Следниот дел

Претходниот дел

 вај...............1
Вај, бај чоек да не налепи од лоша жена на кат и од лош коњ на пат.
 вајде.............1
Не ти е вајде — му влезе шапот во газо на болнио.
 ваган.............1
Ако јадам манџа во ваган, ама да ет од наш грнчар напраен.
 ваглење...........1
Аргатсќи пари като ковачќи ваглење.
 вада..............1
Кој вечерат вино, ќе ручат вада.
 вадат.............3
Мнозина знаат за пари да вадат, а малцина знаат да ги држат.
На арната жена име му вадат.
Чавка со чавка очите не си вадат.
 вадење............1
За пари арџење колај е мошне, ама за вадење помачно е.
 вадеж.............2
Ако има вадеж, ќе има и јадеж.
Ако нема јадеж, не требаше и вадеж.
 вадено............1
Ни вадено, ни прашено.
 вадеше............1
Ако не ги арџеше чоек парите што ги вадеше, калдрма од нив ќе напраеше.
 вади..............19
Болес душа не вади: болнио станува, здравио умира.
Брзиот коњ и од калта те вади.
Вади си вода од новиот бунар, но не плукај по стариот.
Врана на врана очи не си вади.
Гавран на гавран очи не вади.
Гарван на гарван очи си не вади.
Инато вади око.
Клин сос клин се вади.
Кој нож вади, од нож умира.
Компир гледа дропка вади.
На мокро огнишче не вади оѓин.
Не си вади очите сам.
Од студ рака не се вади надвор.
Остер човек дропка од ѓум вади.
Покров дума не вади.
Раат вади — зло тегли.
Такво бачило таква маст вади.
Тоа бачило таква маст вади.
Урда јади — душа вади.
 вадит.............3
Заради босиљокот и шчирот го вадит.
Како од камен го вадит сиромајот лебот.
Со тебе јади и очите ти вадит.
 вадиш.............1
Од дрво и од камен треба лебо да си го вадиш.
 важе..............2
Лесичка правина — права како важе в торба.
Не си врзан с лајнено важе.
 важето............1
На тенкото се ќине важето.
 вака..............2
Ако не е вака ко шчо ти вељам, мустаќиве ќе ги фрљам в але.
Ако не е вака, со лајна да ме пљуваш.
 валбата...........1
Валбата е краста: чунки кој се вали, не пали.
 валење............1
Вали го чоекот што е за валење, и куди го тој што е за кудење.
 валени............1
Валени јаготки, празни кошници.
 валеното..........1
Валеното девојче ќе земи полошо момче.
 валеса............1
Не а валеса ни за в телци ни за в говеда.
 валеше............1
Умре Еѓупката што ја валеше невестата.
 вали..............6
Валбата е краста: чунки кој се вали, не пали.
Вали го чоекот што е за валење, и куди го тој што е за кудење.
Вали ме, усто, оти ќе те раскинам.
Кој се вали, не пали; а кој молчи, ќе сврши.
Не вали се каков си бил, ами каков си.
Туѓина вали — сам не оди.
 валит.............2
Арното секој го валит, ама секој не го држит.
Поарно ет друг да те валит ошто сам.
 валка.............3
Низ јазико му се валка, ама не можит да го речит.
Пијанио се валка како свињата во калта.
Се валка како свиња во калта.
 валкан............1
Валкан човек, нема долг век.
 вало-прдло........1
Вало-прдло наш Неделко се повали настред село.
 вампир............1
Воукот те секнал. (Велат на вампир кога ќе видат на коњот дека се плаши од некое лошо суштество и на
 ванѓеле...........1
На вълкот му рекле: Речи Ванѓеле! Тој рекол: јагне ле.
 ванѓелија.........1
Волко го крштаале и му велел попо да речи: ванѓелија, а тој велел: јагнелија.
 вангеле...........2
Воукот ко го крштеваа му велеја да речит вангеле, нему јжзикот му велеше: јагнеле.
Му рекле на вълкот: Речи Вангеле! Тој рекол: јагне ле.
 вангелието........1
Од што е пишано во вангелието, ќе се сврши сето.
 вапир.............1
Окрвавил во очите како некој вапир.
 вапсуат...........1
Со прдеж боја не се вапсуат.
 вапца.............1
Го вапца.
 вапцвет...........2
Со прдеж јајца не се вапцвет, туку со бакам.
Со прдеж јајца не се вапцвет.
 варангуца.........1
Ја донесе работата варангуца.
 варвара...........1
Варвара вари, боксава брка, Никола срка.
 вардам............2
Господ да ме вардит од пријателите, а од душманите сам ќе се вардам.
Јас си го вардам како очите детето.
 вардат............1
И остаиле мечките да вардат киселачките.
 вардењето.........1
Вардењето не е страх.
 вардет............3
Ги остајле мечките да ги вардет дренките.
Со гладни кучиња овци не се вардет (стадо не се вардит).
Со гладни кучиња овци не се вардет.
 варди.............21
Ако горит куќата од комшијата, варди ја и твојата.
Варди го попот, за да е мирно селото.
Варди да не се поболиш, оти мъчно мојш да оздрајш.
Варди дури не се затркаљало клопчето.
Варди се да не се поболиш, оти мачно можиш да оздравиш.
Варди се да не ти речат бисерко.
Варди се дури си здрав, зашчо шчо марифет од ко ќе си је клајш чивијата.
Варди се и господ да те вардит.
Варди се од злото дури не ти дошло.
Варди се од крава оцпреди, а од мъска одоѕади.
Варди се од мътна вода!
Варди се од слеп да не прогледне.
Варди се од терзија арамија.
Варди се од тој што нема вера и што не веруа во Бога.
Викни го волкот да ти варди булукот.
Кога та се тљат лисицана најкротка, најмног варди ги кокошките.
Којшто своего не можи да си го варди, во туѓото ни баре можи да се опули.
Од мътна вода варди се.
Од тивка вода појќе варди се.
Од тој шчо се крстит многу, многу варди се.
Од шчо најмногу се плашиш, од то најмногу варди се.
 вардит............18
Варди се и господ да те вардит.
Вера е да се држит, а закон е да се вардит.
Господ да ме вардит од пријателите, а од душманите сам ќе се вардам.
Је остајл мачката да је вардит рибата.
Како шчо го раниш кучето, така ќе ти ја вардит куќата.
Кого го вардит господ, пушка не го бијат.
Кој не го вардит чужџото, немат свое.
Кој не знъјт себе си да се вардит, не знъјт и другите да вардит.
Кој не знъјт себе си да се вардит, не знъјт и другите да вардит.
Кој не је вардит парата, не ќе вардит ни грош.
Кој не је вардит парата, не ќе вардит ни грош.
Кучка за селото да го брани не лаит, ама за газо свој да си вардит.
Лошата кучка го вардит селото.
Празна раница не вардит граница.
Со гладни кучиња овци не се вардет (стадо не се вардит).
Старо куче стадо вардит.
Старото вардит ново.
Страв вардит лозје.

Следниот дел

Горе