Следниот дел

Претходниот дел

 жеднио............1
Брзио чоек не оди да пие вода на чешма, ами жеднио оди.
 желба.............1
Желба греа нема.
 железен...........1
Нека ме ритне железен папук, а не здрвен опинок.
 железна...........7
Арниот збор железна врата отворат.
Блага дума железна врата отвара.
Блага реч железна врата отворат.
Благиот збор и железна врата отворат.
Добриот збор, железна врата отвора.
Парата и железна врата отварат.
Слатката реч и железна врата отворат.
 железни...........3
Арна дума железни порти отвара.
Добрио лаф железни врати отворва.
Медената уста железни враќе отворат.
 железно...........1
Братската љубов појака е и од железно кале.
 железо............8
Железото железо трие, а збороите умо.
Кога се давит чвек, и за усвитено железо се фашчат.
Не бие студено железо.
Неољата не е од железо, ама камења кршит.
Парите се јудино железо.
Секое срце е од месо, а не од железо.
Со чужџи ръце лесно се фашчат врено железо.
Срцето не е од железо, туку од месо.
 железоно..........1
Железоно се којт дури е џешко.
 железото..........9
Гајлето го јаде човека ко 'рѓата железото.
Гајлето го јаде човека, ко железото р'ѓата.
Гајлето го јаде човекот како 'рѓата железото.
Железото дури е топло, се чукат.
Железото железо трие, а збороите умо.
Железото и дрво и камен сечит, ама и него 'рѓата го јадит.
Железото се кове додека е жешко.
Железото се чука додека е вруќо.
Ќе чука дури железото е жешко.
 желко.............2
Вјаај ме, желко, од горнега.
Вјајме желко, оти ево го орелот над мене.
 жена..............174
Ако имаш лична жена, не оди на чужџина.
Ако паднам, од маж да паднам, а не од жена.
Ако падниш, падни како мъж, а не како жена.
Ако падниш, падни од мъж, а не од жена.
Ако се бориш со жена и ја кутниш, голема чес не ќе добиеш.
Ако се бориш со жена и падниш, голем страм ќе си донесиш.
Ако сум ти жена, не сум ти робинка.
Ал со жена, ал без жена.
Ал со жена, ал без жена.
Арен оѓин — пофална жена.
Арен оѓин — прагава жена, лош оѓин — гузрава жена.
Арен оѓин — прагава жена, лош оѓин — гузрава жена.
Арната жена ет од Бога блаосовна.
Арно е да имаш жена и умна и лична, арно ама Господ две добра на едно место не дава.
Арно е да имаш жена умна и лична, арно ама господ две добра на едно место не дава.
Барај жена да најдиш од сој, да ако ет сиромашка.
Барат сешчо ко трудна жена.
Без жена куќа, клај му го огно од врата и изгори ја.
Бог да ве чуа од огон, од вода и од лоша жена.
Брблаица жена е како некоја празна воденица.
Брблаица жена никој не ја милуа.
Вај, бај чоек да не налепи од лоша жена на кат и од лош коњ на пат.
Воденица неклепана и жена нетепана нема.
Воденица неклепана и жена нетепана — не оди.
Галената жена не преди со урка.
Гемија по суо ако можиш да тргаш, да така жена лоша да водиш.
Гемија по суо да тераш не можиш, нити со жена на војска да одиш.
Господ да те бранит од лош брич и од лоша жена.
Господ да те бранит од оган, вода и од лоша жена.
Господ да те бранит од пијана жена и од бесна свиња.
Господ да те бранит од тап брич и од проста жена.
Грдата жена берит куќа, а личната берит панаѓур.
Гузрава жена е црн данок на кашчата.
Да врлиш капата и да бегаш од лоша жена.
Да земиш жена сиромашка, ама да не е лижи-саавка.
Дај ми, боже, шчо ми мислит жена ми, а не мајка ми.
Дај му на жена узда, ако сакаш да ти запусти куќата.
Добрата жена куќата отвора, а лошата - за твора.
Едно око, едно кале. (Многу красна мома или жена).
Жена ако а не биеш, ќе ти се качи на врато.
Жена без маж и маж без жена — за кауѓери и прилега.
Жена без маж и маж без жена — за кауѓери и прилега.
Жена вера немат.
Жена години и мъж пари никојпът не кажвет.
Жена долгокоса плиткоума.
Жена доугокоса, краткоумна е.
Жена е зло без кое не се може.
Жена и змија едно се.
Жена и змија не се за вервање.
Жена и мачка едно се: ти је мазниш, та ќе те драпнит.
Жена и мачка мъчно умирет.
Жена и мачка се со по девет души.
Жена и пушка другему не се давет.
Жена и свиња од село не зимај.
Жена кавгаџија прилега на змија лутица.
Жена куса, руса и шишкаа, велит: ах, како не сум висока, калеша и танка бојлија?
Жена лична и безумна домаќинска куќа запустуа.
Жена лоша — вечна мака.
Жена миразлика дека иска мажо ќе си го води.
Жена млада и вино старо земај.
Жена мрзелива мезе на вошките бидуа.
Жена му му је носит капата.
Жена недугаа оди расплетена.
Жена пијана ет како улаа свиња.
Жена по модата и маж по водата.
Жена прокопсана куќата ја отворат.
Жена работница ноќе је свети куќата.
