Македонски пословици и поговорки

Конкорданс | Класификација (на англиски) |

Почеток | Назад | Напред | Крај
Пословица Број
Пред кум вода не се газит. 3062
Пред кум се вода не гази. 8161
Пред оџава кашча сланина се не продава. 8162
Пред поп не фали го господа, а пред жена ти чужџ мъж. 3063
Пред слнце заогајне спијајне - азир бољка. 9258
Пред тебе светец, зад тебе ѓаол. 3064
Пред тебе ти се препраат светец, а зад тебе ѓаол ет. 5934
През сечко бачија не бива. 8163
Прекален светец ни на бога не му е мил. 3065
Прекасај си јазикот, лошото не речи го. 5935
Преку вода те поминал, капка вода не те напил. 3066
Преку девет планини го поминал. 3067
Преку девет планиње го преврли. 5936
Преку перче му излезе и тоа што му го даде. 5937
Преќие пат е д'гие пат. 8164
Пресечена гла лек немат. 3068
Пресечи го еднјот прст — болит, пресечи го и другјот — болит. 3069
Престанатата погача поарен пријатељ пречеквит. 3070
Претепано магаре трча побргу од коњ. 10440
Претка му слатка. 5938
Претрпен — спасен. 8165
Прецапа калта, и ич не се навалка. 5939
Прецеди ја лакрдијата, да после речи ја. 5940
Пржпадна от трн на глок. 9259
При завист учен ти не требе. 8166
При касметлија работен колку пари чини. 8169
При кривина не траит правина. 5941
При кривина чуму ти е правина? 5942
При пътишча не оди без път. 3071
При убава жена — ногу пријателје. 8171
Пријател арен со пари не се купуат. 5943
Пријател арен со пари не се купува. 10548
Пријател биди ми, ама в кесе не посигај ми. 5944
Пријател верен кој имат, уште една глаа ќе имат. 5945
Пријател за корис не е пријател. 8167
Пријател за црни очи не се држи, ами за во нужда да ти се најдит. 5946
Пријател имат и од брат повелик. 5947
Пријатели има и за чаша вино и ракија. 5948
Пријатело во нужда се познаат, а не во свадба. 5949
Пријатело во нужда се познава, а не на свадба. 9260
Пријатело се познаа во нужда како стреброто во огно. 5950
Пријателот е требен во нужда. 5951
Пријателот пријател, ама грбо ти го копа. 9565
Пријателот се познава кога имаш мака. 9564
Пријателство се познава на зор заман. 8168
Пријатељ без фајде душман се викат. 3072
Пријатељот во неоља се познат. 3073
Пријатељот се познат во неоља, а златото в оган. 3074
Пријатељството го прајт жиотов убав. 3075
Прикажам ти приказничка, дури да те вати зазабица. 5952
Притегни се колкав ти е каише. 8170
Прнал волкот - се родил Грк. 3076
Продаваш боза на бозаџија. 8172
Продај ат — откупи брат. 8173
Продај брата — купи ата. 8174
Продај коња, купи седло. 3077
Продај си го песот, лај сам. 3078
Продај си кошулата и плати си вергијата. 5953
Продај си палтото, исплати си вересијата. 8175
Продал коњо, купил самаро. 5954
Продат рог за свешча. 3079
Прокопцал ко Јанкула на Косо. 3080
Прокопцал ко лисица в стъпица. 3081
Промената нецеливана. 3082
Прос народ проста држава. 8177
Просено зрно не ти дат. 3083
Просјачка торба сос нишчо не може да се нап'ни. 8176
Простако се раѓа како теле, живеит како јунче, умират како воле. 5955
Простено и благосоено од Бога и од попо. 5956
Простотил'к — страмотил'к. 5957
Простри се колку ти е д'га чергата. 8179
Прошката е најстрога казна 3084
Прст пред око не се гљат. 3085
Пружи си ги нозете спроти јоргано. 9261
Псојсано магаре од волкот не се плаши. 10549
Пука како костен во пуза. 5958
Пукај по зајако додека не се скрил. 8180
Пукна волот, се отпрегна јаремот. 3086
Пукна гајдата, се распушчи орото. 3087
Пукна грнето, се истури гравот. 10441
Пукна ѓаолот, се роди Влаот. 3088
Пукна како ѓаол. 5959
Пукна како меур подуен. 5960
Пукна како топ. 5961
Пукнатото грне мъчно се лепит. 3089
Пуста пара се отвара. 9262
Пуста пустелија во куќата од пијаница. 5963
Пуста пустелија — штура штурелија. 5962
Пуста работа, што ќе чекаш од пијаница. 5964
Пусти пцошки живот што живеит. 5965
Путсмеал се шутлак на ржблак. 9263
Пушка, жена и коњ назаем не се давет. 3090
Пушти аро на вода, само оди по него. 5966
Пушти го петело в куќи, да за на полица сам ќе се качит. 5967
Пушти му чепот од бочвата, и ќе видиш што има во неа. 5968
Пушти полжав рогој, по цареви дворој. 10442
Пушчи го будалата на војска, та седни жали го. 3091
Пушчи леској, фати дреној. 3092
Пушчи си 'и ноѕете спроти цергата. 3093
Пушчиш ле го низ село воз село, дома не дооди весело. 8181
Пцоисано магаре од в'кот нема гајле. 9264
Пцојсаното магаре волкот не го јадит. 5969
Пчелата ако е мала, ама можи мед да збират. 5970
Пчелата од цвеќата берит мед, а пъјакот — зер. 3094
Пчелите и мравите лете збираат за зиме да јадат. 5971
Пченицата дека и да оди, каде воденичаре па ќе дојде. 8182
Пченицата пукнала од просото. 5972
Пченицата си ја каснал, ама не знам кога ќе му го јадам оризот. 5973
Пълни очи, празни ръце. 3095
Пътов со злато да ми го постелиш, не идам. 3096
Пътот за одење, борџот за плашчање. 3097
Пътувај за да знъјш. 3098
Р'ж да работа — пченица да јада. 8211
Р'жен леб да јада, ама да сам здрав. 8212
Раат вади — зло тегли. 8184
Работа и фети рутишча никогаш не се сосвет. 3099
Работа красота. 5974
Работа непремислена ќе излези тиква или лубеница. 5975
Работа што ќе ватиш, крајот да и го мислиш. 5976
Работај да јајш, кри да имаш. 3100
