Македонски пословици и поговорки

Конкорданс | Класификација (на англиски) |

Почеток | Назад |
Пословица Број
Со прдеж јајца не се вапцвет, туку со бакам. 3454
Со прдеж јајца не се вапцвет. 3455
Со прстите очите ќе му и изваеше. 6247
Со пълн мев на задуша не се ојт. 3456
Со пълн мев пости да фалиш, лесно е. 3457
Со работа - со леб, со работа - со чест. 3458
Со работа времето поборгу врвит. 3459
Со рака кој тепат, наполу го јадит ќотекот. 6248
Со ред мели воденица. 6249
Со решето вода ќе му носам на свадбата. 6250
Со свој камен по своја гла. 3460
Со свој камен појќе болит. 3461
Со свој леб на гости, гости не слагаат. 6251
Со свој чвек јади, пи, ама алаш-вереш да немаш. 3462
Со свој чоек јади и пи, ал'швериш не прај. 6252
Со своја ръка за своја душа. 3463
Со сврдел ум не се клат. 3464
Со секаква секаде, со никаква никаде. 9370
Со сила 'рт на лов не одит. 9371
Со сила ајр не бижџат. 3465
Со сила бериќет не бидува. 10466
Со сила в рај не се влегвит. 3466
Со сила нема убавина. 9636
Со сила ни в рај, ни в пекол не се влегвит. 3467
Со сила убаина не бива. 9372
Со сила убајна не бижџат. 3468
Со сиромав не би си шега, оти шегата оит по тебе. 6253
Со скријан кавал ни в планина не се свирит. 3469
Со стисната ръка нишчо не се фашчат. 3470
Со стиснати нозе дете не се раѓа. 10467
Со сув газ риба не се ваќат. 6254
Со сув гъз риба не се јајт. 3471
Со суви гашчи риби не се фашчет. 3472
Со твој камен по твоја гла. 3473
Со твојата пајнца по твоја гла. 3474
Со тебе јади и очите ти вадит. 6255
Со тебе јајт и пијат, зад тебе гробот ти го копат. 3475
Со темјан ѓаолот се трует, а Господ се покадует. 6256
Со топуз чес не се крепит. 6257
Со трн да завртиш, немат шчо да закачиш. 3476
Со Турчин не се садет крастајци. 3477
Со ум и разум пари добиваш, а со права вера во рај влегуаш. 6258
Со умен и камења носи, со будала не прај се другар. 3479
Со умен плачи, со будала не пеј. 3480
Со умо чоек грешаа, со глаата си трга. 6259
Со унија ум не се туриват. 3481
Со уста јади, со ръце не гибај. 3482
Со чоек што има една вреќа брашно поеќе од тебе не заваќај се. 6260
Со чоек што има многу дари не заваќај се. 6261
Со чужџ коњ побргу се ојт. 3483
Со чужџ коњ, помал арџ се прајт. 3484
Со чужџ ташак в ѓердек. 3485
Со чужџа чејнца задуша. 3486
Со чужџи ръце зми фашчат. 3487
Со чужџи ръце лесно се фашчат врено железо. 3488
Со чужџо добро добар да бидиш лесно е. 3489
Со шило гроб му копат. 3490
Со шчо се фалела козата, со него страмела овцата. 3491
Собирано со ѓаол поѓаола ојт. 3492
Собират клинци, за да си купит коњ. 3493
Собират ореј со вила. 3494
Сол на глаата му триеше. 6262
Сољ и пипер ќе јада ама не крада. 9373
Сон е лага, Бог е вистина. 6263
Сон е маѓија, те успиват веднаш. 6264
Сонувала кошошка сос газо скуфалје к'цала. 8327
Сонцето грее за сите. 10468
Сонцето греит и на лепешка. 6265
Сонцето и богатството дури и слепецот го осветуаат. 6266
Сонцето со ат'р не греит. 6267
Сопрво посеј, после пожнеј. 10469
Сос брада се човек не жали. 8328
Сос висока планина и со чорбаџија човек не се нафате. 8329
Сос врзан загар зајаци се не ловат. 8330
Сос глава се рид не бута. 8331
Сос една леставица пролет не дооди. 8332
Сос една пушка два зајака. 8333
Сос јак не бори се, сос богат не мери се. 8334
Сос каков аршин мериш, сос таков и ќе ти мерат. 8335
Сос книги — четири очи. 8336
Сос колај се кучка еби. 8337
Сос лесица се на пазар не оди — ќе ти подвали. 8338
Сос малку масло сладок ручок не бива. 8339
Сос оѓин и барут шега нема. 8340
Сос пари мож да купиш се, башча и маќа не можеш. 8341
Сос пари си като куче сос б'и. 8342
Сос пари убавина се не купува. 8343
Сос питање до Станбол. 8344
Сос празна пушка на лов не оди. 8345
Сос свинсќи опинци в џамија не се влази. 8346
Сос стиснен газ јајце се не снои. 8349
Сос суи гашчи риби се не ловат. 8350
Сос тојага чес не се крепи. 8347
Сос учен до праг, сос мен до век. 8348
Сос чорбаџија човек се не суди. 8351
Сос чужџи загар зајаци се не ловат. 8352
Сос чужџо се не прави арен. 8353
Сос шпирт и слама шега не бива. 8354
Сосила евтинија не бидуа. 6268
Сосила му земаш на чоека, а сосила не пожиш да му даиш. 6269
Сосила убаина не бидуат. 6270
Сплеткал конците како мрзлива жена косите. 6271
Споменало се, не вратило се. 3495
Според јунако и калпако. 8355
Според мечката и стапот. 10554
Според светецо и тропаре. 8356
Спрема главата и капата. 8358
Спрема попо и темјане. 8359
Спростри се колку шчо ти е чергата. 8360
Спроти агата и бакшижот. 3496
Спроти атот и пътот. 3497
Спроти бегот и кафето. 3498
Спроти бијолот и остенот. 3499
Спроти Божик прасе не се гојт. 3500
Спроти вратот и јаремот. 3501
Спроти жилата, и крвта. 6272
Спроти зобничето и тварчето. 3502
Спроти јунакот, и коњот. 6273
Спроти коњот и јунакот. 3504
Спроти лицето и ризата 3505
Спроти мечката и тојагата. 8361
Спроти мечката, и стапот. 6274
Спроти плешчите и самарот. 3506
Спроти самарот и зобницата. 3507
Спроти светецот и клепалото 3508
Спроти светецот, и свеќата. 6275
Спроти умот и знъењето. 3509
Спушти раце — дигни глава. 8362
