Македонски пословици и поговорки

Конкорданс | Класификација (на англиски) |

Почеток | Назад | Напред | Крај
Пословица Број
Ке си Турци и Асан. 1434
Ке скокат козана и јарето по неја. 1435
Ке ти очи, таму ти и гла. 1436
Ке тонит, не гази! 1437
Ке тум, тој кум. 1438
Ке шчо го болит зъбот, таму му ојт и јъзикот. 1441
Ке шчо грмит не врнит, ке шчо врнит не грмит. 1442
Ке шчо ѓаолот не можит, ја викат баба да му поможит. 1443
Ке шчо излегвит збор и душа излегвит. 1444
Ке шчо имат квачка, имат и пилиња. 1445
Ке шчо имат момичиња, ќе имат и момчиња. 1446
Ке шчо имат момчиња, ќе имат и момичиња. 1447
Ке шчо имат се туриват, ке шчо немат не се туриват. 1448
Ке шчо имат слога и куршумот над вода пливат. 1449
Ке шчо имат, се туриват. 1450
Ке шчо мат трева не никнит. 1451
Ке шчо не помогвит збор, ќе поможит стап. 1452
Ке шчо немат слога и чупките пропадвет. 1453
Ке шчо петли не пеет. 1454
Ке шчо плачет и ти плачи, ке шчо се смеет, смеј се. 1455
Ке шчо плачет не смеј се. 1456
Ке шчо чадит имат и оган. 1457
Ке шчо чешат своја ръка, чужџа не мојт. 1458
Кинисај по пат и не туку враќај се назад. 4951
Кинисало за назад, Господ да те чуат. 4952
Кинисало море во река да се давит. 4953
Кираџијата не ја носи вастегарката за црни очи, ами за да си потприт. 4954
Кирие не вели му кога му е кирилисан врато. 4955
Киселината лута на садот свој си носи штета. 4956
Кисело винце — радосна срце. 4957
Кисело не бидуа благо. 4958
Клај го волко да ти 'и пасит овците, ако сакаш да ти 'и издави сите. 4959
Клапка без јазик не дрнка. 7403
Клати врата, земај плата. 10083
Клекни роди го, стани пови го. 1459
Клета кучка девет бачии ќе брани. 7404
Клин дрво цапи, кур кашча врти. 7405
Клин со клин се истервит. 1460
Клин сос клин се вади. 7406
Клукај да ти отворат, сакај да ти даат. 4960
Книгана трпит се. 1461
Книгата дно нема. 9064
Кночко, ама дълго. 1462
Ко бев млад, „малчи не знъјш", ко остарев, „си се сматуфил"! 1463
Ко беше вълкот куче. 1464
Ко волот за сламата. 1465
Ко да мъмиш, ке се пулиш. 1466
Ко да не јајш солено. 1467
Ко да се родит женско, и стрејне плачет. 1468
Ко да спијат, леб не јајт. 1469
Ко делел господ ум, тој стоел зад врата. 1470
Ко имат леб, немат сољ. 1471
Ко имат самар, зош' да вјат наголо. 1472
Ко имат сољ, немат леб. 1473
Ко имаш дај, ко немаш барај. 1474
Ко јаболко да си преполојл. 1475
Ко кравата на домълѕокот. 1476
Ко ќе го стретиш ѓаолот, прекрсти се и бегај. 1483
Ко ќе дојт лошото отвори му и враќето. 1484
Ко ќе дојт св. Тома, секој да си ојт дома. 1485
Ко ќе дојт умот, ќе сјојт кумот. 1486
Ко ќе ја видиш чумата, си разја и на треска. 1487
Ко ќе ми дајт господ мене со врешче, јас тебе со торба. 1488
Ко ќе му порастет на ќосето мустаќи. 1489
Ко ќе ојш у вълкот на гости, зеј го и стапот. 1490
Ко ќе прогљат ќора кокошка и петелот ќе сакат да го јавнит. 1491
Ко ќе се женит сиромајот секој му ојт на свадба. 1492
Ко ќе се најајт прасето ќе го превртит копанчето. 1493
Ко ќе се превртит колата, пътишча многу. 1494
Ко ќе се родит женско, и стрејне плачет. 1495
Ко ќе се фатит сиромајот, ќе се шчинит тъпанот. 1496
Ко ќе си го видиш тилот. 1497
Ко ќе стечит суводолица, тргни се понастрна. 1498
Ко ќе стечит сувоцолица, се ќе однесит. 1499
Ко магаре меѓу пастујте. 1477
Ко нашол Еѓуптинот појќе мас, го намачкал гъзот да му светит. 1478
Ко нема карван, и на празно може да се лае. 9506
Ко од таткво му ќесе да дат. 1479
Ко се јајт и пијат, пријатели доста. 1480
Ко си ни дошол во селово, ќе поиграш и на орово. 1481
Ко Тотот со шапката. 1482
Ко шчо се надеев, арно се омъжив. 1500
Ко шчо чешат своја ръка, чужџа не чешат. 1501
Коа ќе си го видам тило, тогај ќе ти видам аирот. 4962
Коа се родив, не знам и коа ќе умрам, па не знам. 4961
Коа страчка без пашка, та и ти без момче. 9065
Коа страчка без пашка. та и ние без чупе. 9066
Кога би знъел чвек ке ќе го скрши вратот, никогаш там би ошол. 1502
Кога брашно даве Господ, вреќата а зима ѓаволoт. 9067
Кога бродот тоне, глувците први го напуштат. 9852
Кога го намачка гъзот со јъглења, кога се стори квач. 1503
Кога го нема мачорот, глувците оро играат. 10347
Кога го отепал Господ, не треба ти да го тепаш. 4963
