Следниот дел
Претходниот дел
паднуање..........1
Паднуање и — отепуање.
паднуваат.........1
Додека не дувни ветро, лисјата не паднуваат.
пазар.............18
В'ко на пазар не оди.
Волко на пазар не оди.
Да не не носат светот од пазар на пазар.
Да не не носат светот од пазар на пазар.
Две жени пазар, три жени панаѓир.
Домашниот есап на пазар не излегува.
Лисица на пазар не ојт.
На иќиндија пазар се не раствара.
На пазар без пазар.
На пазар без пазар.
На пазар со празни ръце и празно ќесе не се ојт.
Некој негде, името на пазар.
По пладнина пазар не бива.
Појке јагнешки кожи имат на пазар.
С празна пунѓија на пазар се не оди.
Секој ојт на пазар со својата работа.
Сос лесица се на пазар не оди — ќе ти подвали.
Шчо бараше лисица на пазар?
пазаре............1
Домашние есап не излази на пазаре.
пазари............2
Риба в море не пазари, оти не знаиш што ќе излезит.
Риба в море не се пазари.
пазариме..........1
Својсќи да седиме, абанџисќи да пазариме.
пазарл'к..........1
Јадење, пиење — братсќи, пазарл'к абанџисќи.
пазарлакот........1
Не враќај се од зборот како жена од пазарлакот.
пазаро............2
Гледај го коњо во одот, да после влегуј во пазаро.
Лаж и скржав веднаш се погодуаат во пазаро.
пазарот...........1
Тргај, тргај, во пазарот, ама гледај, не кини.
пазва.............11
В пазва би го клал да е кабиљ.
Да е кабиљ и в пазва би ме клал.
Змија в пазва.
На чело Ристоса, в пазва ѓаоли.
Носит змија в пазва.
Од уста ти в пазва.
Пљуни си в пазва!
Те сакат ко снег в пазва.
Треси пола и пазва.
Чуват змија в пазва.
Чужџи пари своја пазва не топлет.
пазви.............1
Трн вов пазви тура ле се?
пази..............4
Бог да не пази од сиромашија и од простотија.
Бог да пази од лоши жени, од калуѓери и од лоши другари.
Пази Боже од крстен ѓаол.
Пази, боже, слепо да не прогледне.
пазуа.............4
Господ кога да сакат и од пазуа ти го земат.
Дувни си и плукни си пазуа за да немаш пијаница в куќа.
Крсти се и плукни си в пазуа кога да видиш пијаница.
Не клавај змија в пазуа да не те укаса.
пазуата...........1
Од устата во пазуата.
пазуви............1
Чувај змија в пазуви.
пак...............89
Ако и да има чоек многу стока, пак ќе има нешто неугодно в куќа.
Ако паднам, пак ќе станам; не сум грне да се скршам.
Ако паднам, пак ќе станам; не сум дете да да плачам.
Арамијата и со скорни да шета низ чаршија, пак никој чес не му дава.
Арамијата има и на тило очи, а пак дење не му се види.
Арниот чоек се добрина праит и пак никому не се фалит.
Болен лежи лошио чоек, на постела ет и пак од лошото не се остаа.
Болниот душа бери и пак се надеи да не умри.
Браќа колку и да се скараат, пак ќе се смират.
В море на дно влезе и пак сув излезе.
Во волов рог да се скриет чоек, и пак смртта ќе го најдит.
Во царско азно влезе, и пак празен си излезе.
Волците нито и колат, нито и јадат и пак набулуци и немат.
Вреќа брашнена колку да ја тресиш, пак ќе прашит.
Грео не ет нешто живо, ами пак го мачит чоекот.
Да му ги извајш очине, пак ќе прогљат.
Дај му на слеп очи, и пак да и неќи.
Девеесет и девет умој слушај, пак на својот остани.
Девет варени и девет печени изедов и пак арно не се најадов.
Дошол гробу на врата, и пак од лошо не се остаат.
Едни луѓе остареле и пак не се одлошиле.
Еѓупката и царица да бидит, пак ќе просит.
Еѓупците и пари да имаат, пак чес немаат, оти сами не се честат.
Жар на меот да си клајш, пак не те вервам.
За лајна да го мениш, пак на зијан ќе си.