Срамно посакај си, слатко изеди си. 10470
Срамота е да лижиш кај што си плукнал. 9374
Срамота, срамота, ама арна работа. 9375
Среќа во срцето - ведрина на лицето. 10471
Срмен ремен на гол корем. 8365
Срце јуначко не трпит. 3510
Срце по срце ојт. 3511
Срцево катран ми го стори. 6276
Срцево ми го изеде. 6277
Срцево ми го распара од твојте лоши зборои. 6278
Срцево ми премре за јадење. 6279
Срцето е појако и од камен и помеко од памбук. 3512
Срцето не е од железо, туку од месо. 3513
Срча 'ргосана и жена стара немат. 3514
Стадо без мрша не бижџат. 3515
Стадо без овчар, на вълци дар. 3516
Стадото никогаш не тргнува против својот овчар. 10082
Станала ќерката, се наместила сната. 3517
Стани свекру, да седне снаа ти. 10472
Стани ти да седни брат ми. 6280
Стани ти, да седнам јас. 6281
Стани — падни и за рало се фани, та не бој се од глад. 8367
Стани, куме, да ми седне жената. 8366
Стани, свет владико, да седнам јас оти сум попо. 6282
Стани, света владико, да седни мојо нунко. 6283
Стани, света владико, да седни татко. 6284
Станите умрени да влезиме живи. 3518
Стапо има два краја. 8368
Стапот има два краја. 6285
Стапот од рај излегол. 3520
Стар вълк зъби не менвит. 3521
Стар кон раван не се учи. 8372
Стар пес сус не се учит. 3523
Стар пријател душман не бидуат. 6286
Стар човак не е за гурбет. 8380
Стар човек е катанец на кашчата. 8378
Стар човек е като дете: шчо види, се иска. 8379
Стар човек за никаде не е. 8377
Стар чоек да честиш, Бога го честиш. 6287
Стар чоек со стапче се потпират, а младио со стапчето кутур капа си игра. 6288
Стара шчица боја не фашчат. 3524
Стари кости — младо месо не се носи. 8371
Стари се, што рекле, не грешиле. 6289
Старие вол дека тргне, там младие не може. 8369
Старие човек не го буте, он сам ќе си падне. 8370
Старио се прегрбаил одошто многу работил. 6290
Старите волови дури не тргнат - јунчињата не можат да ја ораат меѓата. 9377
Старите кажвет шчо напрајле, а младите шчо ке напрајет. 3525
Старите му се чудат на младите оти си летаат со умоите. 6291
Старите што работа да сработат, младите непара ја бендисуаат. 6292
Старјот вол поарно орат. 3526
Старјот другар поарен е од двајца нови. 3527
Старјот пен посилно горит. 3528
Старјот пријатељ поарен е од двајца нови. 3529
Старо ако крпиш, конци арчиш. 8373
Старо бунишче појќе горит. 3530
Старо дрео не се пресадвит. 3531
Старо за прилика — младо за убавина. 8374
Старо куче ко да лајт, требит да видиш шчо е. 3532
Старо куче стадо вардит. 3533
Старо љуби дните губи, старо крпи конци губи. 3534
Старо љуби, ден си губи. 6293
Старо магаре не се учи раван. 9551
Старо фали - младо фани. 9378
Старос - грдос. 9379
Старост нерадост. 3535
Старост чесна не е многу лесна. 3536
Староста е на триста турлии. 8375
Староста не ет радосна како младоста. 6295
Старото буниште поеќе чури. 6296
Старото вардит ново. 3537
Стегни од зъбот, фрли на гъзот. 3538
Стегни од работата, покри ја страмотата. 3539
Стемни се, раздени се, легни пукни, то ти бил веков. 3540
Стемни се, раздени се: ела, мајсторе, плати ми ѓуделаците. 6297
Стипцар човек влакното цапи. 8381
Стис со глава не се турка. 9574
Сто години — девеесет грошој. 3541
Сто драм късмед, сто ока таксират. 3542
Сто пари петел — триста пари крчма. 8383
Сто пари петел, пет грошој крчма. 3543
Сто побарај, една зеј. 3544
Сто стапа по туѓ газ ич не болат. 3545
Сто стапои по туѓ газ тебе не те болат. 6298
Стовната еднаш се троши. 8382
Стоит како некое дрво. 6299
Стоит како некој дирек. 6300
Стоит како некој поп пред владика. 6301
Стојаноа мајка црно носила, а бежаноа не. 3546
Стојт на зборот ко вода в речина. 3547
Стоката алал не гинит и ако заѓинит, пак ќе се најт. 3548
Стоката арна сама зборуа и се продаа. 6302
Стомна шчо ојт многу пъти на вода бргу се кршит. 3549
Стомнана многу пъти ојт на вода, ама еднош се кршит. 3550
Сторената добрина бргу се заборат. 3551
Сторената добрина никогаш не се заборат. 3552
Стори арно, фрли го в море. 3553
Стори го доброто и врли го во морето. 6303
Стори добро, да си је најш бељата. 3554
Стори добро, најди лошо. 3555
Стори добро, фрли го зад себе, ќе го најш пред себе. 3556
Стори се овца, секој ќе те стрижит. 3557
Стори тоа што другаш не сторил. 6304
Стото сто и тоар борина. 6305
Страв вардит лозје. 3558
Страв лозје брани. 9575
Страв лозје чуват. 3559
Страдна мајка за ќељав син. 3561
Страдна мајка за слепаго сина. 3560
Страм куќа не крепит. 3562
Страм со сапун не се мијат. 3563
Страмно посакај си — слатко изеј си. 6307
Страмот го личит чвека ко цвеќено градината. 3564
Страмотата седит во безработата. 6308
Страо ја чува градината. 8385
Страчка чавка, караше: кај си било денеска? 6309
Страчкини јајца и голаб да 'и квачит, пак страчки ќе излезет. 3565
Страшлив базриѓан ни печалит, ни зијанит. 3566
Стребреното седло не го прајт атот поарен. 3567
Стребреното седло не го прајт јунакот поарен. 3568
Стред поле ѕунѕуле. 3569
Студ от в гъз му влегол. 3570
Стъпаљка по стъпаљка дури Стамбол се ојт. 3571
Стъпаљка по стъпаљка преку планина се префрљат. 3572
