Следниот дел

Претходниот дел

 грмавица..........1
Грмавица без светкавица не бива.
 грмење............1
На ногу грмење, малку тресење.
 грмеж.............1
Чисто небо од грмеж не се плашит.
 грмежи............1
Колку појќе грмежи, побериќетлија година.
 грмежот...........1
По грмежот и дожд идат.
 грмело............1
Дож врнало, грмело, ти оди си по пате.
 грми..............5
Врни, грми, патот си врви.
Грми ле ногу, не врне.
Грми, врни, пато врви.
Кој грми, не трешчава.
Куга ногу грми, малку врне.
 грмит.............8
Врнит, грмит, пътот врвит.
Грмит не врнит.
Ке шчо грмит не врнит, ке шчо врнит не грмит.
Ке шчо грмит не врнит, ке шчо врнит не грмит.
Кога многу грмит, малку врнит.
Кога многу грмит, малу дожд врнит.
Кога многу грмит, многу врнит.
Колку појќе грмит, помалу врнит.
 грне..............21
А со грнето по камен, а со каменот по грне — тешко на грнето.
Ако паднам, пак ќе станам; не сум грне да се скршам.
В ново грне шчо прво ќе ставиш, на това ќе мериса.
Викај ме грне, само не крши ме.
Во ново грне што ќе туриш сопрво, на тоа ќе мириса.
Грнчарот во ветво грне манџа јадит.
Грнчарот во ветво грне си вари на огниште.
Малото грне бргу се варит.
На празно грне не му требит капак.
Не прај се на секое грне капак.
Нехтен каша — греби грне.
Попцко меше — ѓупцко грне.
Пукнатото грне мъчно се лепит.
Сакое грне си има и капак.
Секое грне си сака својата поклупка.
У грнчара ново грне и у Циганин матеница.
У грнчара ново грне не сакај.
У грнчара ново грне не тере.
У гънчара грне немат.
У гънчара ново грне не барај.
У туѓо грне сол не турај.
 грнето............10
А со грнето по камен, а со каменот по грне — тешко на грнето.
А со грнето по камен, а со каменот по грне — тешко на грнето.
Грнчаре ти тура рачката на грнето од коа си страна иска.
Грнчаро кај сака, таму рачка клаа на грнето.
Гънчарот знъјт од која стърна да му ја клајт ръчката на грнето.
Дури не му дојди времето, не пукнуат грнето.
Ќе се завалка грнето, ќе си го најде поклопчето.
Неќе да пукне грнето додека не му дојде времето.
Од ке сакат гънчарот, отеде му је клат ръчката на грнето.
Тршнало се грнето, нашло си капако.
 грнци.............2
Една суроица една кола грнци искршуат.
За една кола грнци една ластварка е доста.
 грнците...........1
Кој оди на вода, тове троши грнците.
 грнчар............1
Ако јадам манџа во ваган, ама да ет од наш грнчар напраен.
 грнчара...........3
У грнчара ново грне и у Циганин матеница.
У грнчара ново грне не сакај.
У грнчара ново грне не тере.
 грнчаре...........1
Грнчаре ти тура рачката на грнето од коа си страна иска.
 грнчаро...........1
Грнчаро кај сака, таму рачка клаа на грнето.
 грнчарот..........2
Грнчарот во ветво грне манџа јадит.
Грнчарот во ветво грне си вари на огниште.
 грнче.............2
За секое грнче има капаче.
На секое грнче не му се прајт капак.
 гроб..............32
Ако плачиш на чуш гроб, ќе те болат очите.
Во каква лељајка го повиле, во таков гроб го закопале.
Грбата в гроб се правит.
Грбата ни в гроб не се исправјат.
Грбата само в гроб се исправјат.
Грешен чоек жив ет во гроб закопан.
Ден до ден, ноќ до ноќ, поблизу чоекот до гроб.
Денеска ов, ов, утре в гроб.
Денеска чоек се роди, и гроб му се отвори.
Еден гроб е и за богат и за сиромав.
Женски гроб немат в поле.
Знъењето остај го овде, а тајната прибери си ја в гроб.
Ископал гроб за други, сам паднал во него.
Кој копа гроб на друг, сам в него влазина.
Којшто копа гроб другему, сам паѓа во него.
На богатиот зер в гроб ќе му ја клаат стоката?
На чужџ гроб без сълзи се плачит.
На чужџи гроб се не плаче.
Не копај гроб другему, зашчо сам ќе падниш во него.
Не копе гроб на брат ти, оти сам ќе влезеш в него.
Не плачи на чужџи гроб.
Не тъжи на чужџ гроб.
Ни мајчин гроб се без пари не копа.
Об, об, об, та в гроб.
Од жена гроб немат ни в поле, ни в планина.
Од роб се врашчат, од гроб никогаш.
Поарно роб, отколку в гроб.
Роб дооди, гроб не дооди.
Секој си плаче на свое гроб.
Со пари и ке господа, без пари ни в гроб.
Со шило гроб му копат.
Човек се учи до гроб.
 гроба.............1
Со пари при бога, без пари во гроба.
 гробишта..........3
На туѓи гробишта плакала, та затоа солзи не пуштила.
Одит како слеп коњ во гробишта.
Село без гробишта нема.
 гробишча..........3
Голем град, мали гробишча.
Гробишча од глад немат.
Кумитсќи гробишча се не знаат.
 гробник...........1
Менал чума за гробник.

Следниот дел

Горе