Следниот дел
Претходниот дел
развали...........1
Развали поп, да направиш попадија.
развиени..........1
Цвеќињата сет мили дури се развиени.
разгазени.........1
Немој да чекориш сао по разгазени патеки!
разгазува.........1
Почна да разгазува пат.
разговор..........1
Зборот разговор отворат.
разгорен..........1
Не дуај на разгорен оѓин.
разгоруве.........1
Ако не можеш еден оѓин да изгасиш, не го ни разгоруве.
разградвит........1
Време градит, време разградвит.
разградена........2
На разградена градина пълјак е свињата.
Разградена градина, заградена пустина.
раздавај..........1
Туѓа пченица не раздавај за задуша.
раздели...........1
Раздели па владај.
разденвит.........1
Дури еднему не му се стемнит, другему не му се разденвит.
раздени...........4
Нек се раздени, да после ќе се видиме кој кај сме.
Се раздени и без петело да пеит.
Стемни се, раздени се, легни пукни, то ти бил веков.
Стемни се, раздени се: ела, мајсторе, плати ми ѓуделаците.
разденит..........2
И без петел ќе се разденит.
Кога петлите често пеат, брго ќе се разденит.
раздума...........1
Парата и нем да е човек ќе го раздума.
разлаачка.........1
Куќата ја кренаа на глаа децата од разлаачка.
разлаен...........1
Разлаен поп в црква прдит.
разлика...........1
Арамија од арамија разлика има.
разликуваат.......1
Вода в речина се вртит. (Речина - решето со кое сејат пченица. Разликуваат решета: тагар - кожата му
различна..........1
Сите радости се исти, но секоја тага е различна.
разлошка..........1
Не ме смете разлошка в'на сос лепич.
разлути...........1
Разлути се комаро, растури се свадбата.
размајал..........1
Оште на којн не вгјанал, нојзте си размајал.
размина...........1
Размина му в'к пате.
разни.............1
Умиштата разно разни.
разно.............1
Умиштата разно разни.
разриве...........1
Не го разриве говното — ќе ти засмрди.
разум.............5
Има у мнозина ум, ама у малцина разум.
Со ум и разум пари добиваш, а со права вера во рај влегуаш.
У мнозина ум, у малцина разум.
Ум и разум со пари не се купвет.
Ум и разум туку да има чоек, и пари ќе имат.
разумна...........2
Жена умна и разумна не го остаа мажо да страда.
Руса нека е или калеша невестата, ама да ет умна и разумна.
разучвиме.........1
Во неољата учиме, а во слободата се разучвиме.
рак...............2
Облекол се рак в теја руво пак.
Се променал рак во то руво пак.
рака..............45
Ако даиш со десната рака милостина, гледај да не те узнаи левата.
Ако имаш маша, не ваќај го огно со рака.
Бегат како некоја јагула, што се слизга од рака.
Гледај дури не ти летнало врапчето од рака, оти после мачно се ваќа.
Го зајаде левата рака.
Едната рака другата ја мие, а обете лицето.
Еѓуптино и маша да има, па огно со рака го ваќа, на лулето да клава.
Жена, коњ, пушка — не се даат на туѓа рака.
За една рака урда ошол дури на Бистра.
Јазел со рака не се одврзуат, а со сабја се пресечуат.
Кај што те чеша твојата рака, не те чеша туѓата.
Кога имаш маша, не ваќај го огно со рака, оти ќе те изгорит.
Кој си рака дава, таа не се сече.
Која рака дава, не саане.
Која рака дава, таа е мила.
Којшто има маша, не треба да ваќа огно со рака.
Лева рака — десен џеб.
Ленивата рака доноси сиромашчија.
Лошио чоек ако ти се ватит за полата, сечи ја и остај му ја в рака.
Мене ми е мака дури да го клаам борчлијата в рака, да после ќе си го клаам кај што прдат магарињата.
Му помина под рака, ама откоа се борија и падна.
Не си ле фане сајбиска рака, нема фајда од другите.
Од студ рака не се вади надвор.
Од таткова мака со чичкова рака.
Од чужџа мака сос твоја рака.
Пара на рака, Мара за рака.
Пара на рака, Мара за рака.
Пари на рака пред Мара за рака.
Пари на рака пред Мара за рака.
Пијаницата се мачи од пијанство и со снага и со душа, и пак рака не трга од пијанството.
Поарен си да имаш едно врапче в рака одошто сто да летаат.
Рака на суд сечат и не болит.
Рака терезија не ет, кај што сакат да погодит — можи да не удрит.
С гола рака в жар се не брка.
С рака направено, в дуња однесено.
Сама рака — газорака.
Своја рака дека ќе те почеше, туѓа не може.
Скржаиот со едната рака дават, со друтата сакат.
Со гола рака змија не се ваќа.
Со рака кој тепат, наполу го јадит ќотекот.
Уста шчо посере, рака не опере.
Чужџа рака ако те почеше, ќе те прочеше.
Чужџа рака чеше дека те не срби.
Што е в рака у чоека, не е лага.
Што јагула чоек ет, в рака не се ваќат.
раката............3
Борчлијата ја во устата мед нека има, ја со раката во џеб нека посига.
Вати ја копривата, да ако сакаш да ти ја изџарка раката.
Грда е жената на онцица, ама работна и е раката.
ракија............7
Да не даваш милостина вино и ракија, оти грео не ти се проштаа.
Како што се арџат пари за вино и ракија, така да се арџеа и за наука, не ќе тргаа сиромасите мака.
Мртоец да вардиш и ракија да вариш, не треба да спиеш.
Поминал низ меана и ич не се напил ракија, само ја мириснал.
Пријатели има и за чаша вино и ракија.
Ракија и вино со пари го пиет, водата бадијала ет и не пиет.
Умнио чоек ако пие вино и ракија, ама умо не си го пиет.
ракијата..........1
Ракијата в буре е мирна, в глава е луда.
ракој.............4
Во мътна вода ракој — мекачи.
Од ракој бачило не се прајт.
Си живеет браќа како ракој в торба.
Суви гъзој јадет пиперки, а водени риби и ракој.
Следниот дел
Горе