Следниот дел

Претходниот дел

 шијаш.............1
Пред да шијаш, требит да кројш.
 шиа...............1
Не пу врат пу шиа.
 шиење.............1
Ќе ми те сошие од кај што не си за шиење.
 шиел..............1
Кај ти што си шиел векот се провирале.
 шиеш..............1
Дека шиеш, там се провирам.
 шизик.............1
Нема шизик без ризик.
 шиклата...........1
Шиклата не е орев.
 шикли.............1
Ојде мовта за шикли.
 шила..............1
И без такви шила не бидува.
 шило..............5
Кон за шило дрво не се врзува.
Со игла (или со шило) бунар не се копат.
Со шило гроб му копат.
Шило в торба не се кријат.
Шило в торба не седи — ќе се подаде.
 шилци.............1
Скокат како да го дупат шилци во газот.
 шимија............1
Баба шимија носи за да скрие бели коси.
 шип...............1
Вати се да се држиш за даб, а не за шип.
 шипје.............1
Шипје и глоѓе не раѓат грозје.
 шипок.............1
Од шипок гора не бива.
 шири..............3
Ја шири, па чакај, ја стисни, па бегај.
Се шири како орел во торба.
Шири ми се, меше, оти ќе јадиш туѓо прасе.
 ширит.............1
Женско срце — тирен чораб, се ширит.
 ширкол............1
Волот без ширкол не штрклее.
 широк.............4
Коњ брз имат, ами широк мегдан немат.
Широк живот — тесен поминок.
Широк жиот, тесни гашчи.
Широк чоек на срце живеит поеќе годиње.
 широка............2
Кога ќе влегуаш кај судот, портата ти се гледат многу широка; а кога ќе излегуаш — тесна.
На кафенето врата широка за влазење, ама тесна за излазење.
 широко............2
Кашча тесна, ама срце нека е широко.
Широко срце од се е благодарно.
 шише..............1
Раќијата во глата не стојт мадро ко в шише.
 шишето............1
Виното не седит во глата мадро како во шишето.
 шишкаа............1
Жена куса, руса и шишкаа, велит: ах, како не сум висока, калеша и танка бојлија?
 шлаканицата.......1
Му помина на детето лутината откога си ја изеде шлаканицата.
 шо................3
Не го ставај газот кај шо се мерат курови.
Се најаде вошка, па се качи на рошка и заборави шо беше.
Таја шо не седит мадро носит модро.
 шпиони............1
Еден комита, двајца шпиони.
 шпирт.............1
Сос шпирт и слама шега не бива.
 штавена...........1
Штавена кожа молец не ја јаде.
 штета.............5
Една пара работа му свршил, а сто гроша штета му сторил.
Една штета сто гревови.
Зла пастра гутова штета.
Зла супраа — готоа штета.
Киселината лута на садот свој си носи штета.
 штици.............1
Лесен, дури со суи штици.
 што...............361
Ако му даваш на мало дете се што сакат, ќе те натерат да му ја симниш и месечината.
Ако не ги арџеше чоек парите што ги вадеше, калдрма од нив ќе напраеше.
Ако не спотнеш, нема и што да голтнеш.
Ако си ми татко, не си ми Господ, да што сакаш да ми се качиш како петел на врато?
Ал има тој, што ја нема.
Бадијала да работиш, откоа не те брка работата, нема што да спечалиш.
Бегат како некоја јагула, што се слизга од рака.
Било, што било, сојкино крило: сојката летна, мачката клепна.
Блазе на тој што знае да крој.
Блазе си му на тој татко што има челад прокопсана.
Бог да бие таа мома што без љубов седи дома.
Бог е во срцата на тие што го бараат.
Брбливио поп ни тој разбира што пеи, ни тој што го слуша.
Брбливио поп ни тој разбира што пеи, ни тој што го слуша.
Бујцата кај што ќе влезит, целио род ќе изумрит и куќата ќе ја запустит.
Вали го чоекот што е за валење, и куди го тој што е за кудење.
Вали го чоекот што е за валење, и куди го тој што е за кудење.
Варди се од тој што нема вера и што не веруа во Бога.
Варди се од тој што нема вера и што не веруа во Бога.
Ветро што ќе донесит, ѓаолот ќе однесит.
Ветрот од кај што иди и кај што оди, никој не знаи.
Ветрот од кај што иди и кај што оди, никој не знаи.
Виното како што стои в бочва, не стои во чоека.
Во една гемија кај што имат многу капидани, таа можи и да пропадни.
