Македонски пословици и поговорки

Конкорданс | Класификација (на англиски) |

Почеток | Назад | Напред | Крај
Пословица Број
Зависта очи изват. 1000
Заврна ко поп со киска. 1001
Заврнаа снегои, покрија траги. 4704
Загради си го твоето лозје, а за чужџото не бери гајле. 1002
Загуби и ума и дума. 8994
Зад грбо и царо се псуа. 8995
Задоени во ушите. 8996
Задрогазе дете ќе има крваво носе. 4706
Заедничкиот кош е најлошо поткован. 9786
Заигра дури и дрвен Господ. 8997
Зајадена пиперка и остаена жена не земај! 1003
Зајако в гората, а он режен прави. 7222
Зајако воз рид бега. 7223
Зајакот ет брз за бегање, ама 'ртот уште побрз. 4707
Зајакот и кога спие, отворени му се очите од пусти страои. 4708
Закачила се капина за дупина. 7224
Закон нужџа мени. 7225
Законо Божи и царски треба секој да го чести и држи. 4709
Залудо да имаш кога не знаиш да си поминиш 4710
Залудо работи, залудо не седи. 7226
Залудо чоек се трудит кога нема што да работит. 4712
Заљудо да имаш, кога не знаиш да си поминиш. 8999
Замира ле, не умира. 7229
Занаато чоека нито го умира, нито го оживуа. 4713
Занает никој не ти продат, ако не го зејш сам. 1004
Занает — канает. 7230
Занаетот е златен. 1005
Занаетот не се дат, туку се земат. 1006
Занаетот пари чинит. 9787
Занаетот се учит со крадење. 1007
Занаетчијата работата го фалит. 1008
Занајат без алат не бива. 9788
Заошто да јадам врапче кога има прасе? 4705
Заошто му е брада кога нема глава? 4714
Заошто му е глаа кога му е празна? 4715
Запали му и на ѓаолот свешча, за помалку пакост да ти прајт. 1009
Запивјат за здавје, допивјат за „бог да прости". 1010
Заради босиљокот и шчирот го вадит. 1011
Заради Никола и св. Никола. 1012
Заради сувото и сурото горит. 1013
Затвори ја вратата однадвор. 1014
Затркалало се е тенџерето, нашло си капако. 7235
Зачувај денеска да ти се најт за утре. 1015
Заш' та љубам, ти кажвам. 1016
Зашчо бараме многу, сме сиромаси. 1017
Зашчо му е брада куга нема глава. 7237
Збеснел како мачка во сечка. 4703
Збеснел како некој бесен пес. 4717
Збирај на младос, да имаш на старос. 8639
Збогум сиромашчијо, појли питачлак. 1018
Збор збор да ни бидит, неќум утре да се пишманит. 4719
Збор што ќе се каже и камен што ќе се фрли, назад не се враќаат. 9789
Зборам ти свекрво, слушни ме снао. 10081
Зборвењето е стребро, а малчењето злато. 1019
Зборви прау, оди ке ти драго. 1020
Зборви си, ако си имаш време. 1021
Зборви усто, да не бидиш пуста. 1022
Зборвит ко празна водејнца. 1023
Зборвиш по ветар. 1024
Зборлив човек е писмо без адреса. 7238
Зборливио чоек ет писмо без муур. 4720
Зборои треба да арџиш кога сакаш нешто да продаиш. 4721
Зборој треба да арџиш, кога сакаш нешто да продајш. 9790
Зборојте се мерет, не се броет. 1025
Зборојте сет како цреши: една вати, сите ќе се кренат. 4722
Зборот два не ти го прајт. 1026
Зборот дупка не дупнуа, ама се паметуа. 4723
Зборот дупка не отворат, ама рана отворат. 1027
Зборот дупка не отворат, ама се паметвит. 1028
Зборот дупка не отворат. 1029
Зборот дури не го предумаш и преживаш арно, не зборуј го пред секого. 4724
Зборот збор отворат. 4725
Зборот зборче отворат. 4726
Зборот како коа крава јазикот да му го изел. 4727
Зборот не е врапче. Ако летне не се фаќа. 8643
Зборот не е стрела, ама полошо од стрела устрељвит. 1030
Зборот разговор отворат. 1031
Зборот рани отворат. 1032
Зборуав, зборуав, устата ме доболе, и пак не ме разбра. 4728
Зборуат и туку брборит како газ на грозје брање. 4729
Зборуат како празна воденица. 4730
Зборуат, ама и тој сам не знаит што зборуат. 4731
Зборувањето без поговорки е како јадење без сол. 10318
Зборувањето е сребро, молчењето е злато. 10319
Зборуј коа те прашаат, не молчи како ќос на јајца. 4732
Зборуј му ти на шут чоек: со едното уо слуша, со другото пушта. 4733
Зборуј си ако немаш работа, сам си зборуаш, сам си слушаш. 4734
Згазнал на гнила шчица. 1033
Зговорна дружина планина подмествит. 1034
Згора мазно, здола азно. 1035
Згрешил ко дива гуска во мъгла. 1036
Згузен негонен бега. 7239
Здиот мајчин и татков фашчат, а камоли клетвата. 1037
Здрав болен не верува. 7241
Здрав болен носит. 1039
Здрав да сум, да ако сум и троа сиромав. 4735
Здрав дух во здраво тело. 9791
Здрав иди — болен дојди. 7242
Здрав ле е човек, се има. 7246
Здрав не се опитвит, туку болен. 1040
Здрав чувек секој пот пари чине. 9001
Здрава нога в трн не клавај си. 4736
Здрава нога — трн не ставе. 7240
Здраве не са купуве - трабуве да са чуве. 9002
Здрави да бидиме да ако бакрданик јадиме. 4737
Здрави заби, здрав корем, д'г живот. 7243
Здрави ли ти се гнили јајца? 4738
Здравје без пари, готва болест. 1041
Здравје и добро и од комиње вода. 4739
Здравје и топли сомуни, од комиње вода. 4740
Здравје и топол сомун, и од комиње вода. 9792
Здравје јајт, здравје пијат. 1042
Здравје, жиот и убо време секогаш се мили. 1043
Здравје, здравје да имаме, да Господ ќе ни дајт, ако сега немаме. 4741
Здравјето е за чоеко најголемо богатство. 4742
Здравјето е најголемо богатство. 1044
Здравјето не се цени додека се не изгуби. 7245
Здравјето низ уста влегвит. 1045
Здравјето со пари не се купвит. 1046
