Македонски пословици и поговорки

Конкорданс | Класификација (на англиски) |

Почеток | Назад | Напред | Крај
Пословица Број
Од еден кол се одврзав, за друт се врзав. 5650
Од еден маалџија шчета имаш, од друт фајда немаш. 8002
Од едко зрно гулема нива. 8005
Од една бочва — и вода и киселина не се пушта. 5651
Од една вода пиеме, и пак род не се чиниме. 5652
Од една главна цала кашча оѓин. 8003
Од една греда цала каштурка. 8004
Од една искра голем оган бидува. 9222
Од една искра голем огон бидуа. 10052
Од една страна го лепеш, од друга се пука. 10053
Од една чешма пиле вода, та затоа се родуале. 5654
Од едно дрео и мътика, и лопата. 2622
Од едно јајце до царот сто се сториле. 2623
Од едно мануање секирата не сече. 10054
Од едно мање дъб не падинат. 2624
Од едно место капе, од сто натича. 8006
Од едно ухо влезе, од другот излезе. 10055
Од Еѓуптин ќисело млеко. 2625
Од ефтино се осиромашвит, а од убо се заборчвит. 2626
Од жаба пастрма не се прави. 10423
Од жал што ми е, тики чалма ќе врзам. 5655
Од жал што му ет, се смеит. 5656
Од жена ако падниш, голем страм ќе си донесиш. 2627
Од жена гроб немат ни в поле, ни в планина. 2628
Од жена кој маж зема пари, мараз ќе си отвори. 5657
Од жена кој маж зема пари, нека си чекат кавги и ѓурултии. 5658
Од жена кој маж ќе земи пари, нека си легни да го газит. 5659
Од женцки пари браќа се делиле и се истепале. 5660
Од жива мечка кожа не се дерит. 2629
Од жълта коза жълто јаре. 2630
Од занаетот немат умора. 2631
Од збор на збор пијаницата ќе се ватит за суроицата. 5661
Од зборој попара не се прајт. 2632
Од зборој преку глаа капата ми се скина. 10056
Од зло добро не чекај. 2633
Од зол д'жник и кош плева. 8008
Од зорт и бабата заиграла. 2634
Од ѕвонците по нешчо, ама од козите ни рог. 8009
Од игла — камила. 8010
Од имање куќа не се растурвит. 2635
Од инат се глава ќине. 8011
Од инет немат полош занает. 2636
Од инет нишчо поблаго немат. 2637
Од искра пламен се прајт. 2638
Од искра се гора пали. 8016
Од исто брашно нема различен леб. 10121
Од јада — во ада. 5662
Од јадење и пиење му се здодеуа на чоека, а не од кавга чинење. 5663
Од јадење нема поклади. 5664
Од јалва крава млеко не се мълзит. 2639
Од јалва крава теле изват. 2640
Од јалоа крава теле изваат. 10057
Од ка се строши колата, коловозници триста. 8018
Од кај знаи тој што кажуат, зер со Бога зборуал? 5665
Од кај ќе повеит ветрот, отаде надај сакмата. 5667
Од кај непратено, и нас вратено. 5666
Од кај што го пратиле, до нас го допратиле. 5668
Од кај што е жената, и мажот. 5669
Од кај што е потешко, секој тамо навалат. 5670
Од кај што излегуа збор, и душа. 5671
Од кај што се не надеиш, Господ ќе ти даит. 5672
Од калило на матило. 8017
Од ке дуват ветрот, сврти ја гуната. 2641
Од ке е дреото засечено, кун таму падинет. 2642
Од ке не се надејш, зъјак излегвит. 2643
Од ке не се надејш, излегвит нешчо. 2644
Од ке не се надејш, сънце те огревјат. 2645
Од ке сакат гънчарот, отеде му је клат ръчката на грнето. 2646
Од ке се надеев сънце да ме угрејт, слана ме попари. 2647
Од ке се надеев сънце да ме угрејт, снег ме бијат. 2648
Од ке си? — Од ке ми е жената? 2649
Од ко ќе пцојсат моено магаре, сакало расло трева, сакало не. 2650
Од ко ќе умрит чвек, лесно е за него да се зборвит сешчо. 2651
Од кога ми го отру срцето, после благо ми дават. 10058
Од кого е, многу е. 2652
Од кого е, многу е; за кого е, ушче појќе е. 2653
Од кожава не се излегвит. 2654
Од кој бегаш, тове ќе најдеш. 8019
Од кој го ебе ак'л не тере. 8020
Од кокошка нога јал, та затоа скришното го кажуат. 5673
Од кол и од фртома. 2655
Од кол на кол ќе се надениш на некој. 8573
Од кол на кол та на остие. 8021
Од кол на кол, коло в газ му влегол. 5674
Од кол на кол, третјот в гъз. 2656
Од комарец - магарец. 10059
Од кон на прле. 8022
Од кон паднеш — не се убвеш; од магаре — глава скршиш. 8023
Од конче прави ортомче. 10535
Од коњ на магаре. 9559
Од коса неклепана и жена нетепана нишчо не бива. 8024
Од красто прасе дебел вепар се прајт. 2657
Од криво дрео карта не се прајт. 2658
Од кука нога од камен глава. 9223
Од кумита оџак не чури. 8025
Од кумити село нема мира. 8026
Од кумот два уема се земат. 2659
Од ќелепур манџа стомак не пукнува. 10065
Од ќерамида масло не бива. 8042
Од ќор и од сакат господ да те браниит. 2733
Од ќор на ќор. 8043
Од ќорав очи. 8044
Од лајна манџа не се прајт. 2660
Од лепешка зелник не се месит. 5675
Од ловџија и од загар поулав нема на свето. 8027
Од лош чвек арно не надеј се. 2661
Од лошо имат полошо. 2662
Од лошо ошче полошо има. 8028
Од лошото беге дур не е дошло. 8029
Од луна тргај се понастърна. 2663
Од лут и од пијан учиш најстината. 10060
Од лутина заб в говно удара. 8030
Од љуљка до дупка. 2664
Од љутина и планина пукат. 2665
Од магаре на ат. 2666
Од магаре чвек да паднит, пак ќе здивнит. 2667
Од магарешка опашка сито не се прајт, туку од којнска. 2668
Од магарешка опашка сукало не се прајт. 2669
Од мајстор заќина, од себе заќина. 2670
Од мајстор не се заќинвит. 2671
Од мала дупка голем глушец излегуат. 5676
Од мала искра голем пламен се прајт. 2672
Од мала искра гулем оѓин бива. 8031
Од мали деца, мал изитет, од големи деца голем изијет. 2673