Во ново грне што ќе туриш сопрво, на тоа ќе мириса.
Војната не е добра, ниту за тој што ја одбра.
Волко дави не дави, секој што да го види, ќе го гони.
Волоите што ја тргаат колата молчат: колата, туку ти квичит.
Вреќа скината што клај, ќе истечит.
Времето е пари за секого, кој што го есапи.
Врзи прс, за да бараш лек, да секоја баба ќе ти баи како што знаи.
Газ што ќе посере се пере, ама уста што ќе посере не се пере.
Газ што ќе посере се пере, ама уста што ќе посере не се пере.
Гледај да не купуаш тоа што не ти треба, оти да не продааш тоа што ти треба.
Гледај да не купуаш тоа што не ти треба, оти да не продааш тоа што ти треба.
Гледај си работата, а не гледај кај што течит реката.
Глувците први го напуштаат бродот што тоне.
Го врте јазикот кај што го боле забот.
Господ дал на земјава се што му треба на чоека.
Господ знаи кому што праит.
Господ секому не можит како што сакат да му угодит.
Грди му се дните на слепците што просат по сокаците.
Да не го правиме ѓаволот толку црн колку што не е.
Дено што носи годината не носи.
Денот што донесуат, годината не носит.
Дете да милуаш поеќе со срце, од што со лице.
Детето мало како што го милуа шеќеро, така и огно.
Диви волци виеја кај што вино пиеја.
Диви волци виеја кај што пијаници играа.
Диви волци виеја кај што свадба праеја.
Дните в торба не влегоа, да што се стегаш за работа.
Дрва што берат, непара се обогатуат.
Друг збира, друг ќе јадит што не спечалил.
Дури не посеиш, нема што да жниеш.
Ѓаолска кожа и за т'пан не чинит.Еден будала што ќе зметкат, триста умни не может да го одметкат.
Еден чоек што не оди по Бога, тој ќе оди по ѓаола.
Една душа што ќе излегуат утре, нека излезит денеска.
Една овца што се дели од булукот, ќе ја изеит волкот.
Еднио умира од глад, а другио го прашал што ручал.
Едно дете што не слуша татка си и мајка си, тоа аир не ќе види.
Жалај со тие што жалаат, а радуј се со тие што се радуаат.
Жалај со тие што жалаат, а радуј се со тие што се радуаат.
Жена што ќе си купи маж со пари, кај сака ќе си го води.
Жена што лиже тис не лижеш.
Жена што се боит од Бога секој ја милуа.
Жена што шета по комши, дома здрава не си иди.
Жената што шета по комшии дома здрава не си оди.
Жени сиромашки што носат по глаите кавтани, мажите му ќе одат со капите искинати.
Женцки пари маж што ќе земи, ќе му отворат тешки дердои.
За една пара не го веруаат тој што не си плаќат.
За жалење сет и тие што даваат на пијаниците пиење.
Залудо чоек се трудит кога нема што да работит.
Зборуат, ама и тој сам не знаит што зборуат.
Земјата што раѓа, ретко бидуа скапија.
Зер ноќеска мачките си ги дојал, да што туку викаш: ми се јадит?
Зер сум го канил со јаболко, да што ми дошол?
Зер сум го канил со карта што ми дошол на врата?
Зер тој ет со две глави, да што ќе му се бојам?
Зер тој зборуал со Бога, да што знаел?
Змија му влегла в ќесе, што неќи да си плати.
Зулумќар чоек што се стори, бре!
И арамијата знаит оти од тоа што го крадит аир не ќе видит.
И итриот се лажит, како будалата што се лажи.
И коњо познава што чоек го вјават.
И тоа што ми го даде, низ нос ми го изваде.
Има лошо што донесуа арно.
Има луѓе што знаат и прашаат.
Има чоек што вели: што знам јас никој не знаит.
Има чоек што вели: што знам јас никој не знаит.
Има чоек што добрина не припознаат и имат што припознаат.
Има чоек што добрина не припознаат и имат што припознаат.
Има чоек што имат пари и пак чоечки не живеи.
Има чоек што си колни и тепа татка си и мајка си.
Имај стока, ќе ја продаиш, ами ако немаш, што ќе продаиш?
Имам во што, немам со што.
Имам во што, немам со што.
Имам со што, немам зашто.
Их, што бричена глаа имат!
Их, што му сечи умо глаата!
Их, што шарен ѓаол ет: очите во глаата му играат!
Ја има некаде обесено пушката. (За некој што се заљубил).
Каде што ти е срцето - таму ти е куќата.