Здравјето, парите и слободата се барет ко ќе немаш. 1047
Здравјот е појунак и од ламја. 1048
Здрелата круша сама падинат. 1049
Здрелите круши диви свињи 'и јадет. 1050
Зеј го едното, удри по другото. 1051
Зеј го пилето, посери се во седелото. 1052
Зеј го Трајка за унер. 1053
Зеј гребени да влачиме вълна за дарој, рекла ќерката на мајка си, а сватојте дошле во двор да је зем 1054
Зеј жена од сој, а куче од копанче. 1055
Зеј ме ко ќе ме најш, за да ме имаш ко ќе ти требам. 1056
Зејте 'и очиве мој и опулете је се. 1057
Зелен зелник копривалник. 4743
Зелената трева е на очите мила. 4744
Зелени гушчери бъљват. 1058
Зелени черешни по зелени черешни одет. 1059
Земан слама продава. 7247
Земи си парите и истај ми се од пред мене. 4745
Земјата арамја не е. 1060
Земјата е фесътчија. 1061
Земјата од век раѓала бериќет и довек ќе раѓа. 4746
Земјата што раѓа, ретко бидуа скапија. 4747
Земјеното грне мора да стои подалеку од бакарниот котел. 9793
Зер волко не бара магла за да нападни овчките стада? 4748
Зер дека има брада, да итар сака да се кажи. 9794
Зер и катран бъљват. 1062
Зер и од врба чекаш да роди маслинки? 4749
Зер и од врба чекаш да ти роди јаболка? 4750
Зер му испила чавка умот, да неканет на гости ќе одит? 4751
Зер му течит од устана. 1063
Зер неќи мачка риба и Турчин кокошка пржена? 4752
Зер ноќеска мачките си 'и дојал, да што туку викаш: ми се јадит? 4753
Зер сум го канил со јаболко, да што ми дошол? 4754
Зер сум го канил со карта што ми дошол на врата? 4755
Зер тој ет со две глави, да што ќе му се бојам? 4756
Зер тој зборуал со Бога, да што знаел? 4757
Зет е мил като брикови сачки. 7248
Зет ко мед, син ко пелин. 1064
Зет мед, син пелин. 4758
Зет рода, магаре стока и врбова огрева — исто ти е. 7250
Зет фара, врба дрео и магаре стока не се. 1065
Зетова привидија — сачкина огрева. 7249
Зетовата вреќа никогаш не е полна. 10321
Зетоо погледиште, врбоо огреиште. 4759
Зетот се рани со петле непропеано. 9003
Зетот се ранит со пржени јајца. 1066
Зиме да врни снег — го прилега, ама во лете е за страмота. 4760
Зиме леб, а лете гуна носи, рекол овчарот. 1067
Зиме маж е конска шчета. 7251
Зиме расол и сланина — лете крава и градина. 7252
Зиме, лете треби да се работи, оти сака да се јади. 4761
Зимното време е ко дете: час плачит, час се смејт. 1068
Зинал да лапнит бијол, та лапнал ајпида. 1069
Зинал како пес во горештина. 4762
Зинале тамавќарите да 'и голтнат живи сиромасите. 4763
Зини, земјо, лапни! 1070
Зини, муцко, фали ме. 7253
Зини, усто, лапни море — не бидуа. 4764
Зла кучка девет бачии брани. 7254
Зла пастра гутова штета. 9004
Зла супраа — готоа штета. 4765
Златниот прав го заслепува секое око. 10526
Злато неброено да имаш послано, не ѓибат. 1071
Златото 'рѓа не го јади, нито глушец го гризит. 4766
Златото в оган се калит. 1072
Златото е клуч за сите врати. 9795
Златото не 'рѓосвит. 1073
Златото не фашчат 'рга. 1074
Златото ни ражџа го јаде, ни па глувци го глодаа. 7255
Златото се испитува во оган. 9796
Златото се калит в оган, а чвек во неоља. 1075
Златото се познава во оѓине, а човеко вов зло. 7256
Зло за добро не идет. 1076
Зло куче ни коската је гризит, ни другему је дат. 1077
Злото многу лесно дојдуат, а доброто мачно. 4767
Злото не пробира. 7257
Злото се слушат подалеку од доброто. 1078
Змија в пазва. 1079
Змија голаб не рожџат. 1080
Змија и жена вера немет. 1081
Змија кажува ле си нозете та и мома греовето. 7258
Змија му влегла в ќесе, што неќи да си плати. 4768
Змија му влегла в ќесе. 1082
Змија нога и жена години не кажвет. 1083
Змија нога кажвит, та тој нешчо да кажит. 1084
Змија нога кажвит? 1085
Змија нога не кажвит. 1086
Змија нога, жена години и мъж пари не кажвет. 1087
Змија од него да къснит, ќе се отрујат. 1088
Змија со гола ръка не се фашчат. 1089
Змијата кога се влечит се се кривит, ама кога ќе приближи до дупката, сакат-неќит ќе се испраит. 4769
Змијата рекла: „Ако ми згазниш на опашкава, ќе се евртам и ќе те къснам". 1090
Змијата сама си је јајт опашката. 1091
Змиска коска не се јајт. 1092
Знае воденичарот какво брашно турил во вреќата. 9005
Знаењето без пракса не вреди многу. 9797
Знаењето е сила. 9798
Знаит Господ чие масло гори во твоето кандило. 4770
Знам оти не сам царова шчерка. 7259
Знъењето е најголемо богатство. 1093
Знъењето е право богатство. 1094
Знъењето остај го овде, а тајната прибери си ја в гроб. 1095
Знъјт господ чије масло горит во кандилото. 1096
Знъјт Петко да копат лозје. 1097
Знъјт Петко да плашит деца. 1098
Знъјт Петко ке презимвет ракојне. 1099
Знъјт Петко шчо имат во торбата. 1100
Знъјт свиња шчо е диња. 1101
Знъм шчо го болит, ама не можам да му поможам. 1102
Зобница којнска, самарче магарешко. 1103
Зобницата трчат, а не ајванот. 1104
Зобницата трчат. 1105
Зобниче магарешко, а самар коњски. 1106
Зобта го кара коне, а не камшијата. 7260
Зобта трчат, а не коњот. 1107
Зол трн — зла копачка. 7261
Зол трн, зла копачка. 1108
Зорле арнина не бива. 7262
Зорле на човека можеш да му земеш, не можеш да му дадеш. 7263
Зорт голем му дадов, да така парите му 'и зедов. 4771
Зошчо ми е златен леген кога крв ќе пљувам во него. 1109