Кога градина се копала, тогај баба се чешлала. 4964
Кога да врни, за кокошките вода не требит. 4965
Кога да ја нема дома мачката, глувците оро си играат. 4966
Кога да ја нема дома мачката, глувците се што ќе најдат, ќе изгризаат. 4967
Кога даваш со мера права, секој те веруат. 4968
Кога двајца се карет, третиот го јајт ќотегот. 1504
Кога дојде умо, не го најде кумо. 9853
Кога дрвото ќе падне секој трча кон него со својата секира. 9854
Кога е за доктур, викет поп, а кога е за поп, викет доктур. 1505
Кога е најпотребно, тогаш Господ помага. 9855
Кога е чвек гладен, свирка во меот му свирит. 1506
Кога зборвит постар, помладите требит да малчет. 1507
Кога зглежџаш момичка, фрли опуљ и на мајката. 1508
Кога игра десно - „на арно е“. 9068
Кога има масло, и баба знае да меси зелник. 10348
Кога имаш маша, не ваќај го огно со рака, оти ќе те изгорит. 4969
Кога кобила ќе ватат, таа ќе вршит. 4970
Кога кокошка многу грачи, помалку јајца снесуа. 4971
Кога кукумавка куке, знај оти болес ного ки има. 9069
Кога ќе 'и ишчиниш тие опинци, ќе ти купам други. 1531
Кога ќе видам, ќе повервам. 1528
Кога ќе влегуаш кај судот, портата ти се гледат многу широка; а кога ќе излегуаш — тесна. 4985
Кога ќе дојт чвек до питачки стап, секој бегат ад него. 1529
Кога ќе зафатиш една работа, требит да је битисаш. 1530
Кога ќе и доит на кокошката јајцето на газо, тогај барат седело. 4986
Кога ќе је дојт за носење, кокошката сама ќе си најт седело. 1532
Кога ќе ми никни коса на дланката, тогај аир да имаш во куќата. 4987
Кога ќе му дојт јајцето на гъзот, барат седело. 1533
Кога ќе му порасти на коњо рогои, тогај и на ќос мустаќи. 4988
Кога ќе се угаси свеќата, сите жени се исти. 9863
Кога ќе те турнит Господ, и вредно и невредно ќе те туркат. 4989
Кога ќе ти врзам една трешница, обете очи ќе ти светнат. 4990
Кога ќе ти дадат прасе, убаво држи ја вреќата. 9864
Кога ќе ти платит, и мене да ми кажит. 4991
Кога лажиш, кај се пулиш? 4972
Кога легнав, како скапана круша веднаш заспав. 4973
Кога мечка не ти гази лозјето, не викај по неа. 4974
Кога мечката игра во соседниот двор, очекувај да пристигне и кај вас. 9513
Кога многу грмит, малку врнит. 4975
Кога многу грмит, малу дожд врнит. 1509
Кога многу грмит, многу врнит. 4976
Кога не те закача мечката, и ти неа немуј. 4977
Кога не те прашаат, не треба да кажуаш. 4978
Кога некој ќе добие мали чирчиња велат: „на здраве е“. 9070
Кога некој ќе се изгорит, тогаш скокат. 1510
Кога некој се дави, и за сламка се фаќа. 9538
Кога нема ѓаолот работа, си 'и ебе децата. 4979
Кога нема ѓаолот работа, си 'и тепа децата. 4980
Кога нема ѓаолот работа, си и ебит децата. 9856
Кога нема коњ, арно е и магарето. 10346
Кога немат век, немат лек. 1511
Кога немат глаа, чуму му е брада. 9857
Кога немат манџа — пости, кога немат пари — великој пости. 1512
Кога немат пиле, арна е и страчка. 1513
Кога немаш пари никој чест не ти прајт, дури ни жената. 1514
Кога од несакање ќе се згреши, и Господ ќе прости. 4981
Кога одиш кај волкот на гости, земи го и кучето со себе. 10349
Кога петлите често пеат, брго ќе се разденит. 4982
Кога пијам кр, кр, кр, а кога плаќам тр, тр, тр. 9071
Кога прајш црква, напрај и камбанарија. 1515
Кога прајш џамија, напрај и минаре. 1516
Кога работи ѓсолот што ќе прави Господ. 9072
Кога се вати сиромаиот на танец, се скина танецот. 4983
Кога се вълците гладни, јагнињата се криви. 1517
Кога се давит чвек, и за змија се фашчат. 1518
Кога се давит чвек, и за усвитено железо се фашчат. 1519
Кога се карет двајца, третјот печалит. 1520
Кога се криеш, не кашлај. 8646
Кога се потурчи, кога свитка чалма. 1521
Кога се раѓа женско и стреите плачат. 9073
Кога се сторил Еѓуптинот цар, прво татка си го обесил. 1522
Кога се фати сиромавио на оро, се скина тапано. 9553
Кога си во Рим, однесувај се како Римјаните. 9858
Кога си се фатил на оро, требит да играш. 1523
Кога сиромаштијата ќе дојде на врата, љубовта излегува низ прозорец. 9859
Кога сите ќе ти речат магаре си, време е да почнеш да рикаш. 9860
Кога сме се собрале, да се слушаме. 1524
Кога среќата тропа на врата, отвори и. 9861
Кога стопанот не е дома, куќата се запустува. 9862