Работај на младост, кри за старост. 3101
Работата ако беше арна, и владикана ќе работаше. 3102
Работата го краси човека. 9265
Работата го краси човекот, а мразата го гнаси. 9266
Работата го краси чоека, а мрзата го гнаси. 5977
Работата го фалит мајсторот. 3103
Работата да се страшит од тебе, не ти од неа. 9267
Работата е бел образ. 3104
Работата е красота, а неработата гнасота. 10443
Работата е од Бога блаосоена. 5978
Работата е од Госпо дадена. 9268
Работата е од Господ дадена. 10550
Работата и редот го држет веков. 3105
Работата краси — мрзата гнаси. 8185
Работата никогаш не битисвит. 3106
Работата никого не го пострамотила. 3107
Работи и живеј со правина, за Господ и чоек да те милуаат. 5979
Работи како за сто години да живеиш, а мисли како за утре оти ќе умриш. 5980
Работна сна поарна од, ќерка. 3108
Работница — пълна куќица. 3109
Радуве се да има комшијата, та и ти слатко да изедеш. 8186
Радуј се куре на пијано пиче. 9509
Радуј се, чоече, кога имаш добриње, оти од Бога ти се даени. 5981
Раетит ко некој да го тргат за уши. 3110
Разбира ле свинло од кладенчова вода? 8187
Разбират колку магаре од кънтар. 3111
Разбират колку свиња од диња. 3112
Разбое сам не ткае. 8188
Разбој да ткаит жена, дома ќе седит; а урка кога преди, по комшиј одит. 5982
Развали поп, да направиш попадија. 9270
Разгален по в црква прди. 10444
Разгален поп во црква прди. 10551
Разградена градина, заградена пустина. 3113
Раздели па владај. 9271
Разлаен поп в црква прдит. 3114
Разлути се комаро, растури се свадбата. 8189
Размина му в'к пате. 8190
Рај би бил на земјава, ако живееја луѓето по заповедта Божја. 5983
Рајските порти сет отворени за тие луѓе што сет вистински рисјани. 5984
Рака на суд сечат и не болит. 5985
Рака терезија не ет, кај што сакат да погодит — можи да не удрит. 5986
Раката рака мие. 10445
Ракија и вино со пари го пиет, водата бадијала ет и не пиет. 5987
Ракијата в буре е мирна, в глава е луда. 8191
Раќијата во глата не стојт мадро ко в шише. 3129
Ралото и мътиката го ранет веков. 3115
Рана оздравува — дума не оздравува. 8192
Рана шчо се крие, мачно се лекува. 8194
Рана шчо се кријат, тешко зараствит. 3116
Раната заздравјат, ама тръга остат. 3117
Рани арна челад да те гледаат. 5989
Рани го коњот стопански, а јавај го душмански. 3118
Рани душа да те слуша. 8195
Рани душа, да те слуша. 10552
Рани куче да те лае. 8196
Рани лоша челад да те колнат. 5992
Рани мачка да те дрца. 8197
Рани ме ко брат, јавај ме ко враг, рекол коњот. 3121
Рани мрша да те слуша. 5993
Рани петли рано пеат. 10446
Рани суша да те слуша. 9566
Рани чавка да ти 'и искљувкат очите. 3122
Рано легни, рано стани. 9274
Рано пиле рано пејт. 3123
Рано пиле рано пое, ама и рано го колат. 8198
Рано станви, доцкна легви! 3124
Раска во очите сум ти. 3125
Раскршен леб не се заварува. 8199
Распрден газ и пред поп прдит. 9919
Растат децата како лубениците во бостан. 5994
Растит дете како кога да го тргат некој за уши. 5995
Растит ко бурјан. 3126
Растит ко ѓаоли да го тргет за уши. 3127
Растури црква, направи плевна. 8200
Ратлакот в куќи се праел. 3128
Раце што работат никокогаш не просат. 8574
Рашири уста за да ме лапнит. 5996
Раширил уста како некоја ламја. 5997
Ргат ко урвен вол. 3130
Резил и маскара е стар чапк'н. 5998
Рекана не влечкат само вода, туку и камења. 3131
Рекол Господ да умират чоекот. 5999
Ретка е честа, затоа е скапа. 6000
Ретко е златото, затоа е скапо. 6001
Речено е од Бога за да се потресни таткото и мајката за челадта. 6002
Речено — сторено. 3132
Речи ми да ти речам и да ти одречам. 6003
Речи му аго да му е драго. 8202
Речи му бисерко, а не посерко. 8203
Речи му „аго", да му е драго. 3133
Ржан лебец да јадам, ама на туѓина да не одам. 6004
Ржаниче, медениче, ја летни, уплаши ме, оти ми подбелеа без тебе очиве. 6005
Риба в море не пазари, оти не знаиш што ќе излезит. 6006
Риба в море не се пазари. 8204
Риба во стреда не јадит, а рибарот цел го голтнуат. 6008
Риба гледа — кромид јаде. 8205
Риба и жена нема стара, нема мала. 9275
Риба и жена никогаш не се стари. 3134
Риба и жена по очите се познавет. 3135
Риба кој јади, ништо живо не можит да се најадит. 6009
Риба од нива, скрежец од море. 3136
Риба стара немат. 3137
Риба стара непара имат, и ако има — кој ја познаа? 6010
Рибата в море, клал тавата на огнот. 6011
Рибата в море, они оѓин палат. 8206
Рибата во вода, тавата на оган. 3138
Рибата го барат поглобокото, а чвек поарното. 3139
Рибата од глаата се смрдвит. 9276
Рибата од глата смрдвит. 3140
Рибата откаде главата засмрдува. 8207
Рибата смрди од главата. 8668
Риби гледај, кромид јади. 6012
Рие ничкум како свиња во тиња. 9277
Рипа ле комшијата, рипе и ти. 8208
Рипнало Стојанче од високото буниште. 6013
Рипни од високо, сакаш-неќиш, нозете ќе си 'и скршиш. 6014
Рисјанин прав кој сакат да бидит, маки треба да претрпит. 6015
Рисјаните ако си крепеа верата прао, со стребрени лајци ќе сркаат. 6016
Рисјанцката вера чоека го преродуа. 6017
Роб дооди, гроб не дооди. 8209
Рогови во вреќа не се кријат. 9278
Род рода не рани, нека секој си има. 8213
Род рода не рани, тешко кој го немат. 6018