Зошчо ми е устава, ако не за фалење. 1110
Зошчо ми си во радост, кога те немат во јадост. 1111
Зошчо ми си на волја, ко те немат во неоља. 1112
Зошчо му е брадана ко немат во глана. 1113
Зрелата круша сама си паѓа. 9799
Зрелите круши свињите 'и јадат, и убаите моми лоши момчиња 'и водат. 4772
Зрно по зрно — погача. 1114
Зулум додека не стане, царство не ѓине. 7265
Зулум дури не биди, царсто не гинит. 4773
Зулумќар чоек што се стори, бре! 4775
Зулумот кога навали, луѓето тргаат триста маки. 4774
Зъјакон трпит да го вјат жељка, зашчо орелон е над него. 1115
Зъјакот в планина, а тој ръжен готвит. 1116
Зъјакот и спијат и гљат. 1117
Зъјакот је рекол на жељката; "Вјај ме жељко, дури орелон летат над мене". 1118
Зъјакот трпит зашчо, орелон е над него. 1119
Зъјакот умират на седелото. 1120
Ѕвиздјам ко капкана под стрјана. 1121
Ѕвонец лесно не се носит. 1122
Ѕвонец на свиња не се бесит. 1123
Ѕвонецот оддалеку се слушат. 1124
Ѕвонецот свој не беси го на чужџ врат. 1125
Ѕвонецот свој не беси го на чужџ овен. 1126
Ѕид без малечки камчиња не стои. 9006
Ѕид до гла не се рушвит. 10322
Ѕид се с глава не бута. 7266
Ѕидојте имат уши. 9800
Ѕизд со гла не се рушвит. 1127
Ѕиздат кули под облаци. 1129
Ѕиздот без малечки камчиња не стојт. 1130
Ѕиздот имат и очи и уши. 1131
Ѕиздот уши имат, плотот очи имат. 1132
И лисицана е итра, ама кожата нејзина на ќуркчи је продавет. 1133
И арамијата знаит оти од тоа што го крадит аир не ќе видит. 4776
И арен и лош, за себе си е. 7267
И баба знае да меси баница куга има месило. 7268
И баба меси шарен зелник куга има шарило. 7269
И без петел ќе се разденит. 1134
И без петел савнува. 7270
И без петли може да се ос'мне. 9801
И без поп го закопавме. 1135
И без поп се закопвит. 1136
И без страшило си страшен. 1137
И без такви шила не бидува. 9007
И без темјан се отпевјат. 1138
И бијолицана бело млеко дат 1139
И броените овци волкот ги јаде. 10323
И будалиот бега од пијаницата. 10324
И бълвана имат жълчка. 1140
И в амбар со мера се фрљат. 1141
И в село без кучиња с тојага се оди. 7273
И в'ко да е сит, и овците да се на број. 7272
И верава наша била полу тикви, полу чупки. 1142
И владика мојт да пречекат. 1143
И влакното го цепит. 1144
И во јајцето влакно би нашол. 1145
И водана имат зъби. 1146
И водана имат срце. 1147
И водана имат уши. 1148
И водана късат. 1149
И вълкот сит, и овците на број. 1150
И глувјот да те чујат. 1151
И глушецот мојт понекогаш да му поможит на арсланот. 1152
И господ се смејт кога арамја на арамја ќе му украдит. 1153
И грозјето е црно ама е слатко. 9009
И гулема и маленка невеста еден мастраф. 7276
И гъзов е мој, ама ми смрдит. 1154
И гъзот ти смрдит, ама го носиш. 1155
И да видам, не вервам. 1156
И да стисниш и да прдниш, не се мојт. 1157
И даруле магаруле, и недаруле магаруле. 1158
И дедо знаи да ми ти баи за да ми ти понеаи. 4777
И дремоне срце има. 7278
И ѓаолот го потковјат. 1159
И ѓаолот знъјт шчо е арно, ама не прајт. 1160
И ѓаолот преку вода жеден го поминвит. 1161
И ѓаолот пукнал од Влаот. 1162
И жена си за пари би је продал. 1163
И живи и умрени во една. 1164
И за господа ако е, многу е. 1165
И за кучето опитвет од каков сој е. 1166
И за малата неста и за големата неста требет сватој. 1167
И за најмилиот гостин три дни се доста. 1168
И зелник се лесно не јаде. 7279
И змија да е, од срце да е. 1169
И ѕидот има уши. 9010
И ѕиздојне имет уши. 1170
И изметкале конците. 1171
И итриот се лажит, како будалата што се лажи. 4778
И јас мога, и кон може, ама господ не поможе. 7282
И јасиката је висока, ама ја серет чафките. 1172
И јъсикана е висока, ама сенка немат. 1173
И јъсикана е висока, ама чавки је серет. 1174
И калта од под ноктите си је даде. 1175
И калуѓерот срце имат. 1176
И камено срце има. 7283
И каменон би го расплакал. 1177
И кафено е црно, ама бегој го пијет. 1178
И кладоте главите во торбите. 9011
И кога си пријатељ со кучето, не пушчај го стапот. 1179
И козата има брада, ама коза е. 8644
И кокошка без петел не носи ајајца. 9012
И кокошката го чепка гнојот, за да си најди некое зрно. 4779
И кокошката кога пиет вода, се пулит на Бога. 4780
И коњо познава што чоек го вјават. 4781
И коњот познат кој го вјат. 1180
И кошуљата од плешчите би си ја дал. 1181
И кучето се од сој тера. 7284
И ќората кокошка мојт да најт зрно. 1225
И лебон плачит ко се јајт забадјала. 1182
И магаре не умира, ама и шарко си работа нема. 7287
И мајка ми да беше момичка, ќе је речев „моме" а не „мамо". 1183
И малата и големата неста сакет сватој. 1184
И малото камче можит кола да превртит. 1185
И мачкана би фашчала рипчиња, ама не сакат даси 'и квасит нозете. 1186
И мачорокон имат мустаќи. 1187
И медот е благ, ама прстите не се јадет. 1188
И моата кучка ќе фане зајак. 7296
И моето петле ќе пропејт. 1189
И мојот 'рт ќе фатит зъјак. 1190
И мъмејнца едни пъти поможвит. 1191
И на газо требе очи да имаш. 7297
И на ѓаолот легалото му го знъјт. 1192
И на ѓаолот опинци му обувјат. 1193
И на магарето ќе му речиш „вујко", дури да го поминит мостот. 1194
И на прдежот „појли" му велит. 1195
И на шега Бог помага. 4782
