Следниот дел

Претходниот дел

 женат.............1
Ерѓен везир, женат резиљ.
 жената............83
Ако биеш жената си, ќе си биеш главата си.
Ако е мажот пијаница, жената ќе бидит маченица.
Ако немаш пари, и жената не те чести.
Ако се ожениш, арно ќе сториш, ама гледај дали ќе можит жената да ја раниш.
Ако си биеш жената, биеш си главата.
Ако ти е жената верна и работна, полна ќе ти биди куќата.
Ако ти е жената млада, не седи многу на туѓина.
Ако ти е жената многу лична, не пуштај а сама на свадба.
Арна ле ти е жената, свадба не ти требе.
Болна жената, болна и куќата.
Грда е жената на онцица, ама работна и е раката.
Грда нека е жената, ама уредна да и е куќата.
Да имам касмет, неќе владиката да ми ебе жената.
Дај си мажу жената ти оди во трњето.
Дај си, мажу, жената, да ти барај друга.
Дека жената повела, там кокошка пое.
Дури е млада жената, пули је се во ноѕете и во гръдите, ко ќе остарит, пули је се во ръцете.
Жената - рај, жената - пекол.
Жената - рај, жената - пекол.
Жената го носит мъжот на лицето, а мъжот жената на рутишчата.
Жената го носит мъжот на лицето, а мъжот жената на рутишчата.
Жената го прајт мъжот и домаќин и недомаќин.
Жената е како патка, трајт и на студено.
Жената е како тирен чараб — се тегнит.
Жената е ко врба — ке да је посадиш, таму растит.
Жената е ноќно кукајче.
Жената е ношен даскал.
Жената е рај за мажот ко ќе је арна.
Жената Ева сопрво згреши, а после мажо.
Жената ет долгокоса, а краткоума.
Жената знъјт за дај мъжу, а не за дај боже.
Жената има девеесет и девет дупки, а иска сто три полупки.
Жената имат за секого пълна торба сълзи.
Жената колку е блага, толку е горчлива.
Жената му вели на мажа си донеси, да кај сака нека си најдит.
Жената не го кажвит само то шчо не го знъјт, а од то шчо знъјт само годињето.
Жената не е цвеќе да го помирисаш, за да знъјш какво е.
Жената од Бога е блаосоена да му бидит на мажо помошница.
Жената се смејт ко ќе мојт, а плачит ко ќе сакат.
Жената што шета по комшии дома здрава не си оди.
Жената — рај, жената — пекол.
Жената — рај, жената — пекол.
За жената јуда е парата, а за мъжот јуда е жената.
За жената јуда е парата, а за мъжот јуда е жената.
Ја растурила жената куќата како табаана.
Кашчата не е кашча — жената е кашча.
Кашчата не стои на земјата, туку на жената.
Кога немаш пари никој чест не ти прајт, дури ни жената.
Кој не си бие жената, бие си снагата.
Кој си бие жената тој си бие снагата.
Кој си бие жената, тој си бие снагата.
Коњот сакат зоб, а жената роб.
Куќата не лежит на земи, туку на жената.
Маж е и белило и црнило на жената.
Мажо да носи со кола, а жената да изнесуа со игла, и пак ќе се битисат.
Мажо е борчлија да носи дома, а жената — да го спастри.
Мажо си оди со крсто на чело, а жената — на тило.
Мажо сос кола да вноси, жената сос игла да износи, ќе навакса.
Мажот Бело Море и Црно ќе обидит за жената да ја преранит.
Мажот е глава на семејството, ама жената е вратот.
Мажот посилен ет од жената, затоа требат да премолчуат жената.
Мажот посилен ет од жената, затоа требат да премолчуат жената.
Мъжот велит: Дај, боже, работа, а жената велит: Дај, мъжу, пари.
Мъжот је носит жената на кошуљата, а жената мъжот на лицето.
Мъжот је носит жената на кошуљата, а жената мъжот на лицето.
Мъжот со кола да носит, жената со игла да растурвит, куќата гола останвит.
На жената се гљат како је држит куќата, а на мъжот како носит в куќи.
На кој му е арна жената, црква не му требе.
На кој му е лоша жената, мртвем не му требе.
На мажо ако му повела жената, ќе му се сере на главата.
Не давај си, мажу, силата на жената.
Не даве узда на жената.
Ништите и брдилата сет голема стока на жената.
Овцата моја, рувото туѓо, жената моја детето туѓо.
Од дека ти е жената, од там ти е родата.
Од кај што е жената, и мажот.
Од ке си? — Од ке ми е жената?
Ошто ми е болна жената, печена кокошка изедуат
Парата е ѓаол, ама жената поѓаол.
Парата е Јуда, ама жената појуда.
Си ја најде бељата од жената.
Стани, куме, да ми седне жената.
Чвек со кола да донесвит, жената со игла да изнесвит, куќата празна останвит.
 жени..............25
Али млад жени се, али млад калугери се.
Бог да пази од лоши жени, од калуѓери и од лоши другари.
Бог да те чува од пијани жени.
Богатото мамче младо се жени.
Господ знае и за стари жени.
Две жени води без гашчи оди.
Две жени пазар, три жени панаѓир.
Две жени пазар, три жени панаѓир.
Еден мажи, друг жени.
Жени мрзливи седат без работа, ако децата му одат без кошула.
Жени се млад, рано е; жени се стар, доцкна е.
Жени се млад, рано е; жени се стар, доцкна е.
Жени сиромашки што носат по глаите кавтани, мажите му ќе одат со капите искинати.
Ја млад жени се, ја млад калугери се.
Ја рано жени се ја рано кауѓери се.
Јадиш, пиш, лениш, спи — така си праат мрзливите жени.
Кој мал се жени и рано руча не е лаган.
Кој си не припознава кусуре, тешко се жени.
Кој слушат жени, бетер е од жена.
Момче се жени кога да сакат, а мома кога да ја сакаат.
Не давај се, манго, па пијани жени.
Не надај се манго на пијани жени.
Неќе да се жени додека не му никне врба в газо.
Сина жени кога сакаш, ќерка мъжи кога мојш.
Убаите жени непара сет работни.

Следниот дел

Горе