Следниот дел
Претходниот дел
сирењето..........3
Брат за брата, сирењето со пари.
На убава жена сирењето смрди.
Фрлил сирењето — собрал урдата.
сирница...........1
Одит без гаќи како кауѓер во сирница.
сирници...........1
Ојт без гашчи ко калугер но сирници.
сирок.............1
Без башча — половин сирок, без маќа — цал.
сиромајот.........22
Блага водичка, потурнилебец, рекол сиромајот кога јадел сув леб.
Да имаше сиромајот к'смет, не ќе беше сиромав.
Дури да му дојт на богатиот ќејфот, на сиромајот ќе му излезит душата.
Како од камен го вадит сиромајот лебот.
Ко ќе се женит сиромајот секој му ојт на свадба.
Ко ќе се фатит сиромајот, ќе се шчинит тъпанот.
Мека постела сиромајот ако барат, гладен ќе си легнуат.
На богатио дури да му дојди ќеот, на сиромајот ќе мо стои празен меот.
На сиромајот ѕвездата му ет угасната.
На сиромајот јасјето му од лебец, со солца и пиперца.
На сиромајот к'сметот не му работит.
На сиромајот никој праото не му го даа кога да зборуа.
Се фатил сиромајот на оро, се шчинал тъпанот.
Сиромајот да имаше к'смет, ќе се обогатеше.
Сиромајот да имаше к'смет, сиромав не ќе беше.
Сиромајот и во рај ќе седи подолу од богатиот.
Сиромајот од јанг'н не берит гајле, чунки ветвата ругузина не му горит.
Сиромајот од ум ет сиромав.
Таков му бил к'сметот на сиромајот.
Таман сиромајот се вати на танец, се скина тапанот.
Трпит сиромајот и постит, оти немат што да јадит.
У сиромајот деца, у богатјот златни колца.
сиромав...........39
Ако е чвек сиромав, барем да е здрав.
Ако е чоек сиромав, ама да е барем здрав.
Ако си сиромав, барем не биди мрсулав.
Ако си сиромав, не биди мрсуљав.
Ако си сиромав, не токми се со богат.
Ако сум сиромав за многу, за малу не сум.
Алиштата го покажуаат чоека за богат и сиромав.
Влав сиромав — Македонец; Влав богат — Грк.
Да имаше сиромајот к'смет, не ќе беше сиромав.
Дај му милостиња на сиромав, ако е сакат.
Дај на сиромав милостиња и не чекај да ти ја враќа.
Денеска бил сиромав, утре обогател.
Дури е чоеко жив, барем да е здрав, да ако е и троа сиромав.
Еден гроб е и за богат и за сиромав.
Здрав да сум, да ако сум и троа сиромав.
Имај си пари, да ако си сиромав.
Јас да имам пари, да ако сум сиромав.
Којшто дава на сиромав милостина, пред Бога му се, наоѓа.
Којшто има брашно дома, сиромав не слагај го.
Лели сум сиромав, никој ме неќит.
Лели сум сиромав, никој род немам.
Му тури син му на огништето вода и го остаи сиромав до века.
На сиромав себап, на ѓаол къндило.
Не се плашит сиромав од арами.
Подари сиромав, дај Богу на заем.
Појди кај сиромав, подари го, а кај богат — поразвесели го.
Рутишчата го прает чвека богат, аљ' сиромав.
Секој сиромав сакат да се обогатит, а богат неќи да се осиромашит.
Сиромав е ѓаолот зашчо немат жена.
Сиромав е крлеж, што нема газ да се серит.
Сиромав е крлежон зашчо немат гъз.
Сиромав од арами не се плашит.
Сиромав чвек — готов ѓаол.
Сиромајот да имаше к'смет, сиромав не ќе беше.
Сиромајот од ум ет сиромав.
Со сиромав не би си шега, оти шегата оит по тебе.
Туѓината е за сиромав бел образ.
У сиромав мрзлив не барај пари, во место пари тој си има вошки.
Цар, крал, књаз, богат, сиромав, сите ќе умриме и вземи ќе влезиме.
сиромавио.........2
Кога се фати сиромавио на оро, се скина тапано.
На чорбаџијата и чавките му носат јајца, на сиромавио и полого му трошат.
сиромавиот........1
На сиромавиот ни Господ не му поможва.
сиромаио..........1
Као црв во дрво се вие сиромаио.
сиромаиот.........1
Кога се вати сиромаиот на танец, се скина танецот.
сиромао...........6
За најадок у сиромао — за работа у богатие.
Сиромао две кашчи рани.
Сиромао на видело не го тере, ќе го најдеш и в тевнина.
Сиромао не изглижџа.
У богатие да се наработиш, у сиромао да се најадеш.
У сиромао и јадење и пиење, у богатие муабет.
сиромаси..........7
Ваќај пријатели арни и чесни, да ако сет и троа сиромаси.
Гледај да имаш пари, да ако даваш по сиромаси.
Добрио владика на сиромаси помага.
Зашчо бараме многу, сме сиромаси.
Лето за сиромаси, а зимо за богати.
Меките постели не сет за сиромаси.
Наредил Господ да има и богати и сиромаси.
сиромасите........6
Богатите чалми носат, а сиромасите и без капа одат.
Богатите чалми носат, сиромасите без капи одат.
Зинале тамавќарите да ги голтнат живи сиромасите.
Како што се арџат пари за вино и ракија, така да се арџеа и за наука, не ќе тргаа сиромасите мака.
Сиромасите со душа и чекаат постите.
Чес има и у сиромасите.
сиромах...........3
Додека си жив, да си здрав, та ако си сиромах.
Крлежо е сиромах оти нема газ да сере.
На сиромах човек и на факовско да не втасуваш.
сиромашија........2
Бог да не пази од сиромашија и од простотија.
Поарно чесна сиромашија одошто бесчесно богаство.
сиромашиијата.....1
Ни на богатството радви му се, ни на сиромашиијата плаши је се.
сиромашка.........3
Апсаана куќа сиромашка.
Барај жена да најдиш од сој, да ако ет сиромашка.
Да земиш жена сиромашка, ама да не е лижи-саавка.
сиромашки.........2
Жени сиромашки што носат по глаите кавтани, мажите му ќе одат со капите искинати.
Жените сиромашки се облекле во кондури сан'клии, ако се со борч од кондураџии се купени.
Следниот дел
Горе