свртит да те укасат.
Ако му згазиш на чоека на стапалката, не гази му на работата.
Дури не и згазиш на змијата на опашката, не те клукнуа за ногата.
згазна............1
Никој не ти згазна на опашката.
згазнал...........1
Згазнал на гнила шчица.
згазниш...........4
Ако ми згазниш на сенката, на късмедот не мојш да ми згазниш.
Ако ми згазниш на сенката, на късмедот не мојш да ми згазниш.
Змијата рекла: Ако ми згазниш на опашкава, ќе се евртам и ќе те къснам.
На сенката ако мојш да ми згазниш, на късмедот не мојш.
Следниот дел
Горе