Од малу брашно мало лепче. 2674
Од малчење гла не болит. 2675
Од мама на тате, од тате на мама. 8032
Од мене песна, од Бога здравје и веселба. 5677
Од мене толку, од Господа повеќе. 10424
Од мечка привој не ти требе. 8035
Од мирно седење гла не болит. 2676
Од млада свекрва и од бела кобила господ да те чува. 8033
Од млеко се попарил, та и на матеницата дува. 8034
Од многу баби втурени деца. 2677
Од многу деца угриз не бидуат. 5678
Од многу капење капајца и камено го предупуат. 5679
Од многу пари едни што имаат, та не знаат што да му праат. 5680
Од многу ум капата му се дупнала. 2678
Од мнозина ако земаш умишта, ќе те пратат во тињата или Лимја. 5681
Од молчење глаа не болит. 5682
Од мрза потешко нема. 10061
Од мрзава душа излава. 10062
Од мува лој изват. 2679
Од мъж поарно магаре немат. 2680
Од мътна вода варди се. 2681
Од неволја баба молја. 10063
Од неубав сој жена не се земат. 10425
Од новина на поѓибеш. 2682
Од нож и од сеќира пљагата зараствит, а од лош јъзик не. 2683
Од нопак нишчо арно не чекај. 2684
Од ова бачило, таква сурутка. 10086
Од ова кожа во друга не се влегвит. 2685
Од орел, ут. 2686
Од петлачиња лира се прајт. 2687
Од пијанијот и будалата бегај. 2688
Од пијаниот и будалата бега. 10530
Од пијаница да имаш дома, Бог да те чуа. 5683
Од писаното не се бегат. 2689
Од пишаното не се бега. 10531
Од под камен да најдиш и да ми платиш. 5684
Од подгоор баба не умира. 5685
Од појќе ум гла не болит. 2690
Од покриен јъглен да се вардиш. 2691
Од поп се барат пред луѓе. 2692
Од попа до коача го соши алиштето терзијата. 5686
Од попа на квача. 2693
Од празна пушка двајца се плашет, а од пълна само еден. 2694
Од празна пушка двајца се плашет. 2695
Од празна стомна не се пијат. 2696
Од празна тиква семе не се збира. 10426
Од празни пајнци ни се јајт ни се пијат. 2697
Од прва жена, прво синче и прво късајче нишчо поблаго немат. 2698
Од првна цена не бегај. 5687
Од првнио залак посладок немат. 5688
Од прејадуање нема здравје. 5689
Од просо преснеѕ не се прајт. 2699
Од пуста мрза и огнот ќе го угаснит. 2700
Од пцоисан коњ плочи барат. 5690
Од пъндила блосов. 2701
Од работа грба растит. 2702
Од работа нема страмота. 10427
Од ракој бачило не се прајт. 2703
Од речено до сторено, ко од небо до земи. 2704
Од речено, до сторено. 10532
Од роб се врашчат, од гроб никогаш. 2705
Од свинска кожа гајда не се прајт. 2706
Од свиња мев не бидуат. 5691
Од свињи бачило не се прајт. 2707
Од свое село мома, како вода в чаша, од чуждо село мома, како вода в стомна. 2708
Од свој камен не болит. 2709
Од своја куќа нишчо помило и поубо немат. 2710
Од секакво брашно не се сучит преснеѕ. 2711
Од секое дрво јемиш не се берат. 5692
Од секое дрво не бидува свирка. 9512
Од секое дрео род не се берит. 2712
Од секое дрео свирка не се прајт. 2713
Од сељак бег не бидува. 9531
Од сила и планина пука. 5693
Од сиромавиот и роднините бегаат. 10428
Од сите стърни сънце го грејт. 2714
Од скржаиот и тамавќарот друзи стоката ќе ја јадат. 5694
Од сој и куче. 8036
Од сон послатко ништо немат. 5695
Од стар да неразбран Господ да те чуат. 5696
Од стар татко деца — сирачиња. 2715
Од стара коза јаре. 2716
Од стара мајка дете. 2717
Од старо дрво обрач не се прави. 8037
Од старо дрео обрач не се виткат. 2718
Од сто бради по лакно — цела брада; на стомина по лакно — без брада. 2719
Од сто една се послушува на жаната. 8038
Од сто — ни една за в работа. 8039
Од стока буниште не бидуат. 5697
Од страв се бега, од срам не се бега. 10533
Од страв се бега, од страм не се бега. 9224
Од страв се бегат, од страм не се бегат. 2720
Од страв чоек побегнуа, а од страм не можит. 5698
Од страот се бега, ама од страмот не се бега. 9225
Од студ камено пука. 5699
Од студ клинци тресит. 2721
Од студ рака не се вади надвор. 5700
Од суденото не се бега. 10064
Од таткова мака со чичкова рака. 8040
Од тебе ајр, од глуфци бериќет 2722
Од тебе сефте, од Господ бериќет. 5701
Од тивка вода појќе варди се. 2723
Од тивка вода чувај се. 10534
Од тиганот, та во оганот. 2724
Од тоа што се боиш, ќе налепиш. 5702
Од тој шчо се крстит многу, многу варди се. 2725
Од торбата во врешчето приклат. 2726
Од трандафиљ — трн. 2727
Од трендавил трн, од трн трендавил. 5703
Од три буки две вретена, едното криво, другото недопраено. 2728
Од три буки две вретена. 5704
Од три на глог. 2730
Од трите подългото. 2731
Од трн — трандафиљ. 2732
Од туѓото магаре стреде во калта. 5705
Од увото не куца магарето. 10429
Од углавник врата не се затвара. 8045
Од улав ум не купуј. 5706
Од умот ќе тргат глаата. 5707
Од умрен душа не се барат. 2734
Од умрено теле готов тегар. 8046
Од уста в уста, на царо в уши. 5708
Од уста мед и млеко, од срце зер и пелин. 2735
Од уста ти в пазва. 2736
Од устата во пазуата. 5709
Од ут — орел. 2737
Од фешчање куќа не се расипвит. 2738
Од цела бука обрач не се прајт. 2739
Од цојсан коњ барат потковка. 2740
Од цојсан коњ потковка не се барат. 2741
Од чавка јајца и голаб да 'и квачит, пак чавки ќе излезет. 2742
Од чавкино седело голаб не излегвит. 2743
Од чвека нишчо не куртулисало. 2744
Од чвечка ръка нишчо не куртулисвит. 2745
Од челад послатко и погорко немат. 5710
