Следниот дел

Претходниот дел

 врата.............35
Ако направиш манастир, тури му и врата.
Ако правиш манастир, тури му и врата.
Арниот збор железна врата отворат.
Арниот збор и царска врата отворат.
Без жена куќа, клај му го огно од врата и изгори ја.
Блага дума железна врата отвара.
Блага реч железна врата отворат.
Благиот збор и железна врата отворат.
Брат по брата, сите низ врата.
Го остајл доброто утро на врата.
Гробу на врата.
Дај на Еѓупка, за да ти се истаи од врата.
Добриот збор, железна врата отвора.
Дошол гробу на врата, и пак од лошо не се остаат.
За вълкот зборвиме, а тој зад врата шчутел.
Зер сум го канил со карта што ми дошол на врата?
Каква врата — таков клуч.
Ко делел господ ум, тој стоел зад врата.
Кој го потискат носот жво чужџа врата, без нос ќе останит.
Кој имат побратим камиљар, нек си напрајт повисока врата.
Куга правиш манастир, тури му и врата.
Магаре на магаре прилегвит, ама в една врата не влегвит.
Мие за вълкот а вълкот на врата.
Мъжи ја момичката дури ти тропет на врата, зашчо после ти ќе фатиш да тропаш по чужџи враќе.
На кафенето врата широка за влазење, ама тесна за излазење.
На пес кога ќе му дојдит умирачката, на црковна врата ќе се измочат.
Нашла невеста секира зад врата.
Нашол секира зад врата.
Нишај врата, земај плата.
Од углавник врата не се затвара.
Парата и железна врата отварат.
Си најде невеста секира зад врата.
Слатката реч и железна врата отворат.
Честому госту, зад врата место.
Чоек кога се раѓа, од една врата излвгуа и кога умри, во друга влегуа.
 вратата...........6
Ако играт мечката пред вратата од комшијата, ќе заиграт и пред твојата.
Дај на Циганката, да ти бега од вратата.
Ѓаолот ко немат шчо да прајт, ја нишат вратата.
Затвори ја вратата однадвор.
Је отворивме вратата голема, сега не се смаљвит.
Поблизу е вратата од плевната.
 вратено...........1
Од кај непратено, и нас вратено.
 вратет............1
Шчо ќе дајш назаем, то ќе ти вратет.
 врати.............4
Добрио лаф железни врати отворва.
Однеси го магарето каде сакаш, тоа пак ке се врати како магаре.
Ојде со еден ѓаол, се врати со сто.
Со каква мера мерите, со таква ќе ви се врати.
 вратил............1
Никој не се вратил од оној век.
 вратило...........1
Споменало се, не вратило се.
 вратит............5
Кој многу молитвит, не мислит да вратит.
Не ќе ми ги вратит козите од ридот.
Не ќе ти ги вратит гојадата од пасење.
Не ќе ти го вратит телето од з'гојада.
Оди да ти ги вратит даскалот парите.
 вратиш............1
Поарно од пол път да се вратиш, одошчо по лош път да ојш.
 врато.............4
Ако си ми татко, не си ми Господ, да што сакаш да ми се качиш како петел на врато?
Жена ако а не биеш, ќе ти се качи на врато.
Кирие не вели му кога му е кирилисан врато.
На в'ко му е дебел врато, оти сам си свршува работата.
 вратот............8
Ако не си а врши волкот сам работата - не бидува дебел во вратот.
Волкот сам си вршит работата, па зато му је дебел вратот.
Гљај си го пътот, скрши си го вратот.
Го направи вратот како питачко магаре.
Кога би знъел чвек ке ќе го скрши вратот, никогаш там би ошол.
Мажот е глава на семејството, ама жената е вратот.
Свил си вратот како мачоро во тланикот.
Спроти вратот и јаремот.
 врашча............2
Арно, лошо — врашча од маала.
Кашча пари не врашча.
 врашчаљка.........1
Од врашчаљка, сваљка.
 врашчав...........1
Кога ти одеше таму, јас се врашчав отаде.
 врашчам...........1
Ке ојш ти, јас се врашчам.
 врашчат...........9
Времето шчо поминало назад не се врашчат.
Јас мислам оту се врашчат, а тој ушче одел.
Назаем брашно, гнетено се врашчат.
Од роб се врашчат, од гроб никогаш.
Со гувеење моминство не се врашчат.
Шчо ќе излезит од уста, назад не се врашчат.
Шчо ојт по комши, здраво дома не се врашчат.
Шчо поминало, не се врашчат.
Шчо шчитат по село, не се врашчат весело.
 врашче............1
Не се врашче на посерение кладенец.
 врба..............14
Врба дрео, зет фара и магаре стока не се.
Врба низ гъзот ќе му порастит.
Врба огрја, зетва накрепа.
Жената е ко врба — ке да је посадиш, таму растит.
Зер и од врба чекаш да роди маслинки?
Зер и од врба чекаш да ти роди јаболка?
Зет фара, врба дрео и магаре стока не се.
Каква врба, таков клин.
Магаре стока, зер фара и врба дрео не се.
Не сум врба утре пак да изникнам.
Неќе да се жени додека не му никне врба в газо.
Од врба грозје не се берит.
Родила врба грозје.
Сирење — манџа, магаре — стока, зет — фара и врба дрео не се.
 врбова............2
Врбова огрева — зетова привидија.
Зет рода, магаре стока и врбова огрева — исто ти е.
 врбоо.............1
Зетоо погледиште, врбоо огреиште.
 врват.............3
Болници лежат, квасници врват.
Дните врват и нам ни се кусат.
Дните си врват како вода.
 врвет.............1
Дури се думет умните, будалите си го врвет веков.

Следниот дел

Горе