Следниот дел
Претходниот дел
каменон...........2
И каменон би го расплакал.
Капкана и каменон го здлабит.
каменот...........5
А со грнето по камен, а со каменот по грне — тешко на грнето.
Во тебе е ореот, во тебе е каменот.
И ореот и каменот му се в ръце.
Каменот на местото си тежит.
Лесно се фрљат каменот в бунар, ама тешко се изват од бунар.
камиља............1
Камиља гајтан не предит.
камиљар...........1
Кој имат побратим камиљар, нек си напрајт повисока врата.
камиљарот.........1
Едно мислит камиљата, а друго камиљарот.
камиљата..........1
Едно мислит камиљата, а друго камиљарот.
камила............5
Камила гајтан не преде.
Кој украде игла, ќе украде и камила.
Од влакно камила не прави.
Од игла — камила.
Со ерфене и камила се јадит.
камилата..........5
Видела камилата уши, побарала рогои.
Камилата е за аспра, ама аспра нема.
Камилата за една аспра била, арно туку немало кој да ја купи и за аспра.
Камилата не е паднала од товаре, паднала е од јајцето.
Ојде камилата, а он гледа иглата.
камион............1
Ега те главна р'гне та да светиш като камион.
камна.............1
Два камна лути не мелат брашно.
камо..............2
Камо бради та за чешли колку сакаш.
Камо ти, Маро, гајтани?
камоли............5
Влакното кабул не го чини, камоли руного.
Здиот мајчин и татков фашчат, а камоли клетвата.
И пес од сој се барат, камоли чоек.
И улаиот бега од пијаниот, камоли умнио да не бега.
Лажот и сам себе не се веруат, камоли другога.
камох.............1
Гара сос гора се состанува, а камох ле човек сос човек.
камули............1
Гора со гора се ставуа, камули чоек со чоека.
камшијата.........1
Зобта го кара коне, а не камшијата.
камче.............1
И малото камче можит кола да превртит.
камчиња...........2
Ѕид без малечки камчиња не стои.
Ѕиздот без малечки камчиња не стојт.
канает............1
Занает — канает.
канале............1
Магарето го канале на свадба, за да носит дрва и вода.
канат.............1
За на свадба чекај да те канат двапати, а за на умрен сам појди.
кандило...........4
Знаит Господ чие масло гори во твоето кандило.
Кандило пред икона палење, без Христа чисто веруање — немат спасение.
На ѓаолот кандило не му се палит.
На лошио добрина кој праит, на ѓаолот кандило му палит.
кандилото.........1
Знъјт господ чије масло горит во кандилото.
кандисаат.........1
Мртвите да станат од гробот и пак не можат да го кандисаат инатчијата.
канет.............1
Те канет, јади, те мавет, бегај.
кани..............2
Болен се кани да јади, а здравио, и да не го каниш, ќе си јади.
Сети го човак — не кани го.
канил.............2
Зер сум го канил со јаболко, да што ми дошол?
Зер сум го канил со карта што ми дошол на врата?
каниш.............1
Болен се кани да јади, а здравио, и да не го каниш, ќе си јади.
као...............1
Као црв во дрво се вие сиромаио.
капа..............38
Ак'ло му гледе, та му капа крој.
Ако ми падниш в ръка, ќе ти скројам капа.
Алија на мевот, Салија капа му крое.
Арна капа — лоша глава.
Арна капа, ама лоша глава.
Богатите чалми носат, а сиромасите и без капа одат.
Види му го умот, крој му капа.
Види му умот крои му капа.
Голема гла голема капа носит.
Да му требит капа, да му купиш, ум немојш да му купиш.
Детето со многу татковци без капа оди.
Други ти кројт капа.
Еве је татко в торба, се најде украдената капа.
Една гла — една капа.
За глобавање ќе те глобат, капа нема да ти купат.
За голема гла, голема капа требит.
За Рајка немат капа.
За Трајка капа не требит.
Им влегол Ѓаволот под капа.
Каква глава, таква капа.
Каква му гла, таква му капа.
Капа се купвит, ама ум не.
Купи опинци — капа нема.
Му купиле капа на нероден Петка.
Му прајт на лајното капа.
На два татка без капа.
На ќелава глава 'рѓава капа.
На ќеља гла, не требит капа.
На луда глава капа не и требе.
На нероден Петка капа му кроет.
На нероден Петко капа му крои.
На нероден Петко капа му скроиле.
На такваа глаа таква капа.
Не ти требе капа, ако немаш на шчо да а туриш.
Нероден Петко, му купиле капа.
Стар чоек со стапче се потпират, а младио со стапчето кутур капа си игра.
Тате на мама, мама на тате — детето без капа.
Ушче Петко нероден капа му скроиле.
капајца...........1
Од многу капење капајца и камено го предупуат.
капава............2
Не гљај ми ја капава, туку под капава.
Не гљај ми ја капава, туку под капава.
капак.............4
На празно грне не му требит капак.
На секое грнче не му се прајт капак.
Не прај се на секое грне капак.
Сакое грне си има и капак.
капако............2
Затркалало се е тенџерето, нашло си капако.
Тршнало се грнето, нашло си капако.
капакот...........1
Во тенџерето вари, во капакот јади.
капана............3
И пердув да си клајт на капана, пак попустина.
Кажи је на капана.
Лесен е под капана.
Следниот дел
Горе