И над попот има поп. 10325
И најарнијот пливач мојт да се удајт. 1196
И најдобрата кола може да се преврти. 9802
И најдобриот стрелец може да промаши. 9803
И најубавата роза на крајот овенува. 9804
И нашите петли црвени јајца носет. 1197
И невеста мазна има. 7299
И него го огрјало сънце. 1198
И нему Госпо му помага, ако е друга вера. 9805
И нечистата вода гаси пожар. 9806
И ние леб јадеме, трева не пасеме. 7300
И нов излак копе, и в старие не плуве. 7301
И ноќта ден је прајт. 1199
И ова ќе поминит, ама тръга ќе остајт. 1200
И ова ќе поминит. 1201
И од господа ако е, многу е. 1202
И од пиле млеко се наоѓа кога чоек да барат. 4783
И од пиле млеко се наожџат, само чвек да барат. 1203
И од сенката се плашит. 1204
И опинциве би 'и изел. 1205
И опулил очите како некој мачор. 4784
И ореот и каменот му се в ръце. 1206
И остаиле мечките да вардат киселачките. 4785
И отспреди и одзади поп. 9013
И очите во глата би 'и скарал. 1207
И пенот е убав ко да е променат и наситен, ама пак си е пен. 1208
И пердув да си клајт на капана, пак попустина. 1209
И пес од сој се барат, камоли чоек. 4786
И песо коската не ја гризи, ако нема месо. 4787
И петлите јајца му носет. 1210
И пијаниот бега од будалата. 9510
И пилето в гората тера ватан. 7302
И пилето е маленко, ама седело си прави. 7303
И пилето очи има. 7304
И плевната изгоре, ама и глувците. 4788
И по капата се гледа. 7306
И под волот теле не се барат. 1211
И под дрео и под камен да си, ќе те најт. 1212
И под дрео и под камен ќе најт. 1213
И пој, попе, и ори. 7305
И помоканите черешни се јадет. 1214
И поп попове има. 7308
И попадија маана има. 7307
И попот в црква грешава. 10326
И прстите не се еднакви. 7309
И прчон брада носит. 1215
И пчелана е малечка, ама мед берит. 1216
И пчелана по убото цвеќе летат. 1217
И пъјакон плетит пъјачина, за да се ранит. 1218
И решетоно имат срце. 1219
И решчето срце има. 7310
И светците грешеле , ама се посветиле. 1220
И светците згрешиле, ама пак се осветиле, откоа се покајале. 4789
И снцето не мош насекаде да огрее, та јас ле. 7312
И стар прч сака зелени лисја. 10327
И та бабина, и та бабина. 1221
И татка си за пари би го продал. 1222
И тоа што ми го даде, низ нос ми го изваде. 4790
И тополана е висока, ама чавки је серет. 1223
И тука имат негво масло. 1224
И улаиот бега од пијаниот, камоли умнио да не бега. 4791
И умрен да е, ако чујат за пари, би станал. 1226
И утре имат ден. 1227
И царот е чоек, ама од Бога е благосоен. 4792
И царската рана се свршвит. 1228
И царското азно се битисвит. 1229
И црната крава бело млеко дат. 1230
И чоекот да ја сеит жито земјата, ама и Господ со сонце да ја стоплит. 4793
Иако цел ден е пред икони, пак си е ороспија. 1231
Иверо не пада далеко од корено. 7271
Игла да посејш, ќушчија ќе изникнит. 1232
Игла немат ке да фрлиш. 1233
Иглата е гола, а цел свет го облекува. 9807
Игнетја — пригнетја. 1234
Игра ле мечката у комшијата, ќе дојде и у тебе. 7274
Игра маќа за комат. 7275
Играјнца — плакајнца. 1235
Играјте, деца, оти местото е свирено. 4794
Играт попот од бељата. 1236
Играчка плачка праат децата. 4795
Играчките за децата, а за мажите работата. 4796
Идат време продат бреме. 1237
Идат време, носит бреме. 1238
Идат Голе. 1239
Иди коло на тркало. 4797
Иди му тупе, иди му свири. 7277
Избирачот неженат останвит. 1240
Извај капата, удри ме. 4798
Извај од зъбот, фрли на гъзот. 1241
Извај си ја капата, удри ме. 1242
Изгледот лаже. 9808
Изгорел амбарот, изгореле и глувците. 1243
Изгубеното време назад не се враќа. 9809
Изел нога од кокошка, та му преткат во меон. 1244
Измеќар верен — прав стопан. 1245
Измери, па крај. 7280
Измешај се со трици, ќе те изејет свињи. 1246
Икономијата е душман на сиромашчијата. 1247
Икономијата е мајка на богатството. 1248
Иктиза продат, иктиза купвит. 1249
Или биди мос да те газат сите, или биди орел та секој да клофаш. 7285
Или свет или света фани. 7286
Или со мене или против мене. 9014
Или со сила, или со итрина. 9810
Илјада гледај коа да купуаш нешго, и едно земај. 4799
Илјада игли за една пара. 1250
Иљјаџија — бељаџија. 1251
Им влегол Ѓаволот под капа. 9015
Има граници на сечија стрпливост. 9811
Има грешка, а има и прошка. 10328
Има лошо што донесуа арно. 4800
Има лошо, има и полошо. 4801
Има луѓе што знаат и прашаат. 4802
Има нешчо та се вика Џоревата чешма. 7289
Има у мнозина ум, ама у малцина разум. 4803
Има умирачка за нестреќа и за стреќа. 4804
Има чоек што вели: што знам јас никој не знаит. 4806
Има чоек што добрина не припознаат и имат што припознаат. 4805
Има чоек што имат пари и пак чоечки не живеи. 4807
Има чоек што си колни и тепа татка си и мајка си. 4808
Имај веричка во себе и во својето магаренце. 1252
Имај мислата при Бога за да ти помага. 4809
Имај си брада, да за чешли колку ти душа сака. 4810
Имај си жена будала, ако сакаш по светот да те продаа. 4811
Имај си жена расипница, ако сакаш да ти се запусти куќата. 4812
Имај си кротко срце, ако сакаш да живеиш поеќе годиње. 4813
Имај си пари, да ако си сиромав. 4814
Имај стока, ќе ја продаиш, ами ако немаш, што ќе продаиш? 4815
Имам во што, немам со што. 4816