Кога та се тљат лисицана најкротка, најмног варди 'и кокошките. 1525
Кога ти игра лево око ќе се разболеш. 9074
Кога ти одеше таму, јас се врашчав отаде. 1526
Кога ти се фатил ѓаолот за пола, ќини ја полата. 1527
Кого гледаш со брада и чалма, татко не ти бидуат. 4992
Кого го болит, тој плачит. 1534
Кого го вардит господ, пушка не го бијат. 1535
Кого къде го јајт, таму се чешат. 1536
Кого милуат Господ, и го накажуат. 4993
Кого туѓа вошка не го полаза, не може да сети што е јадеж. 9075
Код не седит мадро, ќе носит модро. 1537
Коде слушаш много круши с мала торба оди. 9076
Кое куче ме залајало, избесело. 4994
Кое куче од далеко лае, не апе. 7407
Кое лето без горештина. 4995
Кожа в'к не плаши. Кожето белее, бабата лудува. 7408
Кожа и коски останал, - се вели кога некој многу ќе ослаби. 9077
Кожата на образон му е бијолска. 1538
Кожата на петар. 1539
Кожата од грбот ќе му ја одерат. 9078
Козата грат а колке, она с пашката нагоре. 9079
Козата е мајстор што праи со газо петлици. 4996
Козата мъмит, рогот не мъмит. 1540
Кози и кожи не живеат на едно место, ама бива кат са се нашли. 7409
Кои се фаќаат за нож, од нож ќе загинат. 9865
Кој арно зафашчат, арно ќе битисат. 1541
Кој арно зафашчат, полојна работа битисвит. 1542
Кој бара рогови, ќе ги загуби и ушите. 10350
Кој барат жена без кусур, без жена ќе останит. 1543
Кој барат многу, ќе го загинит и малуто. 1544
Кој барат преку лебот погача, ќе останит без леб. 1545
Кој барат рогои, ќе изгубит и ушите. 9866
Кој бега од гости да си одбегне од кожата. 9080
Кој бега од дош, ќе падни на град. 4997
Кој бегат од арно, ќе паднит на лошо. 1546
Кој бегат од трн, ќе паднит на глог. 1548
Кој беда сее, тој гнев жнее. 10118
Кој берит трошки, берит и пари. 1549
Кој бргу судит, бргу се и кајт. 1550
Кој брзат, грешит. 1551
Кој брзо се жени, полека се кае. 9867
Кој бркат чужџа работа, својата ќе је остајт. 1552
Кој брца рацете в медо, он ќе си и и олиже. 7506
Кој бура сее, невреме жнее. 9868
Кој в трн, кој в грм. 1553
Кој варит манџа на трески, ќе му мирисат на чад. 1554
Кој варка, ќе си превари касмето. 7417
Кој вервит соној, пасит вепрој. 1555
Кој вечерат вино, ќе ручат вада. 1556
Кој видел ајр од работа! 1557
Кој види в'вко и вике и не, ама кој само чуе, одере се викајќи. 7418
Кој вино пијат, без невеста спијат. 1558
Кој вино пијат, на бунишче спијат. 1559
Кој вино сакат, тој без гашчи скакат 1560
Кој вино сакат, тој без невеста скакат. 9082
Кој вино фалит, во калта се ваљат. 1561
Кој винце потпивјат, без женичка останвит. 1562
Кој винце потпивјат, глата си ја разбивјат. 1563
Кој високо летат, ниско ќе паднит. 1564
Кој високо лита, далеко гледа. 7419
Кој високо лита, ниско пада. 7420
Кој вјаса, ќе втаса. 4998
Кој вјаса, ќе паѓа; ја пополека да далеку. 4999
Кој вјат магаре, ќе му го мирисат прдежот. 1565
Кој вјат магаре, ќе му го слушат рикањето. 1566
Кој во клинецот, кој во плочата. 1567
Кој во осој кој во присој. 9084
Кој го жаљат клинецот, ќе го заѓинит и коњот. 1568
Кој го загинал страмот, та ти да го најш. 1569
Кој го знъјт од каква вълна му е капата. 1570
Кој го молиш, немој да го лутиш. 7421
Кој го потискат носот во чужџа врата, без нос ќе останит. 1571
Кој го штеди стапот, го расипува синот. 9869
Кој граби чужџо, изгубува и своето. 7422
Кој гребач, тове и мијач. 7423
Кој грми, не трешчава. 7424
Кој дава ногу — од имање дава; кој дава малку — од душа дава. 7426
Кој дава, не му се познава. 7425
Кој дал, дал; кој јал, јал. 5000
Кој далеку патува многу знае. 9870
Кој дат прст, ќе дајт и ръка. 1572
Кој добро прајт, немат зошчо да се кајт. 1573
Кој доцна доаѓа, лошо седи. 9871
Кој држит многу празници бргу осиромашвит. 1574
Кој држит празник, празна му е куќата. 1575
Кој дълго спијат, борчлија станвит. 1576
Кој е апен од змија, страх го е и од гушчер. 7427
Кој е апнал мед, он му знае сладоста. 9872
Кој е домозет, он в плевната спие. 7428
Кој е ербап, ќе јаде ќебап. 7431
Кој е за вонкашните арен, за домашните е лош. 7429
Кој е за пеза, он се пези. 7430
Кој е јунак, нека излезе на мегдан. 7432
Кој е каснат од змија, му е страх и од гушчерица. 9873
Кој е ќељав, да не седит гологлав. 1580
Кој е носач, надницата му е под капата. 7433