Роди ме мајко со к’смет, фрли ме на патот. 9281
Роди ме, мајко, со к'смет, врли ме на буниште. 6019
Роди ме, мајко, со късмед, фрли ме на бунишче, ќе ме најш на огнишче. 3141
Роди, бабо, дете! 3142
Родила врба грозје. 3143
Родила жена дете, је се сторило оти родила царче. 6020
Родила мајка синој да не се сокацине празни. 3144
Родот чоечки Господ го благосои за да се множи и да умрит. 6021
Рт на лов со сила не ојт. 3145
Руба краси — руба гнаси. 8214
Руба краси, руба гнаси. 6022
Руно волна дала селанка за да купи ока јаболки. 6023
Рус да кус, во забите како пес и брез. 6024
Руса нека е или калеша невестата, ама да ет умна и разумна. 6025
Рутишчата го прает чвека богат, аљ' сиромав. 3147
Ръженот на оган, зъјакот в планина. 3148
Ръка кънтар немат. 3149
Ръката терезја не е. 3150
Ръце шчо гибет, никој 'и неќит 3151
С брата до море, с маж и през море. 8225
С врзан р'т зајаци се не ловат. 8233
С глава се ѕид не шутка. 8234
С гола рака в жар се не брка. 8235
С другар до море, с жена и през море. 8236
С едан кол градина не градиш. 8241
С еден дирек се кашча не прави. 8239
С еден камен се ѕид не ѕида. 8240
С едно маанување дрво не пресичаш. 8242
С каква го лулќа залулаа, с таква мотика ќе го закопаа. 8306
С каква дружина си, таков и ти ќе си. 8307
С каков си, таков ќе станеш. 8308
С клин дрва цепи и кашча врти. 8310
С празна пунѓија на пазар се не оди. 8357
С рака направено, в дуња однесено. 8363
С раце даве — с нозе зиме. 8364
С топуз чеиз не се крпи. 8384
Савано на болниот уште му е ексик. 6026
Садаката — богу заем. 3152
Саде во магарињата не ет магарштил'ко, и во некој луѓе се наоѓат. 6027
Саде Господ знаит што има на сио век. 6028
Саде Господ лага не продаа. 6029
Саде еден пес не ет лис да! 6030
Саде јас и ти да знаиме и сио век. 6031
Саде со големи камења ѕид не се праит. 6032
Саде штркот знаит кое штрче е лошо. 6033
Сади прачка, пи вино — не бидуа. 6034
Садило во меов ми свирит. 3153
Садит сливи на чардак. 3154
Сака чоек да бидит пијаница, да затоа влегуа в меана. 6035
Сака-неќи, којшто много пие, ќе се опие. 6038
Сакаешчем да му напишит вежди, му изваде очите. 9284
Сакај му на Бога што ти треба, ама со молба. 6036
Сакај од Бога царстото негоо, а не друго. 6037
Сакала Мара оро, та се омъжила за гајдаџија. 3155
Сакало да се сторит. 3156
Сакаш ли човека да го видиш каков е дај му власт. 9285
Сакаш, мачко, риба? 6039
Сакаш, слепче, очи? 6040
Сакое грне си има и капак. 8258
Сал си седа и се чуда зашчо ми са деца боси. 8215
Сам Господ се чуди кога гледа поп да лажи и да кради. 6041
Сам кој паѓа, не плачит. 6042
Сам кој се издига, господ го снужува. 8219
Сам паша, сам субаша. 10447
Сам себе си се јајт ко месечина. 3157
Сам си 'и носам годињето. 3158
Сам си дроби, сам си срка. 9568
Сам си дробил, (и) сам ќе си сркаш. 9286
Сам си е кадија на ќисето. 8222
Сам си свири, (и) сам ќе си играш. 9287
Сам си свири, сам си игра. 9569
Сам си свири, сам си играт: кој го гледа, му се чуди. 6043
Сам Христос работеше, да ние да не работиме? 6044
Сам чвек за нигде не е. 3159
Сам чвек само в але го личит. 3160
Сам чвек само за в але. 3161
Сам чвек, пресечено дрео. 3162
Сам човак е като пресечено дрво. 8223
Сам човек за никаде не е. 9288
Сам човек и в рајо го не пушчаа. 8224
Сам чоек и во рај не го прилега. 6045
Сама паднала — сама станала. 8216
Сама рака — газорака. 8217
Самар којнски, зобница магарешка. 3163
Самар магарешки, зобница којнска. 3164
Самар не видел, нога примаал. 8218
Самите пијаници знаат оти од ѓаолот сет зауздани. 6046
Само арап не белејт. 3165
Само господ е чорбаџија. 8220
Само Господ знаит што праит. 6047
Само Господ ќе 'и суди прао луѓето. 6048
Само кожа и коски се сторил. 3166
Само месо дома дошло. 3167
Само на ќосето мустаќи не му растет. 3168
Само од пиле млеко шчо немат. 3169
Само ока брашно да имаш, дај му го на мајсторот да го месит. 3170
Само сос гулеми камења ѕид не се ѕида. 8221
Само срце ке шчо жаљат, око плачит. 3171
Само стори се овца, вълците се готој. 3172
Само татко и мајка не се купвет. 3173
Само тој да знъјт и цело село. 3174
Само црн образ со нишчо не белејт. 3175
Самото јадење ти дат ишчав. 3176
Санким во воденица се родил, што се туку вреви. 6050
Санким гемиите му пропаднаа, што туку се мислит. 6051
Санким со господа заедно ручет. 3177
Санким татка му му го отепал некој, што се налугил. 6052
Санќим мајка ти го родила, та го жаљаш. 3178
Санќим мајка ти го родила. 3179
Санќим си ми рикал на Божик. 3180
Сармата колку се подгревјат, се поблага е. 3181
Сат трпење, година мирно седење. 3182
Св наежил како некој еж. 6053
Свадба без гајда на мртоец прилега. 6057
Свадба без гајда не бидуа, и мртоец без тажачка. 6054
Свадба без свирка — бабин помен. 8226
Свадба без свирка — мртоец. 3183
Свадба и мртоец без луѓе не бидуат. 6055
Свадба и погреб без свет не бива. 8227
Сват сватица за алтица. 3184
Сватојте дошле во двор, а нестата је велит на мајка си: „Оди зеј гребени да влачиме вълна за дарој". 3185
Сватојте дошле, нестата кукли си играт. 3186
Свекор и магаре бива. 8228
Светец да бидиш, пак треба да работиш и Бога да молиш. 6058
Светиѓорска кајгана не се јајт. 3187