Имам да давам, немам да зимам. 7288
Имам со што, немам зашто. 4817
Имам стока за продавање, ама немат нога. 4818
Имањето нема ситост. 7290
Имат пари, „Ристос воскресе"; немат пари, „смертију смерт". 1253
Имат век, имат лек. 1254
Имат век, имат лек; немат век, немат лек. 1255
Имат Господ и за нас. 4819
Имат кучешки нос. 1256
Имат луѓе, ем не знаат, ем не прашаат. 4820
Имат Мара појља. 1257
Имат трески за делкање. 1258
Имат ука, ама имат и одука. 1259
Имат Шарко лој. 1260
Имаш ле вуќа владика, поп ќе бидеш. 7291
Имаш ле грб, самаре триста. 7292
Имаш ле лев в раце, арен си. 7293
Имаш ле магаре, не си магаре. 7294
Имаш ле маша, нема да си гориш прстите. 7295
Имаш ли грб, самари триста. 9812
Имаш ли леб, кучиња многу. 10329
Имаш мустаќи да прогориш. 1261
Имаш образ да прогориш. 1262
Имаш пари имаш чест, немаш пари немаш чест. 1264
Имаш пари — везир, немаш пари — резиљ. 1263
Имаш пари, имаш фара. 1265
Имаш пари, имаш фара; немаш пари, немаш фара. 1266
Имаш пари, имаш чест. 1267
Имаш стреш во глата! 1268
Имаш ум во глата! 1269
Имаш ум во глата, аљ во петиците? 1270
Името од бота е поголемо од се. 1271
Инат глава ќине. 7298
Инат праит како магаре на мос. 4821
Инато вади око. 4822
Инато е поблаг от медо. 4823
Инатчијата умират, ама зборот назад не си го земат. 4824
Инетот е поблаг од мед. 1272
Инетот е поблаг од се, затва поскъпо се плашчат. 1273
Инетот коски немат, ама коски кршит. 1274
Искај го платното, клоцни го кроеното. 1275
Искарали пилци, накарали опинци. 7311
Ископал гроб за други, сам паднал во него. 1276
Искуството е најдобар учител. 9813
Искуството е учител на се. 9814
Испечи, па речи. 7313
Исповедан грев не ет грев. 4825
Испод мира — триста вира. 7314
Исправен како пушка. 9016
Исправен како пушка. Исправен како свеќа. 9017
Исправен како свеќа. 9018
Испратената стрела не се враќа. 10330
Истај ми се од пред очиве, оти како крв ми се гледаш. 4826
Истрчал ко ждребе пред руда. 1277
Истуреното млеко и кучињата го локаат. 10331
Ит'р да си да се не лажиш, ами и да не излажиш. 4827
Ит'р како некој ѓаол. 4828
Ит'р се лажи, глупав се рани. 4829
Итар како змијулче, кроток како гулапце. 9815
Итер бил, та зимал, улав бил, та давал. 7315
Итра була в празна кула не бива. 7316
Итра була в празна кула. 9019
Итра лесица — пада в стапица. 7317
Итра Митра за комат, за работа никој пат. 7318
Итрата лисица стреде стапица. 4830
Итрите јале, будали дале. 10089
Их, што бричена глаа имат! 4831
Их, што му сечи умо глаата! 4832
Их, што шарен ѓаол ет: очите во глаата му играат! 4833
Ишчав се отворат со јадењето. 1278
Ја бафт ја тафт. 4834
Ја брз терзија да бидиш, ја брз питач, ја брз арамија. 4835
Ја врзавме работата со бубаќерен конец. 4836
Ја донесе работата варангуца. 4837
Ја зареза куќата како на рабуш. 4838
Ја затрни куќата, је кладе трн под опачка. 4839
Ја збират парата како гнојот раната. 4840
Ја збират парата како песо болвите. 4841
Ја збират парата како пчелата медот. 4842
Ја збират парата како чумата децата. 4843
Ја има некаде обесено пушката. (За некој што се заљубил). 9020
Ја клава главата в торба. 9021
Ја млад жени се, ја млад калугери се. 1280
Ја му викам стрижено е, он ми вика бричено е. 7333
Ја накрена лејката. 9022
Ја напади таа ороспија сиромаштијата. 9023
Ја од устата, ја од работата. 1281
Ја рано жени се ја рано кауѓери се. 4844
Ја растурила жената куќата како табаана. 4845
Ја си и отваре, ја ќе ти и отвора. 7329
Ја срмени елеци, ја глобоки ендеци. 1282
Ја супраи куќата откога ја искрши посатката. 4846
Ја тиква ја лубеница ќе му излезит работата. 4847
Ја ум на улаите ја на Свети Наум. 4848
Ја ум, ја св. Наум. 1283
Ја шарата, ја шараџијата. 1284
Ја шири, па чакај, ја стисни, па бегај. 7337
Јабанџијата не е мил. 1285
Јаболконо го гљаш однадвор црвено, ама внътре гнило. 1286
Јавај го дури те носит. 1287
Јавнала земја на куцо магаре. 10332
Јагне и волк не одет заедно. 10333
Јагне се познава по опашката, а јаре по градите. 7319
Јагуридата полека-лека мед бидуат. 4849
Јад го фатил, та ќе умрит. 1288
Јадела Јана сирење, оти во овчар се заљубила. 10334
Јадење, пиење — братсќи, пазарл'к абанџисќи. 7320
Јади боб, кради кон. 7321
Јади за да живеш, не живи за да јадеш. 9816
Јади, Маро, сирење зашчо овчар сакаше. 1289
Јади, пи, весели се и во жиотот посери се. 1290
Јади, пиј, гладан легни, спиј. 7322
Јадиш, пиш, лениш, спи — така си праат мрзливите жени. 4850
Јазел со рака не се одврзуат, а со сабја се пресечуат. 4851
Јазик кљука, глава пука. 9817
Јазик праит добро, јазик праит лошо. 4852
Јазико кокалје нема, кокалје крши. 7323
Јазико коски нема, ама коски кршит. 4853
Јазиќут нема коски, са врте насекжде. 9024
Јајт ко мечка, а работат ко мравка. 1291
Јајт ко мравка, а работат ко мечка. 1292
Јајт ко од глад да побегнал. 1293
Јајт леб со сълѕи. 1294
Јајт, пијат баба и деда не го заборат. 1295
Јајце да зејш од него без жълток ќе бидит. 1296
Јајце на глава ми се печит. 1297
Јајце на гъзон му се печит. 1298
Јајцено е мало, ама големо пиле излегвит 1299
Јајцето стриже, влакното цапи. 7324
Јајш, куме, печено прасе? 1300
Јака вера планини премествит. 1302
Јака вера — страчкин мозок. 1301