Кој е околу медо, он си лиже прстите. 7434
Кој е под крушата, тове јаде крушите. 7435
Кој е прав, прав и пепел да се сторит. 1577
Кој е прав, прав и пепел; кој е крив, да е жив. 1578
Кој е прост, се прајт мост. 1579
Кој е против царо, он е против бога. 7436
Кој е, тој е. 1581
Кој едношка измъмит, втор път не му вервет. 1582
Кој едношка измъмит, после и вистината да је кажвит, не му вервет. 1583
Кој жали клинецо, губи плочата. 7437
Кој за деца плаче, за очи да плаче. 7439
Кој за себеси е лош, како ќе бидит за други арен. 1584
Кој за што, баба за вретено. 8661
Кој за шчо си е. 7440
Кој замира, не умира. 7438
Кој зафашчат многу рабоќе ниедна не битисвит. 1586
Кој зборвит шчо му драго, ќе слушат шчо не му е драго. 1587
Кој зборвит шчо сакат, ќе слушат шчо не сакат. 1588
Кој зборит многу, многу греши. 9874
Кој зборува каквото сака, он слуша каквото не сака. 9875
Кој зборува сее, а кој молчи жнее. 9876
Кој зле сере, дваш оди. 7441
Кој знае да свири, и на тојага свири. 7442
Кој знае писмо, с четир очи гледа. 7443
Кој знае, признава и на лажица; кој не знае, не признава и на паница. 7444
Кој знъјт да чекат, ќе дочекат. 1589
Кој знъјт многу занаети, без кошуља останвит. 1590
Кој излази на чело, не мисли за село. 7445
Кој има брада наое и чешељ. 9085
Кој има брада, ќе треба да си обезбеди и чешел. 9541
Кој има брашно дома, сиромав не слагај го. 9877
Кој има добро вино, има и добар пријател. 10351
Кој има жена, има и караници. 10352
Кој има ного пипер и в зелето торуве. 9878
Кој имат арна жена, не му требит рај. 1591
Кој имат брада, си имат и чешељ. 1592
Кој имат кош слама појќе од тебе, не играј со него. 1593
Кој имат побратим камиљар, нек си напрајт повисока врата. 1594
Кој имат, ќе го тучит; кој немат, ќе го сучит. 1596
Кој имат, ќе купит; кој немат, ќе шупит. 1597
Кој имат, нека малчит; кој немат нека не лајт. 1595
Кој иска да учи, требе и да плати. 7446
Кој иска ногу, и без малку останува. 7447
Кој јајт лајна, си имат и олџица. 1598
Кој как постеле така и легнуве. 9086
Кој како дење си мисли, и на сон ќе му иди. 5001
Кој како е скроен, така ќе се ишчинит. 1599
Кој како знъјт така и пејт. 1600
Кој како ќе си је наредит. 1604
Кој како прајт, така и наожџат. 1601
Кој како работат, така е и платен. 1602
Кој како си коња ранит. 1603
Кој како шчо се скројл, така ќе се ишчинит. 1606
Кој како шчо се скројл, така си живејт. 1605
Кој каков е, за себе си е. 1607
Кој каков е, така прајт. 1608
Кој камења у кал фрла ќе се испрска. 9879
Кој ке никнал, таму навикнал. 1609
Кој ке умират, таму и го закопвет. 1610
Кој кон се фане, тове врше. 7448
Кој копа гроб на друг, сам в него влазина. 7449
Кој копа дупка на друг сам ќе падне во неа. 9087
Кој краде, по гас јаде. 7450
Кој кради тој лажи. 9088
Кој кради, да ослепеи. 5002
Кој кривјот го жаљат, на правјот му грешит. 1611
Кој кротко оди, тешко носи. 7451
Кој куга умре, тогај се копа. 7452
Кој купвит шчо не му требит, ќе продат и то шчо му требит. 1612
Кој купува вретена, ќе си купи и пршлање. 7453
Кој купува това шчо не му требе, ќе си продаде и това шчо му најтребе. 7454
Кој къснал од мене, се отрул. 1613
Кој ќе даи пара, тој ќе свирит свирка. 5023
Кој ќе се намъчит, ќе се научит. 1714
Кој ќе седи под круша, тој ќе 'и јади здрелите круши. 5024
Кој лаже, тове и краде. 7455
Кој лесно вервит, лесно се мъмит. 1614
Кој лете ладува, зиме гладува. 7456
Кој лете пладнуват, тој зиме гладуват. 1615
Кој лошјот го жаљат, на арниот лошо му прајт. 1616
Кој лошо зборува за другите, ќе зборува исто и за тебе. 9880
Кој лошо прајт, лошо дочеквит. 1617
Кој лошо прајт, на добро нека не се надејт. 1618
Кој лъже, на јъже; кој не, на две. 1619
Кој мал се жени и рано руча не е лаган. 9089
Кој малку дава, од срце дава. 7457
Кој малку сее, малку жнее. 9881
Кој малчит, си ја знъјт работата. 1620
Кој мери вов вр'о, удара вов корено. 7458
Кој мерит на многу врапчиња, тој не удират ниедно. 9882
Кој многу благодарит, не мислит да платит. 1621
Кој многу дат, сам ќе питат. 1622
Кој многу дробит, бргу ќе просит. 1623
Кој многу зборвит, грешит. 1624
Кој многу зборвит, многу мъмит. 1625
Кој многу знъјт, многу тргат. 1626
Кој многу молитвит, не мислит да вратит. 1627
