Следниот дел

Претходниот дел

 исполнуаат........1
Мнозина таксуаат, ама малцина го исполнуаат.
 испосра...........1
Бегајте ноѕе, ве испосра гъз.
 испостра..........1
Бегајте, нозе, оти газ ве испостра.
 испострав.........1
Мечка страв, мене не страв, кога ја видов, се испострав.
 испоти............1
Којшто оди на бања, сака-неќи, ќе се испоти.
 испотиш...........1
Без дури не се испотиш, в амбар не можиш да туриш.
 испраќаме.........1
Голи се раѓаме, облечени се испраќаме.
 исправјат.........5
Грба не се исправјат.
Грбата ни в гроб не се исправјат.
Грбата само в гроб се исправјат.
Умирачката и грбата је исправјат.
Умирачката исправјат се.
 исправа...........1
Крива Дрина не се исправа.
 исправен..........4
Исправен како пушка.
Исправен како пушка. Исправен како свеќа.
Исправен како пушка. Исправен како свеќа.
Исправен како свеќа.
 исправиш..........1
Криво дрво ќе исправиш, крив човек не можеш.
 испраи............1
Се испраи како некој да е во планина.
 испраит...........1
Змијата кога се влечит се се кривит, ама кога ќе приближи до дупката, сакат-неќит ќе се испраит.
 испратат..........1
По дреата нека те дочекаа, а по ак'ло нека те испратат.
 испрашчат.........1
Чвек се пречеквит по рутишчата, а се испрашчат по муабетот.
 испрашче..........1
Дочекуве по капата, испрашче по ак'ло.
 испредам..........1
Ако ми е весел комшијата, побрго ќе си ја испредам каделката.
 испришчили........1
Фанала се попадија да преде па и се испришчили рацете.
 испрскаат.........1
Со деца маштеница не се сркат, оти ќе те испрскаат.
 испрскат..........2
Кој се мокат спроти ветар, ќе се испрскат.
Не фрљај камен в ќенеф зашчо ќе те испрскат.
 испрскаш..........2
На ќишаво лајно камен не фрлај оти ќе се испрскаш.
Не мокај се спроти ветар, зашчо ќе се испрскаш.
 испрснат..........1
Поарно е на човек да му испрснат, отколку лош парамон да има.
 истај.............3
Земи си парите и истај ми се од пред мене.
Истај ми се од пред очиве, оти како крв ми се гледаш.
Кај што се караат браќа, истај се ти поскраја.
 истаи.............1
Дај на Еѓупка, за да ти се истаи од врата.
 истегнал..........1
Се истегнал како јалоарски пес.
 истеквит..........3
Брзата вода бргу истеквит.
Поројот истеквит, песокта останвит.
Силната вода бргу истеквит.
 истепале..........1
Од женцки пари браќа се делиле и се истепале.
 истера............1
Многу ја кренал опашката, де да видам до кај ќе истера.
 истерае...........1
Дојдое дивите, ги истерае питомите.
 истерал...........1
Терал лисица, истерал вълк.
 истервит..........1
Клин со клин се истервит.
 истерува..........1
Од варена пченица не се истерува семе.
 истечит...........2
Арам стока спечалена, ќе истечит како вода.
Вреќа скината што клај, ќе истечит.
 исти..............2
На мене ми ѕирка, на тебе ти виси, и не сме исти.
Сите радости се исти, но секоја тага е различна.
 исто..............2
Зет рода, магаре стока и врбова огрева — исто ти е.
На стап да вјаш исто шчо и на ноѕе да ојш.
 историја..........1
Од буква историја.
 истргни...........1
Колкава ти е чергата, толку се истргни.
 истресија.........1
Вересија — истресија.
 истресиш..........1
Поарно врешчето да го истресиш, одошчо торбата да је начниш
 истрил............1
Му го истрил носот.
 истркаљало........1
Се истркаљало јамачето, си го нашло капачето.
 истркала..........1
Дваш магаре на дрва и има време да се истркала.
 истрчал...........1
Истрчал ко ждребе пред руда.
 истрчви...........1
Не истрчви ко прле пред магарица.
 истурала..........1
Што дека давала крава многу млеко кога го клоцнуала и го истурала.
 истури............1
Ако не се истури, не мож да се нап'ни.
 истушит...........1
Дури не се истушит, не се празнит,
 исуши.............1
Се стори шчо се стори, само цвеќето наше се исуши.
 исушит............2
Не ќе ти се исушит ръката, ако го напрајш.
Не ќе ти се исушит устата, ако речиш.
 исцапа............1
Биол во бавча не се пушта, оти сета ќе ја исцапа.
 исцицав...........1
Не го исцицав од прстиве.
 исцрнит...........1
Помазни ја Еѓупката да те исцрнит.
 исцрпуат..........1
Со лажица морето не се исцрпуат.
 исчепкавме........1
Чепкавме гушчерица, исчепкавме змија.
 ит'р..............5
Ит'р да си да се не лажиш, ами и да не излажиш.
Ит'р како некој ѓаол.
Ит'р се лажи, глупав се рани.
Чис како гулаб, ит'р како ѓаол.
Што ит'р ет како некоја лисица.
 итар..............1
Поарно е да имаш итар душманин, а не улав пријател.
 итер..............5
Будала давал — итер јал.
Будала дал, итер зел.
Итер бил, та зимал, улав бил, та давал.
Млад делија — итер просјак.
Не бој се од улав пријател, бој се од итер душманин.
 итра..............5
И лисицана е итра, ама кожата нејзина на ќуркчи је продавет.
Итра була в празна кула не бива.
Итра була в празна кула.
Итра лесица — пада в стапица.
Итра Митра за комат, за работа никој пат.
 итрата............1
Итрата лисица стреде стапица.
 итриот............2
Ѓаолот во трска го затворат итриот.
И итриот се лажит, како будалата што се лажи.
 их................3
Их, што бричена глаа имат!
Их, што му сечи умо глаата!
Их, што шарен ѓаол ет: очите во глаата му играат!
 ишала.............1
Си ја влечка ортомата, ама ишала ќе го обесат со неа.
 ишка..............1
Кој си ја има мувата на капата, си ја ишка.
 ишчав.............2
Ишчав се отворат со јадењето.
Самото јадење ти дат ишчав.
 ишчинал...........1
Како се задојл, така се ишчинал.
 ишчинит...........5
Дури не се ишчинит, не се крпит.
Како се скројло, така ќе се ишчинит.
Кој како е скроен, така ќе се ишчинит.
Кој како шчо се скројл, така ќе се ишчинит.
Така се скројло, така ќе се ишчинит.

Следниот дел

Горе