Од човек може да ти омилее — може и да ти одмилее. 8047
Од чоека ништо не откинуа. 5711
Од чужџ коњ на полпът те сметинет. 2746
Од чужџа мака сос твоја рака. 8048
Од чужџа торба лесно се дат. 2747
Од шега деца се рожџет. 2748
Од шипок гора не бива. 8049
Од што е гладен, ќе се скинит вода пиееќим. 5712
Од што е пишано во вангелието, ќе се сврши сето. 5713
Од што е прејаден, ќе му пукнит меот. 5714
Од што нема, и царо не зема. 5715
Од што немаш, и без него поминуаш. 5716
Од шупливо во празно. 8659
Од шчо баба знъела и на соне гледала. 2749
Од шчо најмногу се вардиш, на гла ќе ти дојт. 2750
Од шчо најмногу се плашиш, од то најмногу варди се. 2751
Одавнашна добрина се заборавја. 7977
Одбесвам ти торба, обесвам ти дисаѕи. 2752
Одбираш ле, ќе избереш. 7981
Одвај кожата му 'и држит коските. 2753
Одеднош дрео не се бувтат. 2754
Одет ко пропаднати Германци. 2755
Одет ко разбијана војска. 2756
Оди да ти 'и вратит даскалот парите. 2757
Оди дја ќе одиш, ама дома да си дојдиш. 9226
Оди кај ќ ојш, пак дома да си дојш. 2758
Оди ке да ојш, пак дома дојди си. 2759
Оди на вода на новиот бунар, не плукај на стариот. 10066
Оди на дека водата тече. 8013
Оди сам да не те е срам. 8014
Оди си по царские пат. 8015
Одили старци по зајци: одили два дни, дошли си гладни. 8012
Одит без гаќи како кауѓер во сирница. 5717
Одит како слеп коњ во гробишта. 5718
Одложуваната надеж го изнемоштува срцето. 10067
Однадвор мазно, однатре празно. 9501
Одненадеж трешница. 2760
Однеси го ке баба да му бајт. 2761
Однеси го ке поп да му пејт молитва. 2762
Однеси го магарето каде сакаш, тоа пак ке се врати како магаре. 8572
Одозгора мазно, одоздола азно. 9560
Одозгора масно, одоздола азно. 10536
Одошто ет лош мој Никола, ми омрзна и свети Никола. 5719
Оѓин и барут на едно место не седат. 8050
Оѓин и водата се арни слуги, ама лоши господаре. 8051
Оѓин сос слама се не гаси. Ојде ѓемијата та лосто ле ќе жала? 8052
Ожени го детето, клај му капина на гуша. 5720
Ожени се да си земиш беља на глаа. 5721
Озгора мазно, оздола азно. 5722
Оѕади ти е зимата. 2763
Ојде камилата, а он гледа иглата. 8053
Ојде мовта за шикли. 2764
Ојде со еден ѓаол, се врати со сто. 2765
Ојт без гашчи ко калугер но сирници. 2766
Ојт како проѕевка од уста на уста. 2767
Ојт колце по тркалце. 2768
Ока мас откај нас. 5723
Ока осила не вреди — драм памет вреди. 8054
Ока пара, пол ока бадјала. 2769
Ока пари, пол ока џаба. 5724
Око за око, заб за заб. 10068
Око лакомо, душа загубена. 2770
Око на око вера немет. 2771
Ококотил очи како мачор во мутли. 5725
Окото гљат далеку, ама умот ушче подалеку. 2772
Окото никогаш не се наситвит. 2773
Окото порано нека му излезит на чоеко, а лош збор да не му излезит. 5726
Окото чоечко е лакомо. 10077
Окрвавил во очите како некој вапир. 5727
Округло на ќоше. Опинците му ги стигнаа. 9227
Олеле, мајко, плачит детето. 5728
Оној шчо дошол од Стамбол не знъјт, ти знъјш! 2774
Опинок имат на лицено. 2775
Опинци нема на нозете, гајда бара да купит. 5729
Опинци немат, гајда сакат. 2776
Опинците му ги стигна. 9228
Опитај кого сакаш, ама од умот твој не дели се. 2777
Опитај паталец, не опитви гаталец. 2778
Опсеклив пес од волкот немат страв. 10069
Опулил очи како од вол. 5730
Орај, копај, Караџо, ќило фрли, кутел најди! 2779
Орај, копај, рани се, со грабање не обогатуј се. 5731
Орала мувата цел ден на рогојте од волот. 2780
Орање шетање — фурка троширебра. 8055
Орело си гледат на ноктите за кај има мрша за јадење. 5732
Орелот слегвит ке шчо имат мрша. 2781
Ори, копе, рани се, на кражба не наде се. 8056
Ориѓани добри мъжи, ченки садет тикви јадет. 2782
Ормањето скраја отидоа, затоа државата се оскапеа. 5733
Оро кашча не врти. 8057
Ортачка кобила в кал лежит. 2783
Ортачкото месо кучиња го јадет. 2784
Осната платното го продат. 2785
Осое фали, в присое сади. 8059
Остај ја мрзата, вати ја брзата. 5734
Остана бел в очите. 2786
Останае ушче двата краја и стредето. 2787
Останете збогум и добро видение. 5735
Остаре, обеле и умот во глаата не му дојде. 5736
Остаре, побеле, умот не ти дојде. 2788
Остарел, ама умот не му дошол. 2789
Остер човек дропка од ѓум вади. 8058
Острото на ножот сечи и доброто и лошото. 5737
От трн са рожге китката, и от китката трн. 9229
От умрен којн плочи брќе. 9230
Отварај си и да не ти и отворат. 8060
Отвори 'и двете четри. 2790
Отвори си 'и очите да не ти 'и отворет други. 2791
Отвори си очите четири, оти светот ќе ти 'и отворат со влакно. 5738
Отворил очи како некој плочи. 5739
Оти е рудо детето, а татко му калеш ништо. 9231
Отишле по зъјаци, 'и изеле вълци. 2792
Отишол волот, се тепаат за опашката. 9536
Отишол да орат, го заборајл ралото. 2793
Отишол коњот, нек ојт и огламникот. 2794
Откако ќе се крши колата триста џадиња прај не оди. 9232
Откога ќе не нема луѓе прави, и веков ќе пропаднит. 5741
Откога ќе се скрши колата, многу патчиња ќе се отворат. 5742
Откога ќе се скрши лебо, веќе не се стауат. 5743
Откога ќе се скршит колата, пътишча многу. 2795
Откога ми го отру срцето, после благо ќе ми дават. 5740
Отколку што моиш работи, и моли се на Бога да ти ја блаосоит. 5744
Откъде идат доброто, идат и лошото. 2796
Откъде сънце те грејт, отаде и град и рофја те мат. 2797