Суа жаба не крека. 8387
Сува пола риба не јајт. 3573
Сува река бргу претекува. 10553
Суви гъзој јадет пиперки, а водени риби и ракој. 3574
Суво дрео лист не пушчат. 3575
Суво орај, суво сеј. 3576
Сугаре јагне век немат. 9382
Суди ме, после губи ме. 6310
Судијата кротко дума, ама пари зима. 8388
Суднико кога суди по правина, и Господ се радуат. 6311
Судо ет од Бога остаен за да одат луѓето по правото. 6312
Судо од Бога е остаен. 6313
Сурите волои и калешите овци мошне се мили. 6314
Сух газ риби не јаде. 8389
Суша леб питат. 3577
Суша скапија не праит, ама тешко кој ќе го најдит. 6315
Съде татко и мајка не се купвет. 3578
Съде тој да знъјт и цело село. 3579
Сънцено и в але грејт, ама не смрдит. 3580
Сънцено и в кал грејт, ама не се ваљкат. 3581
Сънцено со ръка не се засенвит. 3582
Съта прежџа — кълчишча. 3583
Та балд'за рода ле е и магаре стока ле е. 8391
Таа кобила рита шчо се зобе а не вјаа. 8390
Таа олџица не е за твојата уста. 3584
Таја дупка за тој кол. 3585
Таја шо не седит мадро носит модро. 8600
Така баба знъјт, така си бајт. 3586
Така знае баба така бае. 9383
Така знаи дедо, така плаши деца. 6316
Така знај дедо, така го мака медо. 6317
Така знъјт Петко, така плашит деца. 3587
Така му било писано и наречено од наречниците. 6318
Така се скројло, така ќе се ишчинит. 3588
Такво бачило таква маст вади. 9385
Тако ти Бога, не прај џева. 6319
Таков му бил к'сметот на сиромајот. 6320
Там дека требе мотика, не требе молитва. 8392
Таман го научив магарето да не јајт, то цојса. 3589
Таман сиромајот се вати на танец, се скина тапанот. 6321
Тапани да буаат и не се разбудуат пијаниот. 6322
Тапано сткраја да го слушаш, поарен лезет имат. 6323
Тате на мама, мама на тате — детето без капа. 8393
Тате на мама, мама на тате, децата гладни. 3590
Тате, пате, скри се в јасли да бараш аспри. 3591
Тате, пате, скри се в јасли, идет Турци ќуљумарци. 3592
Татка си си го барат во торбата што посига. 6324
Татко и мајка колај не се наоѓат. 6325
Татко купи патка, та шчо беше слатка, та шчо пати дур је плати. 3593
Татко огнишче — топло пепелишче. 3594
Таткото и мајката берат гајле за децата, затоа брго ќе остарат. 6326
Таткото и мајката голема надеж имаат од челадта. 6327
Таткото и мајката курбан се чинат за челадта. 6328
Таткото и мајката многу грешки му проштаваат на челадта. 6329
Таткото кога ќе му делит стоката на децата, не треба на едно да дават со грс и на друго со прс. 6330
Тафра опина — партал го сопина. 8394
Тварот е лесен на чужџи плешчи. 3595
Твоја Бога твоја душа. 9386
Твојата реч во Божји уши. 9387
Те боцкет паричките. 3596
Те канет, јади, те мавет, бегај. 3597
Те љубам, та ти кажвам. 3598
Те ранит за д' ослепиш. 3599
Те сака тебе ама повеќе се сака самиот. 9388
Те сакат ко снег в пазва. 3600
Те спетлале како мечка во синџири. 9389
Те фати зазъбица. 3601
Те фатил такциратот. 9390
Тежок е чуџјот леб. 3602
Теле појде, вол дојде. 10473
Теле се роди, вол ќе умреш. 8395
Тенко ле е влакното ќе се преќине. 8396
Тепај газенце, да не тепаш газиште. 10474
Тепаш ле, ќе те тепаа. 8397
Тепе го детето додека не строши стовната. 8398
Тепе го детето пред да иде на вода. 8399
Терај го - клоцат, води го - буцат. 9391
Терај, кону, до зелена трева. 8400
Терал лисица, истерал вълк. 3603
Терат ветар со капата. 3604
Тере го арното и по земја и по небо. 8401
Терзијата со закрпени бечви ојт. 3605
Тесно, ама не е бесно. 3606
Тесно, ама чесно. 3607
Тешка рана оздравуа, ама тешка реч не се забораа. 9392
Тешко вълкот по кого не лает кучиња. 3608
Тешко е без без болес да си болен. 8402
Тешко е Бисерко да се викаш, та за постранко е сосем лесно. 3609
Тешко е да носиш ѕвонец. 3610
Тешко е да се потиш под сенка. 8403
Тешко им на нозете пуд луда глава. 10475
Тешко мене ко ме жалет, блазе си ми ко ми завижџет. 3611
Тешко мене кога немам кој да ме перит. 3612
Тешко на болниот дури да му излезит душата. 3613
Тешко на нозете под ула гла. 3614
Тешко на нозете под улава глава. 8404
Тешко на умниот меѓу будалите. 3615
Тешко ти ако си немаш. 8405
Ти го клати, а оно се блати. 8406
Ти го крстиш — оно прди. 8407
Ти го кршчаш, а тој прдит. 3616
Ти го пљуваш, а тој мислит од господа росица. 3617
Ти дуј, јас чукај и ете се стори работата. 9394
Ти зборвам, ќерко, дошикај се снао. 3618
Ти зборувам ќерко, сети се снао. 10075
Ти је велиш косено, та стрижено. 3619
Ти клат маслинка в уста, а на гъзот кожа да му ја напълниш со масло. 3620
Ти ќе свириш. 3630
Ти мене, а тебе господ. 3621
Ти мене, јас тебе. 3622
Ти мирисат гъзот земјојна. 3623
Ти му даваш леб, он ти иска мед. 8408
Ти му думе, он нагоре гледа. 8409
Ти му речеш да прдне, оно се посере. 8410
Ти одбесвам торба, ти обесвам дисаѕи. 3624
Ти отиде, попе, кобилата за тој пусти седми глас. 3625
Ти реков, ми рече. 3626
Ти се смејш, а мене срцево ми горит. 3627
Ти си видел едно, а јас сто и едно. 3628
Ти теквит на страњето. 3629
Ти тупаш тапане, друг собира брашното. 8411
Тивка вода брег рони. 9511
Тивка вода брегој ронит. 3631
Тивка река брег рони. 8615
Тивката вода поглобоко копат. 3632
