Следниот дел

Претходниот дел

 пулит.............3
И кокошката кога пиет вода, се пулит на Бога.
Кокошкана вода пијат и ваугоре се пулит.
Чоек е создаен просто да одит, за понабрго на небо да се пулит и Бога да смислит.
 пулиш.............2
Ко да мъмиш, ке се пулиш.
Кога лажиш, кај се пулиш?
 пунѓија...........2
Пара по пара — пунѓија.
С празна пунѓија на пазар се не оди.
 пуста.............7
Зборви усто, да не бидиш пуста.
Од пуста мрза и огнот ќе го угаснит.
Пуста пара се отвара.
Пуста пустелија во куќата од пијаница.
Пуста пустелија — штура штурелија.
Пуста работа, што ќе чекаш од пијаница.
Турска стока — пуста стока.
 пустелија.........2
Пуста пустелија во куќата од пијаница.
Пуста пустелија — штура штурелија.
 пусти.............5
Брак и гости куќа пусти.
Зајакот и кога спие, отворени му се очите од пусти страои.
Оџа мъж — токму мъж, ќираџија — пусти мъж.
Пусти пцошки живот што живеит.
Ти отиде, попе, кобилата за тој пусти седми глас.
 пустина...........2
Вати пустина и бестрага.
Разградена градина, заградена пустина.
 путсмеал..........1
Путсмеал се шутлак на ржблак.
 пушка.............16
Без пушка на лов се не оди.
Војникот пушка носи, без да мисли кого коси.
Ѓаурска пушка не пукат.
Жена и пушка другему не се давет.
Жена, коњ, пушка — не се даат на туѓа рака.
Исправен како пушка.
Исправен како пушка. Исправен како свеќа.
Кого го вардит господ, пушка не го бијат.
Од празна пушка двајца се плашет, а од пълна само еден.
Од празна пушка двајца се плашет.
Пушка, жена и коњ назаем не се давет.
Со една пушка два зајака не се бијат.
Со една пушка два зајака удрил.
Со празна пушка на лов (или на војна) не се одит.
Сос една пушка два зајака.
Сос празна пушка на лов не оди.
 пушката...........2
Ја има некаде обесено пушката. (За некој што се заљубил).
Си ја имаше обесено пушката некаде.
 пушта.............3
Биол во бавча не се пушта, оти сета ќе ја исцапа.
Зборуј му ти на шут чоек: со едното уо слуша, со другото пушта.
Од една бочва — и вода и киселина не се пушта.
 пуштај............1
Ако ти е жената многу лична, не пуштај а сама на свадба.
 пуштаат...........1
Него в село не го пуштаат, тој од попо куќата ја барат.
 пушти.............5
Ветер вати, ветер пушти.
Коњ доб'р — пушти го, паѓа на нос; тргни го — на газ.
Пушти аро на вода, само оди по него.
Пушти го петело в куќи, да за на полица сам ќе се качит.
Пушти му чепот од бочвата, и ќе видиш што има во неа.
 пуштил............1
Си го пуштил крајот од појасот за да се влечит
 пуштила...........1
На туѓи гробишта плакала, та затоа солзи не пуштила.
 пушча.............2
Куме, ќе јадеш ле печено прасе, или да го пушча да пасе?
Ќе јадеш ле, куме, печено прасе, или да го пушча да пасе?
 пушчај............4
И кога си пријатељ со кучето, не пушчај го стапот.
Лисицата и калугерка да се сторит, не пушчај ја меѓу кокошките.
Не пушчај го јъзикот пред умот.
Со кучето и кога си пријатељ, не пушчај го стапот.
 пушчаа............2
Вов селото не го пушчаа, а он поповата шчерка тера.
Сам човек и в рајо го не пушчаа.
 пушчале...........1
Дала баба грош да се фатит на оро, после дала и јузлук да се пушчит, ама не је пушчале.
 пушчам............1
Јас те пушчам дома, а ти се качуваш и на полицата.
 пушчат............5
Господ дат, ама низ опак не пушчат.
Лична жена не се пушчат сама на свадба.
Под рогуз водата ти ја пушчат.
Со гнило јъже кофа в бунар не се пушчат.
Суво дрео лист не пушчат.
 пушчи.............5
Види му ги опинците, та пушчи го дома да ти влезит.
Давала баба пара да се фане, две давала да се пушчи.
Пушчи го будалата на војска, та седни жали го.
Пушчи леској, фати дреној.
Пушчи си ги ноѕете спроти цергата.
 пушчив............1
Го пушчив да чукат со ушите круши.
 пушчит............2
Дала баба грош да се фатит на оро, после дала и јузлук да се пушчит, ама не је пушчале.
Печит ѓерамида да му пушчит масло.
 пушчиш............2
Ако го пушчиш под одаро, ќе се качи на одаро.
Пушчиш ле го низ село воз село, дома не дооди весело.
 пцјоисуа..........1
Пес од грозје не пцјоисуа.
 пцалвиш...........1
Шчо пцалвиш, ко не си пцалтос.
 пцалтос...........1
Шчо пцалвиш, ко не си пцалтос.
 пцета.............1
Ако не раниш пцета, ќе раниш в'ци.
 пцетата...........2
Ефтиното месо ни пцетата с масло го неќат.
Парите са камење да се браниме од пцетата.
 пци...............1
Во село без пци — и без стап се оди.
 пците.............5
Живејт ко пците на Василица.
Којшто дава леб по пците, ќе му останат немутриците.
Ќе пројде како пците на Василица.
Помин поминуат како пците на Василица.
Поминаа како пците на Василица.
 пцојса............1
Али ти е жив коњот шчо ти пцојса лани?
 пцојсаното........1
Пцојсаното магаре волкот не го јадит.
 пцојсат...........1
Од ко ќе пцојсат моено магаре, сакало расло трева, сакало не.
 пцоисан...........1
Од пцоисан коњ плочи барат.
 пцоисано..........1
Пцоисано магаре од в'кот нема гајле.
 пцоисувачката.....1
На пес кога ќе му дојдит пцоисувачката, на од овчарот стапот ќе се измочат.
 пцошки............1
Пусти пцошки живот што живеит.
 пъјакон...........1
И пъјакон плетит пъјачина, за да се ранит.
 пъјакот...........1
Пчелата од цвеќата берит мед, а пъјакот — зер.
 пъјачина..........1
И пъјакон плетит пъјачина, за да се ранит.
 пълјак............1
На разградена градина пълјак е свињата.
 пълн..............3
Лесно е да фалиш пости со пълн мев.
Со пълн мев на задуша не се ојт.
Со пълн мев пости да фалиш, лесно е.

Следниот дел

Горе