Следниот дел

Претходниот дел

 рисјанин..........2
Дури не къснит рисјанин лајна, Турчин не късвит алва.
Рисјанин прав кој сакат да бидит, маки треба да претрпит.
 рисјаните.........1
Рисјаните ако си крепеа верата прао, со стребрени лајци ќе сркаат.
 рисјанцката.......1
Рисјанцката вера чоека го преродуа.
 ристос............1
Имат пари, Ристос воскресе; немат пари, смертију смерт.
 ристоса...........1
На чело Ристоса, в пазва ѓаоли.
 рита..............2
Таа кобила рита шчо се зобе а не вјаа.
Умрел кон не рита.
 ритаа.............1
Коњето се ритаа, магарињата одеваа.
 рите..............1
Каре го — рите, води то — боде. Ка е скрои, така и ќе се сќине.
 ритканица.........2
Дума дупка не прави, ама ритканица прави.
Циганска ритканица двојно боли.
 ритливо...........2
Ем криво, ем ритливо.
Шуто — та бодливо, криво — та ритливо.
 ритне.............3
Да те ритне ат, да не те е јад, а оно магаре.
Да те ритне Турчин с чизма, нема да те боли, ама Циганино сос боса нога!
Нека ме ритне железен папук, а не здрвен опинок.
 роб...............5
Коњот сакат зоб, а жената роб.
На арна земја — црн роб.
Од роб се врашчат, од гроб никогаш.
Поарно роб, отколку в гроб.
Роб дооди, гроб не дооди.
 робеше............1
Ќе го робеше кога го завати со зборои да му вели.
 робинка...........1
Ако сум ти жена, не сум ти робинка.
 робува............2
Ум царува, ум робува ум гуски чува.
Ум царува, ум робува, ум патќи пасе.
 робуват...........1
Кој не го имат брата си за брат, на Турчин робуват.
 робуве............1
Ум царуве ум робуве.
 рог...............4
Во волов рог да се скриет чоек, и пак смртта ќе го најдит.
Кој ти видел овен, кој ти скршил рог.
Од ѕвонците по нешчо, ама од козите ни рог.
Продат рог за свешча.
 рогат.............4
Мечка со мрака се бори, а не шут со рогат.
Со богат не суди се, со рогат не бори се.
Шут со рогат не мојт да се борит.
Шут со рогат не се боде.
 рогата............1
Есен богата, зима рогата.
 рого..............1
Волот се врзвит за рого, а чвекот за јъзик.
 рогој.............9
Анѓел со рогој.
Барат шута рогој, ќе ги загинит и ушите.
Будалата ако имаше рогој, сите ќе го познаве.
Будалата немат рогој.
Го фатил волот за рогој.
На крава шчо буцат господ не је дат рогој.
На пала крава господ рогој не је дат.
Улаите со рогој не сет, да и тие како сите луѓе.
Чвекот се врзвит за јъзик, а волот за рогој.
 рогојте...........5
Арен бијол, само рогојте му се кусо.
Му ги скршиле рогојте.
Не покажви си ги рогојте.
Орала мувата цел ден на рогојте од волот.
Си ги показа рогојте.
 рогове............6
Бодливие вол боде и без рогове.
Видела шута рогове, притерала и уши.
Кој тера рогове, ќе остане и без уши.
Најде уши, потера и рогове.
Поискала шута рогове, та останала и без уши.
Улавите рогове немаа, сами си и кажуваа.
 роговето..........1
Воло се врсува за роговето, а човеко за јазико.
 рогови............2
Рогови во вреќа не се кријат.
Се враќа со искршени рогови.
 рогои.............5
Видела камилата уши, побарала рогои.
Кога ќе му порасти на коњо рогои, тогај и на ќос мустаќи.
Лаги со рогои.
Лошио чоек рогои немат: и тој е чоек.
Светијте зер рогои имаат, ами и тие беа луѓе како нас.
 рогот.............3
Козата мъмит, рогот не мъмит.
Колку постар прчот, толку појак рогот.
Се познат козата по рогот.
 рогуз.............1
Под рогуз водата ти ја пушчат.
 рогушки...........1
Не п'нат трла рогушки, туку ногушки.
 род...............12
Без пот нема род, ако садиш ќе јадиш.
Бујцата кај што ќе влезит, целио род ќе изумрит и куќата ќе ја запустит.
Глобока вода брод немат, убао моме род немат.
Лели сум сиромав, никој род немам.
Ни род, ни поможи Бог.
Од една вода пиеме, и пак род не се чиниме.
Од секое дрео род не се берит.
Род рода не рани, нека секој си има.
Род рода не рани, тешко кој го немат.
Ситни камења број немаа, убава мома род нема.
Со ѓаоло род не праи се.
Убаа мома род немат.
 рода..............9
Арна мома рода нема.
Зет рода, магаре стока и врбова огрева — исто ти е.
Јован за рода, магаре за стока.
Магаре стока и зет рода.
Род рода не рани, нека секој си има.
Род рода не рани, тешко кој го немат.
Та балд'за рода ле е и магаре стока ле е.
Убава мома рода нема.
Шчо е уло и пијано, се од ваша фара и рода е.
 родата............1
Од дека ти е жената, од там ти е родата.
 роден.............2
Гол ко од мајка роден.
Не чекај добрина од чоека што е роден на злоба.
 родени............1
Децата си играат како браќа, ако не се родени од една мајка.
 родеше............2
Ќешке да не се родеше Јуда одошто го предаде Христа.
Поарно да родеше некоја жена камен ошто родила лош син.
 роди..............17
Денеска чоек се роди, и гроб му се отвори.
Детето куга се роди, името треба да му се тури.
Женско куга се роди и стреите плача.
Зер и од врба чекаш да роди маслинки?
Зер и од врба чекаш да ти роди јаболка?
Клекни роди го, стани пови го.
Не умри магаре, ќе се роди зелана трева.
Пукна ѓаолот, се роди Влаот.
Роди ме мајко со к’смет, фрли ме на патот.
Роди ме, мајко, со к'смет, врли ме на буниште.
Роди ме, мајко, со късмед, фрли ме на бунишче, ќе ме најш на огнишче.
Роди, бабо, дете!
Теле се роди, вол ќе умреш.
Христос се роди за да не спасит.
Чис на брата си се роди.
Чоек се роди, и гробо му се отвори.
Што да се роди на веков, ако не умри, земјата не ќе и кренит.

Следниот дел

Горе