Тивкиот дожд појќе наквасвит. 3633
Тие в село не го прибирет, а тој опитвит за куќата од попот. 3634
Титиз татко, арамја син. 3635
Титизот и кога умират не прајт арно. 3636
То бачило таква мас дат. 3637
То е страшно и без страшило. 3638
То пак то — Доданиното. 3639
То се викат мајстор, од арамја д' украдиш. 3640
Тоа бачило таква маст вади. 9396
Тоа шчо немат и царот не јајт. 9398
Тоде, Тоде што тж боде? 9399
Тој колит, тој бесит. 3641
Тој му е коска в грло. 3642
Тој му е трн в око. 3643
Тој палит, тој гаснит. 3644
Тој што раѓа и што се раѓа и умира. 9400
Тој што фали, не пали! 9401
Тој шчо велит — иљјада греој, тој шчо зел — еден грев. 3645
Тојага мечка се плаши. 8413
Толе, воле турни бука. 9402
Толку делил тој сполај му. 9403
Толку носит манастирот. 3647
Топли рутишча во топла ода — болест. 3648
торбата му е пуна. 9997
Трага не праат: пилците, змиите и гемиите. 6331
Трагата на ѓаолот никој не можит да му ја видит, и пак мнозина по неа одат. 6332
Трај, душо, за да најдиш рај. 6333
Трај, душо, за месо до Велигден. 6334
Трај, душо, црни кожо. 3649
Трај, коњу, до зелена трева. 6335
Трајал во мајка си девет месеци, да неќит да траит девет саати. 6336
Тргаа ли во злото, ете го пред тебе дошло. 6337
Тргај не ќини. 3650
Тргај, глао, да тргаме, за да ни дојт умов. 3651
Тргај, старче, орото да се збери селото. 6338
Тргај, тргај, во пазарот, ама гледај, не кини. 6339
Тргала гла мъка, имала и зошчо. 3652
Тргет нозете од глата. 3653
Тргнало море в река да се дави. 9404
Тргни го — на нос, турни го — на гъз. 3654
Треба да гледаш и ќебапо да не изгори и режено да не прегори. 8414
Требе да го г'тнеш горчивото, та после благото. 8415
Требе и на газо очи да имаш. 8416
Требит да знъјш, та да запејш. 3655
Трендафило има трнчета, а човеко гајлета. 8417
Трендафилот имат трнчиња и чоекот имат гајлиња. 6340
Трендафилот не се раѓа од коприва. 10476
Треси пола и пазва. 3656
Тресна волот се расипа сапрагот. 3657
Тресна волот, се отпрегна плугот. 3658
Трета вода — киселина. 3659
Три ајдути, девет капидани. 3660
Три гроша петел, пет гроша црква. 8418
Три дни пред умирачката. 3661
Три нешта се невозможни: до небото скала не се праи, на морето поклопка не се клава и на смртта нема 6341
Три Циганќи цало село. 8421
Тринг пара, тринг чаша. 3662
Трипати мери, еднаш сечи. 8419
Триста ак'ла ни за една пара не вредат. 8420
Триста алој си имам над глава. 3663
Триста галој со еден камен се растурвет 3664
Трите за в една вечер. 3665
Трла без кожа не бива — да не е се кожи. 8422
Трло без кучиња. 9405
Трн во здрава нога не клавај си. 10477
Трн вов пазви тура ле се? 8423
Трн грозје не раѓа. 6342
Трн да те боцни, ама лош чоек да не те закачит. 6343
Трн ми е во очиве. 3666
Трн му под опашка. 6344
Трње се не вршат. 8424
Трњето и да не и сеиш, ќе никнат, а пченица сака мака. 6345
Тројца без душа, еден без гла. 3667
Тројца на душа, еден за гуша. 3668
Трпеж му е мајката. 3669
Трпение - спасение. 9407
Трпението од муренков лист прајт коприна. 3671
Трпи баба за да бидит убаа. 6347
Трпи го лошото да не дојт ушче полошо. 3672
Трпи, бабо, за убост. 3673
Трпи, душо, ако искаш да јадеш круши. 8425
Трпи, душо, црни, кожо. 3674
Трпило имат, видело немат. 3675
Трпит сиромајот и постит, оти немат што да јадит. 6348
Трскана се виткат спроти ветрот. 3676
Трудна жена — вреќа подврзана: никој не знаит што има во неа. 6349
Трудот е имање. 3677
Трудот никого никогаш не пострамотил. 3678
Трча како прле пред магаре. 9524
Трчат ко коњ по зоб. 3679
Трчат ко по на браот. 3680
Трчи, ори, клечи, жниј. 8427
Тршнало се грнето, нашло си капако. 8428
Туѓа пченица за задуша дават. 6350
Туѓа пченица не раздавај за задуша. 6351
Туѓа пченица полесно за задуша се дават. 6352
Туѓата кокошка е поголема од нашата мисирка. 6353
Туѓата кокошка поголеми јајца снесла. 6354
Туѓина вали — сам не оди. 6355
Туѓина којшто оди, не треба да се боит. 6356
Туѓината е за сиромав бел образ. 6357
Туѓината непара Бугарино ја милуат. 6358
Туѓото е послатко. 9408
Тука беше му пукнала земјата, тука беше умрел. 6359
Тука е бељата, во торбата. 3681
Тука папај, тука какај. 3682
Туку 'ржит како некој пес во кочин. 6370
Туку вреви како некоја празна воденица. 6360
Туку го врти газот ергенон како некој калајџија. 6361
Туку го гризи како црво дрвото. 6362
Туку жржат како некој коњ за зоб. 6363
Туку ја мавта песот опашката, дури да ја граби дробенката. 6364
Туку клапа како бесен пес по сокаци. 6365
Туку клапа како волк во магла. 6366
Туку клапа чапк'нот како волк во сечко. 6367
Туку липа како магаре за зоб. 6368
Туку рекоа за некој пес оти је бесен, ќе го отепаат, ако и да не ет бесен. 6369
Туку се виткат како црв во дрво. 6371
Туку се дуе како некој мисир. 6372
Туку се миткат зетот нов покрај невестата како лисицата покрај кокошката. 6373
Туку се миткат како некоја лисица. 6374
Туку си лајт, ама кој го слуша. 6375
Туља по туља — куќа. 3683
Тупа, лупа за три дни, оф и леле за си дни. 3684
Турска банда, руска куманда, бугарски ашчер. 3685
Турска р'ж девет години р'ти. 8429