Светиѓорска кајгана скъпа е. 3188
Светијте зер рогои имаат, ами и тие беа луѓе како нас. 6059
Светит не грејт. 3189
Светов е колце — се вртит. 3190
Светов е скала: едни се качвет, други слегвет. 3191
Светов ет аџаип. 6060
Светов ет за чудење. 6061
Светов за лошите е рај, а за арните — мъка без крај. 3192
Светов на младите останува. 9291
Светот неќат приказни, ами сакаат пари. 6056
Светци јади, ѓаоли сери. 3193
Сви си ја опашката! 3194
Свил си вратот како мачоро во тланикот. 6062
Свинсќи опинци, говежџи ножичќи, алови чорапе, мачовсќи ерѓенган. 8229
Свинче бисер не одбира. 8230
Свиња милуа тиња. 6063
Свињата ката месец се прасит. 3195
Свињата си е свиња, затоа не знаи како се јади диња. 6064
Свињата си копа за глаата. 6065
Свири му ако сакаш со дреноа шупелка, коа не те разбира. 6066
Свири Рајко, играј Трајко. 9292
Свирка му свирев, песна му пеав и си го добив. 6067
Свкое дело излази на видело. 8259
Свкое жито има и кркол. 8260
Свкое зло за дабро. 8261
Свое гајле поарно од чужџа радост. 3196
Своето чедо е најмило. 3197
Свој леб јади, чужџо гајле бери. 3198
Свој свеќи гори, туѓи есапи праи. 6068
Свој чвек, ако ти го јајт месото, коските ќе ти 'и остајт. 3199
Своја кашчичка — своја потпрдалничка. 8231
Своја куќичка, своја попрдалничка. 3200
Своја рака дека ќе те почеше, туѓа не може. 9294
Своја ръка ко шчо чешат, чужџа не мојт. 3201
Својата мајка е најмила. 3202
Својата постеља е најмека. 3203
Својсќи да седиме, абанџисќи да пазариме. 8232
Сврдел в торба не се кријат. 3204
Сврделот многу му загребвит. 3205
Се бидуат, само на ќос брада не никнуат. 6069
Се бијат ко вода од брегој. 3206
Се бунат како Грк во апсана. 9295
Се валка како свиња во калта. 6070
Се ватил на орото, сакат-неќит, ќе го играт. 6071
Се водила, та родила. 3207
Се враќа со искршени рогови. 9296
Се вртит ко лисица околу стъпица. 3208
Се до време. 8243
Се драпат како коза крастава. 6072
Се е арно да знаеш, ама се да не правиш. 8244
Се е лук и вода. 3209
Се ежит како некој еж. 6073
Се за образот, а образот за нишчо. 3210
Се заваќа како некоја капина. 6074
Се закаса како некој бесен пес. 6075
Се закълнала свињата да не ријат лајна. 3211
Се залачка како некоја бесна кучка. 6076
Се залепи како таксена марка. 10448
Се залепил за мене како некој лепаец. 6077
Се запил како некоа пијајца. 6078
Се записал во ќелеш девтер. 3212
Се зарекла свина да не ојт на бунишче, да не претат. 3213
Се зацрвенал ракот од арно. 3214
Се инати како магаре пред мосто. 9297
Се исервит и си го погледвит. 3215
Се искубало од стапицата. 9298
Се испраи како некој да е во планина. 6079
Се истегнал како јалоарски пес. 6080
Се истркаљало јамачето, си го нашло капачето. 3216
Се качи вошка на рошка. 3217
Се кити со туѓи пердуви. 10449
Се ќе бидит, само на ќосето мустаќи не ќе му порастет. 3261
Се ќе бидит, само нас ќе не немат. 3262
Се лизгат ко јъгуља низ ръце. 3218
Се милват како куче и маче. 9299
Се можиш да купиш со пари, само здравје не можиш. 6081
Се мокат спроти ветар. 3219
Се на кривјот бељата. 3220
Се на свуите не се угодува. 8286
Се наврли како леќа на Велигден. 6082
Се надејт ко вдојца на беќар. 3221
Се надул како еѓупски тапан. 6083
Се надул како некој мисир. 6084
Се најаде вошка, па се качи на рошка и заборави шо беше. 9300
Се најде во небрано лозје. 9570
Се напецал како некоја вошка. 6085
Се напила вошката крв, та се застојла на чело. 3222
Се напнал како арнауцки пиштол. 6086
Се напнал како некоја жаба на брзеј. 6087
Се насмејал 'рбељ на шчрбељ, 3223
Се насмејала козата на овцата оту је се видел гъзот. 3224
Се насмејала кука на крива бука. 3225
Се научил пијаницата да одит на меана како песо на касапница. 6088
Се нашол во небрано лозје. 3226
Се нашол во празот. 3227
Се оближвит ко гладно куче пред касапница. 3228
Се одделил од Бъдник до Божик. 3229
Се оженал дедо да си имат баба. 3230
Се озабил како варен зајак. 6089
Се окубал пијаницата како лисицата во косење. 6090
Се омажила за Арап. 6091
Се омъжив за арап. 3231
Се омъжила баба да си имат дедо. 3232
Се опијанила козата, та го побарала вълкот да се борет. 3233
Се оптегат дека ќе го стресит. 6092
Се отегнале дниве ко гладна година. 3234
Се пика како слепио во кашата. 6093
Се плашит дан' му се затријат семето. 3235
Се плашит дан' му се уборит бисерот. 3236
Се по село не плаче. 8287
Се познат козата по рогот. 3237
Се познат песот по стопанот. 3238
Се познат петелот по киќата. 3239
Се посмеа штрбло на чулета. 6094
Се посмеал ќељаиот на крастаиот. 6095
Се посмејал черепот на шутарот. 9301
Се постра Мара во зелникот. 3240
Се потурчила Мара да не носит свински опинци, та обула кучешки. 3241
Се предал бидејќи друга глава немало во торбата. 9302
Се препна на права ледина. 6096
Се притруса како приш при јаникара. 6097
Се провре и оваа недела како глушец низ дупка. 6098
Се променал рак во то руво пак. 3242
Се промени Илија; кога се видел — пак во тие. 6099
Се промени Јаглика да ја види владика. 6100
Се променил Алија, се погљал — пак в тие. 3243
Се протегвит ко куче пред касапница. 3244
Се радува како мало дете на црвено јајце. 9303
Се разбира како магаре од музика. 10450