Жена работница одит засукана.
Жена синор нема.
Жена со пари се купуа, ама по селата.
Жена сос пари не се купува.
Жена умна и разумна не го остаа мажо да страда.
Жена што ќе си купи маж со пари, кај сака ќе си го води.
Жена што лиже тис не лижеш.
Жена што се боит од Бога секој ја милуа.
Жена што шета по комши, дома здрава не си иди.
Жена, коњ, пушка — не се даат на туѓа рака.
Зајадена пиперка и остаена жена не земај!
Зеј жена од сој, а куче од копанче.
Змија и жена вера немет.
Змија нога и жена години не кажвет.
Змија нога, жена години и мъж пари не кажвет.
И жена си за пари би је продал.
Имај си жена будала, ако сакаш по светот да те продаа.
Имај си жена расипница, ако сакаш да ти се запусти куќата.
Је држит жена си за перчин.
Кауѓер да има жена, не го прилега.
Кашча без жена и маж без пари, лошо е.
Кашча без жена, не е кашча.
Ке немат жена, немат ни кујќа.
Кој барат жена без кусур, без жена ќе останит.
Кој барат жена без кусур, без жена ќе останит.
Кој имат арна жена, не му требит рај.
Кој слушат жени, бетер е од жена.
Која страчка без опашка, та и Петко без жена.
Којшто бара жена без кусур, не ќе можи да ја најдит ни во Стамбол.
Којшто зема жена бесчесна, ќе си ја има дома бељата.
Којшто има лична жена, многу пријатели ќе има.
Којшто има лична жена, не му треба дома икона.
Копринена жена, вълнен мъж, попрости од сешчо.
Куќа без жена и мъж без пари оган да ги изгорит.
Куќа без жена огнот је изгорел.
Куче куга спие и жена куга плаче, не веруве.
Лична жена не се пушчат сама на свадба.
Лоша жена — вечна мъка.
Лошата жена късат полошо од љута змија.
Маж без жена непара го прилегаг.
Маж без пари и куќа без жена — огон да ги горит.
Мачка и жена на заем не се давет.
Мачка на заем не се дат, а не жена.
Мирна жена секој ја милуа, и блазе кој ја имат.
Млада жена имај си, старо вино купи си и ич гајле немај си.
Мрзлива жена — вошливи деца.
Мрзливата жена куќа затрнила.
Мрзливата жена мажо заборџуа.
Мрзливата жена мажот је го остаа без кошула.
Мрзливата жена ојт неиспрана.
Мрзливата жена ојт нечешлана.
Мрзливата жена по комшии преспива.
Мъж без пари и куќа без жена оган да ги изгорит.
На арната жена име му вадат.
На жена вера да немаш.
На жена не веруј се сосема, оти за цело не ет верна.
На жена не речи е: оти си горда?
На жена работница је светит куќата.
На жена срцето да не си кажуваш.
На жена тајна не кажувај.
На маж и на жена не им се брке в работата.
На мрзлива жена од двете страни ќе и се погледне газо.
На сто вреќи ќе врзеш устите, ама на една жена не можеш.
На трујца може една жена боса да оди.
На убава жена сирењето смрди.
Не враќај се од зборот како жена од пазарлакот.
Не давај узда на жена.
Не фали лична жена, туку умна.
Не фали ми лична жена, ами умна.
Неразбрана жена за пеза оди.
Нечесната жена и в кафез да ја затвориш, таа ќе си најт чарето.
Од бесно куче на пат и жена в кат, од гнил мос и прдлив гос.
Од жена ако падниш, голем страм ќе си донесиш.
Од жена гроб немат ни в поле, ни в планина.
Од жена кој маж зема пари, мараз ќе си отвори.
Од жена кој маж зема пари, нека си чекат кавги и ѓурултии.
Од жена кој маж ќе земи пари, нека си легни да го газит.
Од коса неклепана и жена нетепана нишчо не бива.
Од прва жена, прво синче и прво късајче нишчо поблаго немат.
По жена и по трамвај не се трчат.
Поарно да родеше некоја жена камен ошто родила лош син.
Поарно е жена прдлива, отколку зборлива.
Полесно се управјат едно царство, отколку една жена.
Пред поп не фали го господа, а пред жена ти чужџ мъж.
При убава жена — ногу пријателје.
Пушка, жена и коњ назаем не се давет.
Разбој да ткаит жена, дома ќе седит; а урка кога преди, по комшиј одит.
Риба и жена нема стара, нема мала.
Риба и жена никогаш не се стари.
Риба и жена по очите се познавет.
Родила жена дете, је се сторило оти родила царче.
С другар до море, с жена и през море.
Сиромав е ѓаолот зашчо немат жена.
Сиромаштијата ја страв да влези у жена работница.
Со жена зло, без жена позло.
Со жена зло, без жена позло.
Со жена шега не се бијат.
Сплеткал конците како мрзлива жена косите.
Срча 'ргосана и жена стара немат.
Трудна жена — вреќа подврзана: никој не знаит што има во неа.
Турчин пријатељ, син пасинок и жена вера немет.
Убаата жена е угодна на очите, а умната на срцето.
Убава жена — бела и кашча.
Удри по очи, по глаа — на жена не бидуа, оти и таа има душа.
Црви ќе зоврие под себе мрзливата жена.
Чавка зер умо му го испи на жена што се опила.
Што бара жена во Света Гора кога ќе умират.

Следниот дел

Горе