Турска стока — пуста стока. 3686
Турската пријатељшчина на колено стојт. 3687
Турски ферман за три дни. 3688
Турчин вера нема. 8430
Турчин е само за да расипит. 3689
Турчин побратим и калуѓер девер не се фашчет. 3690
Турчин побратим и калуѓер девер не фате. 8431
Турчин пријатељ не бижџат. 3691
Турчин пријатељ, син пасинок и жена вера немет. 3692
Тутун ситос не држит. 6376
Тъпан бијат во Калишча, оро играт во Вранишча. 3693
У богатие да се наработиш, у сиромао да се најадеш. 8443
У Бугарин инат, у Грк салтанат, а у Френг марифет. 6401
У грнчара ново грне и у Циганин матеница. 8444
У грнчара ново грне не сакај. 9409
У грнчара ново грне не тере. 8445
У гънчара грне немат. 3701
У гънчара ново грне не барај. 3702
У Еѓуптин домаќинл'к не барај. 6402
У Еѓуптин кисело млеко не барај. 6403
У зетот т'пан бијат, у невестата абер немат. 9410
У јунака тъпан бијат, у момичка абер немат. 3703
У квача црни ръце, ама бела погача. 3704
У кого е власта, у него е и силата. 3705
У кого има раѓачка, ќе имат и умирачка. 6404
У кумот без уем, од кумот два уема. 3706
У мнозина ум, у малцина разум. 8451
У момичка тъпан бијат, у јунака абер немат. 3707
У момчето тапан чука, у момата абер нема. 8453
У ораче црни раце, ама бела погача. 8464
У река бунар не се копа. 10483
У секого има лутина, ама блазе на тој што ја заузда. 6405
У секого има мисла, ама блазе си му кој си ја има чиста. 6406
У секого има по нешто аресно и свесно. 6407
У секого има по нешто арно и по нешто лошо. 6408
У секого имат по троа чес. 6409
У секого се наоѓа по една пара ум. 6410
У секој домаќин се наоѓат по едно парче леб. 6411
У сиромав мрзлив не барај пари, во место пари тој си има вошки. 6412
У сиромајот деца, у богатјот златни колца. 3708
У сиромао и јадење и пиење, у богатие муабет. 8467
У Солуна грош сомуна, ама до Солуна колку сомуна? 8468
У туѓега татка, поголема патка. 8590
У туѓо грне сол не турај. 9412
Уба мас во кучешко меше турена. 3710
Убаа мома род немат. 3711
Убаа момичка сама се мъжит. 3712
Убаата жена е угодна на очите, а умната на срцето. 6414
Убав збор и царски врати отвора. 10484
Убава жена - беља в куќи. 10485
Убава жена — бела и кашча. 8437
Убава мома рода нема. 8438
Убавата мома сама се мажи. 10486
Убавата стока сама се продава. 10487
Убавина за година. 9413
Убавина кашча не врти. 8439
Убавина куќа не крепи. 10488
Убавина леб не дават. 6415
Убавина с пари не се купува. 8440
Убавиот збор е златно јаболко. 10489
Убавото само се фали. 8441
Убавото убаво се плашча. 8442
Убаина куќа не крепит. 6416
Убаина не се јади, само со очи се гледа. 6417
Убаите жени непара сет работни. 6418
Убајна куќа не крепит. 9414
Убајната до година црна чума довека. 3713
Убајот коњ и на јасли се продат. 3714
Убао и кротко дете секој сакат да го земи в раце. 6419
Убата работа веднош не се прајт. 3715
Убата работа пополека се прајт. 3716
Убата стока сама се продат. 3717
Убо е грозјено, ама ушче нездрело, рекла лисицата не моела да го досегнит. 3718
Угоре високо, удолу глобоко. 3719
Удрен зер ет в глаа, што толку вика. 6421
Удри јајца на масло: туѓо јадиш, туѓо пиеш. 6422
Удри ме со капата. 3720
Удри по очи, по глаа — на жена не бидуа, оти и таа има душа. 6423
Удри по самарот да је текнит на кобилата. 3721
Удри по самарот да му текнит на магарето. 3722
Удри си ја глаата, ако сакаш од најголемио камен, и пак фајде немаш. 6424
Удри умно, се прајт поумно; удри уло, се прајт ушче поуло. 3723
Удри, кутра, гребено: утре ми е денчокот. 6425
Уживаш како бубрег во лој. 10490
Ука крај нема. 8446
Укит време прс пред око не се видит. 6426
Улав пред кадија не излегуат. 6427
Улава глава од ѕид се чука. 8447
Улавите не са по гората. 8448
Улавите рогове немаа, сами си и кажуваа. 8449
Улаиот бегат од пијаниот. 6428
Улаите со рогој не сет, да и тие како сите луѓе. 6429
Улај деле, умни јале. 3724
Улао учи да бидит поулао. 6430
Ум и разум со пари не се купвет. 3725
Ум и разум туку да има чоек, и пари ќе имат. 6431
Ум имам, пари немам; пари имам, ум немам. 6432
Ум се с пари не купува, туку с мака по наука. 8462
Ум со пари не се купвит. 3727
Ум со пари не се купуат, ами со мака по наука. 6433
Ум со унија не се туриват. 3728
Ум треба и мотика, а не молитва. 9415
Ум царвит, ум гладзит. 3729
Ум царува, ум робува ум гуски чува. 9416
Ум царува, ум робува, ум патќи пасе. 8463
Ум царуве ум робуве. 9417
Умела од кумела не му излегуа. 6434
Умен биди, да ако немаш многу пари. 6435
Умен колку за триста палај. 3731
Умен човек не зборува без поговорки 10525
Умен човек не зборува без поговорки. 10524
Умират инатчијата, ама назад не се враќат. 6436
Умират инатчијата, ама не се поклонуат. 6437
Умирачка — бел образ. 3732
Умирачка — куртулачка од секоја мака. 6438
Умирачката да е жива. 3733
Умирачката и грбата је исправјат. 3734
Умирачката исправјат се. 3735
Умирачката урнек немат. 6439
Умиштата разно разни. 9418
Умна була в празна кула нема шчо да прави. 8450
Умната домакинка е поскъпа од елмаз. 3736
Умнио учи да бидит поумно. 6440
Умнио чоек ако пие вино и ракија, ама умо не си го пиет. 6441