Отмено — проклено. 8061
Отруачка праведен да се напие, пак не ќе се отруе. 5745
Отруачката не е за луѓе труење, ами за лекуање. 5746
Отстъпви за да надолиш. 2798
Отфркна од мене како некој нерез. 5747
Оф легни, оф стани, цел стави, не крени. 2799
Ох за деца — ох од деца. 8062
Оцкријан гъз секој го пљуват. 2800
Оцкријано млеко мачки го јадет. 2801
Очи гледали — очи плакали. 8063
Очи од гледање не се наситуаат. 5748
Очи со земја се наситуаат. 5749
Очи со очи што набрго се видуаат и се милуаат. 5750
Очи што набрго не се видуаат, се забораваат. 5751
Очите во глаа му играат како на некој сатана. 5752
Очите водет, нозете носет. 2802
Очите гледаат све, но не се гледаат самите. 8621
Очите ми капнаа од страм. 5753
Очите му играјат како на воден ѓавол. 10070
Очите му обелеа од гладос. 5754
Очите на страот му сет мошне големи. 5755
Очите не гледаат, паметот гледа. 9482
Очите не гљавет, ами умот. 2803
Очите од стопанот го ранет коњот. 2804
Очите се да гљавет, а нозете се да носет. 2805
Очите се да гљавет, а ръцете да мавет. 2806
Очите се ненаситни. 2807
Очите сешчо гљавет, сами себеси не может да се видет. 2808
Оџа мъж — токму мъж, ќираџија — пусти мъж. 2809
Оџо сирење не се јајт. 2810
Оште на којн не вгјанал, нојзте си размајал. 9233
Оште не вгјанал и е боднал. 9234
Ошто да немаш, и без него поминуаш. 5756
Ошто ми е болна жената, печена кокошка изедуат 5757
Ошче еднаш да сам невеста, знам ка да се кланам. 8064
П'ни очи — празни раце. 8103
П'ти просјак да сам, ама леб и пари да си имам. 8142
Падна и веднаш стана. 5758
Падна камено и обете нозе му 'и вати. 5759
Падна, ама не се изваљка. 2811
Паднал како чоек: еден Господ не паѓа. 5760
Падни, стани, за ралото се фани. 8065
Паднуање и — отепуање. 5761
Пази Боже од крстен ѓаол. 5762
Пази, боже, слепо да не прогледне. 8066
Пак ќе дојт какан-ден. 2812
Пакос којшто праит, не мислит да влези во рај. 5763
Палецов ако не беше, чвекот скот ќе останеше. 2813
Палецот ако не беше, ништо чоекот не ќе напраеше. 5764
Палецот и душа жива ако немаше чоекот, тој скот ќе си беше. 5765
Пали му свеќа и на ѓаолот да не ти праит пакос. 5766
Палтото не ти е кусо, кус ти е ак'ло. 8067
Палците се познаваат по пеењето, а љуѓето по зборувањето. 8599
Паметние попушча. 8068
Паметно косме не трпи будала глава. 8069
Паметта не е вов гората, она е по дуњата. 8070
Панаѓур без кавга не бидвит. 2814
Пануклата кога биеше, помалку луѓе имаше. 5767
Пара на рака, Мара за рака. 9507
Пара на ръка, Мара за ръка. 2815
Пара по пара — пунѓија. 8072
Парабучук го собира, топтан го дава. 8071
Парата ако ти служит, си силен и јак. 2816
Парата вртит по светов, а праината по небо. 2817
Парата го вртит светов, а праината небоно. 2818
Парата е ѓаол, ама жената поѓаол. 2819
Парата е за чоека душа. 5768
Парата е Јуда, ама жената појуда. 2820
Парата е Јуда. 2821
Парата е најлошјот пријател — најбргу те оставјат. 2822
Парата и железна врата отварат. 2823
Парата и нем да е човек ќе го раздума. 8073
Парата на пара ојт. 2824
Парата сајбија нема. 8074
Парата, и нем да ет чоек, ќе го прозборуат. 5769
Парата, не стои у еднега: денеска у мене, утре у тебе. 5770
Парен каша — расол дува. 8075
Парен потел од дож бега. 8076
Пари ако немаше на веков, судни маки ќе тргаше чоекот. 5771
Пари дава, оро игра. 10537
Пари давам, оро играм. 5772
Пари давам, свирка свирам. 5773
Пари дадов, бељата си зедов. 5774
Пари дадов, се си купив. 5775
Пари земам пари немам. 2825
Пари и Еѓупците имаат, ама чес немаат. 5776
Пари ко лајна, само немат кој да 'и јајт. 2826
Пари колај се арџат ја на вечер на меана, ја на свадба на дајре, ја на попо в котле. 5777
Пари на рака пред Мара за рака. 9540
Пари од чума не умирет. 2827
Пари, пари, пак пари, пари татко, пари мајка. 5778
Парите 'и цениш кога 'и немаш. 2831
Парите еднему му го земет умот, а другего го учет на ум. 2828
Парите затоа сет тркалести, да одаат од раце в раце. 5779
Парите и во шчинато ќесе се мили. 2829
Парите и на път да 'и најш, ќе 'и пребројш. 2830
Парите лесно излегвет од џепот. 2832
Парите на едни им го земет умот, а на други им давет ум. 2833
Парите не сет за целивање. 5780
Парите са вода. 8077
Парите са камење да се браниме од пцетата. 8078
Парите са като курва: секој дан са в друзи раце. 8079
Парите се арџат и од кесе течат како вода. 5781
Парите се јудино железо. 2834
Парите се најмили од се. 2835
Парите сет помили и од челад. 5783
Парите стојат в кесе како билбиљо во кавезо. 5784
Парите татко, парите мајка. 2836
Парите што се печалат, ако не се арџат, што бидуат? 5785
Парица - царица. 10431
Парица — царица. 2837
Пасинок син не бидвит. 2838
Пат со одење, борч со плаќање. 5786
Патот до пеколот е поплочан со добри намери. 9508
Педа човек — лакот брада. 8081
Пеит песна како да гледа на книга. 5788
Пепел гледала, пипер макала. 9235
Пепел на јазико — парлак на устата. 8082
Перде му клале на очите, што не гледат. 5789
Пери гъзенце, да не периш гъзишче. 2839
Пери си пелени, другиот откоа не те честит. 5790
Пес али се скрастаи, крастата ќе го изеит. 5791
Пес кучка не дави. 9237
Пес од грозје не пцјоисуа. 5792
Пес од грозје не умират. 2841
Пес од касапница мачно се одучуат. 5793
