Следниот дел

Претходниот дел

 златен............5
Арен глас — златен појас.
Арен збор — златен кључ.
Занаетот е златен.
Зошчо ми е златен леген кога крв ќе пљувам во него.
На душман шчо бегат напрај му златен мост.
 златни............1
У сиромајот деца, у богатјот златни колца.
 злато.............7
Зборвењето е стребро, а малчењето злато.
Злато неброено да имаш послано, не ѓибат.
Малчењето е злато.
Не е злато се што свети.
Пътов со злато да ми го постелиш, не идам.
Со злато на гла не се излегвит.
Честа е поскапа од злато.
 златото...........10
Барај го доброто, оти поскапо е од златото.
Златото 'рѓа не го јади, нито глушец го гризит.
Златото в оган се калит.
Златото не 'рѓосвит.
Златото не фашчат 'рга.
Златото ни ражџа го јаде, ни па глувци го глодаа.
Златото се калит в оган, а чвек во неоља.
Златото се познава во оѓине, а човеко вов зло.
Пријатељот се познат во неоља, а златото в оган.
Ретко е златото, затоа е скапо.
 зле...............1
Кој зле сере, дваш оди.
 зло...............26
Ако бегаш од арно, че паднеш на зло.
Ако мислиш зло на друг, и сам го чекај.
Дојди, бре зло, оти без тебе уште позло.
Едно зло никогаш не доаѓа само.
Ела зло без тебе дабетер.
Ела зло, зашчо без тебе ушче позло.
Жена е зло без кое не се може.
Златото се познава во оѓине, а човеко вов зло.
Зло за добро не идет.
Зло куче ни коската је гризит, ни другему је дат.
Кој пое, зло не мисли.
Кој се радвит на чужџото зло, ќе плачит на своето.
Којшто има пари, и зло и добро со нив праи.
Мајката на чедо зло не мисли.
На секое зло лек му е смртта.
На секое зло смртта му е лекот.
Од зло добро не чекај.
Прави добро, чеке зло.
Прави добро. да најдеш зло.
Раат вади — зло тегли.
Свкое зло за дабро.
Секое зло за добро.
Секое зло на добро.
Со арен другар и во зло време.
Со жена зло, без жена позло.
Учини зло, надај се.
 злоба.............1
Не чекај добрина од чоека што е роден на злоба.
 злото.............9
Бегај од злото како Евреино од крсто.
Бог доброто — на душмане злото.
Бори се со злото, и викај го на помош доброто.
Варди се од злото дури не ти дошло.
Злото многу лесно дојдуат, а доброто мачно.
Злото не пробира.
Злото се слушат подалеку од доброто.
Поклони му се на злото како на светото.
Тргаа ли во злото, ете го пред тебе дошло.
 зметкат...........1
Ѓаолска кожа и за т'пан не чинит.Еден будала што ќе зметкат, триста умни не может да го одметкат.
 зми...............1
Со чужџи ръце зми фашчат.
 змија.............41
Го клукнала и волкот змија.
Гола е како змија на трн.
Жена и змија едно се.
Жена и змија не се за вервање.
Жена кавгаџија прилега на змија лутица.
Змија в пазва.
Змија голаб не рожџат.
Змија и жена вера немет.
Змија кажува ле си нозете та и мома греовето.
Змија му влегла в ќесе, што неќи да си плати.
Змија му влегла в ќесе.
Змија нога и жена години не кажвет.
Змија нога кажвит, та тој нешчо да кажит.
Змија нога кажвит?
Змија нога не кажвит.
Змија нога, жена години и мъж пари не кажвет.
Змија од него да къснит, ќе се отрујат.
Змија со гола ръка не се фашчат.
И змија да е, од срце да е.
Како змија да го къснала.
Кога се давит чвек, и за змија се фашчат.
Кој е апен од змија, страх го е и од гушчер.
Копавме гушчерица, ископавме змија.
Ќе пропиштите и вие како змија под пенушка.
Лето — пресно млеко; а зима — лута змија.
Лоша спастра, готва змија.
Лошата жена късат полошо од љута змија.
Лошио чоек змија не го јадит.
Му влезе змија во ќесето, што не си плаќа борџот.
Му се свиткала змија в ќесе.
На шарена змија црн раб.
Не клавај змија в пазуа да не те укаса.
Носит змија в пазва.
Поарно и празна торба, одошчо змија в торба.
Се свиткал како змија во зора.
Си ја бара бељата тој што бара да најди змија и да ја тепа.
Со гола рака змија не се ваќа.
Со гола ръка змија не се фашчат.
Чепкавме гушчерица, исчепкавме змија.
Чувај змија в пазуви.
Чуват змија в пазва.

Следниот дел

Горе