Умнио чоек во лутината се познаат. 6442
Умниот е јунак, а не силниот. 3737
Умниот и во сонот си го изват лебот. 3738
Умниот пополека ојт, ама поборгу ќе фтасат. 3739
Умниот пополека ојт, ама подалеку ќе фтасат. 3740
Умно оди, не бој се од води. 8452
Умо не е расол. 8454
Умот во глаата стоит, а не во капата. 6443
Умот гљат, а не очите. 3741
Умот е во главата, а не во капата. 10491
Умот е пари. 3742
Умот му е по страчкини седела. 3743
Умот не се пришивјат за кожа. 3744
Умот прајт, глата тргат. 3745
Умот царвит, а снъгата аргатвит. 3746
Умре воло, се отпрегна плуго. 6444
Умре Еѓупката што ја валеше невестата. 6445
Умре Еѓупката што те фалеше. 10492
Умре Еѓупката шчо те фалеше. 3747
Умре јатрвата, се рашири золвата. 6446
Умре Косто Биљан, умре Струга. 3748
Умре ле етрвата, ќе се прошири золвата. 8455
Умре ле јагнето, овцата се зам'зуза веднага. 8456
Умре ми свекрвата — прошири ми се като. 8459
Умре од болештина. 6447
Умре свекрвата, се раширија катиштата. 6448
Умре старио, падна од куќата дирекот. 6449
Умре Циганката шчо те фалеше. 8461
Умреж куќа не рани. 6450
Умрел и си отишол на тој век. 6451
Умрел кон не рита. 8457
Умрел човек пријател нема. 8458
Умрен не прдит. 3749
Умрен чоек пријател немат. 6452
Умрена уста не зборвит. 3750
Умрените од никого страв немаат. 6453
Умрено магаре од в'к не се плаши. 8460
Умри, да ако сакаш да те жалам; оти дури си жив, ќе те карам. 6454
Урда јади — душа вади. 8465
Урда кур не пробира. 8466
Уста да имаш, јазик да немаш. 8469
Уста е на зглобаве. 8470
Уста зборвит, аљ' гъз прдит? 3751
Уста имат, јъзик немат. 3752
Уста имат, уста немат. 3753
Уста краси, уста гнаси. 8471
Уста му зборвала, носон му слушал. 3754
Уста му зборвала, шапка му слушала. 3755
Уста пејт, срце не пејт. 3756
Уста шчо посере, рака не опере. 8472
Устава е за да ме фалит. 3757
Устава зошчо ми е, ако не за да ме фалит. 3758
Устава ми пејт, срцево не. 3759
Устата е водејнца, и без вода. 3760
Устата е да зборвит, а ръцете се да работет. 3761
Устата ја отворил како некоја чапја. 6456
Устата праит, устата расипуат 9419
Устата праит, устата расипуат. 6457
Устите од алкот не се враќе да 'и закључиш. 3762
Устите од алкот не се врешче да 'и затвориш. 3763
Ут буф сокол излеве, и от сокол буф. 9420
Утреш куќа не крепит. 9421
Утрешната работа денес заврши ја. 10493
Утрото е поумно од вечерта. 3764
Учен мајмун неќит камџик. 3765
Учен мајмун стап несакат. 3766
Учењето е четири очи. 6458
Учи в'ка не учи, па козите през ридо. 8474
Учи прле магаре. 10494
Учи се да чекаш. 3767
Учи се на арно, лошото ни на ум да не ти идат. 3768
Учи се од мал, за кога ќе остареиш, да не ти бидит жал. 6459
Учи се од мал, та куга пораснеш да не ти е жал. 8475
Учи, учи, глава бучи. 8477
Учи, учи, тиква бучи. 3769
Учини зло, надај се. 8473
Учител на село и свиња в стопанство. 8476
Уште една беља не помина, втасала друла. 6460
Уште еднаш ако бидам зет, знам јас како да гувеам. 6461
Уште на коњ не се вкачил, си замавтал нозете. 6462
Уште не вјанал, фати да си маат ноѕете. 9423
Уште не копнале нов бунар, го поганат стариот. 8571
Уште Петко нероден, капа му скроиле. 10495
Уште си оди со од нункото кошулата. 6463
Уште си оди со тој ум. 6464
Ушче вълкот невиден, викат по кучињата. 3770
Ушче зъјакот нефатен изделкал ръжен. 3771
Ушче крајот и стредето. 3773
Ушче невидена реката, 'и слекол гашчите. 3774
Ушче ова не било. 3775
Ушче Петко нероден капа му скроиле. 3776
Ушче рибата во вода, је клал тавата на оган. 3777
Ушче Тотот со шапката беше ексик. 3778
Ф празна племна глуфци не влегват. 9424
Фалба е р'ѓа. 8478
Фалени јъготки, празни кошници. 3779
Фали арното — куди лошото. 8479
Фали го, куди го, па си е това шчо си знае. 8480
Фали ме усто да не те раскинам. 9425
Фали ме, усто, ќе те раскинам. 10496
Фали ме, усто, оти ќе те посера. 8481
Фали се на друго место, а тука земи. 8482
Фалил се не фалил, па си си тове. 8483
Фаљбата е краста. 3781
Фанала се е капина за дупина. 8484
Фанала се попадија да преде па и се испришчили рацете. 8485
Фатете си магарињата, јас моето ќе го кола. 8486
Фати го еднјот за ноѕе, удри го другјот по гла. 3782
Фати го слепијот, извади мо очите. 9426
Фати грошот золата. 3783
Фати да је мрдат опашкана. 3784
Фати ле се на орото, ќе играш. 8487
Фати се за даб, а не за трн. 10497
Фати се за дъб, а не за трн. 3785
Фатил јъгула за опашка. 3786
Ферман в орман не се пејт. 3787
Фета шчица боја не фашчат. 3788
Фетено — дадено. 3789
Фетено — сторено. 3790
Фетеното е борџ. 3791
Фето крпи, конци губи, старо љуби време губи. 3792
Фитнеџијата е по лош и од катил. 3793
Форли цорвче, фати рипче. 10498
Фрли глиста, фати јагула. 10499
Фрли глиста, фати ргуља. 3794
Фрли го в море, ќе излезит со овци. 3795
Фрли го на бунишче, ке го најш на огнишче. 3796
Фрли зад себе, да најш пред себе. 3797
Фрли зад тебе, ќе најдеш пред себе. 8488
Фрли наза за да најдиш напре. 9428
Фрли рипче да фатиш крапче. 8662
Фрлил сирењето — собрал урдата. 8489
Фурка без рачка е като куче без опашка. 8490
Фурка срце ако не а држи, појас ич. 8491