Се раздени и без петело да пеит. 6101
Се расклоца како коза од стршни. 9304
Се родил саде да јади и да пие и како гоедо да живее. 6102
Се свиткал како змија во зора. 6103
Се се можит, ако се сакат. 3245
Се сетила фурка на къдеља спроти недеља. 3246
Се си е под работа, нишчо не свршава. 8289
Се скарал со меанџијата, а со мјаната не. 3247
Се скарале арамите за јорганот од Настрадин-оџа. 3248
Се скончал, починал, умрел. 6104
Се скрил како некој зајак во рас. 6105
Се слизна јъзикот, је каза вистината. 3249
Се смеит, ама смеата низ нос ќе му излезит. 6106
Се смејт будалата и кога не е за смеење. 3250
Се смејт денот на ноќната работа. 3251
Се смејт ко гъзот да му го гљат некому. 3252
Се смуртил како кога ќе врнит. 6107
Се со време бижџат. 3253
Се собрале од кол и од фортома. 3254
Се соголил како мајка што го родила. 6108
Се спружил како волк на припек. 6109
Се стори грошот золата. 3255
Се стори шчо се стори, само цвеќето наше се исуши. 3256
Се сторил грош години. 3257
Се сторил за мајтап на веков. 3258
Се сторила за на коња. 3259
Се стуткал како некоја вдоица. 6110
Се стуткал како некоја сиротица. 6111
Се стушил како марта. 6112
Се тресела гората, се родил глушец. 9523
Се тресит како Евреин од крс. 6113
Се тресит како лис на дрво. 6114
Се тресит како прат. 6115
Се турчам, не се мијачам. 3260
Се фалит — не палит. 3263
Се фатил сиромајот на оро, се шчинал тъпанот. 3264
Се чешаше кај што не го јаде. 9305
Се човек сам шчо си направи, друг не мож да му направи. 8291
Се шири како орел во торба. 9306
Се што било, поминало и што ќе биди ќе поминит. 6116
Се што гледаш да е напраено, си имат и мајсторот. 6117
Се што да види попо, си сака. 6118
Се што дават Господ, арно ет. 6119
Се што е мало е мило, само мала риба не е мила. 6120
Се што има име на веков, го имат. 6121
Се што летат, не се јадит. 6122
Се што свети не е злато. 10451
Се што се рекло, било. 6123
Се што си тргат од глаата. 6124
Се шчо било, поминало, шчо ќе биде, ќе помине. 8292
Се шчо видела Мара, се поискала. 8293
Се шчо знъјт му е на јъзикон. 3265
Се шчо летат не се јајт. 3266
Се шчо се рожџат, умират. 3268
Себапо и касмето били братја. 8237
Сега и секогаш, та никогаш. 3269
Сега ка е, утре не е. 8238
Сега ќе му локнам од крвта. 6125
Сега ќе се прашаме, кој кум, кој старосват. 9308
Сега се късат за бузи. 3270
Сегашната работа не оставај ја за утре. 10452
Сегде оди, ама пак дома дојди. 3271
Сегдека арно, ама дома најарно. 3272
Седи мадро, да не носиш модро. 3273
Седи си мирен да не бидиш биен. 6126
Седни, "оф", стани "оф", стави преснеѕ, не крени. 3274
Сеедно реката пењушки не носит. 6127
Сејт репа на дното. 3275
Секаде 400 драмој оката, само во Елбасан 500 драмој. 6128
Секакви пилишча — секакво појат. 8245
Секакви тревки — секакви мирисје. 8246
Секи ден не е велиден. 8247
Секо куче дома си лаит. 6129
Секоа болес си има лек. 8248
Секоа козичка за своа ножичка. 8249
Секоа козичка — своа брадичка. 8250
Секоа колиба си има адет. 8251
Секоа коприва не пари. 8252
Секоа крава не дава млеко. 8253
Секоа крушка си има и рачка. 8254
Секоа муа мед да збираше, бумбаро каца ќе збареше. 8255
Секоа муа мед не собира. 8256
Секоа Циганка нејните вретена фали. 8257
Секоаш збирај, ама не растурај. 6130
Секое време си носит свое бреме. 3276
Секое грне си сака својата поклупка. 9309
Секое жито има кркол. 9310
Секое зафашчање е тешко. 3277
Секое зло за добро. 3278
Секое зло на добро. 9311
Секое куче пред портата си лае. 8262
Секое леб месење и торба тресење. 6131
Секое летенце и детенце. 9313
Секое магаре својот твар си го носит. 3279
Секое месење торба тресење. 3280
Секое нешто си има и времето. 6132
Секое нешто си имат две лица. 6133
Секое нешто си сака своето. 6134
Секое нешчо си има свое место. 8264
Секое нешчо си тера редо. 8265
Секое петле на своето буниште си пее. 9315
Секое пиле вов своето јато лита. 8266
Секое пиле си има седело. 8267
Секое пиленце си седи на своето седелце. 6135
Секое село свој адет. 3281
Секое срце е од месо, а не од железо. 6136
Секое чудо до три дни се чудит. 6137
Секое чудо за три дни. 3282
Секој в кола не се впрега. 8270
Секој врат не е за ѓердан. 3283
Секој врат не е за ѕвонец. 3284
Секој го носи својот крст. 10453
Секој големец и војводинец не бидуа. 6138
Секој да си метит пред порта. 6139
Секој ден Велигден не бива. 9316
Секој ден и попот мрсно не јајт. 3285
Секој ден не е Велигден. 3286
Секој ден п' еден таин, денеска два таина. 3287
Секој ден чвек не мојт песми да слушат, а не кавга. 3288
Секој дома на попара, кој не ќе ојт, ќе г' окарам. 3289
Секој дома на попара. 3290
Секој е ковач на својата судбина. 10454
Секој е ковач на сопствената среќа. 9545
Секој за себе, Бог за сичките. 6140
Секој за себе, господ за сите. 8271
Секој знаи да јади слатко-благо, ама ако немат со што да си купи, со сол и леб ќе си поминит. 6141
Секој знъјт ке го набивјат опинокот. 3291
Секој ја одбива водата накаде своата воденица. 8272
Секој камен жила нема. 8273
Секој кауѓер не можит да бидит егумен. 6142
Секој кога плачит, викат: олеле, мајко! 6143
Секој на своја ръка си е будала. 3292
Секој на умот свој си чинит измет. 6144
