Следниот дел
Претходниот дел
скрои.............1
Каре го — рите, води то — боде. Ка е скрои, така и ќе се сќине.
скроиле...........3
Арна ќуљафка му скроиле.
На нероден Петко капа му скроиле.
Ушче Петко нероден капа му скроиле.
скрстеи...........1
Помогни си и Господ да ти помогне, со скрстеи раце ништо не бидува.
скрстени..........1
На скрстени ръце господ не поможвит.
скршам............2
Ако паднам, пак ќе станам; не сум грне да се скршам.
Постој свекре да ти скршам на гъзот една вошка.
скршена...........1
Дуќанот сакат скршена нога.
скршени...........1
Не прави радовишка стовна со скршени рачки на половината.
скрши.............6
Гљај си го пътот, скрши си го вратот.
Је скрши мътиката.
Кога би знъел чвек ке ќе го скрши вратот, никогаш там би ошол.
Откога ќе се скрши колата, многу патчиња ќе се отворат.
Откога ќе се скрши лебо, веќе не се стауат.
Скрши глаа, си побегна, невратоо појде.
скршил............1
Кој ти видел овен, кој ти скршил рог.
скршила...........1
Потплашила се мачката, скршила прачката.
скршиле...........1
Му ги скршиле рогојте.
скршит............5
Да паднит на плешчи, носон ќе го скршит.
Дај му на будалата стап, за да ти е скршит глата.
На плешчи да паднит, носот ќе го скршит.
Не кажви му ја на будалата камарата со камења, зашчо ќе ти је скршит глата.
Откога ќе се скршит колата, пътишча многу.
скршиш............2
Од кон паднеш — не се убвеш; од магаре — глава скршиш.
Рипни од високо, сакаш-неќиш, нозете ќе си ги скршиш.
скували...........1
Немат жито без скували.
скуси.............1
Порасти магарчето, му се скуси самарчето.
скуфалје..........2
Не јала кокошката — скуфалје сонувала.
Сонувала кошошка сос газо скуфалје к'цала.
скъп..............1
Скъп на триците, евтин на брашното.
скъпа.............1
Светиѓорска кајгана скъпа е.
скъпо.............2
Да не го знъјш, скъпо би го платил.
Кој не го познат, скъпо го плашчат.
слаб..............7
Ако е слаб на лице, нека е здрав на срце.
Ако е чоек слаб на лице, ама нека е здрав на срце.
Го намамил на слаб мраз.
На повеќе сајбии коне им е слаб.
Низ иглини уши да гу вдениш (за оној што е многу слаб).
Слаб на лице, здрав на душа.
Слаб ум, јаки плешчи.
слабјот...........1
Слабјот пес сите го давет.
слабие............1
Слабие оѓин повеќе дрва гори.
слабите...........1
Ветрот дебелите дрвја ги уриват, а слабите ги виткат.
славејчето........1
Славејчето од јъзикот си патит.
слага.............3
Добрио владика за светец сам не се слага.
Една гора се дига, друга се слага.
Секој што имат челад се слага богат.
слагај............2
Којшто има брашно дома, сиромав не слагај го.
Колку да си праведен, пак слагај се за грешен.
слагаат...........2
Будала го слагаат чоека, ако оди по правина и по Бога.
Со свој леб на гости, гости не слагаат.
слагат............2
Којшто не ет борчлија, за богат се слагат.
Настанаа малите, кој ти ги слагат старите.
сладок............2
Како првио залак што е сладок, не ет и вториот.
Сос малку масло сладок ручок не бива.
сладост...........1
До очи радост, до зъби сладост.
слама.............14
До Богородица и сламата жито — од Богородица и житото слама.
За биол слама, а за мачка риба.
За селсќи говеда не збире слама.
Земан слама продава.
Кој имат кош слама појќе од тебе, не играј со него.
На кучето слама, на магарето коски му дат.
Надај се магаре на зелена трева, ако нема ни суа слама.
Не збире слама за чужџи магариња.
Не му фрљат ни слама.
Оган и слама не се клавет едно до друго.
Огон со слама не се гасит.
Оѓин сос слама се не гаси. Ојде ѓемијата та лосто ле ќе жала?
Слама јаш, кураш држ.
Сос шпирт и слама шега не бива.
сламата...........4
Времето сламата арчи.
До Богородица и сламата жито — од Богородица и житото слама.
Ко волот за сламата.
Ќе ја работи работата како вол за сламата.
сламка............3
Давеникот се фаќа за сламка
Кога некој се дави, и за сламка се фаќа.
Кој се давит и за сламка се фашчат.
сламката..........5
Давенико и за сламката се фашча.
Кој падне в морето, и за сламката се фашча.
Којшто паѓа в море, и за сламката се ваќа.
На друг сламката гледаш, а на теб гредата не гледаш.
Сламката во окото на брат му гледа, а гредата в своето не гледа.
слана.............2
Многу му е гајле на господа тиквите да не ги попарит слана.
Од ке се надеев сънце да ме угрејт, слана ме попари.
сланина...........3
Зиме расол и сланина — лете крава и градина.
Како мачка на сланина.
Пред оџава кашча сланина се не продава.
сланток...........1
Чукни сланток, късни симид.
слатка............4
Алвата е слатка и без леб.
Претка му слатка.
Татко купи патка, та шчо беше слатка, та шчо пати дур је плати.
Црна мака — слатка погача.
слатката..........1
Слатката реч и железна врата отворат.
слатки............1
Со масло и клинци да сфариш се слатки.
слатко............3
И грозјето е црно ама е слатко.
Радуве се да има комшијата, та и ти слатко да изедеш.
Страмно посакај си — слатко изеј си.
слатко-благо......1
Секој знаи да јади слатко-благо, ама ако немат со што да си купи, со сол и леб ќе си поминит.
слегвет...........1
Светов е скала: едни се качвет, други слегвет.
слегвит...........1
Орелот слегвит ке шчо имат мрша.
слегуаат..........1
Веков ет скала: едни луѓе се качуаат, а друѕи слегуаат.
слезе.............1
Ќе слезе Мурто, ќе се качи Курто.
Следниот дел
Горе