Следниот дел
Претходниот дел
скали.............1
Господ од луѓе скали прави.
скапа.............1
Ретка е честа, затоа е скапа.
скапана...........2
Кога легнав, како скапана круша веднаш заспав.
Мрша скапана се сторило ороспијана.
скапија...........3
Земјата што раѓа, ретко бидуа скапија.
По скапија иди евтинија.
Суша скапија не праит, ама тешко кој ќе го најдит.
скапо.............7
Ако не знаеш шчо е убаво, пите шчо е скапо.
Барај го доброто, и купи го скапо.
За гаска маска. (Скапо ќе ти се фане).
За едни луѓе бричењето му е скапо, а пиењето му е евтино.
Кој те не знае, скапо ќе те плати.
Не пите шчо е арно, пите шчо е скапо.
Ретко е златото, затоа е скапо.
скара.............2
Две риби на една скара се печеле и една на другата не си вервеле.
Две риби на една скара се печет.
скараат...........1
Браќа колку и да се скараат, пак ќе се смират.
скарал............2
И очите во глата би ги скарал.
Се скарал со меанџијата, а со мјаната не.
скарале...........2
Ако сме се скарале, очите не сме си ги извајле.
Се скарале арамите за јорганот од Настрадин-оџа.
скарали...........1
Скарали се атсвето, одевали магарињата.
скарвит...........1
Ѓаолот нишчо не работат, само љуѓе скарвит.
скаруаат..........1
Цревата за чоека се скаруаат, а не чоек со чоека.
скина.............3
Кога се вати сиромаиот на танец, се скина танецот.
Кога се фати сиромавио на оро, се скина тапано.
Таман сиромајот се вати на танец, се скина тапанот.
скинал............1
Чис на татка си излезе, како да му ја скинал глаата.
скинат............1
Овенал како некој скинат трендафил.
скината...........2
Вреќа скината што клај, ќе истечит.
Скината вреќа просо не држит.
скинит............3
Ми се чини оти болниот ќе скинит.
од другио: кога ќе се скинит, да видиме кој ќе паднит.
Од што е гладен, ќе се скинит вода пиееќим.
скита.............1
Кој не пита, он скита.
скитај............1
Питај, па не скитај.
склупцата.........1
За едно зрно пченица врапчето се ваќа во склупцата и си придаа животта.
скокат............5
Ке скокат козана и јарето по неја.
Кога некој ќе се изгорит, тогаш скокат.
Скокат како да го дупат шилци во газот.
Скокат како мачка по мрвка.
Скокат како некоја жаба или како скакулец.
скокни............3
Два пати речи оп па скокни.
Дупни дупче, клај коренче, скокни, мокни, повади го.
Прво скокни, после речи оп.
скокнит...........1
Ако некој скокнит да се давит, не ќе се фрлиш и ти по него.
скокум............1
Ке јас со око, тој скокум.
скончал...........1
Се скончал, починал, умрел.
скончилото........1
Му дојде скончилото.
скопвит...........1
Скопвит прасиња, само да му викет мајсторе.
скорни............5
Арамија со скорни низ чаршија оди.
Арамијата и со скорни да шета низ чаршија, пак никој чес не му дава.
Арамите со опинци ги бркет потери, на арамите со скорни им чинет чес.
Арамите со опинци шчитет по планиње, арамите со скорни живеет в град.
Арамја со скорни.
скот..............3
Ако чоекот ет во снагата како скот, ама во душата ет како Бог.
Палецов ако не беше, чвекот скот ќе останеше.
Палецот и душа жива ако немаше чоекот, тој скот ќе си беше.
скраја............1
Ормањето скраја отидоа, затоа државата се оскапеа.
скрастаи..........1
Пес али се скрастаи, крастата ќе го изеит.
скрежец...........2
Живејт ко скрежец.
Риба од нива, скрежец од море.
скржав............4
Лаж и скржав веднаш се погодуаат во пазаро.
На скржав и лаком очите не му се п'нат.
Скржав павеќе дава.
Со вреќи да имаш пари, ако си скржав, пак не ќе арџиш.
скржавие..........1
Скржавие влакното цапи, јајцето стриже.
скржаиот..........8
Вудве и вутри му одит арџот на скржаиот и тамавќарот.
Дават скржаиот една маслинка да земит мев масло.
Колку поеќе имат скржаиот, толку поеќе стискат.
На скржаиот на клепните да му се обесиш, и пак нема да те пожалит и да ти даит нешто.
Од скржаиот и тамавќарот друзи стоката ќе ја јадат.
Скржаиот леб арно не се најадуат.
Скржаиот со едната рака дават, со друтата сакат.
Што го молиш скржаиот, што го галиш, ништо од него не ќе спечалиш.
скри..............3
Скри да имаш.
Тате, пате, скри се в јасли да бараш аспри.
Тате, пате, скри се в јасли, идет Турци ќуљумарци.
скријан...........1
Со скријан кавал ни в планина не се свирит.
скријат...........1
Кртот и под земи ојт и не мојт да се скријат.
скријаш...........1
Под кош да је скријаш, гласот да је го слушаш.
скријет...........2
Кашлица, краста и љубов на может да се скријет.
Сиромашчија и кашлица не может да се скријет.
скривјат..........1
Некој се скривјат зад лист, некој зад цело дрео не можит.
скрие.............2
Баба шимија носи за да скрие бели коси.
Нашол глушецот дупка да се скрие па си врзал и лејка за опашката.
скриена...........1
Мачката под камен да има риба скриена, ја намирисуат.
скриет............1
Во волов рог да се скриет чоек, и пак смртта ќе го најдит.
скрил.............2
Пукај по зајако додека не се скрил.
Се скрил како некој зајак во рас.
скрила............1
Поканила мечка госје, ат се скрила вов трњето.
скриле............1
Чуле Еѓупците оти идел арачнико, се скриле во трњето.
скрипец...........1
Крцкат како скрипец.
скришем...........1
Ничкум гљавет, скришем давет.
скришим...........1
Да се не веруаш и на брата ти, та да му кажиш некој скришим работи.
скришното.........2
Од кокошка нога јал, та затоа скришното го кажуат.
Скришното најгласно станува.
скројам...........1
Ако ми падниш в ръка, ќе ти скројам капа.
скројл............2
Кој како шчо се скројл, така ќе се ишчинит.
Кој како шчо се скројл, така си живејт.
скројло...........2
Како се скројло, така ќе се ишчинит.
Така се скројло, така ќе се ишчинит.
скроен............1
Кој како е скроен, така ќе се ишчинит.
Следниот дел
Горе