Следниот дел

Претходниот дел

 кола..............21
Бољка сус кола флазе, ама низ иглини уши излезе.
Една суроица една кола грнци искршуат.
За една кола грнци една ластварка е доста.
И малото камче можит кола да превртит.
Јас куга и тогај ќе те кача на моата кола.
Кој се возит на чужџа кола, не ојт далеку.
Кола в торба не се крие.
Крцкат како кола без катран.
Мажо да носи со кола, а жената да изнесуа со игла, и пак ќе се битисат.
Мажо сос кола да вноси, жената сос игла да износи, ќе навакса.
Мъжот со кола да носит, жената со игла да растурвит, куќата гола останвит.
На чија кола вјаваш, таа песна да пеиш.
На чија кола се возиш нему песми пеј му.
На чија кола се возиш, него фали го.
Ненамачкана кола оддалеку се познат.
Попо со кола зајак ваќат.
Секој в кола не се впрега.
Со кола зъјаци не се лоет.
Фатете си магарињата, јас моето ќе го кола.
Чвек со кола да донесвит, жената со игла да изнесвит, куќата празна останвит.
Шчо од кола падна, то пропадна.
 колај.............6
Додека ти викаа бисерко, колај е, ама ракоа ле ти посерко, това и ќе си останеш.
За арчење пари колај, ама за печалење е тешко.
За пари арџење колај е мошне, ама за вадење помачно е.
Пари колај се арџат ја на вечер на меана, ја на свадба на дајре, ја на попо в котле.
Сос колај се кучка еби.
Татко и мајка колај не се наоѓат.
 колак.............1
Летно време и на трн колак бива.
 колако............1
Давај си на царо даноко и на попо колако.
 колат.............2
Волците нито и колат, нито и јадат и пак набулуци и немат.
Рано пиле рано пое, ама и рано го колат.
 колата............8
Волоите што ја тргаат колата молчат: колата, туку ти квичит.
Волоите што ја тргаат колата молчат: колата, туку ти квичит.
Ко ќе се превртит колата, пътишча многу.
Мачкај колата, да не чкртат.
Од ка се строши колата, коловозници триста.
Откако ќе се крши колата триста џадиња прај не оди.
Откога ќе се скрши колата, многу патчиња ќе се отворат.
Откога ќе се скршит колата, пътишча многу.
 колач.............1
Ни богу темјан, ни врагу колач.
 колаче............2
На трнче и колаче.
Нема ле погача, ако е и колаче.
 колбаси...........1
Поеќе дни од колбаси.
 колве.............1
Врана на врана не колве очи.
 колена............3
Арна пролет — трева до глушчови колена.
Дељми ми цојса коњот, сега и трева до колена нека растит ако сакат.
На пијанјот езероно му е до колена.
 колено............6
Кој се дига на гулемо, ќе падне на колено.
Настапи решчето, ќе те удри по колено.
Не кревај се на големо, от' ќе падниш на колено.
Неправедно спечалено не ќе втаса до трето колено.
Неправедно спечалено, не стигвит ни до третото колено.
Турската пријатељшчина на колено стојт.
 колет.............1
За Ѓурѓовден јагниња се колет, а не овци.
 коли..............2
Коли овци, рани волци.
Коли си овци, чунки се кротки.
 колиба............2
Ако е колиба - наша е.
Секоа колиба си има адет.
 колибата..........1
Бостанот го обравме, остана ушче да ја запалиме колибата.
 колит.............2
Не се колит вол за ока месо.
Тој колит, тој бесит.
 колиш.............1
Без нож ме колиш.
 колк..............2
Легнал на колк како бег.
Си лежи на колк како некој дембел.
 колка.............1
На иглата колка је сенката, толкав је ќарот.
 колкав............1
Притегни се колкав ти е каише.
 колкава...........1
Колкава ти е чергата, толку се истргни.