Пес опален не му фтасвит. 2842
Песма ми е, да си пејам. 2843
Песма сајбија немат. 2844
Песна ќе му пеам, лели да ти го напраам. 5795
Песна пеит, гора се лелеит. 5794
Песна сајбија нема. 8083
Песна убаа срце разбудуат. 5796
Песната стопан немат. 5797
Песо е поверен на стопанот. 5798
Песо не си познаа стопано од калабал'к. 5799
Песо си го познаат стопанот. 5800
Песок реката носит за морето да го полнит. 5801
Пет ари петел — сто пари крчма. 8084
Пет отерај, три дотерај. 2845
Пет прсти и господа го надољвет. 2846
Петел јајца не носит. 5802
Петел јајце не неси. 10538
Петел му пејт во куќата. 2847
Петел пеит на буниште да си 'и веселил кокошките. 5803
Петел пејт, а не кокошка. 2848
Петело е асли маж, што повела сто кокошки. 5804
Петело најде зрно, вика кокошките ѓоа да 'и нарани и сам си го изеде. 5805
Петело најде ле зрно, викне кокошќите, а па сам го изеде. 8085
Петело пое на своето бунишче. 8086
Петко ќор и децата ќори не ќе бидет. 2849
Петлачето е најголема пара. 2850
Петле јајца не носи. 9238
Петмина Петка не го чекет. 2851
Петмина Шетко не чакаат. 9239
Печит ѓерамида да му пушчит масло. 2852
Пи еден грош колку за отров. 9240
Пиењето е благословано — пијанството е проклето. 8087
Пизмела мома оро, та се омъжила за гајдаџија. 2853
Пијан беше веќе како ќутук. 5806
Пијан беше за в кош да го кренат. 5807
Пијан беше за на тезгере. 5808
Пијан беше и се пореваше од ѕид на ѕид. 5809
Пијан беше како дрво. 5810
Пијан беше како труп. 5811
Пијан човек — вреќа без дно. 8092
Пијан човек — тесен сокак. 8093
Пијан, дури однесен. 5812
Пијана душа бог не слуша. 8088
Пијана душа господ не слушат. 2854
Пијание е като труп. 8089
Пијанио немат пари за бричење, а имат за пиење. 5813
Пијанио се валка како свињата во калта. 5814
Пијаниот неќи туркање, оти сам си паѓа во калта. 5815
Пијаница со пијаница мошне си живеат. 5816
Пијаницата е страв и трепет на челадта. 5817
Пијаницата колку поеќе пиет, толку поеќе жеднеет. 5818
Пијаницата саде ќев терат, а децата без леб седат. 5819
Пијаницата се мачи од пијанство и со снага и со душа, и пак рака не трга од пијанството. 5820
Пијанјот немат чест. 2855
Пијано село — успано поле. 8090
Пијанството е од ѓаолот, а сиромашчијата е од бога. 2856
Пијанството е од чумата полошо. 5821
Пијанството изгубува царство. 8091
Пиле се познава по песната, а човек по думата. 8094
Пиле — пејале, плашчале — плакале. 2857
Пилците во зиме на огон не се греат, а пак не замрзнуаат. 5822
Пилците ни ораат, ни копаат, ами пак се ранат. 5823
Пилците се познаваат по пеењето, а луѓето по зборуањето. 5824
Пилците си ведат пилиња и 'и ранат без да се надеат оти на старос ќе 'и гледаат. 5825
Пипер в очи не му дават, не пари да му даит. 5826
Пиперка, пиперка и пол, сила две, ако сакат да спечалиш пари. 2858
Писано на глава на камен не оди. 8095
Писо мацо, дреме ли попот? 9241
Питај патило — не питај старило. 8097
Питај, па не скитај. 8096
Питачката торба никогаш не е полна. 10432
Пишвешчим вежџи да н' 'и ископаме и очите. 2859
Пишви со умот, а не со калемот. 2860
Пише на ледо — ќе го покрие снего. 8098
Пиши, па после избриши. 5827
Пиши, попе, цела куќа будали љуге. 2861
Пишман зел, пишман не зел. 5828
Плаќај рајо вергија, нешто и за Шефкија. 9242
Планина без криво дрео немат. 2862
Планина без овци не бижџат. 2863
Планина не се крие в торба. 5829
Планина со планина не се стревет, а чвек со чвека ќе се стретит. 2864
Планина сос планина не се сришча, ама човек сос човек се сришчаа. 8099
Планина што е планина, ако не се чува и она се разбољуве. 9243
Плата спроти работата. 2865
Плати, па клати. 9492
Плачи гора за мајстора, а куќа за куќница. 5830
Плачит гора за мајстора. 2866
Плачит за стап. 2867
Плевав газ, п'ни ношви. 8100
Плен се плени, баба си ја реши. 8101
Плет гние — борч не гние. 8102
Плит по плит — плевна. 2868
Плитко е, та чун по плитко не ојт. 2869
Плот гниет, борч не гниет. 5831
Плот гнијат, борџ не гнијат. 2870
Плугот колку појќе орат, толку појќе светит. 2871
Пљуни си в пазва! 2872
По вода отиде, вода не донесе. 10540
По вода отиде, вода не се напи. 2873
По вълна отиде остриган дојде. 2874
По гла гљај, по плешчи мај. 2875
По гладната година идат и бериќетлија. 2876
По грмежот и дожд идат. 2877
По делата се познаваат и луѓето. 9244
По дождо качуљ и по смрќ покајание. 8104
По дождо чуму ти е клашенико. 5832
По дреата нека те дочекаа, а по ак'ло нека те испратат. 8105
По ѓаолот ојт, на бога се молит. 2878
По ебење нема каење. 8107
По жена и по трамвај не се трчат. 2879
По зимата лето, по сънцето дожд. 2880
По летото и зима идат. 2881
По лошото и арно иде. 8106
По мајката ќе ја познајш и ќерката. 2882
По нарачано волкот не јадит. 5833
По небо те барав, по земи те стретив. 2883
По нов пат сос стар пријател. 8108
По орлите и чавките се ранет. 2884
По пет за пара ти ојт. 2885
По пладнина пазар не бива. 8109
По плач — и радос дават Господ. 5834
По свадба тапани не бидува. 10433
По скапија иди евтинија. 5835
По смрт болес. 5836
По смрт покајание не бива. 8110
По смртта каење немат. 2886
По тавмин на Лозмано. 2887
По туѓ грб сто стапа не болат. 9527
По чужди ноѕе иљада стапој не бољат. 9245