Кој многу се смејт, малу се радвит. 1628
Кој многу се смејт, многу ќе плачит. 1629
Кој многу трчат, ќе се сопнит. 1630
Кој мъмит другего, и него други го мъмет. 1631
Кој мъмит и крадит. 1632
Кој на друг му нанесува неправда, сам ќе си ја трга. 9883
Кој на кого му копа, сам во дупката падва. 9090
Кој на ќејфот, кој преку ќејфот. 1634
Кој на младост не учит, на старост ќе се мъчит. 1633
Кој на утро богато јајт, си легвит без вечера. 1635
Кој надвива он право суди. 7460
Кој настапи на оѓине, тове ќе се изгори. 7459
Кој не верува, с очи ќе си види. 7461
Кој не го вардит чужџото, немат свое. 1636
Кој не го имат брата си за брат, ќе имат Турчин за господар. 1638
Кој не го имат брата си за брат, на Турчин робуват. 1637
Кој не го познат, скъпо го плашчат. 1639
Кој не го чуват малуто, не ќе мојт да имат многу. 1640
Кој не е за себе, не е ни за другего. 1641
Кој не е јал чужџи леб, он нишчо не знае. 7462
Кој не знае да губи, не заслужува да добие. 9884
Кој не знае да држи на попадија фустане, ќе држи на попо бастуне. 7463
Кој не знае да слуша, не може да напредува. 9885
Кој не знъјт да седит на лопата, ќе седит на ръчка. 1642
Кој не знъјт себе си да се вардит, не знъјт и другите да вардит. 1643
Кој не је вардит парата, не ќе вардит ни грош. 1644
Кој не крпи старо, неќе да носи ново. 7464
Кој не крпит фето, не носит ново. 1645
Кој не ќе почнит, не ќе овршит. 5004
Кој не ќе стиска парата не ќе ја достиска и лирата. 5005
Кој не ќе чует со еднаш, не ќе чуе со дваж. 5006
Кој не може себеси да се повела, не може да ги повела ни другите. 9886
Кој не оре, нема да жние. 7467
Кој не пита, он скита. 7468
Кој не поминал, не знъјт многу. 1646
Кој не прајл куша и свадба, ништо не знаит од веков. 9887
Кој не пробал што е горко, не знае што е слатко. 9888
Кој не работат дома, ќе работат по чужџи куќи. 1647
Кој не работат на свое, ќе работат на чужџо. 1648
Кој не работи, тове не греши. 7469
Кој не разбират од збор, ќе разберит од стап. 1649
Кој не рани мачќи, ќе рани глувци. 7470
Кој не сака кога може, кога ќе сака не ќе може. 9889
Кој не сакат да дајт, ќе најт шчо да кажит. 1650
Кој не сакат кога мојт, ќе сакат кога не мојт. 1651
Кој не сакат малу, ќе немат многу. 1652
Кој не се намъчил, не се научил. 1653
Кој не се родил, не ќе умрит; а кој се родил, ќе умрит. 5003
Кој не се рожџат, не умират. 1654
Кој не се страмит од себеси, не се страмит ни од другего. 1655
Кој не седи мадро, ќе носи модро. 10353
Кој не седи мадро, ќе си го најди. 9552
Кој не си бие жената, бие си снагата. 7471
Кој не слушат, не ќе го слушет. 1656
Кој не спие ношја, спие дења. 7472
Кој не стиска парата, не ќе ја достиска и лирата. 9890
Кој не фалит, не печалит. 1657
Кој нема в главата, има в петите. 7465
Кој нема зет, нема ни магаре. 10354
Кој нема коњ, јава на стап. 9891
Кој нема пари не му треба ќесе. 9892
Кој нема срам, нема ни грех. 7466
Кој немат во глата, имат во ноѕете. 1658
Кој немат во глата, јајт по глата. 1659
Кој немат мера, немат ни вера. 1660
Кој немат ум, имат нозе. 1661
Кој немат чедо, еден мараз; кој имат чеда, појќе марази. 1662
Кој немат, лесно фешчат. 1663
Кој ништо не прашува, ништо не научува. 9893
Кој ногу втасува, малку извршува. 7473
Кој ногу дума, ногу и лаже. 7474
Кој ногу зборуа, или ногу знае или ногу лаже. 9894
Кој ногу знае, малку страда. 7475
Кој ногу знае, ногу ќе страда. 7476
Кој ногу јаде, ќе се поболи. 7477
Кој нож вади, од нож умира. 7478
Кој носи две лубеници под една мишка, он остануа и без една. 9895
Кој носи, не проси. 7479
Кој овчар спие, без јагнишча останува. 7480
Кој од кол, кој од фортома. 1665
Кој оди бос, не треба да сади трње. 9896
Кој оди на вода, тове троши грнците. 7481
Кој оди низ село воз село, дома не си дооди весело. 7482
Кој оди по бумбар, на лајно ќе го однесит. 5008
Кој оди по ѓаола, ќе му ја работи работата негоа. 5009
Кој оди по преваро, подоцно си дооди. 7483
Кој ојт по бога, викат до бога; кој ојт по врага, живејт ко ага. 1666
Кој ојт по бога, леликат до бота. 1667
Кој ојт по бумбар, ќе го однесит на лепешка. 1668
Кој ојт по врага, живејт ко ага. 1669
Кој ојт по мува, ќе го однесит на лајно. 1670