 колке.............1
Козата грат а колке, она с пашката нагоре.
 колку.............74
Арамјата е бериќетлија колку барутот.
Браќа колку и да се скараат, пак ќе се смират.
Вреќа брашнена колку да ја тресиш, пак ќе прашит.
Галон колку старејт, толку црнејт.
Господ да те бранит од учени луѓе, колку поучени, толку по будали.
Господ да те бранит од учени луѓе, колку поучени, толку побудали.
Да бидам неста, колку да поминам на редот.
Да не го правиме ѓаволот толку црн колку што не е.
Дај му на човек власт и ќе видиш колку вреди.
Жената колку е блага, толку е горчлива.
Женцките ѓаолштини и ѓаоло не и знаи сите.За брада е мака, а за чешли колку ти душа сака.
Живејт колку да имат љуѓе на веков.
За брада е мака, а да за чешли колку ти душа сака.
Имај си брада, да за чешли колку ти душа сака.
Јас му велам: сум ад'м, тој ме прашат: колку деца имаш?
Камо бради та за чешли колку сакаш.
Колку аир ќе видат берберите од попоите, толку аир ќе видат и арамиите од крадење.
Колку да ја џвакаш јатката ореоа, толку ти е послатка.
Колку да пија, знам си ак'ло.
Колку да си праведен, пак слагај се за грешен.
Колку жаба влакно, толку и тој чест.
Колку јазици знаеш, толку луѓе вредиш.
Колку ќе посееш толку ќе жнееш.
Колку леб, толку сирење нема.
Колку мало, толку пало.
Колку мъски земат анот?
Колку од ајпида лој, толку од него прокопија.
Колку пари толку музика.
Колку повеќе се плаќа толку повеќе се фаќа (магијата) .
Колку поеќе имат скржаиот, толку поеќе стискат.
Колку појке јајца во чорбата, толку поблага чорбата.
Колку појќе грмежи, побериќетлија година.
Колку појќе грмит, помалу врнит.
Колку појќе знъјш, појќе тргаш.
Колку појќе мас во преснеѕот, толку поблаг преснеѕот.
Колку појќе, толку п'убо.
Колку порано, толку поарно,
Колку постар прчот, толку појак рогот.
Колку прав на тапанн аир да имаш.
Колку прав — толку здрав.
Колку право, толку здраво.
Колку растиш, толку црнејш.
Колку си поумен, толку си поарен.
Колку срце болело, толку очи плакали.
Колку ти што си ми дал мене, толку и Господ тебе.
Колку уба, толку ула.
Колку чеда, толку чуда.
Колку што е медот благ, толку е и горк.
Колку шчо знъјт ѕиздов, та и тој да знъјт.
Ќе збере кашча колку прах на тапан.
Ќе соберит дом колку тъпан прав.
Лилјако ноќе излегуат и ноќе се криет, како да ет борчлија на Евреите колку страв имат.
Мрзливио секоаш прашај го да кажит колку е саатот.
Мъти вода колку да не е чиста.
Не е ѓаолот толку црн колку шчо го прикажвет.
Немало побудали од учените; колку поучени, толку побудали.
Образот е колку два прста, ама за нишчо на веков не се дат.
Пи еден грош колку за отров.
Пијаницата колку поеќе пиет, толку поеќе жеднеет.
Плугот колку појќе орат, толку појќе светит.
Поп колку да не знаит, пак народот го честит.
При касметлија работен колку пари чини.
Простри се колку ти е д'га чергата.
Разбират колку магаре од кънтар.
Разбират колку свиња од диња.
Сармата колку се подгревјат, се поблага е.
Спростри се колку шчо ти е чергата.
У Солуна грош сомуна, ама до Солуна колку сомуна?
Умен колку за триста палај.
Чвек шчо работат вредит колку за десет шчо зборвет.
Чоек колку да ет праведен, пак пред Бога е грешен.
Чоекот знаит колку еден чоек, а Господ го знаит сичкото.
Чоекот колку да имат пари, пак не ќе се наситит.
Чорба имаш? — Чорбалаци колку да сакаш!

Следниот дел

Горе