По чужџ гъз и сто стапој не болет, а по свој и еден болит. 2888
Поарен е добар глас, одошчо срмен појас. 2889
Поарен си да имаш едно врапче в рака одошто сто да летаат. 5837
Поарио со ноѕете да се слизниш, отколку со јъзикот. 2890
Поарно без вера, одошчо без леб. 2891
Поарно без пари, одошчо без ум. 2892
Поарно без пари, отколку без чест. 10539
Поарно в село на чело отколку вов градо зад ѕидо. 8111
Поарно в село џорбаџија, одошчо в град ќумурџија. 2893
Поарно во свој котар, одошчо во чужџ сарај. 2894
Поарно врешчето да го истресиш, одошчо торбата да је начниш 2895
Поарно гљавет две очи, одошчо едно. 2896
Поарно да даваш одошто да сакаш. 5838
Поарно да имаш десет умни душмани, одошчо еден будала пријатељ. 2897
Поарно да не таксаш, одошчо да не го сториш. 2898
Поарно да опитвет "чија е ова неста", отколку „чија е ова момичка". 2899
Поарно да родеше некоја жена камен ошто родила лош син. 5839
Поарно да самотвиш, отколку да се страмотиш. 2900
Поарно да се ваљаш од умора, отколку од глад. 2901
Поарно да се слизниш со нога одошто со збор. 8601
Поарно да си без пари, отколку без чест. 2902
Поарно да си на овците гла, отколку на гојадата опашка. 2903
Поарно да ти вервам, отколку да одам д' опитам. 2904
Поарно да ти завижџет, одошчо да те жалет. 2905
Поарно да ти излезит едно око, отколку лош збор. 2906
Поарно денеска да ми даиш леб и сол одошто утре леб и шеќер. 5840
Поарно денеска јајце, отколку утре кокошка. 2907
Поарно денеска леб и сољ, одошчо утре печена кокошка. 2908
Поарно драм ум, отколку сто ока сила. 2909
Поарно е да бидиш глаа на мачките одошто опашка на 'рсланите. 5841
Поарно е да вервам на очиве свој, одошчо на чужџи зборој. 2910
Поарно е да даш, отколку да бараш. 2911
Поарно е да имаш итар душманин, а не улав пријател. 9548
Поарно е да се п'знеш, ама лоша дума да не продумаш. 8112
Поарно е да се спречит, одошчо да се лечит 2912
Поарно е да седиш на синоо буниште одошто на зетоо огниште. 5842
Поарно е да ти завидат, отколку да те жалат. 8114
Поарно е да умејш, отколку да имаш. 2913
Поарно е други да те фалет. 2914
Поарно е жена прдлива, отколку зборлива. 8118
Поарно е жив глушец, отколку умрел лав. 8115
Поарно е леб и сол да јадеш, од шчо дома да се караш. 8113
Поарно е на синово, отколку на зетово огнишче. 8117
Поарно е на човек да му испрснат, отколку лош парамон да има. 8116
Поарно е чесна смрт, отколку срамен живот. 8120
Поарно еден пријатељ, отколку еден чивлиг. 2915
Поарно еден умен душман да имаш одошто сто пријатели будали. 5843
Поарно ет да жалаш кај што жалаат ошто да се радуаш. 5844
Поарно ет да имаш име чесно ошто многу стребро. 5845
Поарно ет да се слизниш со нога одошто со збор. 5846
Поарно ет да си веруаш твоите очи одошто туѓи речои. 5847
Поарно ет да ти завидуаат одошто да те жалат. 5848
Поарно ет да умеиш одошто да можиш. 5849
Поарно ет друг да те валит ошто сам. 5850
Поарно и без вечера да легниш, отколку борчлија да станиш. 2916
Поарно и да не зафашчаш, отколку и да не битисаш. 2917
Поарно и киселец, отколку празна торба. 2918
Поарно и на најлош коњ да вјаш, отколку на нозе да ојш. 2919
Поарно и подалеку, да се љубите, одошчо поблизу, да се пизмите. 2920
Поарно и празна торба, одошчо змија в торба. 2921
Поарно и угриз, отколку празни јасли. 2922
Поарно камен, одошчо помал брат да се родит. 2923
Поарно ко мъж да загиниш, отколку ко баба да живејш. 2924
Поарно леб и сол да јадиш одошто дома да се караш. 5851
Поарно не таксуј одошто да не даваш. 5852
Поарно некогаш, отколку никогаш. 2925
Поарно непраина да трпиш, отколку неправо да прајш. 2926
Поарно нешто, одошто ништо. 9246
Поарно нешчо, отколку нишчо. 2927
Поарно нишчо да не знъјш, одошчо шчо-годе да знъјш. 2928
Поарно носи, одошчо проси. 2929
Поарно од пол път да се вратиш, одошчо по лош път да ојш. 2930
Поарно око да ти излезит, одошчо лош збор. 2931
Поарно очите да излезат на чоека ошто лошо име. 5853
Поарно пљагосан, да си одошчо опран. 2932
Поарно празна торба, одошчо ѓаолот в торба. 2933
Поарно пријатељ близу да имаш, одошчо брат далеку. 2934
Поарно роб, отколку в гроб. 8119
Поарно свое гајле отколку чужџа радост да гљаш. 2935
Поарно свое јајце, одошчо чужџа кокошка. 2936
Поарно сешчо да јајш, одошчо сешчо да зборвиш. 2937
Поарно со умен да плачиш одошто со улав да се смеиш. 5854
Поарно со умниот да ораш, отколку со будалата да пијаш. 2938
Поарно со умниот да плачиш, отколку со будалата да пејш. 2939
Поарно старому под брада, одошчо младому под стрја. 2940
Поарно сув леб со мир, отколку печено јагне со кавга. 2941
Поарно твое јајце одошто туѓо коковче. 5855
Поарно три дни петел, отколку сто години кокошка. 2942
Поарно умен душман, одошчо будала пријатељ. 2943
Поарно чесна сиромашија одошто бесчесно богаство. 5856
Поарно чесна смрт, одошчо нечесен жиот. 2944
Поарно човек да посака, отколу да откради. 9561
Поарно чоек да проси ошто да крадит. 5857
Побарај да најдиш. 5858
Побегнала мачката — фатила мишо. 8121
Поблаг да ми дојш. 2945
Поблизу до очите, поблизу до срцето; подалеку од очите, подалеку од срцето. 2946
Поблизу до црквата, подалеку од бога. 2947
Поблизу е вратата од плевната. 2948
Побрго сум бил воденица од тебе. 5859
