Следен дел
Претходен дел
јајт..............63
Благо секој јајт.
Болниот малу јајт, ама многу арџит.
Во неоља и песот бълви јајт.
Вълкот и од броените јајт.
Гладен 'рт и дивјачки јајт.
Гладен рт и дивјачки јајт.
Го јајт грбон за стап.
Големата риба је јајт помалата,
Гостинот јајт шчо ќе му ставиш, а не шчо сакат.
Да ме клоцнит ат, се јајт некако, ама да ме клоцнит красто магаре, со нишчо не се јајт.
Да ме клоцнит ат, се јајт некако, ама да ме клоцнит красто магаре, со нишчо не се јајт.
Да те клоцнит ат, се јајт некако, ама магаре да те клоцнит, болит.
Други јајт сливи, други фашчат оскомина.
Еден јајт ќисело, други фашчат оскомина.
За атар и печена кокошка се јајт.
За инет и врешче сољ се јајт.
Здравје јајт, здравје пијат.
Змијата сама си је јајт опашката.
Змиска коска не се јајт.
И лебон плачит ко се јајт забадјала.
Како да не јајт леб секој ден.
Како да не јајт солено.
Ко да спијат, леб не јајт.
Ко се јајт и пијат, пријатели доста.
Кога двајца се карет, третиот го јајт ќотегот.
Кого къде го јајт, таму се чешат.
Кој јајт лајна, си имат и олџица.
Кој на утро богато јајт, си легвит без вечера.
Кој немат во глата, јајт по глата.
Кој седит под круша, тој јајт круши.
Коприна носит, копри јајт.
Кучка што јајт мас, јајт и стап.
Кучка што јајт мас, јајт и стап.
Къде кого го јајт, таму се чешат.
Лебот со сълзи го јајт.
Лен благо не јајт.
Лошото куче ни само је јајт коската, ни на друго је дат.
Ме јајт ко црвец дрео.
Не јајт Петкана преснеѕ.
Не јајт Петко јаре.
Не се јајт се шчо летат.
Не чешај се ке шчо не те јајт.
Од празни пајнци ни се јајт ни се пијат.
Оџо сирење не се јајт.
Пари ко лајна, само немат кој да ги јајт.
Сам себе си се јајт ко месечина.
Светиѓорска кајгана не се јајт.
Свој чвек, ако ти го јајт месото, коските ќе ти ги остајт.
Се шчо летат не се јајт.
Секој ден и попот мрсно не јајт.
Секој се чешат ке шчо го јајт.
Смирената лисица ги јајт кокошките.
Со сув гъз риба не се јајт.
Со тебе јајт и пијат, зад тебе гробот ти го копат.
Сува пола риба не јајт.
Таман го научив магарето да не јајт, то цојса.
Тоа шчо немат и царот не јајт.
Чешај се ке шчо не те јајт.
Чужџјот коњ малу јајт, многу носит.
Чужџо гајле берит, а свој леб јајт.
Шурбан погача не јајт.
Шчо немат, и царот не јајт.
Шчо ти се јајт, то ти се слушат.
јајца.............36
Дебела кокошка јајца не носит.
Десет јајца таман манџа.
Зборуј коа те прашаат, не молчи како ќос на јајца.
Здрави ли ти се гнили јајца?
Зетот се ранит со пржени јајца.
И нашите петли црвени јајца носет.
И петлите јајца му носет.
Кога кокошка многу грачи, помалку јајца снесуа.
Која кокошка многу гракат, малу јајца носит.
Која кокошка многу крека, малку нос јајца.
Којшто кради јајца, кради и мавче.
Кокошка шчо многу грачит, малу јајца носит.
Колку појке јајца во чорбата, толку поблага чорбата.
Комшиската кокошка појќе јајца носит.
Комшисќите кокошќи погулеми јајца носат.
Молчи кабаетлијата како ќос на јајца.
На богатие и враните јајца носат.
На едни луѓе и петлите му несат јајца.
На комшиите кокошките поедри јајца носат.
На чорбаџијата и чавките му носат јајца, на сиромавио и полого му трошат.
Не учи дедо ка се пржат јајца.
Не учи старец да макат јајца.
Не учи старца да мака јајца.
Нека не дреме како ќос на јајца.
Неканет гост молчит како ќос на јајца.
Од варени јајца не се изводат пилишча.
Од чавка јајца и голаб да ги квачит, пак чавки ќе излезет.
Петел јајца не носит.
Петле јајца не носи.
Со прдеж јајца не се вапцвет, туку со бакам.
Со прдеж јајца не се вапцвет.
Страчкини јајца и голаб да ги квачит, пак страчки ќе излезет.
Туѓата кокошка поголеми јајца снесла.
Удри јајца на масло: туѓо јадиш, туѓо пиеш.
Црна кокошка бели јајца носит.
Чавкини јајца и голаб да ги квачит, пак чавки ќ излезет.
јајцата...........1
Друг јајцата и изеде, другему останаа лупешките.
јајце.............18
Ако се омрсам, барем за јагне печено да се омрсам, а не за јајце варено.
Барат влакно в јајце.
Гос дојде, јајце снесе.
Кој украдит јајце, ќе украдит и кокошка.
Кокошкана едно јајце ќе сносит, цел свет ќе је разберит, а пчелата никој не је знъјт шчо прајт.
Од алој јајце на глава ми се печит.
Од едно јајце до царот сто се сториле.
Поарно денеска јајце, отколку утре кокошка.
Поарно свое јајце, одошчо чужџа кокошка.
Поарно твое јајце одошто туѓо коковче.
Се радува како мало дете на црвено јајце.
Сносла кокошката едно јајце, је разбудила целата мала.
Сос стиснен газ јајце се не снои.
Цело јајце в зелник.
Чвек е појак од челик и помек од јајце.
Човек е поцврст и од камен, а послаб и од јајце.
Човкот е од јајце послаб.
Чоекот е и од јајце послаб.
Следен дел
Претходен дел