Кој ојт пополека, ќе фтасат подалеку. 1671
Кој опитвит, не шчитат. 1672
Кој оре, сам не јаде. 7484
Кој паднал в езеро, од дожд не се плашит. 1673
Кој падне в морето, и за сламката се фашча. 7485
Кој палечник оре, не ражџасува. 7486
Кој пара даде, тове свирка свири. 7487
Кој пејт, лошо не мислит. 1674
Кој пита, не пипа. 7488
Кој пита, не скита. 9897
Кој плува спроти ветеро, плува на омјазо си. 9898
Кој пљуват наугоре, ќе му паднит на очи. 1675
Кој пљуват спроти ветар, ќе му паднит на брадата. 1676
Кој пљуе нагоре, си пљуе на лицето. 9899
Кој по тебе со камен, ти по него со леб. 1677
Кој пое, зло не мисли. 7489
Кој поеќе знаит, поеќе ќе тргат. 9900
Кој прави вретена, прави и пршлење. 7490
Кој прави кашчи, ќе оди без гашчи. 7491
Кој прајт арно, не ќе се кајт. 1678
Кој прдна, кој го зеде грошот. 1679
Кој пребира, тој забира. 5010
Кој превари, он товари. 7492
Кој предмислуа, тој не грешава. 5011
Кој премислува, не грешава. 7493
Кој пробира, он набира. 7494
Кој проси, дома носи. 7495
Кој прс да пресечиш, се ќе те болит. 5012
Кој работи, ќе заработи. 9901
Кој ранит чужџи кучиња, ќе го лает негојте. 1680
Кој рано рани, две среќи граби. 8671
Кој рано ранит, две стреќи грабит. 1681
Кој рано ручат и млад се оженит, не ќе се кајт. 1682
Кој рано станвит, весел станвит. 1683
Кој сака рогове, и без уши останува. 9903
Кој сакат да работат, не останвит без работа. 1684
Кој сакат други да го честет, требит прво сам да се честит. 1685
Кој сакат на старост да си починит, на младост требит да се потит. 1686
Кој саке да не месе, ден везден брашно сее. 9091
Кој сам се фали, сам се срами. 9904
Кој свири — свири, не тупа. 7496
Кој се бие пеза (се потсмева) ќе му се врни на трпеза. 9092
Кој се бие шега, шегата одит по него. 9905
Кој се бое од врапците, не сее просо. 9906
Кој се вали, не пали; а кој молчи, ќе сврши. 5013
Кој се возит на чужџа кола, не ојт далеку. 1687
Кој се давит и за сламка се фашчат. 1688
Кој се дига на гулемо, ќе падне на колено. 7498
Кој се измешат со трици, свињи ќе го изејет. 1689
Кој се крева високо, паѓа ниско. 8619
Кој се лути, брго ќе остареи. 5014
Кој се лути, брже ќе намакне фути. 7500
Кој се лути, ќе го дериме. 5015
Кој се лути, ќе го лупит. 5016
Кој се лути, нака се собуе. 7501
Кој се љутит, бргу ке остарит. 1690
Кој се љутит, мајка му јалојца. 1691
Кој се љутит, сам ќе се собујат. 1692
Кој се мокат спроти ветар, ќе се испрскат. 1693
Кој се надеи на надеш, не ќе има вадеш. 9907
Кој се плаши од лошото, побрже му дооди. 7502
Кој се плашит од рапчиња, не сејт просо. 1694
Кој се попарил од млеко, дуват и на мъшчејнца. 1695
Кој се правда, тој се оптужува. 9908
Кој се прајт овца, вълци го јадет. 1696
Кој се радвит на чужџото зло, ќе плачит на своето. 1697
Кој се рожџат и умират. 1698
Кој се смејт другему и нему ќе му се емејет. 1699
Кој се смејт најоѕади, најблаго се смејт. 1700
Кој се срамува, ќе гладува. 7503
Кој се страми, лицето му се црвит. 5017
Кој се трудит, тој не губит. 9909
Кој се фали не пали. 9093
Кој се фали, тове не пали. 7504
Кој се фалит, не палит. 1701
Кој се фашчат на оро, требит да имат здрави ноѕе. 1702
Кој се храни со надеж, умира гладен. 9910
Кој се црви во лицето, грешката е у него. 5018
Кој се чинит овца, него го изедвит волкот. 9911
Кој се чуреш не начури, он се оѓин не огрее. 7505
Кој седи на два стола, ќе падне и од двата. 7497
Кој седи на два стола, лесно паѓа. 9912
Кој седи под крушата, тове јаде круши. 7499
Кој седит под круша, тој јајт круши. 1703
Кој сее ветер, ќе жнее бура 9491
Кој секаде пљуват, цел свет го трујат. 1704
Кој си бие жената, тој си бие снагата. 5019
Кој си го бива, за се си го бива. 7507
Кој си има брада, ќе си најде и гребен. 7508
Кој си има вината, се плаши и од сенката. 9913
Кој си има деца, има си и грижи. 7509
Кој си има муата на капата, си ја бранит. 5020
Кој си имат во амбарот 'рж, не одит у комшијана да земат назаем чејнца. 1705
Кој си ја бара бељата, ќе си ја најде. 9914
Кој си ја има муата, сам се окажува. 7510
Кој си ја има мувата на капата, си ја ишка. 9539
Кој си ја менвит верата, ја менвит и душата. 1706
Кој си ја менвит верата, је менвит и народноста. 1707
Кој си ја менвит капата, је менвит и верата. 1708