Зборуав, зборуав, устата ме доболе, и пак не ме разбра.
И пенот е убав ко да е променат и наситен, ама пак си е пен.
И пердув да си клајт на капана, пак попустина.
И светците згрешиле, ама пак се осветиле, откоа се покајале.
Иако цел ден е пред икони, пак си е ороспија.
Има чоек што имат пари и пак чоечки не живеи.
Ке лежала пак да лежит.
Којшто разбира, од еден збор разбират; а кој не разбират, и илјада да му велиш, пак не ќе те разбери
Колку да си праведен, пак слагај се за грешен.
Кршчај го вълкон, тој пак си е вълк.
Кули азно да имат пијаницата, пак не му втасуаат.
Летај ако сакаш по облаци, и пак не можиш да се вкачиш на небеси.
Лисицата и аџиица да биди, пак кокошки ќе јадит.
Лисицата се ватила в стапица, и пак во кокошките гледат.
Лоша стреќа нема, ами пак луѓето се плашат.
Лошио чоек и аџија да бидит, пак лош ќе бидит.
Лошио чоек и владика да бидит, пак лош ќе бидит.
Лошио чоек и светец да бидит, пак ќе згрешит.
Магаре и на аџилак да ојт, пак магаре ќе си останит.
Мажо да носи со кола, а жената да изнесуа со игла, и пак ќе се битисат.
Мечката од гората се учи, не пак човек.
Мнозина луѓе се обогатиле и пак осиромашиле.
Мртви и живи му искара, и пак не се страми.
Мртвите да станат од гробот и пак не можат да го кандисаат инатчијата.
Му дојде бељата на глаата, и пак не се сеќаат.
Му плукаа во лицето, и пак не се страми лошио.
На свиња ако сакаш и муцката пресечи му ја, пак таа ќе ринка во гнасотата.
На скржаиот на клепните да му се обесиш, и пак нема да те пожалит и да ти даит нешто.
Нашла баба кълбавче, пак било криво.
Не сум врба утре пак да изникнам.
Облекол се рак в теја руво пак.
Од една вода пиеме, и пак род не се чиниме.
Од магаре чвек да паднит, пак ќе здивнит.
Од чавка јајца и голаб да ги квачит, пак чавки ќе излезет.
Оди кај ќ ојш, пак дома да си дојш.
Оди ке да ојш, пак дома дојди си.
Однеси го магарето каде сакаш, тоа пак ке се врати како магаре.
Отруачка праведен да се напие, пак не ќе се отруе.
Пак ќе дојт какан-ден.
Пари, пари, пак пари, пари татко, пари мајка.
Пијаницата се мачи од пијанство и со снага и со душа, и пак рака не трга од пијанството.
Пилците во зиме на огон не се греат, а пак не замрзнуаат.
Пилците ни ораат, ни копаат, ами пак се ранат.
Поп колку да не знаит, пак народот го честит.
Светец да бидиш, пак треба да работиш и Бога да молиш.
Се променал рак во то руво пак.
Се промени Илија; кога се видел — пак во тие.
Се променил Алија, се погљал — пак в тие.
Сегде оди, ама пак дома дојди.
Сиромашчијата купвит п' една ока брашно и пак е повесела од богатите.
Со вреќи да имаш пари, ако си скржав, пак не ќе арџиш.
Стоката алал не гинит и ако заѓинит, пак ќе се најт.
Страчкини јајца и голаб да ги квачит, пак страчки ќе излезет.
То пак то — Доданиното.
Трагата на ѓаолот никој не можит да му ја видит, и пак мнозина по неа одат.
Удри си ја глаата, ако сакаш од најголемио камен, и пак фајде немаш.
Цел да му се преставиш на невернико, и пак не те веруат.
Чавкини јајца и голаб да ги квачит, пак чавки ќ излезет.
Чвек се учит дур е жив и пак неучен умират.
Чејнцата ојт ке ојт, пак водејнци ќе дојт.
Човек од магаре паѓат пак починвит.
Чоек колку да ет праведен, пак пред Бога е грешен.
Чоекот колку да имат пари, пак не ќе се наситит.
Шарај, парај, Анѓелино, ако параш, пак ќе шараш.
Следниот дел
Горе