Секој овчар што си виде троа изварка на стапот отвори бачило. 9496
Секој ојт на пазар со својата работа. 3293
Секој петел на свое буниште пее. 10556
Секој петел на своето буниште пее. 9318
Секој петел на своето бунишче се ерли. 8274
Секој по еден ум имат. 3295
Секој по муабетот се познат. 3296
Секој прво да есапит, да после да касапит. 6145
Секој прво есапи, та после касапи. 8275
Секој пред својата куќа метит. 3297
Секој пријател ти бидуат за од тебе кога да добиват. 6146
Секој продат то шчо напрајл. 3298
Секој сакат да остарит, ама неќит да умрит. 6147
Секој сам се бендисал. 3299
Секој само ум ти продат, а никој не ти помогвит. 3300
Секој се раѓа со свој касмет. 10455
Секој се чешат ке шчо го јајт. 3301
Секој си бајт за глата своја. 3302
Секој си го сее сопственото семе. 10079
Секој си е ковач на својата среќа 10119
Секој си е сајбија на главата негова и челадта. 9320
Секој си живејт по ќејфот свој. 3303
Секој си живејт со својте гајлиња. 3304
Секој си имат ум во глаата: нека мисли, после нека праи. 6148
Секој си крои со аршино свој. 6149
Секој си милуат од тоа што има. 6150
Секој си плаче на свое гроб. 8276
Секој си плаче на својот гроб. 10555
Секој си плачит на гробот свој. 3305
Секој си работат по ќејфот свој. 3306
Секој си тегли чергата накаде наго. 8277
Секој си човек има пукница. 8278
Секој сиромав сакат да се обогатит, а богат неќи да се осиромашит. 6151
Секој слушат шчо му се сакат. 3307
Секој со мотиката кон себе тргат. 9321
Секој со мотиката откај себе си тргат. 6152
Секој со умот се богатеит за да стори нешто на веков. 6153
Секој чоек имат по малку лутина, а едни и улавштина. 6154
Секој чоек што се раѓа, и к'сметот Господ му го дава. 6155
Секој што имат челад се слага богат. 6156
Секој шчо имат мустаќи не е мъж. 3308
Секој шчо облекол гашчи не е мъж. 3309
Секој шчо работат за другего работат. 3310
Секоја болес си има и лекот. 6157
Секоја вода шчо течит, се пијат. 3311
Секоја Еѓупка своето решето си фалит. 6158
Секоја коза а своја нога. 3312
Секоја коза за својата нога ќе си висит. 6159
Секоја коза ќе виси за својата нога. 6161
Секоја коза си има и брада. 6160
Секоја крава своето теле го лижи. 10557
Секоја крава своето теле го лижит. 3313
Секоја круша си има и опашка. 6162
Секоја мајка поеќе ќерка си ја милуат од сина си. 6163
Секоја мома да си седи дома. 6164
Секоја мотика кун себе тргат. 9323
Секоја мъка имат крај. 3314
Секоја овошка навреме си здреит. 6165
Секоја олџица не е за секоја уста. 3315
Секоја планина своја тежина. 3316
Секоја пчела ако би брала мед, бумбарот би набрал најмногу. 9324
Секоја пчела мед не берит. 9635
Секоја уста не е за секоја олџица. 3317
Секому своето му е најмило. 3318
Секому срцето му е од месо. 3319
Село без гробишта нема. 9573
Село гори — баба се поска. 8279
Село горит, баба се чешљат. 3320
Село да е весело, да си допреда фурката. 8280
Село одеднаш не плаче. 8281
Село се пали, баба се гали. 8282
Село фали в град живеј. 8283
Село што се гледа калауз неќит. 6166
Селото гори, баба се чешла. 6167
Селото е постаро од попот. 3321
Селото со пљунка го давит чвека. 3322
Селска кашча зиме без расол, а лете без матеница, не е кашча. 8284
Сељако си останува сељак. 8285
Сељанин бег не бижџат и ако бидит не го прилегат. 3323
Сенката се врти околу своето дрво. 9326
Сермијата сама го учи човека. 9327
Серсем чоек прилега на ѕвер. 6169
Серт човек сам се докундисува. 8288
Сестра сестра мъжит. 3325
Сестра ти прдит, преку езеро ми смрдит. 3326
Сети го човак — не кани го. 8290
Сето море матеница, за нас па нема лажица. 9328
Сечи сечко, не сечи, па на лето мирисаш. 9329
Сечит со зборот како сабја. 6170
Сечко сечи, март влечи. 10558
Сечко сечи, Марта влечи, Април кожи продава. 9330
Сечко сечит, марта дерит, април кожи продат. 3327
Сечко сечит, не сечит - на летојна мирисат. 3328
Сешто бидуа, ама старцу моме не бидуат. 6171
Сешчо за ръка му се лепит. 3329
Сешчо му ојт од ръка. 3330
Си 'и измешале капите. 3335
Си 'и отворат ушите ко глушец в трици. 3336
Си 'и показа рогојте. 3337
Си го бара ќотеко со борина. 6172
Си го бара со борина. 10559
Си го врзал в крпче. 3331
Си го дал гъзот со ќирја. 3332
Си го показа бакарот на мегдан. 3333
Си го пуштил крајот од појасот за да се влечит 6173
Си дадоа лоши зборои, си зедоа од триста години. 6174
Си живеат како кучето и мачето. 6175
Си живеет браќа како ракој в торба. 3334
Си имат круша опашка. 3338
Си искина ѓаолот опинците, затоа го предаде. 6176
Си ја бара бељата тој што бара да најди змија и да ја тепа. 6177
Си ја барат татква си венчанина. 3339
Си ја влечка ортомата, ама ишала ќе го обесат со неа. 6178
Си ја гледа човекот женичката како говедарот стелната крава. 9331
Си ја имаше обесено пушката некаде. 9332
Си ја кладе главата во торба. 9571
Си ја најде бељата во торбата. 6179
Си ја најде бељата од жената. 6180
Си је имат мувата на капата. 3340
Си је носит душата во носот. 3341
Си је носит чејнцата в уста. 3342
Си је пострала кравата опашката, та гљат и други да изваљкат. 3343
Си купи беља со пари. 9333
Си лежи на колк како некој дембел. 6181
Си најде невеста секира зад врата. 6182