Кој си краде од соно, краде си од веко. 7511
Кој си не припознава кусуре, тешко се жени. 7512
Кој си нема пари в кесето, нека си има мед оф устата. 9915
Кој си работи, бог не му брани. 7513
Кој си работи, тове си и има. 7514
Кој си рака дава, таа не се сече. 7515
Кој си рано рани, две среќи граби. 7516
Кој си руча на конако, ќе вечера на сокако. 7517
Кој ска ногу, без малку остануа. 9902
Кој слушат жени, бетер е од жена. 1709
Кој со душа, кој без душа. 1710
Кој со умни другарува, умен станува. 10355
Кој совет дава, не го боли глава. 9916
Кој т' опитвит аљ' се бричит владика. 1711
Кој те гледа с едно око, тис него сос двете. 7518
Кој те не знае, скапо ќе те плати. 7519
Кој тепа, ќе го тепаа. 7520
Кој тера рогове, ќе остане и без уши. 7521
Кој терат два зъјака, не фашчат ни еден. 1712
Кој ти 'и изваде очите? — Брат ми. — Затоа толку длабоко. 5021
Кој ти видел овен, кој ти скршил рог. 1713
Кој ти милува, не ти станува. 7522
Кој траит, рај ќе наит. 5022
Кој угажџа, тове право не суди. 7523
Кој украде игла, ќе украде и камила. 7524
Кој украде — оди в грех; на кој му украдат — триста греа. 7525
Кој украдит јајце, ќе украдит и кокошка. 1715
Кој урочи, пичка у очи. 8588
Кој фаќа смола, ќе се излепи. 9917
Кој фето не крпит, ново не носит. 1716
Кој фрла камене у калта, он се опрскуа. 9918
Кој чека, ќе дочека. 9920
Кој често оди на црква, највеќе е грешен. 7526
Кој штеди, има. 9921
Кој што ја жали потковицата, го губи коњот. 8622
Кој што лете пладнува, тој зиме гладнува. 10356
Кој што си сеел и ќе си жнее. 9096
Кој што сторил ќе најде. 9097
Кој шчо знтъјт и умејт, не требит да се страмит. 1717
Кој шчо имат, нека си го чуват. 1718
Кој шчо ќе речит слушај, од својот ум не дели се. 1721
Кој шчо прајт, себеси си прајт. 1719
Кој шчо сакат, то му се слушат. 1720
Кој шчо си обича, това му прилича. 7527
Кој шчо си прави, за него си прави. 7528
Кој шчо си тера, ќе си најде. 7529
Која душа не сакат да ојт в рај. 1722
Која е крушка без рачка, таа и мома без маана. 7411
Која зима без студ? 5025
Која кобила ќе се фати таа ќе врши. 9098
Која кобила ќе се фатит, таја ќе вршит. 1723
Која кобила се фане, таа влече. 7410
Која коза се делит од стадото, вълци је јадет. 1724
Која кокошка многу гракат, малу јајца носит. 1725
Која кокошка многу крека, малку нос јајца. 7412
Која крушка без опашка, да момче без невеста? 5026
Која мајка си неќи челадта? 5027
Која ми меси колаче, таја ми је тетка. 9922
Која мома момче пребират, брго не ќе се омажит. 5028
Која мома ногу избира, брже не ќе да се ожени. 7413
Која овца многу блет, малку млеко дава. 7414
Која овца се дели од булукот волкот ќе ја изеди. 9099
Која овца се дели од булукот ја јади волкот. 9100
Која работа се остат за после, никогаш не се битисвит. 1726
Која рака дава, не саане. 7415
Која рака дава, таа е мила. 7416
Која стомна појќе пъти ојт на вода, бргу се кршит. 1727
Која страчка без опашка, да и момче без невеста? 5029
Која страчка без опашка, која момичка без момче. 1728
Која страчка без опашка, та и Петко без жена. 1729
Којшт нема ум, нека нема и глаа. 5030
Којшто бара жена без кусур, не ќе можи да ја најдит ни во Стамбол. 5032
Којшто вели оти се знаи, тој ништо не знаит. 5033
Којшто во лете пладнува, во зиме гладува. 5034
Којшто дава леб по пците, ќе му останат немутриците. 5035
Којшто дава милостина, многу брго осиромашуа. 5036
Којшто дава на сиромав милостина, пред Бога му се, наоѓа. 5037
Којшто дават вересија, ќе си остани без сермија. 5038
Којшто дал ручек, нека даит и вечера. 5039
Којшто зема жена бесчесна, ќе си ја има дома бељата. 5040
Којшто знаи книга, поеќе знаи да се моли на Бога. 5041
Којшто има брашно дома, сиромав не слагај го. 5042
Којшто има една вреќа елама поеќе од тебе, не заваќај се со него. 5031
Којшто има лична жена, многу пријатели ќе има. 5043
Којшто има лична жена, не му треба дома икона. 5044
Којшто има маша, не треба да ваќа огно со рака. 5045
Којшто има пари, и зло и добро со нив праи. 5046
Којшто има пари, што сака со нив работи. 5047
Којшто има поеќе мас, и на патецот си мачкат. 5048
Којшто има, па да има. 5049
Којшто копа гроб другему, сам паѓа во него. 5050