Фустане не ти е кус, ак'ло ти е кус. 9429
Храбар јунак дома не умира. 8492
Христос воскресна од мртвите за да и оживит умрените и да пострами Евреите. 6465
Христос ќе дојдит со ангелите и со светците за да судит живите и умрените. 6467
Христос се роди за да не спасит. 6466
Цар, крал, књаз, богат, сиромав, сите ќе умриме и вземи ќе влезиме. 6468
Царвит ко зима на мраз. 3798
Царот далеку - Господ високу. 9430
Царска уста мед и масло. 8493
Царската ръка дълга е, далеку досегвит. 3800
Царската уста — мед и млеко. 6469
Царската уста — остра сабја. 6470
Цару царево, попу попово. 10500
Цвеќе во градина секој го милуат. 6471
Цвеќето го кинат и киски го праат. 6472
Цвеќето расти за чоекот да го веселит. 6473
Цвеќето се берит дури е росно, а моме се љубит дури е младо. 3801
Цвеќето се берит дури е росно. 3802
Цвеќињата сет мили дури се развиени. 6474
Цел да му се преставиш на невернико, и пак не те веруат. 6475
Цел легни, цел стани, цел стави не крени. 3803
Цел стави, не крени. 3804
Целивање — паметвање. 6476
Цело јајце в зелник. 6477
Целото море се сторило маштеница, за нас не се најде лајца, за да сркниме. 6478
Циганска ритканица двојно боли. 8494
Циц, козице, на планина, прдни Марту на брадина. 3805
Цојсаво магаре од вълк не се плашит. 3806
Цојсан коњ не клоцат. 3807
Цојсано магаре не прдит. 3808
Црвен како крв. 6479
Црвен како крмуз. 6480
Црвен како приш. 6481
Црвен како прч. 6482
Црвен како ружица. 6483
Црвен како тетоско јаболко. 6484
Црвен како трендафил. 6485
Црвена аспра не загинуат. 6486
Црвена-бела девојка секој ерген ја сакат. 6487
Црвени-бели образи девојчински и лажат очите ергенски. 6488
Црвените јабаќи црвливи излазат. 8495
Црвеното јаболко секогаш е гнило. 3809
Црви ќе зоврие под себе мрзливата жена. 6489
Црвје имат детето во газот, што неќи да си седни на него. 6490
Црвјето во земјата живеат, а не луѓето да не живеат. 6491
Црвосаната круша сама падинат. 3810
Цревата за чоека се скаруаат, а не чоек со чоека. 6492
Цревата кркаат како жаба моклишка. 9431
Цреп шутара прекаруа. 6493
Црква си напрајл. 3811
Црквата миет душата, а бањата снагата. 6494
Црн како котел. 6495
Црн како некоја гламна. 6496
Црн образ, ама пълна торба. 3812
Црн пипер на бел ориз се золит. 3813
Црна бијолица бело млеко дат. 3814
Црна земја крај нема. 8497
Црна земја — алт'н покров. 6497
Црна земја — бели погачи. 8496
Црна кокошка бели јајца носит. 3815
Црна мака — слатка погача. 8498
Црна ми е до гъзов. 3816
Црна нива — бела пченица, раница. 8499
Црна овца да е имала ибал, наќе да е црна. 8500
Црна пот — бела погача. 8501
Црната боја е поскапа. 8502
Црната земја бели погачи рожџат. 3817
Црни дни имат, ама и бели имат. 6498
Црни му дните на апсоите. 6499
Црни пари за бели денове. 8503
Црни ръце, бела погача. 3818
Црно е, ама мое ми е, рекла Еѓупката кога је рекле оту детето је било црно. 3819
Црно кафе бегој пијет. 3820
Црно магаре, црн зоб. 3821
Црното бело не бидуат. 6500
Црното грозје е поблаго. 3822
Чавка гулаб не бидуат. 6501
Чавка зер умо му го испи на жена што се опила. 6502
Чавка со чавка очите не си вадат. 6503
Чавки ти му го испиле мозокот. 3824
Чавкини јајца и голаб да 'и квачит, пак чавки ќ' излезет. 3825
Чавките кога грачат, времето ќе го расипат. 6504
Чалма не ќе врзам, да ќе го жалам. 6505
Чафка му испила умо. 9433
Чаша отрув е поблага од печено јагне ко си во неоља. 3826
Чаша пълна, деца гладни. 3827
Чашка по чашка напрчи опашка. 9434
Чашка по чашка — напрчи опашка. 6506
Чвек вервит во шчо му се сакат. 3828
Чвек двапъти се прајт домашен измеќар: кога е мал и кога ќ' остарит. 3829
Чвек е појак и од кремен, а помек и од лајно. 3830
Чвек е појак од се, се е појако од чвека. 3831
Чвек е појак од челик и помек од јајце. 3832
Чвек е чвек, ама е и магаре. 3833
Чвек е чвек, магаре си е магаре. 3834
Чвек и од магаре да паднит, ќе отскапнит. 3835
Чвек мислит едно, господ дат друго. 3836
Чвек на чвека му е ѓаол. 3837
Чвек на чвека се потпират. 3838
Чвек не умират дури не му дојт денот. 3839
Чвек остарвит, срцето не остарвит. 3840
Чвек се пречеквит по рутишчата, а се испрашчат по муабетот. 3841
Чвек се учит дур е жив и пак неучен умират. 3842
Чвек се учит дур е жив. 3843
Чвек себеси се си прошчат. 3844
Чвек со едно око — куќа со една пенџера. 3845
Чвек со зборој не се опервит. 3846
Чвек со кола да донесвит, жената со игла да изнесвит, куќата празна останвит. 3847
Чвек со пари не се купвит. 3848
Чвек шчо работат вредит колку за десет шчо зборвет. 3849
Чвека ќе го познајш по работата. 3851
Чвека по зборот ќе го познајш. 3850
Чвекот гнијат, борџот не гнијат. 3852
Чвекот не е цвеќе да го помирисаш, та да го познајш. 3853
Чвекот не се ценит по рутишчата, туку по умот. 3854
Чвекот се врзвит за јъзик, а волот за рогој. 3855
Чвекот се познат по работата. 3856
Чвекот со се късмед се рожџат. 3857
Чвечката мъка крај немат. 3858
Чвечкото око е лакомо и ненаситно. 3859
Чедо рожџаш, брат не мојш. 3860
Чедото и со Еѓуптин ќе те ставит. 3861
Чејнцата в уста си ја носит. 3862