Побрзо седлото од коњот. 2949
Повеќе слушај, помалку зборувај. 10434
Повели, брате, ручај леб и заби. 5860
Повикал гости и седнал да се пошти. 5861
Поврти ми дете точилово да си наточам секирчево. 5862
Поголем залак касни, поголем збор не речи. 5863
Поголем католик од папана. 2950
Поголем късај късни, поголем збор не прогори. 2951
Под вода — од два бога. 8122
Под волот барат теле. 2952
Под волот теле не се бара. 10541
Под волот теле не се барат. 2953
Под една мишка два карпуза не се носет. 2954
Под кош да је скријаш, гласот да је го слушаш. 2955
Под ќитното крувче секој седит. 2957
Под рогуз водата ти ја пушчат. 2956
Подадена ръчица, спасена душица. 2958
Подари сиромав, дај Богу на заем. 5864
Подарокот сите врати ги отвора. 10430
Подигни кучешки глави, човечќи не диге. 8123
Подобро да имаш нешто ошто да немаш ништо. 5865
Подржи ми го копилево, да се покарам со курвана. 2959
Поевтиното секогаш е поскъпо. 2960
Поеќе давај одошто земај. 5866
Поеќе дни од колбаси. 5867
Поеќе луѓе умираат од прејадуање одошто од гладуање. 5868
Поеќе милуј а работата одошто празнотата. 5869
Поеќе милуј ја правината одошто кривината. 5870
Поеќе слушај одошто да зборуаш. 5871
Поеќе слушај ошто зборуај. 5872
Поздрава појде, поболна дојде. 9549
Поискала шута рогове, та останала и без уши. 8124
Појде теле, се врати вол. 10435
Појди кај болен, покади го и поразгоори го. 5873
Појди кај гладен, најади го; кај жеден — напој го. 5874
Појди кај сиромав, подари го, а кај богат — поразвесели го. 5875
Појке јагнешки кожи имат на пазар. 2961
Појќе верви им на очите, одошчо на устите. 2963
Појќе дни од кълбаси. 2964
Појќе очи, појќе гљавет. 2965
Појќе се удајле в чаша, отколку в море. 2966
Појќе умреле од јадење и пијање, одошчо од глд и жед. 2967
Појќе чинит трошка вистина, отколку планина мамејнца 2968
Појли, куме, од граов! — Арна ми е пастрмава. 2962
Поканал гости со полојна уста. 2969
Поканат како и почестен. 2970
Поканила мечка госје, ат се скрила вов трњето. 8125
Поклони му се на злото како на светото. 2971
Покори му се на ѓаолот, дури да го поминиш мостот. 2972
Покорна глава сабја не ја сече. 10436
Покрај сувото дрво гори и зеленото. 10542
Покрај сувото и сурото. 2973
Покрај суото дрво гори и суровото. 9248
Покрај суото и зеленото гори. 8126
Покрај суото и суроото горит. 5876
Покрај чаша лесно јунак се бижџат. 2974
Покрачун крастајци. 2975
Покри си, Маро, чудото. 2976
Покриен газ муви не го плукаат. 9480
Покриен газ никој не го плукат. 5877
Покриените јъглења појќе горет. 2977
Покриено млеко не го јади песо. 5878
Покриеното млеко мачките не го локаат. 9249
Покриеното млеко мачќите го не клепаа. 8127
Покријан гъз никој не го пљуват. 2978
Покријаното млеко мачки не го локет. 2979
Покров дума не вади. 8128
Полека да далеко, не брзај, оти брзата кучка слепи кучиња раѓа. 5879
Поленка, та сигурно. 8129
Полесно е да спечалиш, одошчо да завардиш. 2980
Полесно ќе се расправиш сос сто будали, отколку сос еден инатчија. 8130
Полесно се управјат едно царство, отколку една жена. 2981
Полесно се чувет овци одшчо пари. 2982
Полето се познава по посевјето, а човеко по думањето. 8131
Полечка оди, а тешко носи. 8132
Полна карта — весела куќа. 5880
Полни очи, празни раце. 10543
Полни очи, празни раци. 9563
Полош е јъзикот од турска сабја. 2983
Полошо од мрза нишчо немат на веков. 2984
Полошо сечит зборот, одошчо ножот. 2985
Помазни ја Еѓупката да те исцрнит. 2986
Помал брат да не се родит. 2987
Помила е стоката од душата. 5881
Помило од чедо нишчо немат. 2988
Помин поминуат како пците на Василица. 5882
Помина зимата не ти треба гуната. 9562
Помина зимата, ебати гуната. 10071
Помина магарето преку мостот. 2989
Помина низ сито и решето. 9250
Поминаа како пците на Василица. 9251
Поминал и сито и решето. 2990
Поминал низ иглени уши. 2991
Поминал низ лозја. 2992
Поминал низ меана и ич не се напил ракија, само ја мириснал. 5883
Поминал низ Чекошчина. 2993
Поминало ко на куче рана. 2994
Поминало ко снегот лански. 2995
Поминуам помин: ѓах така, ѓах така. 5884
Помогни си и Господ да ти помогне, со скрстеи раце ништо не бидува. 9252
Поможи ми да ти поможам. 2996
Поможи ми, стара, да си сплетам кошницава. 5885
Поможи си сам и господ да ти поможит. 2997
Понапре мери со ендезето, после крој и сечи со ножиците. 5886
Понекогаш требит да отстъпиш, за да надвијаш. 2998
Пониско твари, повисоко пеј. 2999
Поп ако лажи еднаш, мирјанинот дваж. 5887
Поп без брада не бидвит. 3000
Поп без попадија не е благодарен од попуачката. 5888
Поп во книга, та не магаре во нива. 3001
Поп да припопуа, ама и троа да прикопуа и да приоруа. 5889
Поп земат, а не дат. 3002
Поп колку да не знаит, пак народот го честит. 5890
Поп музевир бидуат за резил. 5891
Поп на свадба не го прилегат. 5892
Поп пијан — за народот страм. 5905
Поп што гледа за в џеб, не гледа за народ. 5893
Поп што не оди по законо, не го чести народот. 5894
Поп шчо прави — прави и ти, ама шчо вика — не го слуше. 8134
Поп шчо прави, ти не прави, а шчо ти каже, верувај го. 8135
Попара без мас. 9253
Попарен од млеко, дуат и от маштеница. 5895
Попарен петел и од дож бегат. 5896
Попарено куче и од дожд се плашит. 3003
Попари, окупи. 5897
