Следниот дел

Претходниот дел

 туку..............92
Бежаноа мајка црно не носила, туку Стојаноа.
Брадата арно ја има бела, туку глаата ја има зелена.
В'ко се од кучето не плаши, туку од лао.
Вода со трње не се кршчат, туку со босиљок.
Волоите што ја тргаат колата молчат: колата, туку ти квичит.
Занаетот не се дат, туку се земат.
Зборуат и туку брборит како газ на грозје брање.
Здрав не се опитвит, туку болен.
Зер ноќеска мачките си ги дојал, да што туку викаш: ми се јадит?
Камилата за една аспра била, арно туку немало кој да ја купи и за аспра.
Кашчата не стои на земјата, туку на жената.
Кинисај по пат и не туку враќај се назад.
Којшто неќи да меси, се туку ќе сеит.
Куќата не лежит на земи, туку на жената.
Куќата не тежит на земја, туку на плешчи.
Лозјето не сакат молитва, туку мътика.
Љуѓето не се мерат со ършин, туку со ум.
Меани туку да снема, и пијаници ќе снема.
Мрза туку нема у чоека, мила му е работата.
На мрза куќа не стојт, туку на куќница.
Не гледај му лицето, туку срцето.
Не гљај го коренот, туку цвеќето.
Не гљај го цвеќето, туку коренот.
Не гљај ја корката, туку стредата.
Не гљај ми ја капава, туку под капава.
Не гљај му го лицето, туку срцето.
Не гљај само пред себе, туку и зад себе.
Не гљај шчо поминало, туку шчо ќе поминит,
Не гљат господ на нечисти опинци, туку на чисто срце.
Не гљат подалеку од носот. Не го гљат пасмото, туку го гљат влакното.
Не го жаљат пасмото, туку го жаљат влакното.
Не горит образот од сънце, туку од страм
Не гради се со јак плот, туку са арен комшија.
Не е времето лошо, туку луѓето.
Не е грев то шчо ќе го помислиш, туку то шчо ќе го сториш.
Не е за кого печено, туку за кого речено.
Не е косено, туку стрижено.
Не е куќата тесна, туку љуѓето се бесни.
Не е лошо собранието, туку сказанието.
Не играт тој, туку виното.
Не ка знаеш, туку ка наеш.
Не кажуве каков си бил, туку каков си.
Не купви куќа, туку комшија.
Не ме вјаш ти, туку орелон, је рекол зъјакот на жељката.
Не ме газиш ти, туку горнион.
Не ме пите ка сам, туку ка ќе да сам.
Не мојт да мат по мъжа си, туку мат по гашчите.
Не п'нат трла рогушки, туку ногушки.
Не пите ка сам, туку ка да сам.
Не сам ве собрал да ве гоа, туку ребра да ви броа.
Не само за в гъз, туку и за над гъз.
Не се кршчат вода со трње, туку со босиљок.
Не се пита од дека е бичето, туку од каде е телето.
Не се прајт карта со къпина, туку со босиљок.
Не умрела бабата од шегата, туку шчо је дошол денот.
Не фали лична жена, туку умна.
Не фали ми ја дремуша, туку рануша.
Не фали ми убавица, туку работница,
Немат рофја в копри, туку в дъб да го урнит.
Ни е прч, ни оџа, туку турска победа.
Од магарешка опашка сито не се прајт, туку од којнска.
Рекана не влечкат само вода, туку и камења.
Санким во воденица се родил, што се туку вреви.
Санким гемиите му пропаднаа, што туку се мислит.
Сиромашчијата не е страм, туку крадењето.
Снего не пада само да побелее земјата, туку и секој ѕвер да си покаже дирата.
Со прдеж јајца не се вапцвет, туку со бакам.
Срцето не е од железо, туку од месо.
Туку 'ржит како некој пес во кочин.
Туку вреви како некоја празна воденица.
Туку го врти газот ергенон како некој калајџија.
Туку го гризи како црво дрвото.
Туку жржат како некој коњ за зоб.
Туку ја мавта песот опашката, дури да ја граби дробенката.
Туку клапа како бесен пес по сокаци.
Туку клапа како волк во магла.
Туку клапа чапк'нот како волк во сечко.
Туку липа како магаре за зоб.
Туку рекоа за некој пес оти је бесен, ќе го отепаат, ако и да не ет бесен.
Туку се виткат како црв во дрво.
Туку се дуе како некој мисир.
Туку се миткат зетот нов покрај невестата како лисицата покрај кокошката.
Туку се миткат како некоја лисица.
Туку си лајт, ама кој го слуша.
Ум и разум туку да има чоек, и пари ќе имат.
Ум се с пари не купува, туку с мака по наука.
Чвекот не се ценит по рутишчата, туку по умот.
Човек не се мери по снага, туку по ум.
Што трица чоек ет, туку се тагари.
Што туку вика како магариште.
Што туку вика како улав.
Што туку викат како полјак.
 тукуречи..........1
Колцина излегле арамиј, сите тукуречи умреле по апсаани.
 тум...............2
Кај тум и бум, тој ти бидуа кум.
Ке тум, тој кум.
 туна..............1
Баг да те чува од зла срешча и од туна бела изненадна.
 тупа..............3
Еден тупа тапане, друг собира брашното.
Кој свири — свири, не тупа.
Тупа, лупа за три дни, оф и леле за си дни.
 тупаш.............1
Ти тупаш тапане, друг собира брашното.
 тупе..............1
Иди му тупе, иди му свири.
 тупне.............1
Не чеке куга тупне тапане.
 тура..............4
Господ дават, ама в амбар не ти тура.
Грнчаре ти тура рачката на грнето од коа си страна иска.
Крстена вода кај-годе не се тура.
Трн вов пазви тура ле се?

Следниот дел

Горе