Следниот дел

Претходниот дел

 тој...............124
Ако дат јалва крава теле, та и тој да дајт.
Ако дојде ти да прогориш, та тој.
Ал има тој, што ја нема.
Али се стори чоек арамија, тој веќе си ја клал глаата в торба.
Блазе на тој што знае да крој.
Блазе си му на тој татко што има челад прокопсана.
Блаѕе на тој шчо дат, а не барат.
Блаѕе на тој шчо имат бел образ.
Брат брата не ранит, тешко тој шчо го немат.
Брбливио поп ни тој разбира што пеи, ни тој што го слуша.
Брбливио поп ни тој разбира што пеи, ни тој што го слуша.
В село не го прибирет а тој опитвит ке седит попот.
Вали го чоекот што е за валење, и куди го тој што е за кудење.
Варди се од тој што нема вера и што не веруа во Бога.
Вели му ти на чоека арно, да ако тој ти речи лошо.
Вера со пари кој купуа, тој бргу ја остаа.
Види му на чоека другарите и после есапи тој каков е.
Војната не е добра, ниту за тој што ја одбра.
Волко ако го клаиш да ти паси овци, тој сите ќе ти и издави.
Волко го крштаале и му велел попо да речи: ванѓелија, а тој велел: јагнелија.
Волко го прашале кога му студело поеќе, тој рекол: во сонце огревање.
Да му речет: Летат магаре, тој ќе излезит да го видит.
Досега ручал и тој шчо ги загинал сите кози.
Дрео и камен да седит, тој не седит.
Евангелието кој го слушат и го веруат, тој се спасуат.
Еден чоек што не оди по Бога, тој ќе оди по ѓаола.
Еѓуптинот го клале цар, а тој опитал: Шчо ќе прам за леб?
Еѓуптинот не умира за јадење, оти ако не му донесит Еѓупката, тој сам ќе си пропитат.
За вълкот зборвиме, а тој зад врата шчутел.
За една пара не го веруаат тој што не си плаќат.
Зборуат, ама и тој сам не знаит што зборуат.
Зер тој ет со две глави, да што ќе му се бојам?
Зер тој зборуал со Бога, да што знаел?
Змија нога кажвит, та тој нешчо да кажит.
Зъјакот в планина, а тој ръжен готвит.
Јас го кршчам, тој прдит.
Јас мислам оту се врашчат, а тој ушче одел.
Јас му велам: сум ад'м, тој ме прашат: колку деца имаш?
Кај двајца, тој тројца.
Кај тум и бум, тој ти бидуа кум.
Камен ако прогорит, та тој.
Камен што се тркала, тој трева не ваќа.
Ке двајца, тој тројца.
Ке јас со око, тој скокум.
Ке тум, тој кум.
Ко делел господ ум, тој стоел зад врата.
Кого го болит, тој плачит.
Кој вино сакат, тој без гашчи скакат
Кој вино сакат, тој без невеста скакат.
Кој е, тој е.
Кој кради тој лажи.
Кој ќе даи пара, тој ќе свирит свирка.
Кој ќе седи под круша, тој ќе ги јади здрелите круши.
Кој лете пладнуват, тој зиме гладуват.
Кој пребира, тој забира.
Кој предмислуа, тој не грешава.
Кој седит под круша, тој јајт круши.
Кој си бие жената тој си бие снагата.
Кој си бие жената, тој си бие снагата.
Којшто вели оти се знаи, тој ништо не знаит.
Којшто менуа поеќе мајстори, тој калфа ќе си останит.
Којшто неќи да работи, тој си бара муабети.
Којшто рано се обуа, тој не грешава.
Којшто рано стануа, тој не грешава.
Којшто си пастри устата, тој си пастри душата.
Колку жаба влакно, толку и тој чест.
Колку шчо знъјт ѕиздов, та и тој да знъјт.
Кршчај го вълкон, тој пак си е вълк.
Кршчај го вълкон, тој прдит.
Куче ако е чвек, та тој.
Ќе ми плати на тој век, или на второ пришествие, кога ќе се суди.
Лошио чоек рогои немат: и тој е чоек.
Лутио чоек тој што ќе речи, тоа сака да бидит.
Мегу слепите тој со едно око е цар.
Мене до срце ме доболе, тој ми вели: што викаш олеле.
Мене ми иди да се расплачам, тој ми се смеит.
Мене ми идит да пукнам од мака, тој се смеит.
Мене ми се запалиле гаќите, тој вели: стој да си запалам цигарата.
Мрза гъза не ранит, ташко тој шчо је имат.
Му дале на Влаот крастајца, а тој не ја сакал, зашчо била крива.
Му дале прасе, а тој је барат и мајка му на прасето.
Му рекле на вълкот: Речи Вангеле! Тој рекол: јагне ле.
На вълкот му рекле: Речи Ванѓеле! Тој рекол: јагне ле.
На глата оган му горит, а тој абер си немат.
Не го сакале на оро, тој сакал до кумот да се фатит.
Не ет улав тој што го изел зелникот, ами тој што го дал.
Не ет улав тој што го изел зелникот, ами тој што го дал.
Не играт тој, туку виното.
Не мешај си ја аспрата со тој што се кара.
Не се родил тој шчо можит секому да му поможит.
Него в село не го пуштаат, тој од попо куќата ја барат.
Немат кабает тој што зема вересија, ами тој што дават.
Немат кабает тој што зема вересија, ами тој што дават.
Ни на тој век.
Никој не го викат вълкон, ама тој и невикан идат.
Од кај знаи тој што кажуат, зер со Бога зборуал?
Од тој шчо се крстит многу, многу варди се.
Палецот и душа жива ако немаше чоекот, тој скот ќе си беше.
Само тој да знъјт и цело село.
Си ја бара бељата тој што бара да најди змија и да ја тепа.
Слушај шчо зборвит попон, а не прај то шчо прајт тој.
Съде тој да знъјт и цело село.
Таја дупка за тој кол.
Ти го кршчаш, а тој прдит.
Ти го пљуваш, а тој мислит од господа росица.
Ти отиде, попе, кобилата за тој пусти седми глас.
Тие в село не го прибирет, а тој опитвит за куќата од попот.
Тој колит, тој бесит.
Тој колит, тој бесит.
Тој му е коска в грло.
Тој му е трн в око.
Тој палит, тој гаснит.
Тој палит, тој гаснит.
Тој што раѓа и што се раѓа и умира.
Тој што фали, не пали!
Тој шчо велит — иљјада греој, тој шчо зел — еден грев.
Тој шчо велит — иљјада греој, тој шчо зел — еден грев.
Толку делил тој сполај му.
У секого има лутина, ама блазе на тој што ја заузда.
У сиромав мрзлив не барај пари, во место пари тој си има вошки.
Умрел и си отишол на тој век.
Уште си оди со тој ум.
Чи плот си градил, тој нека те ранит.
Шареното стапче кој го има, тој повелат.

Следниот дел

Горе