Следниот дел

Претходниот дел

 стовна............1
Не прави радовишка стовна со скршени рачки на половината.
 стовната..........2
Стовната еднаш се троши.
Тепе го детето додека не строши стовната.
 стое..............1
Една душичка опште стое - кога некој многу ќе се разболи.
 стоел.............1
Ко делел господ ум, тој стоел зад врата.
 стоет.............3
Ако е испасена тревата, корењата ушче стоет.
Ако ми паднале убетките, ушиве ушче ми стоет.
На високо дрео само чавки стоет.
 стои..............8
Ако е изеден зелнико, тепцијата стои.
Виното како што стои в бочва, не стои во чоека.
Виното како што стои в бочва, не стои во чоека.
Ѕид без малечки камчиња не стои.
Кашчата не стои на земјата, туку на жената.
На богатио дури да му дојди ќеот, на сиромајот ќе мо стои празен меот.
Нај­доб­ро стои ста­ра­та ка­па.
Парата, не стои у еднега: денеска у мене, утре у тебе.
 стоит.............6
Арен маж на збор не стоит.
Ќе му стоит празен меот.
Стоит како некое дрво.
Стоит како некој дирек.
Стоит како некој поп пред владика.
Умот во глаата стоит, а не во капата.
 стока.............36
Ако и да има чоек многу стока, пак ќе има нешто неугодно в куќа.
Алал стока не гини — и да загини, па ќе се најдит.
Арам стока спечалена, ќе истечит како вода.
Арам стока спечалена, не ќе оит до три појаса.
Арна стока сама се познава.
Арната стока сама се продава.
Арната стока сама се продат.
Арната стока секипат си чини парата.
Врба дрео, зет фара и магаре стока не се.
Готва стока — готој пари.
Друг збира стока со мака, друг ќе јади без мака.
Една пара — мала стока, а за голема дужбина.
Еѓуптинот стока не збира, оти парите си и пие на меана.
Живот и здравје и добра мисла кога да има у чоека, не му треба многу стока.
Зет рода, магаре стока и врбова огрева — исто ти е.
Зет фара, врба дрео и магаре стока не се.
Имај стока, ќе ја продаиш, ами ако немаш, што ќе продаиш?
Имам стока за продавање, ама немат нога.
Јован за рода, магаре за стока.
Како од татква си стока да дат.
Крадената стока тепељ не фашчат.
Магаре стока и зет рода.
Магаре стока, зер фара и врба дрео не се.
Момичката не е стока за дома.
На лош син стока не му треба да му остааш, оти ќе ја изеит; и на арен не му требат, оти сам ќе си сп
Наспастрена стока кучиња је јадет.
Ништите и брдилата сет голема стока на жената.
Од стока буниште не бидуат.
Сирење — манџа, магаре — стока, зет — фара и врба дрео не се.
Та балд'за рода ле е и магаре стока ле е.
Турска стока — пуста стока.
Турска стока — пуста стока.
Убата стока сама се продат.
Чоекот што не додржуат својата стока, туѓата никогаш не ќе ја додржит.
Што девојче, што стока, кога спиет, леб не јадит.
Што момче, што стока ет, во чаша да го испиеш!
 стоката...........15
Арното на огниште, стоката на буниште.
Види му го умот, купи му ја стоката.
Вълци, врани стоката ќе му је јадет.
Господ прво умот ќе му го зејт на чвека, а после стоката.
Животот од чоека ет помил од стоката.
Му дојде паметта на растурачот, ама откога ја изеде стоката.
На богатиот зер в гроб ќе му ја клаат стоката?
На тамавќаро друг ќе му ја јадит стоката.
Нозе ми нема стоката, да затоа не ми се продаа.
Од скржаиот и тамавќарот друзи стоката ќе ја јадат.
Помила е стоката од душата.
Стоката алал не гинит и ако заѓинит, пак ќе се најт.
Стоката арна сама зборуа и се продаа.
Таткото кога ќе му делит стоката на децата, не треба на едно да дават со грс и на друго со прс.
Што ќе му иди на глаата на чоека некое лошо, нека му иди на стоката.
 стола.............4
Кој седи на два стола, ќе падне и од двата.
Меѓу два стола, ти долу.
На два стола се не седи.
Од два стола — на земја.
 стомина...........2
На стомина по стотина, Петкое петстотини.
Од сто бради по лакно — цела брада; на стомина по лакно — без брада.
 стомна............4
Која стомна појќе пъти ојт на вода, бргу се кршит.
Од празна стомна не се пијат.
Од свое село мома, како вода в чаша, од чуждо село мома, како вода в стомна.
Стомна шчо ојт многу пъти на вода бргу се кршит.
 стомнана..........1
Стомнана многу пъти ојт на вода, ама еднош се кршит.
 стомната..........1
Многупати одит стомната на вода здрава, ама еднаш ќе се окршит.
 стопан............6
Верен измеќар, цел стопан.
Гладна мачка оро не игра, или сита мачка стопан не припознаа.
Измеќар верен — прав стопан.
Песната стопан немат.
Ситата мачка стопан не познаат.
Ситата мечка стопан не познаат.
 стопана...........2
Арниот коњ стопана си од лошо го куртулисуат.
Кучето стопана си не го познат.
 стопани...........1
Ако се брзи волои, нивјето сет поделени на стопани.
 стопано...........2
Коњо и песо си познаваат стопано.
Песо не си познаа стопано од калабал'к.
 стопанот..........9
Акот на стопанот.
Акот си оит у стопанот.
Дошол акот на стопанот.
Коњот не го ранет зобта и сеното, ами очите од стопанот.
Кучето е верно на стопанот.
Очите од стопанот го ранет коњот.
Песо е поверен на стопанот.
Песо си го познаат стопанот.
Се познат песот по стопанот.

Следниот дел

Горе