Следниот дел
Претходниот дел
нем...............3
Нем немец — слеп слепец.
Парата и нем да е човек ќе го раздума.
Парата, и нем да ет чоек, ќе го прозборуат.
нема..............162
Ако има пари, има секаде; ако нема пари, нема никаде.
Ако има пари, има секаде; ако нема пари, нема никаде.
Ако месечината не огрее, и од ѕвездите нема фајда.
Ако на Божич нема бело, ќе нема на Ѓурѓовден зелено.
Ако на Божич нема бело, ќе нема на Ѓурѓовден зелено.
Ако не жнееш, нема да вееш.
Ако не носиш старо, и ново нема да носиш.
Ако не остане, нема да стигне.
Ако не спотнеш, нема и што да голтнеш.
Ако нема дрва, оѓине не гори.
Ако нема јадеж, не требаше и вадеж.
Ако нема момица, арна е и довица.
Ако нема на Божиќ бело, ќе нема на Гурѓевден зелено.
Ако нема на Божиќ бело, ќе нема на Гурѓевден зелено.
Ако се плаша од снего, нема да зазима.
Ако си нема немачка, не си слепа слепачка.
Ако срце фурка не држи, појас ич нема да држи.
Ако ум нема сам, не тежи ниту грам.
Ал има тој, што ја нема.
Амо маќата не го остави, детето нема да заплаче.
Арна мома рода нема.
Бадијала да работиш, откоа не те брка работата, нема што да спечалиш.
Беб мака — нема ука.
Без алат нема занаат.
Без алат нема занает.
Без белачка нема живјачка.
Без Бога нема добрина.
Без Бога нема слога.
Без мака нема наука.
Без мака нема раат.
Без пот нема род, ако садиш ќе јадиш.
Без ука нема сполука.
Белата нема ни нозе ни раце, а па свршува.
Беља чоек пари да има, беља да нема.
Борчлијата треба да се моли, ако нема да си плати.
Бракот е добар кога нема собар
Брат брата не рани, тешко кој го нема.
Брат брата не рани, тешко му кој си нема.
В која кашча нема мачка, глувците оро водат.
Валкан човек, нема долг век.
Варди се од тој што нема вера и што не веруа во Бога.
Високо дрво плод нема.
Воденица неклепана и жена нетепана нема.
Волкот пастрма не држи, нема кој да му ја пржи.
Гладот очи нема.
Да те ритне Турчин с чизма, нема да те боли, ама Циганино сос боса нога!
Две умирања нема, без едно не се може.
Дека има ногу ерѓење дрва цепени нема.
Дека нема слога, нема ни бога.
Дека нема слога, нема ни бога.
Дека се убаво јадење спрема, за маже и место нема.
Децата са като роса: сега и има, сега и нема.
Додака те не подлази чужџа вошка, нема да се почешеш.
Додека има сол, за кат'к нема да умреме.
Додека не лишнеш, нема да засмрди.
Дури не посеиш, нема што да жниеш.
Ѓаволот пријател нема, ако се добериш друго ти спрема.
Евангелието кој не го слуша, нема добра душа.
Едниот го бараш, другиот го нема.
Еѓупката страм нема, затоа си пита.
Езико коски нема, ама коски крши.
Желба греа нема.
Жена синор нема.
За глобавање ќе те глобат, капа нема да ти купат.
За победителот нема суд.
Залудо чоек се трудит кога нема што да работит.
Заошто му е брада кога нема глава?
Зашчо му е брада куга нема глава.
И магаре не умира, ама и шарко си работа нема.
И песо коската не ја гризи, ако нема месо.
Имањето нема ситост.
Имаш ле маша, нема да си гориш прстите.
Јазико кокалје нема, кокалје крши.
Јазико коски нема, ама коски кршит.
Јазиќут нема коски, са врте насекжде.
Каде има сила, нема правдина.
Кај е сила нема правдина.
