Следниот дел

Претходниот дел

 јајцето...........8
Дошло му е јајцето на газо.
И во јајцето влакно би нашол.
Камилата не е паднала од товаре, паднала е од јајцето.
Кога ќе и доит на кокошката јајцето на газо, тогај барат седело.
Кога ќе му дојт јајцето на гъзот, барат седело.
Куга му дојде јајцето на газо, тогај тера седело.
Му дојде јајцето на газо.
Скржавие влакното цапи, јајцето стриже.
 јајш..............5
Да ти е арам лебот шчо го јајш.
Една беља да е, со шеќер да је јајш.
Ко да не јајш солено.
Поарно сешчо да јајш, одошчо сешчо да зборвиш.
Работај да јајш, кри да имаш.
 јабаќи............1
Црвените јабаќи црвливи излазат.
 јабака............1
Најубавата јабака свињето а јадат.
 јабанџија.........1
Куќен арамија е полош од јабанџија.
 јаболка...........3
Зер и од врба чекаш да ти роди јаболка?
Шуплива јаболка сама падина од гранката.
Шупливите јаболка сами си паѓаат од гранка.
 јаболки...........3
Руно волна дала селанка за да купи ока јаболки.
Шупливите јаболки поцрвени сет од здравите.
Шупливите јаболки сами си паѓаат од гранка.
 јаболко...........5
За едно јаболко ошол дури на Тетоо.
Зер сум го канил со јаболко, да што ми дошол?
Ко јаболко да си преполојл.
Црвен како тетоско јаболко.
Црвеното јаболко секогаш е гнило.
 јавај.............4
Магаре јавај, магаре барај.
Магаре рани ат јавај.
Рани го коњот стопански, а јавај го душмански.
Рани ме ко брат, јавај ме ко враг, рекол коњот.
 јавиш.............1
Ка ти викнат, така и ќе се јавиш.
 јавнит............1
Ко ќе прогљат ќора кокошка и петелот ќе сакат да го јавнит.
 јавно.............1
Кришно се прца, јавно се кози.
 јаглење...........1
Аргацки пари — коачки јаглење.
 јагне.............14
Ако се омрсам, барем за јагне печено да се омрсам, а не за јајце варено.
Во неоља чаша отрув е поблага од печено јагне.
Волк руно менува, но со јагне го заменува.
Кротко јагне од две маќи цица.
Кротко како јагне.
Кроткото јагне од две мајки цицат.
Куче, маче, теле јагне, рипче, врапче и дете — сите се мили, дека се мали.
Мирно седи детето како јагне во трлото.
Му рекле на вълкот: Речи Вангеле! Тој рекол: јагне ле.
На вълкот му рекле: Речи Ванѓеле! Тој рекол: јагне ле.
Наместо да си јагне, да те јадет вълци, биди вълк, јади ти.
Поарно сув леб со мир, отколку печено јагне со кавга.
Сугаре јагне век немат.
Чаша отрув е поблага од печено јагне ко си во неоља.
 јагнеле...........1
Воукот ко го крштеваа му велеја да речит вангеле, нему јжзикот му велеше: јагнеле.
 јагнелија.........1
Волко го крштаале и му велел попо да речи: ванѓелија, а тој велел: јагнелија.
 јагнето...........4
А јагнето блејт, а цицат.
Вике по в'ко додека не е однел јагнето.
Каде е овцата газила, ќе гази и јагнето.
Умре ле јагнето, овцата се зам'зуза веднага.
 јагнешки..........2
На касапницата има повеќе јагнешки кожи.
Појке јагнешки кожи имат на пазар.
 јагниња...........3
Волко секоаш раѓа волчина, а не јагниња.
Вълкот сакат млади јагниња.
За Ѓурѓовден јагниња се колет, а не овци.
 јагнињата.........1
Кога се вълците гладни, јагнињата се криви.
 јагнишча..........1
Кој овчар спие, без јагнишча останува.
 јагоди............1
На префалени јагоди с гулема кошница не оди.
 јаготки...........1
Валени јаготки, празни кошници.
 јагула............2
Бегат како некоја јагула, што се слизга од рака.
Што јагула чоек ет, в рака не се ваќат.
 јагуридата........1
Друг јади јагуридата, друг тргат оскомината.
 јад...............1
Да те ритне ат, да не те е јад, а оно магаре.
 јада..............5
Ќе те јада како алва на Прочка.
Од јада — во ада.
Р'ж да работа — пченица да јада.
Р'жен леб да јада, ама да сам здрав.
Сољ и пипер ќе јада ама не крада.
 јадам.............8
Ако јадам манџа во ваган, ама да ет од наш грнчар напраен.
Ела лебу, да те јадам.
Заошто да јадам врапче кога има прасе?
Крк-мрк нема, пари сум дал, ќе те јадам.
Лежи, лебу да те јадам.
Пченицата си ја каснал, ама не знам кога ќе му го јадам оризот.
Ржан лебец да јадам, ама на туѓина да не одам.
Снао, дај да јадам, на гости бев.
 јадат.............23
Ако си мед, и глувците ќе те јадат.
Ако си мек, ќе те газа като кал, ако си благ, ќе те јадат като шиќер.
Арните круши свињите и јадат.
Атоите кога се клоцаат, магарињата поарното сено го јадат.
Водени гаќи јадат риби, а суи јадат пиперки.
Водени гаќи јадат риби, а суи јадат пиперки.
Волците нито и колат, нито и јадат и пак набулуци и немат.
Децата ги јадат сливите на старите им трпнеат забите.
Еден работи — ногу јадат.
Ефтиното месо и кучињата не го јадат.Жаба на суо не крекат.
Зрелите круши свињите ги јадат, и убаите моми лоши момчиња ги водат.
Малечко зрно е леблебија, ама го јадат по раќија.
Мирни калуѓери и на Вели петок прасе јадат.
Мирни кауѓери и во стреда риби јадат.
Младите ги јадат киселачките на старите им трпнеат забите.
Мртви усти да јадат — таква манџа сум напраил!
Најубавата јабака свињето а јадат.
Овца ле си, и в'ци ќе те јадат.
Од скржаиот и тамавќарот друзи стоката ќе ја јадат.
Пчелите и мравите лете збираат за зиме да јадат.
Сложни калуѓере и в петок блажно јадат.
Чисти раце не јадат печено прасе.
Што ја гледаш толку снагата кога црвје ќе ја јадат.

Следниот дел

Претходниот дел