Си немал ѓаолот работа си го мерел во песокот. 8635
Си прајт со умон бајрам. 3344
Си стојт на зборот, ко вода в речина, 3345
Сила без ум сама се упропаствит. 3346
Сила Бога не молит. 9334
Силната вода бргу истеквит. 3348
Силната работа сиромаштија потеруа. 6183
Силниот чвек го преполовјат денот. 3349
Симни капата, удри ме, коа и ти си како мене. 6184
Симни си капата и пресуди се на неа, да ќе видиш оти не си поарен ти од мене. 6185
Син — пелин, зет ко мед. 3350
Сина жени кога сакаш, ќерка мъжи кога мојш. 3351
Сирак човек — жив ѓавол. 8295
Сираче пријател нема. 8296
Сирачката сълза не падинат на суво. 3352
Сирење без дупчиња, леб со дупчиња, вино без пена и раќија со пена секогаш се арни. 3354
Сирење — манџа, магаре — стока, зет — фара и врба дрео не се. 3353
Сиромав е ѓаолот зашчо немат жена. 3355
Сиромав е крлеж, што нема газ да се серит. 6186
Сиромав е крлежон зашчо немат гъз. 3356
Сиромав од арами не се плашит. 3357
Сиромав чвек — готов ѓаол. 3358
Сиромавиот два пати повеќе плаќа. 10457
Сиромавиот и Господ го нејќе. 10458
Сиромавиот плаќа два пати. 10074
Сиромајот да имаше к'смет, ќе се обогатеше. 6188
Сиромајот да имаше к'смет, сиромав не ќе беше. 6187
Сиромајот и во рај ќе седи подолу од богатиот. 6189
Сиромајот од јанг'н не берит гајле, чунки ветвата ругузина не му горит. 6190
Сиромајот од ум ет сиромав. 6191
Сиромао две кашчи рани. 8297
Сиромао на видело не го тере, ќе го најдеш и в тевнина. 8298
Сиромао не изглижџа. 8299
Сиромасите со душа и чекаат постите. 6192
Сиромашно јунче рано се спрега. 8300
Сиромаштијата ако сама дојди, нека добре дојди. 6193
Сиромаштијата ет од болес полоша. 6194
Сиромаштијата ја страв да влези у жена работница. 6195
Сиромашчија до шија. 3359
Сиромашчија и кашлица не может да се скријет. 3360
Сиромашчијата е од бога, а пијанството од ѓаолот. 3361
Сиромашчијата е сирак. 3362
Сиромашчијата купвит п' една ока брашно и пак е повесела од богатите. 3363
Сиромашчијата не е грев. 3364
Сиромашчијата не е страм, туку крадењето. 3365
Сиромашчијата телци пасит. 3366
Сит гос се не гошчава. 8301
Сит гостин тешко се гошчат. 3368
Сит на гладан не верува. 8302
Ситата мачка стопан не познаат. 9336
Ситата мечка стопан не познаат. 6196
Сите добра на едно место не и даат Господ. 6197
Сите камење оканици не сет. 6198
Сите кучиња шчо лает не късет. 3369
Сите лошото го знаат, ама не го праат. 6199
Сите луѓе еден збор немаат. 6200
Сите луѓе едно не сет и едно лице немаат. 6201
Сите луѓе сет луѓе, ама поразумните сет полуѓе. 6202
Сите прсти на ръкава не се еднакви. 3370
Сите прсти не се едно. 9567
Сите прсти токмо не сет. 6203
Сите радости се исти, но секоја тага е различна. 8656
Сите созданија што сет на земјава — сет за Божија потреба. 6204
Сите терсене, ние наопаку. 3371
Ситни деца — тимар гулем. 8303
Ситни камења број немаа, убава мома род нема. 8304
Скака скакалец доскака, би мъмејнца до би. 3372
Скакаа ле од кол на кол, ќе се наденат на некој. 8305
Скарали се атсвето, одевали магарињата. 8309
Скината вреќа просо не држит. 6205
Скокат како да го дупат шилци во газот. 6206
Скокат како мачка по мрвка. 6207
Скокат како некоја жаба или како скакулец. 6208
Скопвит прасиња, само да му викет „мајсторе". 3373
Скржав павеќе дава. 8312
Скржавие влакното цапи, јајцето стриже. 8311
Скржаиот леб арно не се најадуат. 6209
Скржаиот со едната рака дават, со друтата сакат. 6210
Скри да имаш. 8313
Скришното најгласно станува. 8314
Скрши глаа, си побегна, невратоо појде. 6211
Скъп на триците, евтин на брашното. 3374
Слаб на лице, здрав на душа. 8316
Слаб ум, јаки плешчи. 3375
Слабие оѓин повеќе дрва гори. 8315
Слабјот пес сите го давет. 3376
Славејчето од јъзикот си патит. 3377
Сладок е сонот на тој што работи. 10459
Сладок збор и железна врата отвора. 10460
Слама јаш, кураш држ. 8317
Сламката во окото на брат му гледа, а гредата в своето не гледа. 8318
Слатката реч и железна врата отворат. 9337
Слатки се јаболката кога го нема чуварот. 10461
Слези курто да се качи мурто. 8577
Слези од магаре, број десет, вкачи се девет. 6212
Слези, Господи, наземи и види што се праит. 6213
Слези, Господи, од небеси и наѕрии, да да видиш што се праи наземи. 6214
Слепа кокошка ако погледа, и петело ќе го брка. 6215
Слепа кокошка ко ќе прогљат, ќе сакат и на петелот да му се качит. 3378
Слепа кучка брзи кучиња раѓа. 8636
Слепец слепца водит. 3379
Слободата е најгулемо богатство. 8319
Слободата на кумитите пари чини. 9338
Слободата се ценит кога је немаш. 3380
Слободата со ништо не се заменува. 9339
Сложена глава сабја не сече. 8320
Сложена дружина планина подига. 8321
Сложна дружина планина поткрева. 9340
Сложни браќа куќа градат. 9520
Сложни браќа нови дворје градет, а несложни и старите 'и уривет. 3381
Сложни калугери и на Велипеток мрсно јадет. 3382
Сложни калуѓере и в петок блажно јадат. 8322
Сложни калуѓери среда и петок мрсат. 9341
Сложни свештеници и во петок мрсат. 9546
Слушај шчо зборвит попон, а не прај то шчо прајт тој. 3383
Слушај, за да те слушет. 3384
Слушајте глуви, гљајте слепи. 3385
Слушајте што вели поп, не правете што прави поп. 9342
Слуше ме шчо думам, не гледе шчо правам. 8323