Кај ти што си шиел векот се провирале.
Кај што го боли на чоека забот, таму му оит јазикот.
Кај што ѕвонат големите ѕвона, малите не се слушаат.
Кај што излегуа збор, — и душа.
Кај што има гнасотиј, тамо се збираат муи.
Кај што има голема гозба, земи си мало лажиче.
Кај што има двајца, тројца не бидуа.
Кај што има овци, има и бачило.
Кај што има овци, ќе има и колци.
Кај што има овци, ќе има и спорци.
Кај што има сила, има и правина.
Кај што има сила, нема правдина.
Кај што има, има; кај што нема, нема.
Кај што има, има; кај што нема, нема.
Кај што ќе појдит јунчето, тамо и порожето.
Кај што летаат чавки, има нешто.
Кај што мавна, трева не никна.
Кај што мотика не копа, грозје не се раѓа.
Кај што не помага збор, тамо и стап не помага.
Кај што нема вода, тамо село не бидуа.
Кај што немат мачка, глувците барат пљачка.
Кај што паѓа чоек, таму и стануа.
Кај што паси овцата, тамо си ја остаа и волната.
Кај што плука чоек, треба да не лижи.
Кај што се караат браќа, истај се ти поскраја.
Кај што сите криват, и ти криви.
Кај што стапи, трева не порасна.
Кај што старите не се слушаат, и Господ не му даат.
Кај што те викаат, оди; кај што те тераат, бегај.
Кај што те викаат, оди; кај што те тераат, бегај.
Кај што те чеша твојата рака, не те чеша туѓата.
Кај што треба молитва, не треба мотика.
Кај што треба мотика, не треба молитва.
Кај што чади, тамо се јадит.
Како Господ што рекол.
Како првио залак што е сладок, не ет и вториот.
Како што викнало, така му се оѕвело.
Како што дошло, така и си иошло.
Како што дробил, така нека срка.
Како што е аџија, уште да не е ајанџија, секој ќе го веруат.
Како што земаш пари, така и ќе даваш.
Како што се арџат пари за вино и ракија, така да се арџеа и за наука, не ќе тргаа сиромасите мака.
Како што ти мислат комшиите, така не ти мислат куќните.
Како што ти мисли комшијата, така да ти мисли и Господ.
Каков што е таткото, таков е сино.
Каков што ет чоекот, таков му ет и зборот.
Камен што се тркала, тој трева не ваќа.
Кога да ја нема дома мачката, глувците се што ќе најдат, ќе изгризаат.
Кога работи ѓсолот што ќе прави Господ.
Кого туѓа вошка не го полаза, не може да сети што е јадеж.
Козата е мајстор што праи со газо петлици.
Кој за што, баба за вретено.
Кој што ја жали потковицата, го губи коњот.
Кој што си сеел и ќе си жнее.
Кој што сторил ќе најде.
Којшто има пари, што сака со нив работи.
Којшто кради игла, кради и што да му падни.
Колку ти што си ми дал мене, толку и Господ тебе.
Колку што е медот благ, толку е и горк.
Куче што не лаи и не каса.
Кучка што јајт мас, јајт и стап.
Ќе ја затрнит куќата со умо што киниса.
Ќе ми те сошие од кај што не си за шиење.
Ќе пости кога нема што да јади.
Ќе си даит клучеите, како што го гледам.
Леб и сол што дал Господ.
Лели те сака главата, опашката што ќе прави.
Лош јазик што не можи да сторит?
Лутио чоек тој што ќе речи, тоа сака да бидит.
Манџа што не јадиш, што се грижиш ако изгоре.
Манџа што не јадиш, што се грижиш ако изгоре.
Мев па миризмата се познава внатре што има.
Мене до срце ме доболе, тој ми вели: што викаш олеле.
Мене ми е жал, да знам што да му праам на пијаниот.
Мене ми е мака дури да го клаам борчлијата в рака, да после ќе си го клаам кај што прдат магарињата.
Му влезе змија во ќесето, што не си плаќа борџот.
Му се чини на децата оти се што летат се јадит.
На земја мирисе, се вели за некој што е многу болен.
На што втасуваш, гледе му крае.
Не е злато се што свети.
Не ет страмота да прашаш за тоа што не знаиш.
Не ет улав тој што го изел зелникот, ами тој што го дал.
Не ет улав тој што го изел зелникот, ами тој што го дал.
Не знаит мајката што челад ќе изгледат.
Не како што знаиш, ами како што ќе наиш.
Не како што знаиш, ами како што ќе наиш.