Попо ако е пијан, остануа зето и невестата недовенчани. 5898
Попо ако е пијаница, мирјанино треба да си седи на бочва. 5899
Попо го кладе в џеб. 5900
Попо сеедно треба да блаошаат. 5901
Попо со брада го прилега. 5902
Попо со кола зајак ваќат. 5903
Попо со шапката го прилега. 5904
Попот е ко пчела, одсекаде дома прибервит. 3004
Попот зема, ама не дава. 10544
Попот имат две ръце: една за блосов, друга за земање. 3005
Попски син, ѓаолски мнук. 3006
Попските џепој се глобоки. 3007
Попските џепој се подлабоки. 10545
Попското врешче никогаш не се пълнит. 3008
Попувај, попе, ама и поорувај. 8133
Попцко меше — ѓупцко грне. 5906
Порасти магарчето, му се скуси самарчето. 3009
Поројот истеквит, песокта останвит. 3010
Портата ја смела, а куќата ја затрнила. 5907
Посакај да ти даат. 5908
Поскап астаро од алаџата ќе излезит. 5909
Поскъпото секогаш излегвит поевтино. 3011
Посладок ет инатот од медо. 5910
Посладок и погорчлив од јазик чоечки немат друтго. 5911
Послатки му сет на магарето трњето одошто сеното. 5912
После бајрам и по газо да се намажеш к'на, нема фајда. 8136
После ебење нема каење. 9637
После свадба тапани не поминуваат. 9525
Последниот секогаш најблаго се смејт. 3012
Последното гајле секогаш е најголемо. 10073
Послежен ум не излегуа прав. 5913
Послешен ак'л пари не чини. 8137
Посмртно покајание не бива. 8138
Постам со глата в ношви. 3013
Постаро е селото од попот. 3014
Постаро е утрото од вечерта. 3015
Постои со глата в ношви. 3016
Постој свекре да ти скршам на гъзот една вошка. 3017
Постој, свекре, да ти толкнам вошка на газот. 5914
Потаен жар поеќе горит. 5915
Потен ручег секогаш е поблаг. 3018
Поткади го ѓаволот дури да го поминеш мостот. 10437
Потпезил се шутар на ќупар, куга видел, и он като него. 8140
Потплашен ѕвер трње не гљат. 3019
Потплашила се мачката, скршила прачката. 8139
Потсмеало се гране на полупка. 8141
Потта е бериќет. 3020
Потурченјот полош е и од Турчин. 3021
Поубо од дома нигде немат. 3022
Пофали ме усто, оту ќе те рашчинам. 3023
Пофалил се манго сос празна торба. 8143
Почна да разгазува пат. 9254
Поштуко не му се најде. 5916
Прав како јаже в торба. 5917
Прав како свеќа. 5919
Прав како светец. 5918
Прав како фидан. 5920
Права клетва сајбија тера. 8144
Правда Бога не моли. 10076
Правдата понекогаш спие, но не умира. 9521
Правдината планина поместува. 8145
Прави добро со што можеш. 9255
Прави добро, чеке зло. 8146
Прави добро. да најдеш зло. 9550
Правина планина поместуат. 5921
Правината е планина. 8147
Правината е помачна за да се држит. 5922
Правината ја надможуа кривината. 5923
Правината не се бој ни од владиката. 5924
Правината се танчи, ама не се кинит. 5925
Правината се танчи, и не се кинит. 5926
Правината си е секоаш правина. 5927
Правината со кривината обете се пизмат. 5928
Правио се смеит, кривио се криет. 5929
Право со прстот во лајна. 10438
Правта — полежина. 3024
Празен кош — остар нож. 3025
Празен работај, празен не седи. 3026
Празна бочва многу ѕвечит. 3027
Празна Мара тъпан била. 3028
Празна раница не вардит граница. 3029
Празна раница не чува граница. 8148
Празната бочва оддалеку се познат. 3030
Празната чупка секогаш тропат. 3031
Празни ноќви — гладни гости. 5930
Празникот се познат по вечерното. 3032
Празните јасли се најлоши. 3033
Празно врешче простум не стојт. 3034
Празно ќесе — готва болест. 3035
Праината в темница, а кривината царица. 3036
Праината го крепит веков. 3037
Праината до краина. 3038
Праината е кисела, а кривината блага. 3039
Праината е ко масло над вода. 3040
Праината е ко пипер в очи. 3041
Праината изват очи. 3042
Праината планини кутинат. 3043
Праината појќе светит и од сънцено. 3044
Праината се кночит, ама не се ќинит. 3045
Праината секогаш си е праина. 3046
Прај добро, да најдиш лошо. 10546
Прај шчо ќе праиш, ама мисли и за утре. 8149
Прајв, прајв за тебе, одвај напрајв за мене. 3047
Прајт кули в облаци. 3048
Пранјот знъјт аљ болит. 3049
Прао в чело го погоди. 5931
Прао и оѓине не седат на едно место. 8150
Прасе не се гои спроти Божиќ. 9518
Пратената стрела не се враќа. 10439
Прау, куме, та в очи. 3050
Прашај Евреин, ако сакаш да те излажт и атот да си го загубиш. 5932
Првата бразда старие вол искарува. 8151
Првата вечер се мачката дере. 8152
Првие залаг е најсладок. 8153
Првие марак вода не станува. 8154
Првите чекори се тешки. 3051
Прво го суреди, после го уреди. 8155
Прво есап — после касап. 8156
Прво мери — после крој. 8157
Прво мисли, после прај. 3052
Прво опери ја мечката, после продај јажата. 3053
Прво посеј, после жнеј. 10547
Прво посеј, после жни! 3054
Прво рипни пасле речи оп. 8158
Прво се ти боди сос нож, после други. 8159
Прво скокни, после речи „оп". 3055
Прди ти, куме, мене ме страм. 3056
Пред арслан мустаќ не сучам. 3057
Пред бога сме сите еднакви. 8160
Пред Божик прасето не се рани. 9257
Пред вистината и боговите молчат. 10120
Пред да ја видит реката, си собул гаќите. 5933
Пред да тивнит ветрон е најсилен. 3058
Пред да употребиш сила, употреби ум. 3059
Пред да шијаш, требит да кројш. 3060
Пред зори мрзнит. 3061
Почеток | Назад | Напред | Крај
Пословици 7001 до 8000 од 9803

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org