Следниот дел
Претходниот дел
лошоти............1
Леноста е мајка на сите лошоти.
лошотијата........1
Добрината брго се забораа, а лошотијата не се забораа.
лошото............36
Ако лошото не бегат од тебе, бегај ти од него.
Ако не ми сет очиве за целивање, да за распознавање лошото и арното ми се.
Арното не идит веднаш, да за лошото дури да трепниш со око.
Арното си е секаде арно, а лошото — секаде лошо.
Бегај од лошото додека не е дошло.
Болен лежи лошио чоек, на постела ет и пак од лошото не се остаа.
Бркај го лошото дури не ти дошло.
Будалата се гнети во лошото како слепио во кашата.
Во лошото чвек се познат каков е.
Да не чујат лошото.
Доброто лесно се заборавјат, а лошото никогаш.
За една пара се неќи лошото от никого.
Ко ќе дојт лошото отвори му и враќето.
Кој се плаши од лошото, побрже му дооди.
Лошото време се поправа, лошиот човек никогаш.
Лошото донесуа уште полошо.
Лошото куче ни само је јајт коската, ни на друго је дат.
Лошото лесно идет, ама лесно не си ојт.
Лошото лошо ражџа.
Лошото ни ора ни копа само греди.
Лошото никој го неќе.
Лошото поеќе чоек го паметуа одошто доброто.
Лошото само си дооди.
Лошото се слушат подалеку од арното.
Не викај го лошото, само ќе ти дојт.
Од лошото беге дур не е дошло.
Острото на ножот сечи и доброто и лошото.
Откъде идат доброто, идат и лошото.
По лошото и арно иде.
Прекасај си јазикот, лошото не речи го.
Сите лошото го знаат, ама не го праат.
Со лошото на гла не се излегвит.
Со лошото — лошо, без него полошо.
Трпи го лошото да не дојт ушче полошо.
Учи се на арно, лошото ни на ум да не ти идат.
Фали арното — куди лошото.
луѓе..............36
Веков ет скала: едни луѓе се качуаат, а друѕи слегуаат.
Господ да те бранит од учени луѓе, колку поучени, толку по будали.
Господ да те бранит од учени луѓе, колку поучени, толку побудали.
Господ да те бранит од учени луѓе.
Господ од луѓе скали прави.
Господи брани од будали луѓе.
Добрите луѓе се неќат од лошите, така и лошите од добрите.
Едни луѓе збеснеле од јадење и од пиење.
Едни луѓе остареле и пак не се одлошиле.
За едни луѓе бричењето му е скапо, а пиењето му е евтино.
Има луѓе што знаат и прашаат.
Имат луѓе, ем не знаат, ем не прашаат.
Колку јазици знаеш, толку луѓе вредиш.
Лошите луѓе секој ги неќит.
Луѓето трева не пасат, ами луѓе пасат.
Мило ми е на очите кога гледам арни луѓе.
Мнозина луѓе се обогатиле и пак осиромашиле.
Мнозина луѓе си мијат рацете за да ручаат со владиката, а малцина ќе седнат на негоата трпеза.
Мнозина луѓе умреле и се забораиле.
Мнозина се родиле луѓе, и магариња умреле.
На едни луѓе и петлите му несат јајца.
Од поп се барат пред луѓе.
Откога ќе не нема луѓе прави, и веков ќе пропаднит.
Отруачката не е за луѓе труење, ами за лекуање.
Пануклата кога биеше, помалку луѓе имаше.
Поеќе луѓе умираат од прејадуање одошто од гладуање.
Рајските порти сет отворени за тие луѓе што сет вистински рисјани.
Саде во магарињата не ет магарштил'ко, и во некој луѓе се наоѓат.
Свадба и мртоец без луѓе не бидуат.
Светијте зер рогои имаат, ами и тие беа луѓе како нас.
Сите луѓе еден збор немаат.
Сите луѓе едно не сет и едно лице немаат.
Сите луѓе сет луѓе, ама поразумните сет полуѓе.
Сите луѓе сет луѓе, ама поразумните сет полуѓе.
Улаите со рогој не сет, да и тие како сите луѓе.
Шегаџиите луѓе не сет за фалење.
луѓето............16
Божјето око гледа на луѓето.
Болеста ет по луѓето, а не по планињето и по камењето.
Ѓаолот ни ора ни копа со луѓето џумбуш прави.
Ѓаолот ни орат, ни копат, само и учи луѓето да се неќат.
Зулумот кога навали, луѓето тргаат триста маки.
Лоша стреќа нема, ами пак луѓето се плашат.
Луѓето сет врзани со ал'шверишо како алките од синџиро.
Луѓето трева не пасат, ами луѓе пасат.
Маките сет за луѓето.
Не е времето лошо, туку луѓето.
Пилците се познаваат по пеењето, а луѓето по зборуањето.
По делата се познаваат и луѓето.
Рај би бил на земјава, ако живееја луѓето по заповедта Божја.
Само Господ ќе ги суди прао луѓето.
Судо ет од Бога остаен за да одат луѓето по правото.
Црвјето во земјата живеат, а не луѓето да не живеат.
лубеница..........2
Ја тиква ја лубеница ќе му излезит работата.
Работа непремислена ќе излези тиква или лубеница.
лубеници..........2
Две лубеници под една мишка не се носат.
На бостанџија лубеници не продаве.
лубениците........1
Растат децата како лубениците во бостан.
луд...............2
Видиш ле луд, не стануве друг.
Луд газ — луди рани.
луда..............3
Луда коза — пресни рани.
На луда глава капа не и требе.
Ракијата в буре е мирна, в глава е луда.
луди..............2
Бог да не чуа од луди, млади.
Луд газ — луди рани.
лудо..............2
Кари лудо по лудо.
Кари лудо по лудо.
Следниот дел
Горе