Не купуј тоа што не ти треба, оти ќе го продаиш и тоа што ти треба.
Не купуј тоа што не ти треба, оти ќе го продаиш и тоа што ти треба.
Не мешај си ја аспрата со тој што се кара.
Не се јади све што лета.
Не чекај добрина од чоека што е роден на злоба.
Нема во веков нешто што да не ет од Бога создадено.
Немал дедо работа, што си купил маторица.
Немат кабает тој што зема вересија, ами тој што дават.
Немат кабает тој што зема вересија, ами тој што дават.
Низ иглини уши да гу вдениш (за оној што е многу слаб).
Нуждата го натерала чоека што да греши на Бога.
Нункото ми имат кабает што не го докрстил сина ми.
Од Бога што ќе доит, добре нека доит.
Од жал што ми е, тики чалма ќе врзам.
Од жал што му ет, се смеит.
Од кај знаи тој што кажуат, зер со Бога зборуал?
Од кај што го пратиле, до нас го допратиле.
Од кај што е жената, и мажот.
Од кај што е потешко, секој тамо навалат.
Од кај што излегуа збор, и душа.
Од кај што се не надеиш, Господ ќе ти даит.
Од многу пари едни што имаат, та не знаат што да му праат.
Од многу пари едни што имаат, та не знаат што да му праат.
Од тоа што се боиш, ќе налепиш.
Од што е гладен, ќе се скинит вода пиееќим.
Од што е пишано во вангелието, ќе се сврши сето.
Од што е прејаден, ќе му пукнит меот.
Од што нема, и царо не зема.
Од што немаш, и без него поминуаш.
Отколку што моиш работи, и моли се на Бога да ти ја блаосоит.
Очи со очи што набрго се видуаат и се милуаат.
Очи што набрго не се видуаат, се забораваат.
Парите што се печалат, ако не се арџат, што бидуат?
Парите што се печалат, ако не се арџат, што бидуат?
Перде му клале на очите, што не гледат.
Петело е асли маж, што повела сто кокошки.
Планина што е планина, ако не се чува и она се разбољуве.
Поарно ет да жалаш кај што жалаат ошто да се радуаш.
Поп што гледа за в џеб, не гледа за народ.
Поп што не оди по законо, не го чести народот.
Прави добро со што можеш.
Преку перче му излезе и тоа што му го даде.
Пуста работа, што ќе чекаш од пијаница.
Пусти пцошки живот што живеит.
Пушти му чепот од бочвата, и ќе видиш што има во неа.
Работа што ќе ватиш, крајот да и го мислиш.
Рајските порти сет отворени за тие луѓе што сет вистински рисјани.
Рака терезија не ет, кај што сакат да погодит — можи да не удрит.
Раце што работат никокогаш не просат.
Риба в море не пазари, оти не знаиш што ќе излезит.
Саде Господ знаит што има на сио век.
Сакај му на Бога што ти треба, ама со молба.
Само Господ знаит што праит.
Санким во воденица се родил, што се туку вреви.
Санким гемиите му пропаднаа, што туку се мислит.
Санким татка му му го отепал некој, што се налугил.
Се соголил како мајка што го родила.
Се чешаше кај што не го јаде.
Се што било, поминало и што ќе биди ќе поминит.
Се што било, поминало и што ќе биди ќе поминит.
Се што гледаш да е напраено, си имат и мајсторот.
Се што да види попо, си сака.
Се што дават Господ, арно ет.
Се што е мало е мило, само мала риба не е мила.
Се што има име на веков, го имат.
Се што летат, не се јадит.
Се што се рекло, било.
Се што си тргат од глаата.
Секој знаи да јади слатко-благо, ама ако немат со што да си купи, со сол и леб ќе си поминит.
Секој овчар што си виде троа изварка на стапот отвори бачило.
Секој си милуат од тоа што има.
Секој чоек што се раѓа, и к'сметот Господ му го дава.
Секој што имат челад се слага богат.
Село што се гледа калауз неќит.
Си ја бара бељата тој што бара да најди змија и да ја тепа.
Сиромав е крлеж, што нема газ да се серит.
Сите созданија што сет на земјава — сет за Божија потреба.
Слези, Господи, наземи и види што се праит.
Слези, Господи, од небеси и наѕрии, да да видиш што се праи наземи.
Слушајте што вели поп, не правете што прави поп.
Слушајте што вели поп, не правете што прави поп.
Со чоек што има една вреќа брашно поеќе од тебе не заваќај се.
Со чоек што има многу дари не заваќај се.
