Следниот дел

Претходниот дел

 стопански.........1
Рани го коњот стопански, а јавај го душмански.
 стопанство........1
Учител на село и свиња в стопанство.
 стоплит...........1
И чоекот да ја сеит жито земјата, ама и Господ со сонце да ја стоплит.
 сторената.........2
Сторената добрина бргу се заборат.
Сторената добрина никогаш не се заборат.
 сторено...........3
Од речено до сторено, ко од небо до земи.
Речено — сторено.
Фетено — сторено.
 стори.............28
Али се стори чоек арамија, по себе си ја влечи ортомата.
Али се стори чоек арамија, тој веќе си ја клал глаата в торба.
Го престрел волко, затоа стори убав ал'швериш.
Есап прво стори, да после касап.
Зулумќар чоек што се стори, бре!
Како му стори умо, нека му трга глаата.
Кауѓер стори се, од работа мачна откини се.
Кога го намачка гъзот со јъглења, кога се стори квач.
Не остана камен на камен, сето прав и пепел се стори.
Не стори, да не најш.
Од бълна помал се стори.
Од гоеда донеси го и поп стори го, ич можи да попуа?
Само стори се овца, вълците се готој.
Се стори грошот золата.
Се стори шчо се стори, само цвеќето наше се исуши.
Се стори шчо се стори, само цвеќето наше се исуши.
Секој со умот се богатеит за да стори нешто на веков.
Срцево катран ми го стори.
Стори арно, фрли го в море.
Стори го доброто и врли го во морето.
Стори добро, да си је најш бељата.
Стори добро, најди лошо.
Стори добро, фрли го зад себе, ќе го најш пред себе.
Стори се овца, секој ќе те стрижит.
Стори тоа што другаш не сторил.
Ти дуј, јас чукај и ете се стори работата.
Чоекот можи и арно да стори и лошо.
Што ќе сториш, стори, ама и за назад мисли.
 сторив............1
Му се сторив мос, и па не познаа од чес.
 сторил............14
Го зела матната лели се сторил пијаница.
Грош години се сторил.
Една пара работа му свршил, а сто гроша штета му сторил.
Еѓуптинот ко се сторил цар, прво татка си го обесил.
Кауѓер кој се сторил, на татка си и на мајка си не му пожалал.
Кога се сторил Еѓуптинот цар, прво татка си го обесил.
Кој што сторил ќе најде.
Само кожа и коски се сторил.
Се сторил грош години.
Се сторил за мајтап на веков.
Стори тоа што другаш не сторил.
Што сторил нашол.
Што сторил, нашол.
Шчо си сторил, тоа ќе си најдиш.
 сторила...........2
Лутината многу пакос сторила.
Се сторила за на коња.
 сториле...........1
Од едно јајце до царот сто се сториле.
 сторило...........3
Мрша скапана се сторило ороспијана.
Родила жена дете, је се сторило оти родила царче.
Целото море се сторило маштеница, за нас не се најде лајца, за да сркниме.
 сторит............13
Ако се сторит баба момичка, порано ќе се сторит дедо беќар.
Ако се сторит баба момичка, порано ќе се сторит дедо беќар.
Езероно млеко да се сторит, за него ќе немат олџица.
Кој е прав, прав и пепел да се сторит.
Лисицата и калугерка да се сторит, не пушчај ја меѓу кокошките.
Лош јазик што не можи да сторит?
Лошио чоек кај ќе се прибери, се зијан ќе сторит.
Мачкана сирење ќе те сторит.
Сакало да се сторит.
Што му иди на чоека на умо, набрго тоа можи и да го сторит.
Шчо можит чвек сам да си сторит, никој не мојт да му сторит.
Шчо можит чвек сам да си сторит, никој не мојт да му сторит.
Шчо не мојт ѓаолот да сторит, ќе је кажит на баба да му поможит.
 сториш............12
Ако имаш вујко владика, лесно ќе се сториш поп.
Ако не лажиш, али ако лажиш, речи да се сториш како прстов.
Ако се ожениш, арно ќе сториш, ама гледај дали ќе можит жената да ја раниш.
Ако се сториш мед и мувине ќе те пљувет.
Ако се сториш овца, секој ќе те стрижит.
Лесно е да зборвиш, ама тешко е да сториш.
Не е грев то шчо ќе го помислиш, туку то шчо ќе го сториш.
Ноќта ден да ја сториш и да спечалиш.
Поарно да не таксаш, одошчо да не го сториш.
Со ќељав да се бориш, беља ќе си сториш.
Што ќе сториш, стори, ама и за назад мисли.
Шчо ќе сториш, то ќе најш.
 сторуа............1
Во празна плевна арамија не влегуа; и да влези, зијан не сторуа.
 стоте.............1
На стоте сто и еден твар борина.
 стотина...........1
На стомина по стотина, Петкое петстотини.
 стото.............1
Стото сто и тоар борина.
 стрја.............2
Живејт ко куче под стрја.
Поарно старому под брада, одошчо младому под стрја.
 стрјана...........1
Ѕвиздјам ко капкана под стрјана.
 стра..............1
Чојсано магаре од волк немат стра.
 страњето..........3
Му теквит на страњето.
На страњето му теквит.
Ти теквит на страњето.
 страв.............15
Дете во мајка се тресит. (Многу страв).
Лилјако ноќе излегуат и ноќе се криет, како да ет борчлија на Евреите колку страв имат.
Мечка страв, мене не страв, кога ја видов, се испострав.
Мечка страв, мене не страв, кога ја видов, се испострав.
На зъјакот од страв му се отворени очите и ко да спијат.
Не се плашам, ама ми е страв.
Од страв се бега, од страм не се бега.
Од страв се бегат, од страм не се бегат.
Од страв чоек побегнуа, а од страм не можит.
Пијаницата е страв и трепет на челадта.
Сиромаштијата ја страв да влези у жена работница.
Страв вардит лозје.
Страв лозје брани.
Страв лозје чуват.
Умрените од никого страв немаат.

Следниот дел

Горе