Јаки очи сакет, појаки не давет. 1303
Јако е магарето. 1304
Јал не јал, брои ти се. 7325
Јал не јал, три и пол. 1305
Јаре од стара коза. 1306
Јаребица му паднала на соколот в раце. 9025
Јас го викам бисерко, а он мене посерко. 7327
Јас го кршчам, тој прдит. 1307
Јас го терам по небото, а оно е по земјата. 7328
Јас господин, ти господин, ами кој ќе го турит житото во амбар? 9818
Јас да имам пари, да ако сум сиромав. 4854
Јас да мисљам оту ојш, ти да идаш. 1308
Јас дека ќе умрам, зер векот ќе го сотрам? 4855
Јас дека реков не пресеков. 9026
Јас душата си ја давам за пријателот. 4856
Јас жив заклан сум за пријателот. 4857
Јас ја бија матеницата, а он крка маслото. 7330
Јас кат на братец, ти кат на свирец. 7331
Јас куга и тогај ќе те кача на моата кола. 7332
Јас кучето го извам од бунар, а то ме късат. 1309
Јас мислам оту се врашчат, а тој ушче одел. 1310
Јас му велам: сум ад'м, тој ме прашат: колку деца имаш? 4858
Јас на моите очи зер не ќе се веруам, ами на туѓите зборои? 4859
Јас не сум лош како Петка ваш, Петко се со нож, а јас се со грош. 4860
Јас не сум цвеќе, да да ме мирисаш, ами сум коприва. 4861
Јас пијам, друг се опиват. 4862
Јас сам последната дупка на свиралото. 7335
Јас си го вардам како очите детето. 4863
Јас те пушчам дома, а ти се качуваш и на полицата. 7336
Јас тропам тапане, друт го збира брашното. 7334
Јасно небо — голем студ. 1311
Је барат татква си венчанина. 1312
Је држит жена си за перчин. 1313
Је кренала кучката опашката. 1314
Је остајл мачката да је вардит рибата. 1315
Је отворивме вратата голема, сега не се смаљвит. 1316
Је скрши мътиката. 1317
Је стежнала фурката. 1318
Је удри мътиката. 1319
Јован за рода, магаре за стока. 7338
Јунак без пари рана не прајт. 1320
Јунак без рана не бива. 9027
Јунак вера немат, момичка страм немат. 1321
Јунак голем со дружина добра. 1322
Јунак лозје копа, мајсторија кози пасе. 7339
Јунак непљагосан немат. 1323
Јунак со дружина бидвит. 1324
Јунаци корења копет. 1325
Јъгуља со голи ръце не се фашчат. 1326
Јъзикот е поостар од сабја. 1327
Јъзикот коски немат, ама коски кршит. 1328
Јъзикот сечит поостро од сабја. 1329
Јъчменот трчат, а не коњот. 1330
Ка башчата и сино. 7340
Ка викнеш така ќе ти озоват. 7343
Ка е господ, никој не е. 7351
Ка ме гледаш, така ќе ме пишаш. 7373
Ка си надробиш, така и ќе си сркаш. 7383
Ка си постелеш, така ќе си легнеш. 7384
Ка си солиш, така ќе си сркаш. 7385
Ка старее, магарее. 7387
Ка ти викнат, така и ќе се јавиш. 7388
Ка ти е ато, така ти е и саато. 7389
Ка ти свират, така и ќе играш. 7390
Кабетлијата е помал од бълва. 1331
Кабетот е сирак. 1332
Кавга без човеци не бива. 7341
Кавгата е секугаш за метрото, за нивата не е. 7342
Кавгата за никого не е арна. 1333
Кавгаџија татко, кавгаџија и сино. 4864
Каде виното влегува, таму срамот излегува. 10335
Каде го тераш, там го наодиш. 7344
Каде дума не помага, тојагата помага. 7345
Каде е Господ никој не е. 9028
Каде е иглата, там е и конецо. 10338
Каде е овцата газила, ќе гази и јагнето. 7346
Каде е текла водата, па ќе тече. 7347
Каде има волја, ќе се најде и начин. 9819
Каде има многу снаи, таму чорбата е солена. 10336
Каде има сила, нема правдина. 9029
Каде има слога, има и Бога. 10337
Каде има трска, таму има вода. 9820
Каде ќе биде трупот, таму орлите ќе се собираат. 9826
Каде ми е домот, таму ми е добро. 9821
Каде нагази, трава на расте. 7348
Каде нема чест, нема ни каење. 9822
Каде пеат многу петли, подоцна осамнува. 8645
Каде се пилето опилило, там му е мило. 9823
Каде сите Турци, таму и ќоравиот Асан. 9030
Каде сонцето влегува, докторот не доаќа. 9825
Каде среќа таму и несраќа. 9031
Каде треба мотика, не треба молитва. 7349
Каде што ти е срцето - таму ти е куќата. 8663
Кадешто оградата е најниска, таму најлесно се минува. 9827
Кадија лаже, ѓубре не лаже. 7350
Кадија те тужи, кадија те суди. 8594
Кажан грех не е грех. 7352
Кажи је на капана. 1334
Кажи ми ги пријателите за да ти кажам каков си. 9032
Кажи ми со какви се дружиш, ќе ти кажам каков си. 9828
Кажи ми со кого ојш, да ти кажам каков си. 1335
Кажи ми, да ти кажам. 1336
Кажи на свињата вујко, додека да заминеш мосто. 9829
Кажуј праото пред секого и ич не бој се од никого. 4865
Кај двајца, тој тројца. 4866
Кај е сила нема правдина. 9033
Кај збор не помага, тамо стап помага. 4867
Кај има пот, нема глад. 10339
Кај најди, јади; кај не најди, не јади. 4868
Кај не го сеиш, тамо никнуа. 4869
Кај нема пот, има глад. 10340
Кај оди, оди волче, се камен го толче. 4870
Кај оди, оди куче, се намен го толче. 4871
Кај се родило пилето, си праи седелцето. 9824
Кај си плукнал не лижи. 10341
Кај ти што си шиел векот се провирале. 9034
Кај туѓата коза има повеќе лој. 10342
Кај тум и бум, тој ти бидуа кум. 4872
Кај што го боли на чоека забот, таму му оит јазикот. 4875
Кај што ѕвонат големите ѕвона, малите не се слушаат. 8625
Кај што излегуа збор, — и душа. 4876
Кај што има гнасотиј, тамо се збираат муи. 4877
Кај што има голема гозба, земи си мало лажиче. 8624
Кај што има двајца, тројца не бидуа. 4878
Кај што има жито има и глувци. 9830
Кај што има овци, има и бачило. 4879
