Следниот дел

Претходниот дел

 лишнеш............1
Додека не лишнеш, нема да засмрди.
 личбина...........1
Богатина до пладнина, личбина (или убаина) до вечнина.
 личен.............3
Ако не можит чоек да бидит личен и богат, да за умен и чесен можит.
Ако не мојш да бидиш богат и личен, мојш да бидиш умен и чесен.
Ако не сум личен, сум чесен.
 личит.............3
Личит ла петелот.
Сам чвек само в але го личит.
Страмот го личит чвека ко цвеќено градината.
 лична.............11
Ако имаш лична жена, не оди на чужџина.
Ако ти е жената многу лична, не пуштај а сама на свадба.
Арно е да имаш жена и умна и лична, арно ама Господ две добра на едно место не дава.
Арно е да имаш жена умна и лична, арно ама господ две добра на едно место не дава.
Жена лична и безумна домаќинска куќа запустуа.
Којшто има лична жена, многу пријатели ќе има.
Којшто има лична жена, не му треба дома икона.
Лична жена не се пушчат сама на свадба.
Не фали лична жена, туку умна.
Не фали ми лична жена, ами умна.
Штодека е лична некоја невеста кога е безризична.
 личната...........3
Грдата жена берит куќа, а личната берит панаѓур.
Личната мома се големеит со личотата.
Личната мома со личотата се продаа.
 личотата..........2
Личната мома се големеит со личотата.
Личната мома со личотата се продаа.
 ло-ло-ло..........1
Не врвит сегдека ло-ло-ло.
 лој...............7
Живејт ко бубрег во лој.
Имат Шарко лој.
Колку од ајпида лој, толку од него прокопија.
Мајка ке шчо мат лој врзвит.
Од мува лој изват.
Шаренио вол ѓоа имал поеќе лој.
Шчо ти требит од вълк лој?
 лојт..............1
Во мътна вода не се лојт.
 лов...............7
Без пушка на лов се не оди.
Лов да лоиш, ден да губиш.
Рт на лов со сила не ојт.
Со врзан 'рт на лов не се ојт.
Со празна пушка на лов (или на војна) не се одит.
Со сила 'рт на лов не одит.
Сос празна пушка на лов не оди.
 ловџија...........3
Ако ловџијата секогаш уловеше, не ќе се викаше ловџија.
Ловџија ако бидиш, дуќан не можиш да држиш.
Од ловџија и од загар поулав нема на свето.
 ловџијата.........1
Ако ловџијата секогаш уловеше, не ќе се викаше ловџија.
 ловат.............4
С врзан р'т зајаци се не ловат.
Сос врзан загар зајаци се не ловат.
Сос суи гашчи риби се не ловат.
Сос чужџи загар зајаци се не ловат.
 лови..............6
В'ко дека се кучи там лови.
Врзан загар зајаци не лови.
Врзан р’т зајаци не лови.
Давенико и сенќата лови.
Мачката сос венец глувци не лови.
Со врзан хрт заец не се лови.
 лоела.............1
На Настрадин-оџа и чавката бијоли му лоела.
 лоет..............2
Во голема вода големи риби се лоет.
Со кола зъјаци не се лоет.
 лозја.............1
Поминал низ лозја.
 лозјата...........1
Народо се излошуат од урнекот од лошите попои, а нивјето и лозјата се расипуаат од лошите аргати.
 лозје.............10
В лозје пошол тамавќарот и грозје не зобнал.
Загради си го твоето лозје, а за чужџото не бери гајле.
Знъјт Петко да копат лозје.
Јунак лозје копа, мајсторија кози пасе.
Ни мене лозје, ама ни тебе грозје.
Се најде во небрано лозје.
Се нашол во небрано лозје.
Страв вардит лозје.
Страв лозје брани.
Страв лозје чуват.
 лозјето...........4
Кога мечка не ти гази лозјето, не викај по неа.
Лачи го лозјето да ти уздреи грозјето.
Лозјето не сакат молитва, туку мътика.
Лозјето сака мотика, неќи молитва.
 лозмано...........1
По тавмин на Лозмано.
 лоила.............1
Шчо мачка мачила, то глуфци лоила.
 лоиш..............1
Лов да лоиш, ден да губиш.
 локаат............1
Покриеното млеко мачките не го локаат.
 локет.............1
Покријаното млеко мачки не го локет.
 локнам............1
Сега ќе му локнам од крвта.
 ломоти............1
Дуј, не ломоти.
 лопата............6
Езеро со лопата не се лејт.
За старо лек — мътика и лопата.
Кој не знъјт да седит на лопата, ќе седит на ръчка.
Најарната плата — мътика и лопата.
Од едно дрео и мътика, и лопата.
Со игла се собират, со лопата се растурат.
 лопатата..........2
Многу му зафашчат лопатата.
Му нацрпи лопатата.
 лоставица.........1
Една лоставица не чини пролет.
 лосто.............2
Нека ти е просто од тука до мосто, а од там сос лосто.
Оѓин сос слама се не гаси. Ојде ѓемијата та лосто ле ќе жала?
 лостој............2
Ни лостој не го поткревет.
Ни со лостој не мојш да го поткрениш.
 лоф...............1
Гладен рт на лоф не ојт.
 лош...............36
Ако зборвиш лош си, ако малчиш ќе пукниш.
Арен оѓин — прагава жена, лош оѓин — гузрава жена.
Арната момичка лош късмед имат, а лошата арен.
Арниот коњ и под лош мутав се познаат.
Борџот е лош другар.
Вај, бај чоек да не налепи од лоша жена на кат и од лош коњ на пат.
Во сто ореј здрави, еден лош не се познат.
Господ да те бранит од лош брич и од лоша жена.
И арен и лош, за себе си е.
Јас не сум лош како Петка ваш, Петко се со нож, а јас се со грош.
Кој е за вонкашните арен, за домашните е лош.
Кој за себеси е лош, како ќе бидит за други арен.
Лош јазик што не можи да сторит?
Лош комшија големо лошо.
Лош коњ од камџик не разбират.
Лош почеток, добар крај.
Лош ум, готов суд.
Лошата момичка арен късмед имат, а арната лош.
Лошио чоек и аџија да бидит, пак лош ќе бидит.
Лошио чоек и владика да бидит, пак лош ќе бидит.
Лошо зафашчање, лош крај.
На арен син имот не му требит, а на лош ушче појќе.
На лош син стока не му треба да му остааш, оти ќе ја изеит; и на арен не му требат, оти сам ќе си сп
На лош чоек секој не можи да му ги јади збороите.
На момичка поарно куршум, отколку лош збор.
Од лош чвек арно не надеј се.
Од нож и од сеќира пљагата зараствит, а од лош јъзик не.
Одошто ет лош мој Никола, ми омрзна и свети Никола.
Окото порано нека му излезит на чоеко, а лош збор да не му излезит.
Поарно да родеше некоја жена камен ошто родила лош син.
Поарно да ти излезит едно око, отколку лош збор.
Поарно е на човек да му испрснат, отколку лош парамон да има.
Поарно од пол път да се вратиш, одошчо по лош път да ојш.
Поарно око да ти излезит, одошчо лош збор.
Трн да те боцни, ама лош чоек да не те закачит.
Фитнеџијата е по лош и од катил.

Следниот дел

Горе