Сметка без крчмар. 9343
Смирената лисица 'и јајт кокошките. 3386
Смрденото бурило го расипвит виното. 3387
Смрдит не смрдит, под носов ми е. 3388
Смрт без причина не бива. 8324
Смрт е мила со дружина. 3389
Смртта ат'р не гледат. 6216
Смртта е лек за се. 3390
Смртта е најарен лек за секоја боља. 3391
Смртта не опитвит стар и млад. 3392
Смртта не опитвит чи си. 3393
Снао, дај да јадам, на гости бев. 3394
Снег и град нека врнат — лошо време да нема. 8325
Снего не пада само да побелее земјата, туку и секој ѕвер да си покаже дирата. 8326
Сносла кокошката едно јајце, је разбудила целата мала. 3395
Со арен другар и во зло време. 3396
Со бел образ сегде се оди. 10462
Со бел образ. 3397
Со богат не суди се, со рогат не бори се. 3398
Со брзање само в але се ојт. 3399
Со брзина ништо не бидуа: чоек од магаре паѓа, и се починуат. 6217
Со будала не се прајт шака. 3400
Со вила ореи не се носат. 6218
Со вреќи да имаш пари, ако си скржав, пак не ќе арџиш. 6219
Со време и јъгурината мед се прајт. 3401
Со врзан 'рт на лов не се ојт. 3402
Со врзан хрт заец не се лови. 9344
Со глаа ѕид не се турват. 6220
Со глава се турка ли ѕид. 9345
Со гладни кучиња овци не се вардет (стадо не се вардит). 9346
Со гладни кучиња овци не се вардет. 3403
Со гнило јъже в бунар не влегви! 3404
Со гнило јъже кофа в бунар не се пушчат. 3405
Со гола рака змија не се ваќа. 6221
Со гола ръка змија не се фашчат. 3406
Со гувеење моминство не се врашчат. 3407
Со два прста многу работа се завршува; со јазик уште поише. 8604
Со двајца кавга се праит, а со тројца ѓурултија. 6222
Со деца маштеница не се срка. 9349
Со деца маштеница не се сркат, оти ќе те испрскаат. 6223
Со деца мъшчејнца не се сркат. 3408
Со дружина смрт е мила. 3409
Со ѓаол бало не се играт. 3410
Со ѓаоло род не праи се. 6224
Со еден вол не се орат. 3411
Со еден дирек куќа не се крепит. 9351
Со еден камен ѕид не бидува. 10456
Со еден камен кале не се прајт. 3412
Со една ластовичка не доаѓа пролетта, но ја најавува. 10080
Со една овца бачило не бидуат. 6225
Со една овца бачило не се прајт. 3413
Со една пушка два зајака не се бијат. 6226
Со една пушка два зајака удрил. 6227
Со една ръка дат, а со две земат. 3414
Со едната нога в дупка. 3415
Со едно дете многу кумој фашчат. 3416
Со едно мавнување дрво не се сечит. 6228
Со едно мање дъб не се уриват. 3417
Со едно пиле пролет не бидуат. 6229
Со едно цвеќе венец не се плете. 10463
Со едно цвеќе лето не бидвит. 3418
Со едно цвеќе лето не идит. 9357
Со ерфене и камила се јадит. 6230
Со жена зло, без жена позло. 3419
Со жена шега не се бијат. 3420
Со женско чедо и Ѓуптин зет ќе фатиш. 10464
Со збор се е лесно. 3421
Со зборој пиљав не се праит, оти сака ориз и мас. 6231
Со злато на гла не се излегвит. 3422
Со зъби да тргаш, немат. 3423
Со игла (или со шило) бунар не се копат. 9358
Со игла бунар не се копа. 6232
Со игла се собират, со лопата се растурат. 3424
Со игли бунар не се копат. 3425
Со игра чвек никогаш не се наситвит. 3426
Со инат куќа не се вртит. 6233
Со инатчија инат не праи, оти зијан ќе те најдит. 6234
Со инет куќа не се вртит. 3427
Со инка памет не се турива. 10465
Со инка ум не се турат. 6235
Со јак не бори се и со богат не топори се. 6236
Со јак не бори се, со богат не мери се! 3428
Со каква мера мерите, со таква ќе ви се врати. 9361
Со кого се караш и ќе се смириш. 3429
Со кого си до полден, таков си. 3430
Со кого си, таков си. 3431
Со кола зъјаци не се лоет. 3432
Со кучето и кога си пријатељ, не пушчај го стапот. 3433
Со ќељав да се бориш, беља ќе си сториш. 3478
Со лага ага не бидува. 8596
Со лажица морето не се исцрпуат. 9363
Со лошото на гла не се излегвит. 3435
Со лошото — лошо, без него полошо. 3434
Со магаре на бој не се оит. 6238
Со малу брашно мало лепче. 3436
Со мас и опинците манџа се прает. 3437
Со мас и шеќер и од опинци се прајт бакла. 3438
Со масло и клинци да сфариш се слатки. 3439
Со масло се јадит и папрата. 6239
Со мера мери, со цена цени. 3440
Со многу баби килао дете. 6240
со него и плашит децата. 6241
Со него лошо, без него ушче полошо. 3441
Со него не требало да сади човек краставици. 9364
Со него ни да пејш, ни да плачиш. 3442
Со нивниот камен по нивните глави. 9365
Со нога слизни се, со јъзик, не. 3443
Со оган и вода не се игра. 9572
Со оган шега не бижџат. 3444
Со огон и барут шака не бидуат. 6242
Со опитвене дури ке царот се ојт. 3445
Со опитвење дури до Стамбол се одит. 9367
Со опитвење и в Стамбол се ојт. 3446
Со остен да го тераш на работа 3447
Со очите го виде и не поверуа, таков неверник ет. 6243
Со памбук крвта ти је пијат. 3448
Со пари в рај, без пари ни на крај. 3449
Со пари и ке господа, без пари ни в гроб. 3450
Со пари при бога, без пари во гроба. 3451
Со пари се можиш да купиш, саде татко и мајка не можиш. 6244
Со пари тагата не се лекува. 9543
Со пес во вреќа не се влегуат. 6245
Со пот поблага е вечерата. 3452
Со пот се се постигвит. 3453
Со празна пушка на лов (или на војна) не се одит. 9369
Со прдеж боја не се вапсуат. 6246
Почеток | Назад | Напред | Крај
Пословици 8001 до 9000 од 9803

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org