Кај што има овци, ќе има и колци. 4880
Кај што има овци, ќе има и спорци. 4873
Кај што има сила, има и правина. 4874
Кај што има сила, нема правдина. 8670
Кај што има, има; кај што нема, нема. 4882
Кај што ќе појдит јунчето, тамо и порожето. 4899
Кај што летаат чавки, има нешто. 8609
Кај што мавна, трева не никна. 4883
Кај што мотика не копа, грозје не се раѓа. 4884
Кај што не помага збор, тамо и стап не помага. 4885
Кај што нема вода, тамо село не бидуа. 4886
Кај што немат мачка, глувците барат пљачка. 4887
Кај што паѓа чоек, таму и стануа. 4888
Кај што паси овцата, тамо си ја остаа и волната. 4889
Кај што плука чоек, треба да не лижи. 4890
Кај што се караат браќа, истај се ти поскраја. 4891
Кај што сите криват, и ти криви. 4892
Кај што стапи, трева не порасна. 4893
Кај што старите не се слушаат, и Господ не му даат. 4894
Кај што те викаат, оди; кај што те тераат, бегај. 4895
Кај што те чеша твојата рака, не те чеша туѓата. 4896
Кај што треба молитва, не треба мотика. 4897
Кај што треба мотика, не треба молитва. 4898
Кај што чади, тамо се јадит. 4900
Как ќе солиш, так ќе јадиш. 9831
Какараска од кол на кол — на остар кол. 7353
Каква брада, таков брич. 1337
Каква врата — таков клуч. 7355
Каква врба, таков клин. 1338
Каква гла, таков брич. 1340
Каква глава, таква капа. 9035
Каква домаќинката, таква и куќата. 1341
Каква е лозата, такво е грозјето. 9832
Каква коза, такво јаре. 1342
Каква куќата, таква домаќинката. 1343
Каква лељајка го залељала, таква мътика го закопала. 1344
Каква мајка, таква ќерка. 1345
Каква маќа — таква шчерка. 7357
Каква му гла, таква му капа. 1346
Каква птица, такви јајца. 9833
Каква работа, таква плата. 9834
Каква рачичка преда, таква газичка носила. 7358
Каква реч, таков устрел. 9835
Каква сеидба, таква жетва. 10343
Каква семката, таква и ластунката. 10344
Каква ти е верата, таква ти е и вечерата. 4902
Каква чаршија — таков аршин. 7359
Какви сме, свој си сме. 1347
Какво дрво — таков прат. 7360
Какво дрво, таков плод. 9836
Какво дрвце, такво свирче. 9837
Какво е посејал, такво и ќе пожние. 9838
Какво насадиш, такво ќе сркаш. 7361
Какво печење — такво решение. 7362
Какво посееш — такво ќе сркаш. 7363
Какво прашање, таков одговор. 9839
Какво семе, таква жетва. 1348
Какво си постелеш, на такво ќе си легнеш. 7364
Како алтани да имат во устана. 1349
Како в бунар да си го фрлил. 1350
Како ве остајв, така ве најдов. 1351
Како викнато, така оѕвано. 1352
Како вода донесло, така и однесло. 4903
Како го крошни залулале, така го мотика закопала. 4904
Како го купив, така ти го продам. 1353
Како Господ што рекол. 9036
Како да зина земја и го голтна. 4905
Како да не јајт леб секој ден. 1354
Како да не јајт солено. 1355
Како дома нигде нема. 9840
Како дошло, така пошло. 4906
Како дробил, така и ќе срка. 10345
Како дробиш, така јадиш. 9037
Како змија да го къснала. 1356
Како играш, така ќе ти свират. 4907
Како костени да имат во устана. 1357
Како крава кога а лизнало. (Кога е замазнет). 9041
Како ќе дробиш така ќе сркаш. 9038
Како ќе ја бркаш работата, така ќе ти ојт. 1372
Како ќе си дробат така ќе си сркаат. 9039
Како ќе си постелат така ќе си легнат. 9040
Како ќе си постелиш, така ќе си легниш. 4916
Како ќе ти свират, така ќе играш. 4917
Како лук в очи. 1358
Како магарето, и прлето. 4908
Како мачка на сланина. 9042
Како му стори умо, нека му трга глаата. 4909
Како на чвек ти благодарам. 1359
Како на чвек ти зборвам. 1360
Како од камен го вадит сиромајот лебот. 4910
Како од татква си стока да дат. 1361
Како од таткво си ќесе да плашчат. 1362
Како памбук да имат во ушине. 1363
Како пошол, така дошол. 4911
Како првио залак што е сладок, не ет и вториот. 4912
Како предит мајката, така ткајт ќерката. 1364
Како се задојл, така се ишчинал. 1365
Како се заткало, така и се доткало. 4913
Како се скројло, така ќе се ишчинит. 1366
Како семката, и ластунката. 4914
Како си дробил, така ќе сркаш, 1367
Како си послал, така ќе легниш. 1368
Како смртта пред мене да си ја гледам кога тебе ќе те видам. 4915
Како срце болело, така и очи плакале. 4901
Како срцето болело, така очите плакале. 1369
Како Струга нема друга. 9841
Како Струга немат друга. 1370
Како ти свирет, така ќе играш. 1371
Како чвек ти благодарам. 1373
Како чвек ти зборвам. 1374
Како што викнало, така му се оѕвело. 4918
Како што дошло, така и си иошло. 4919
Како што дробил, така нека срка. 4920
Како што е аџија, уште да не е ајанџија, секој ќе го веруат. 4921
Како што земаш пари, така и ќе даваш. 4922
Како што се арџат пари за вино и ракија, така да се арџеа и за наука, не ќе тргаа сиромасите мака. 4925
Како што ти мислат комшиите, така не ти мислат куќните. 4923
Како што ти мисли комшијата, така да ти мисли и Господ. 4924
Како шчо го раниш кучето, така ќе ти ја вардит куќата. 1375
Како шчо праеше, арно помина, 1376
Како шчо праеше, си најде. 1377
Каков башча, таков син. 7365
Каков беше Петруш, таков е и Петро. 4926
Каков грев, таква казна. 9842
Каков е чвекот, таков е и зборот. 1378
Каков е, таков е, не се менвит. 1379
Каков јунак, таков калпак. 7366
Каков клин, таков син. 7367
