Следниот дел

Претходниот дел

 толку.............43
Галон колку старејт, толку црнејт.
Господ да те бранит од учени луѓе, колку поучени, толку по будали.
Господ да те бранит од учени луѓе, колку поучени, толку побудали.
Да не го правиме ѓаволот толку црн колку што не е.
Жената колку е блага, толку е горчлива.
Кој ти ги изваде очите? — Брат ми. — Затоа толку длабоко.
Колкава ти е чергата, толку се истргни.
Колку аир ќе видат берберите од попоите, толку аир ќе видат и арамиите од крадење.
Колку да ја џвакаш јатката ореоа, толку ти е послатка.
Колку жаба влакно, толку и тој чест.
Колку јазици знаеш, толку луѓе вредиш.
Колку ќе посееш толку ќе жнееш.
Колку леб, толку сирење нема.
Колку мало, толку пало.
Колку од ајпида лој, толку од него прокопија.
Колку пари толку музика.
Колку повеќе се плаќа толку повеќе се фаќа (магијата) .
Колку поеќе имат скржаиот, толку поеќе стискат.
Колку појке јајца во чорбата, толку поблага чорбата.
Колку појќе мас во преснеѕот, толку поблаг преснеѕот.
Колку појќе, толку п'убо.
Колку порано, толку поарно,
Колку постар прчот, толку појак рогот.
Колку прав — толку здрав.
Колку право, толку здраво.
Колку растиш, толку црнејш.
Колку си поумен, толку си поарен.
Колку срце болело, толку очи плакали.
Колку ти што си ми дал мене, толку и Господ тебе.
Колку уба, толку ула.
Колку чеда, толку чуда.
Колку што е медот благ, толку е и горк.
Не е ѓаолот толку црн колку шчо го прикажвет.
Не си водејнци али ваљајци, та викаш толку.
Немало побудали од учените; колку поучени, толку побудали.
Немат толку сољ за то шчо ќе го опериш.
Пијаницата колку поеќе пиет, толку поеќе жеднеет.
Плугот колку појќе орат, толку појќе светит.
Толку делил тој сполај му.
Толку носит манастирот.
Удрен зер ет в глаа, што толку вика.
Чоекот колцина синои и ќерки би имал, толку црева му се влечкаат по него.
Што ја гледаш толку снагата кога црвје ќе ја јадат.
 толче.............2
Кај оди, оди волче, се камен го толче.
Кај оди, оди куче, се намен го толче.
 тома..............1
Ко ќе дојт св. Тома, секој да си ојт дома.
 тоне..............1
Глувците први го напуштаат бродот што тоне.
 тонит.............2
Ке тонит, не гази!
Не гази ке тонит!
 топ...............1
Пукна како топ.
 топи..............1
Бричи ле се комшијата, топи се и ти.
 топла.............2
Ако ти е топла постељата, ќе ти бидит студен ручегот.
Топли рутишча во топла ода — болест.
 топлет............1
Чужџи пари своја пазва не топлет.
 топли.............2
Здравје и топли сомуни, од комиње вода.
Топли рутишча во топла ода — болест.
 топло.............3
Железото дури е топло, се чукат.
Му се познат по лицето, оту му е топло на срцено.
Татко огнишче — топло пепелишче.
 тополана..........1
И тополана е висока, ама чавки је серет.
 топори............2
Еден душа бере, друг кур топори.
Со јак не бори се и со богат не топори се.
 топтан............1
Парабучук го собира, топтан го дава.
 топуз.............2
С топуз чеиз не се крпи.
Со топуз чес не се крепит.
 торба.............44
Али се стори чоек арамија, тој веќе си ја клал глаата в торба.
Арамјата ја клал глата в торба.
Господ мене со вреште, јас тебе со торба.
Дните в торба не влегоа, да што се стегаш за работа.
Дупната торба никогаш не се пълнит.
Еве је татко в торба, се најде украдената капа.
Еѓупката си го носи детето в торба.
Еѓупска торба без дно.
Есап китап — торба и стап.
Есап, касап, торба и стап.
Жената имат за секого пълна торба сълзи.
За торба урда вера не се менвит.
Ја клава главата в торба.
Ко ќе ми дајт господ мене со врешче, јас тебе со торба.
Коде слушаш много круши с мала торба оди.
Кола в торба не се крие.
Куга на мене господ сос вреќа, јас на тебе сос торба.
Лесичка правина — права како важе в торба.
Многу зборои — торба ореи.
Многу лафој, торба стапој.
Муздрак в торба не се крие.
На секое месење торба тресење.
Најтешка е празна торба.
Од чужџа торба лесно се дат.
Одбесвам ти торба, обесвам ти дисаѕи.
Планина не се крие в торба.
Поарно и киселец, отколку празна торба.
Поарно и празна торба, одошчо змија в торба.
Поарно и празна торба, одошчо змија в торба.
Поарно празна торба, одошчо ѓаолот в торба.
Поарно празна торба, одошчо ѓаолот в торба.
Пофалил се манго сос празна торба.
Прав како јаже в торба.
Просјачка торба сос нишчо не може да се нап'ни.
Сврдел в торба не се кријат.
Се шири како орел во торба.
Секое леб месење и торба тресење.
Секое месење торба тресење.
Си живеет браќа како ракој в торба.
Си ја кладе главата во торба.
Ти одбесвам торба, ти обесвам дисаѕи.
Црн образ, ама пълна торба.
Шило в торба не се кријат.
Шило в торба не седи — ќе се подаде.

Следниот дел

Горе