Следниот дел

Претходниот дел

 духна.............1
Духна ле му под опашката.
 душа..............47
Ако има ув гуша, има и душа.
Болен човек душа бере, па за живот мисли.
Болес душа не вади: болнио станува, здравио умира.
Болниот душа бери и пак се надеи да не умри.
Господ душа сакат.
Дадена ръка, спасена душа.
Двајца без душа, третјот без гла.
Додека душа к'ца, ќе гнета.
Душа нека строи ки да здраве, ако не за дан а оно утре.
Душа носиме, душа не поелвиме.
Душа носиме, душа не поелвиме.
Душа од мрша лесно не се делит.
Евангелието кој не го слуша, нема добра душа.
Еден душа бере, друг кур топори.
Еден за душа, друг за гуша.
Една душа што ќе излегуат утре, нека излезит денеска.
Ее, душа не излеве сус кулај.
Еќим душа не дава, ама болние полесно оздравува.
Еќим душа не дава, ама болниот со полесно го оздравуат.
Женцките ѓаолштини и ѓаоло не и знаи сите.За брада е мака, а за чешли колку ти душа сака.
Жива душа без грех не оди.
За брада е мака, а да за чешли колку ти душа сака.
За негва душа, за моја гуша.
Имај си брада, да за чешли колку ти душа сака.
Кај што излегуа збор, — и душа.
Ке шчо излегвит збор и душа излегвит.
Кој дава ногу — од имање дава; кој дава малку — од душа дава.
Кој со душа, кој без душа.
Кој со душа, кој без душа.
Која душа не сакат да ојт в рај.
Од кај што излегуа збор, и душа.
Од умрен душа не се барат.
Око лакомо, душа загубена.
Палецот и душа жива ако немаше чоекот, тој скот ќе си беше.
Парата е за чоека душа.
Пијана душа бог не слуша.
Пијана душа господ не слушат.
Пијаницата се мачи од пијанство и со снага и со душа, и пак рака не трга од пијанството.
Рани душа да те слуша.
Сиромасите со душа и чекаат постите.
Слаб на лице, здрав на душа.
Со своја ръка за своја душа.
Твоја Бога твоја душа.
Тројца без душа, еден без гла.
Тројца на душа, еден за гуша.
Удри по очи, по глаа — на жена не бидуа, оти и таа има душа.
Урда јади — душа вади.
 душата............25
Ако чоекот ет во снагата како скот, ама во душата ет како Бог.
Гајрет на болниот, дури да му излези душата.
Греот во меот, душата на круша.
Да го стисниш за нос, ќе му излезит душата.
Да е кабил душата ќе му извади.
Да лижнеш, па ќе ти е арам на душата.
Додека дое пашата, одева ти душата.
Дур идеш до пашата, одева ти душата.
Дури да му дојт на богатиот ќејфот, на сиромајот ќе му излезит душата.
Душата во носот си је носит.
Душата да му излезит чоеку, лошо име да не му излезит - окото да му излезит чоеку лошо име да не му
Душата ѕвонец не носит.
Јас душата си ја давам за пријателот.
Кој си ја менвит верата, ја менвит и душата.
Којшто си пастри устата, тој си пастри душата.
Лисјето на дрвјата му се душата.
Мршата од чоека во земјата, а душата пред Бога.
Му је носит душата во гъзот.
Му стојт душата во носот.
Не ќе ти је носит душата в кошница.
Од дека е думата, од тамо е душата.
Помила е стоката од душата.
Си је носит душата во носот.
Тешко на болниот дури да му излезит душата.
Црквата миет душата, а бањата снагата.
 души..............1
Жена и мачка се со по девет души.
 душица............1
Подадена ръчица, спасена душица.
 душичка...........2
Една душичка опште стое - кога некој многу ќе се разболи.
Женичка душичка.
 душман............6
Икономијата е душман на сиромашчијата.
На душман шчо бегат напрај му златен мост.
Поарно еден умен душман да имаш одошто сто пријатели будали.
Поарно умен душман, одошчо будала пријатељ.
Пријатељ без фајде душман се викат.
Стар пријател душман не бидуат.
 душмана...........1
Два душмана лежет в една постеља.
 душмане...........1
Бог доброто — на душмане злото.
 душмани...........3
Господ да те чуа од лоши пријатели, да за од душмани сам ќе се чуаш.
На вдојцата и полите је се душмани.
Поарно да имаш десет умни душмани, одошчо еден будала пријатељ.
 душманин..........3
На женско и трно е душманин.
Не бој се од улав пријател, бој се од итер душманин.
Поарно е да имаш итар душманин, а не улав пријател.
 душманите.........2
Господ да ме бранит од будали пријатели, а од душманите ќе се бранам сам.
Господ да ме вардит од пријателите, а од душманите сам ќе се вардам.
 душмано...........2
Водата спие, душмано не спие.
Напрај добро и на душмано.
 душманот..........1
Водата спијат, душманот не спијат.
 душмански.........1
Рани го коњот стопански, а јавај го душмански.
 душо..............6
Ов моме, ов душо, ов брашно, ов страшно!
Трај, душо, за да најдиш рај.
Трај, душо, за месо до Велигден.
Трај, душо, црни кожо.
Трпи, душо, ако искаш да јадеш круши.
Трпи, душо, црни, кожо.

Следниот дел

Горе