Каков ќе си бидит чоек до ручек, таков и до вечер. 4929
Каков му ет умот, таков му ет и домот. 4927
Каков поздрав, таков отпоздрав. 1380
Каков самар, таков товар. 7368
Каков светец, таков венец. 1381
Каков светец, таков и тропар. 1382
Каков стопан, таков слуга. 9843
Каков сурат, таков ќенеф. 1383
Каков татко, таков син. 1384
Каков ти е ак'ло, такав ти е и домо. 7369
Каков ти е ато, таков ти е пато. 7370
Каков ти е атот, таков ти е и патот. 4928
Каков ти е дома, таков ти е на улица. 7371
Каков ти е на оџако, таков ти е на сокако. 7372
Каков што е таткото, таков е сино. 3991
Каков што ет чоекот, таков му ет и зборот. 4930
Какол и пченица си го мелит воденица. 4931
Калај без нишадар не фашчат. 1385
Кално орај, кално сеј. 1386
Калот не го буричкај да не ти смрди. 9844
Калугер девер и Турчин побратим не се фашчат. 1387
Калугер и мъска за атар не знъет. 1388
Калуѓер стори се, од работа мачна откини се. 9845
Камен ако прогорит, та тој. 1389
Камен да стисне, вода ќе пушти. 9846
Камен през камен — ѕид. 7375
Камен ти 'и потфатил ноѕете. 1390
Камен што се тркала, тој трева не ваќа. 4932
Камен шчо се тркаљат нигде место не фашчат. 1391
Камен шчо се тркаљат, мов не фашчат. 1392
Камено е тежок додека е на местото. 7374
Каменот на местото си тежит. 1393
Камење се не жнијат. 7376
Камењето и песокта сет тешки, ама збороите лоши од безумнио сет потешки. 4934
Камила гајтан не преде. 7377
Камилата е за аспра, ама аспра нема. 7378
Камилата за една аспра била, арно туку немало кој да ја купи и за аспра. 4935
Камилата не е паднала од товаре, паднала е од јајцето. 7379
Камилата отишла да траже рогове, та останала и без уши. 9848
Камиља гајтан не предит. 1394
Камиљата побарала рогои, та изгубила и ушите. 9849
Камо бради та за чешли колку сакаш. 9043
Камо ти, Маро, гајтани? 1395
Кандило пред икона палење, без Христа чисто веруање — немат спасение. 4936
Као црв во дрво се вие сиромаио. 4937
Капа се купвит, ама ум не. 1396
Капка по капка вир станује. 9850
Капка по капка вирче 8665
Капка по капка ѓол станува. 7380
Капка по капка ќе протечи бразда. 4939
Капка по капка се праи река. 4938
Капка по капка — вирче. 1397
Капкана и во камен дупка отворат. 1398
Капкана и каменон го здлабит. 1399
Карај се — барај се. 1400
Карам, тепам, маж се бројам. 4940
Караш ле магарето, ќе му трпиш и прдежо. 7381
Карванот си врвит, кучињата лает. 1401
Каре го — рите, води то — боде. Ка е скрои, така и ќе се сќине. 7382
Каре и зијане са братја. 8432
Кари лудо по лудо. 9044
Касна женидба, млади сираци. 7386
Ката ден Велигден не бидуат. 4941
Ката ден газда, на Велигден парталеста. 4942
Катаден гост, како кисел грозд. 9851
Катаден зелник, на Велигден попарник. 1402
Катаден Мара гизда, а на Велигден гнида. 1403
Катадешен гост, ко ќисел грозд. 1404
Катинарот е за арните љуѓе, а за лошите ни ѕизд не помогвит. 1405
Като си прост, ќе те вјаа и низ рид и воз рид. 7391
Като шчо е мирна в буре, така не е мирна в човека. 7392
Като шчо ќе ти свират, така и ќе играш. 7393
Като шчо си е дробил, така нека си срка. 7394
Като шчо те мрази, така да те боли, нема зашчо да си жив. 7395
Катран му капит од брадана. 1406
Катран му течит од устана. 1407
Кауѓер да има жена, не го прилега. 4943
Кауѓер кој се сторил, на татка си и на мајка си не му пожалал. 4944
Кауѓер стори се, од работа мачна откини се. 4945
Кауѓерите многу пари зеле од мирјаните. 4946
Кауѓерите си седат по манастирите и ич не бераат гајле за мирјаните. 4947
Кауѓерите си седат по манастирите и си чекаат мирни на поклонение, та да му даруаат пари за јадење. 4948
Кауѓерица — светотелица: во црква отишла, дете си родила. 4949
Каури глава кренале! 1408
Каурските имиња сите биле пиши, пиши. 1409
Качи се на едното магаре, број девет, слези — број десет. 4950
Кашлица, краста и љубов на может да се скријет. 1410
Кашча без жена и маж без пари, лошо е. 7396
Кашча без жена, не е кашча. 7397
Кашча пари не врашча. 7398
Кашча тесна — челед бесна. 7400
Кашча тесна, ама срце нека е широко. 7399
Кашчата не е кашча — жената е кашча. 7401
Кашчата не стои на земјата, туку на жената. 7402
Ке врвит будалшчина, не требит ум. 1411
Ке врвит мъмејнца, не требит вистина. 1412
Ке да појт, куќа собират. 1413
Ке двајца, тој тројца. 1414
Ке е кночко се ќинит. 1415
Ке е сила не е праина. 1416
Ке имат радост, имат и жаљост. 1417
Ке јас со око, тој скокум. 1418
Ке кумот без уем, од кумот два уема. 1419
Ке ќе паднит огнот, таму горит. 1439
Ке ќе пљуниш, не лижи. 1440
Ке лежала пак да лежит. 1420
Ке ми гљавет очиве. 1421
Ке не се честет старите, немат бериќет. 1422
Ке немат жена, немат ни кујќа. 1423
Ке немат мачка, глуфците оро игрет. 1424
Ке немат оган, не чадит. 1425
Ке немат пот, имат глад; ке имат пот немат глад. 1426
Ке ојш малу? — При многуто! 1427
Ке ојш ти, јас се врашчам. 1428
Ке ошол коњот ојт и огламникот. 1429
Ке пријатељ како на гости, на ан и на отел како дома. 1430
Ке ручат не вечерат. 1431
Ке се карет двајца, не влегви. 1432
Ке си ручал да вечераш. 1433
Почеток | Назад | Напред | Крај
Пословици 3001 до 4000 од 9792

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org