Срамота е да лижиш кај што си плукнал.
Стари се, што рекле, не грешиле.
Старите што работа да сработат, младите непара ја бендисуаат.
Стори тоа што другаш не сторил.
Татка си си го барат во торбата што посига.
Тоде, Тоде што тж боде?
Тој што раѓа и што се раѓа и умира.
Тој што раѓа и што се раѓа и умира.
Тој што фали, не пали!
Трпит сиромајот и постит, оти немат што да јадит.
Трудна жена — вреќа подврзана: никој не знаит што има во неа.
У секого има лутина, ама блазе на тој што ја заузда.
Удрен зер ет в глаа, што толку вика.
Умре Еѓупката што ја валеше невестата.
Црвје имат детето во газот, што неќи да си седни на него.
Чавка зер умо му го испи на жена што се опила.
Чоек веруа тоа што поеќе му се сакат.
Чоек како што се родил, така и ќе умрит.
Чоекот што не додржуат својата стока, туѓата никогаш не ќе ја додржит.
Шареното стапче што го носит новата невеста.
Што бара жена во Света Гора кога ќе умират.
Што бара лисица воденица, зер да јади каша?
Што бараат у кауѓер деца и у Еѓуптин маштеница.
Што барал, тоа и нашол.
Што бараш во трњето кога го гледаш патот?
Што вештица ет старана, со бубаќ крвта ти ја пиет.
Што вреснало, не треснало.
Што го молиш скржаиот, што го галиш, ништо од него не ќе спечалиш.
Што го молиш скржаиот, што го галиш, ништо од него не ќе спечалиш.
Што го тове укориш, он влече главната греда.
Што да се роди на веков, ако не умри, земјата не ќе и кренит.
Што дал Господ, леб и сол.
Што дал Господ, што да земи ѓаолот.
Што дал Господ, што да земи ѓаолот.
Што девојче, што стока, кога спиет, леб не јадит.
Што девојче, што стока, кога спиет, леб не јадит.
Што дека давала крава многу млеко кога го клоцнуала и го истурала.
Што дробил, тоа и сркал.
Што е в рака у чоека, не е лага.
Што е живо се, се мрдат да живеит.
Што е попово да е готово.
Што е попово, оно е готово.
Што е попоо, нека е готово.
Што е сечие, тоа е ничие.
Што е страмотно, тоа е и греовно.
Што знаи Господ, нека знаи и светот.
Што излетуа од устата, тоа било и во мислата.
Што има у чоека во срцето, тоа му покажуа и лицето.
Што ит'р ет како некоја лисица.
Што ја гледаш толку снагата кога црвје ќе ја јадат.
Што јагула чоек ет, в рака не се ваќат.
Што јалли пеливан ет!
Што Јуда ет старана, веднаш те предават.
Што кукнало, не пукнало.
Што ќе биде силум, нека биде милум.
Што ќе дојт на умот, не збори пред кумот.
Што ќе му иди на глаата на чоека некое лошо, нека му иди на стоката.
Што ќе посеат тоа ќе им никне.
Што ќе посееш тоа ќе жнееш.
Што ќе посееш, тоа ќе ти никнит.
Што ќе посеиш, тоа ќе ти никнит.
Што ќе си посеше тоа ќе си жнееш.
Што ќе сториш, стори, ама и за назад мисли.
Што ќе ти доит на умот, не зборуј пред кумот.
Што момче, што стока ет, во чаша да го испиеш!
Што момче, што стока ет, во чаша да го испиеш!
Што му иди на чоека на умо, набрго тоа можи и да го сторит.
Што музевир чоек ет, — цел Грк!
Што на ум, тоа на друм.
Што не покрил Господ, и чоекот не можит да го покриет.
Што не покрил Господ, човек не може да покрие.
Што не се прчило не се кози.
Што не се прчило, не се окозило.
Што неќиш тебе да ти праат, не прај другему.
Што носит саатот, не носит годината.
Што носит саатот, не носит годинта.
Што се поулаил, та уште дете се оженил.
Што се рекло, се било.
Што се родило, не се удаило.
Што си посејал тоа и ќе ти никне.
Што сторил нашол.
Што сторил, нашол.
Што ти баба бае, да ти по неае.
Што ти куќа нема, тоа еѓупка ти барат.
Што трица чоек ет, туку се тагари.
Што туку вика како магариште.
Што туку вика како улав.
Што туку викат како полјак.
Што чине час'т, не чине годината.
Што чине часжт не чине годината.

Следниот дел

Горе