Чејнцата ојт ке ојт, пак водејнци ќе дојт. 3863
Чејнцата пукнала од просото. 3864
Чекан фали, од калем живеј. 3865
Чекаше мрзливиот да му падни од Бога алвица, ама си остана со зината уста. 6507
Ченка сади, тикви јади. 3866
Чепкавме гушчерица, исчепкавме змија. 3867
Череп шутарка прекарвит. 3868
Чес има и у сиромасите. 6508
Чеснио чоек секој го веруат. 6509
Чесниот плаштат навреме. 10501
Чесниот чвек лесно се мъмит. 3869
Чесно име не ѓине. 8505
Чесното име никогаш не ѓинит. 3870
Чест на старите, път на младите. 3871
Честа е поскапа од злато. 3872
Честа е поскапа од парата. 6510
Честа не ет саде у богатите. 6511
Честа чест носит. 3873
Честому госту, зад врата место. 3874
Четри Грци, пет капидани. 3875
Чешај се ке шчо не те јајт. 3876
Чешала, попе, твоето пеење. 3877
Чеше ле те друг, и месо ќе отќине. 8506
Чеше се дека не го срби. 8507
Чешче имај пари, та и в џеп се држет. 3878
Чи плот си градил, тој нека те ранит. 3879
Чив коњ ќе се фатит, тој ќе вршит. 10502
Чивија чивија искарува. 9437
Чивте чапрази, на голи гради не прилега. 6513
Чие бикче мое телче. 9438
Чие да е биче, — наше нека е телче. 6514
Чие лице гљаме, то го целиваме. 3880
Чија е кравата, негво е и телето. 3881
Чија кобила ќе се фатит, таја ќе вршит. 3882
Чија мајка сина доила. 9439
Чини шчо ќе чиниш, и за утре мисли. 8508
Чинит атот, чинит пајтонот. 3883
Чис како гулаб, ит'р како ѓаол. 6515
Чис на брата си се роди. 6516
Чис на татка си излезе, како да му ја скинал глаата. 6517
Чист есап, братска љубов. 3884
Чист есап, долга љубов. 10503
Чиста водичка, бистрта главичка. 9440
Чиста сметка долга љубов. 8674
Чиста сметка — бел образ. 8510
Чисти раце не јадат печено прасе. 6518
Чисто небо од грмеж не се плашит. 3885
Чисто нека ми е срцето, да ако газам на престолот. 6519
Чисто срце - ведро лице. 10504
Чисто срце бога молит, а нечисто сълѕи ронит. 3886
Чисто стребро 'рѓа не фашчат. 3887
Чистотјата е полојна здравје. 3888
Чистото срце се гљат на лице. 3889
Човек без маана нема. 8511
Човек е поцврст и од камен, а послаб и од јајце. 8513
Човек жив в земја влази ле? 8512
Човек не е ќитка, та да го мерисаш. 8514
Човек не се мери по снага, туку по ум. 8515
Човек од магаре паѓат пак починвит. 9441
Човек од магаре спадне и па седне да одмори. 8516
Човек од човек се учи. 10505
Човек пешки оди па се сопне. 8518
Човек се познава по думата, а пилето по песната. 8519
Човек се учи до гроб. 8520
Човек се учи додека е млад. 8521
Човек страда од главата си и од пријателјето. 8522
Човек шчо ногу чита, малку знае. 8523
Човек шчо сам ќе си направи друт не мож да му направи. 8524
Човеко е мил сос уста, сос уста е и мрзешен. 8517
Човекот е од камен појак. 9442
Човекот е роден за мака. 10506
Човекот се учи додека е жив. 9443
Човекот се учи со збор, ајванот со стап. 10507
Човечките уста не са враќа да и затниш. 9444
Човечко око ненаситно. 9445
Човечкото око е ненаситно додека не му се фрли грс земја. 8525
Човечкото око е ненаситно. 10508
Човечкото око се не п'ни. 8526
Човкот е од јајце послаб. 9446
Чоек веруа тоа што поеќе му се сакат. 6520
Чоек е создаен просто да одит, за понабрго на небо да се пулит и Бога да смислит. 6521
Чоек знаит оти ако згреши, грев ќе му се пишит. 6522
Чоек како што се родил, така и ќе умрит. 6523
Чоек кога се раѓа, не знаит од кај иди, а кога ќе умират, знај оти пред Бога ќе се преставит. 6524
Чоек кога се раѓа, од една врата излвгуа и кога умри, во друга влегуа. 6525
Чоек колку да ет праведен, пак пред Бога е грешен. 6526
Чоек се осветуат, а не камен и дрво. 6527
Чоек се роди, и гробо му се отвори. 6528
Чоек се учи дури да умри, и па се не ќе научит. 6529
Чоек се учи со збор, а мечка со стап. 6530
Чоек се учи со збор, а мечката со стап. 9447
Чоек треба да јади за да живеит, а не да живеит и да јадит. 6531
Чоек чоеку е ангел и ѓаол. 6532
Чоек чоеку помага и со пари, и со уста, и со нога. 6533
Чоеко се родил на веков за нешто да познаит зашто се родил. 6534
Чоекот ако сам не се бендисаше, сам себе ќе се убиеше. 6535
Чоекот ако се чуат од лошо, и Господ ќе го чуат. 6536
Чоекот е и од јајце послаб. 6537
Чоекот е и од камен појак. 6538
Чоекот е чело на веков. 6539
Чоекот знаит колку еден чоек, а Господ го знаит сичкото. 6540
Чоекот колку да имат пари, пак не ќе се наситит. 6541
Чоекот колцина синои и ќерки би имал, толку црева му се влечкаат по него. 6542
Чоекот можи и арно да стори и лошо. 6543
Чоекот со плач се раѓа, со плач умират. 6544
Чоекот треба да е растурен како бостан. 6545
Чоекот треби да биди на срцето амбар. 9448
Чоекот што не додржуат својата стока, туѓата никогаш не ќе ја додржит. 6546
Чојсано магаре од волк немат стра. 3890
Чорба имаш? — Чорбалаци колку да сакаш! 3891
Чорбаџил'ко е до време, а младоста е до крај. 8527
Чорбаџиско момче и сиромашко јунче не дораснуваа. 8528
Чорбаџиско момче — сиромашко јунче. 8529
Чувај бела пара за чрн ден. 9449
Чувај змија в пазуви. 9450
Чувај ја честа ушче од мал. 3892
Почеток | Назад |
Пословици 9001 до 9803 од 9803

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org