Кај што има сила, нема правдина.
Кај што има, има; кај што нема, нема.
Кај што има, има; кај што нема, нема.
Кај што нема вода, тамо село не бидуа.
Камилата е за аспра, ама аспра нема.
Като шчо те мрази, така да те боли, нема зашчо да си жив.
Книгата дно нема.
Ко нема карван, и на празно може да се лае.
Кога да ја нема дома мачката, глувците оро си играат.
Кога да ја нема дома мачката, глувците се што ќе најдат, ќе изгризаат.
Кога нема ѓаолот работа, си ги ебе децата.
Кога нема ѓаолот работа, си ги тепа децата.
Кој не оре, нема да жние.
Кој нема в главата, има в петите.
Кој нема срам, нема ни грех.
Кој нема срам, нема ни грех.
Којшт нема ум, нека нема и глаа.
Којшт нема ум, нека нема и глаа.
Колку леб, толку сирење нема.
Крк-мрк нема, пари сум дал, ќе те јадам.
Крлежо е сиромах оти нема газ да сере.
Куга нема дож, и градо помага.
Купи опинци — капа нема.
Куче влачи — дира нема.
Ќе пости кога нема што да јади.
Лажата врх има, корен нема.
Лоша стреќа нема, ами пак луѓето се плашат.
Многу е мачно кога чоек дома нема брашно.
Мрза туку нема у чоека, мила му е работата.
Мрмори ако сакаш везден, нема кој да те слуша.
На оѓин и вода јунаштво нема.
На скржаиот на клепните да му се обесиш, и пак нема да те пожалит и да ти даит нешто.
Над оѓине и вода сила нема.
Надај се магаре на зелена трева, ако нема ни суа слама.
Не си ле фане сајбиска рака, нема фајда од другите.
Нема во веков нешто што да не ет од Бога создадено.
Нема добриње без трудење.
Нема ле кокошка, може и чавка.
Нема ле погача, ако е и колаче.
Нема ле си човек од внетри, ти му лепи од вонка.
Нема ле таир, нема ни саир.
Нема ле таир, нема ни саир.
Нема лето без жешко.
Нема некому да му се стемни, та мене да ми се осамни.
Нема чучи та ручи.
Нема шизик без ризик.
Нозе ми нема стоката, да затоа не ми се продаа.
Од вино и раќија нема прокопција.
Од град нема глад, ама тешко дека падне.
Од јадење нема поклади.
Од кумити село нема мира.
Од ловџија и од загар поулав нема на свето.
Од прејадуање нема здравје.
Од што нема, и царо не зема.
Опинци нема на нозете, гајда бара да купит.
Откога ќе не нема луѓе прави, и веков ќе пропаднит.
Парата сајбија нема.
Песна сајбија нема.
По ебење нема каење.
После бајрам и по газо да се намажеш к'на, нема фајда.
Пцоисано магаре од в'кот нема гајле.
Риба и жена нема стара, нема мала.
Риба и жена нема стара, нема мала.
Секој камен жила нема.
Село без гробишта нема.
Сето море матеница, за нас па нема лажица.
Сираче пријател нема.
Сиромав е крлеж, што нема газ да се серит.
Ситни камења број немаа, убава мома род нема.
Снег и град нека врнат — лошо време да нема.
Со сила нема убавина.
Сос оѓин и барут шега нема.
Три нешта се невозможни: до небото скала не се праи, на морето поклопка не се клава и на смртта нема
Турчин вера нема.
У момчето тапан чука, у момата абер нема.
Убава мома рода нема.
Ука крај нема.
Умна була в празна кула нема шчо да прави.
Умрел човек пријател нема.
Црна земја крај нема.
Човек без маана нема.
Што ти куќа нема, тоа еѓупка ти барат.
Шчирица овца плод нема.
Шчо го нема ни цар го не тера.
Шчо не се прца, нема да се кози.
Следниот дел
Горе