Којшто кради игла, кради и што да му падни. 5051
Којшто кради јајца, кради и мавче. 5052
Којшто кради, аир не ќе види. 5053
Којшто кради, домаќин не ќе бидит. 5054
Којшто кради, не ќе се најадит. 5055
Којшто ќе излажит еднаш, не се веруат другаш. 5084
Којшто ќе исплетка конците, мачно ќе му го најди крајо. 5085
Којшто лажи, можи и да си крадит. 5056
Којшто менуа поеќе мајстори, тој калфа ќе си останит. 5057
Којшто многу таксуа, малку исполнуа. 5058
Којшто на младос дење преспива, на старос ќе гладуа. 5059
Којшто на младос растура, на старос ќе страда. 5060
Којшто не ет борчлија, за богат се слагат. 5061
Којшто не знаит да молчит, не знаит и да зборуа. 5062
Којшто неќи да меси, се туку ќе сеит. 5063
Којшто неќи да работи, тој си бара муабети. 5064
Којшто оди на бања, сака-неќи, ќе се испоти. 5065
Којшто паѓа в море, и за змијата се ваќат. 5066
Којшто паѓа в море, и за сламката се ваќа. 5067
Којшто поеќе молчи, поарна реч ќе речит. 5068
Којшто работи и молчи, поеќе работа ќе свршит. 5069
Којшто работи чесно, ќе живеит полесно. 5070
Којшто разбира, од еден збор разбират; а кој не разбират, и илјада да му велиш, пак не ќе те разбери 5072
Којшто разбира, разбира; а којшто не разбира, не разбира. 5071
Којшто рано се обуа, тој не грешава. 5073
Којшто рано стануа, поарно угодуа. 5074
Којшто рано стануа, тој не грешава. 5075
Којшто сака да се починит на старос, нека се помачит на младос. 5076
Којшто сам паѓат, не требит да плачит. 5077
Којшто сам паѓат, не требит друг да го туркат. 5078
Којшто своего не можи да си го варди, во туѓото ни баре можи да се опули. 5079
Којшто се ваќа на танец, како ќе му свират, така ќе играт. 5080
Којшто се ваќа на танец, треба да играт. 5081
Којшто се опива, не чекај од него добрина. 5082
Којшто си пастри устата, тој си пастри душата. 5083
Којшто умира еднаш, не умира дваш. 5086
Којшто чини добро, не ќе најдит лошо. 5088
Којшто чини, себе чини; којшто дава, себе дават. 5087
Којшчо носе товарот, тој му знае тежината. 9923
Кокошка шчо многу грачит, малу јајца носит. 1730
Кокошкана вода пијат и ваугоре се пулит. 1731
Кокошкана вода пијат и кун господа погледвит. 1732
Кокошкана едно јајце ќе сносит, цел свет ќе је разберит, а пчелата никој не је знъјт шчо прајт. 1733
Кокошката има мозок, ама ја знаат по копаните. 8593
Кола в торба не се крие. 7530
Коли овци, рани волци. 5089
Коли си овци, чунки се кротки. 5090
Колкава ти е чергата, толку се истргни. 7531
Колкиу стареит, толку и магареит. 9925
Колку аир ќе видат берберите од попоите, толку аир ќе видат и арамиите од крадење. 5091
Колку глави, толку умови. 9924
Колку да ја џвакаш јатката ореоа, толку ти е послатка. 5092
Колку да пија, знам си ак'ло. 7532
Колку да си праведен, пак слагај се за грешен. 5093
Колку жаба влакно, толку и тој чест. 1734
Колку јазици знаеш, толку луѓе вредиш. 8580
Колку ќе посееш толку ќе жнееш. 9495
Колку леб, толку сирење нема. 7533
Колку мало, толку пало. 1735
Колку мъски земат анот? 1736
Колку од ајпида лој, толку од него прокопија. 1737
Колку пари толку музика. 8657
Колку повеќе се плаќа толку повеќе се фаќа (магијата) . 9101
Колку поеќе имат скржаиот, толку поеќе стискат. 5094
Колку појке јајца во чорбата, толку поблага чорбата. 1738
Колку појќе грмежи, побериќетлија година. 1739
Колку појќе грмит, помалу врнит. 1740
Колку појќе знъјш, појќе тргаш. 1741
Колку појќе мас во преснеѕот, толку поблаг преснеѕот. 1742
Колку појќе, толку п'убо. 1743
Колку порано, толку поарно, 1744
Колку постар прчот, толку појак рогот. 1745
Колку прав на тапанн аир да имаш. 5095
Колку прав — толку здрав. 7534
Колку право, толку здраво. 1746
Колку растиш, толку црнејш. 1747
Колку си поумен, толку си поарен. 5096
Колку срце болело, толку очи плакали. 7535
Колку ти е покровот, толку пушти ги нозете. 9926
Колку ти е рогожата, толку пружи ги ногите. 9927
Колку ти што си ми дал мене, толку и Господ тебе. 5097
Колку уба, толку ула. 1748
Колку чеда, толку чуда. 1749
Колку што е медот благ, толку е и горк. 5098
Колку шчо знъјт ѕиздов, та и тој да знъјт. 1750
Колни како владика. 5099
Колни како Еѓупка. 5100
Колни како маштеа паштерка. 5101
Колни како свекрва. 5102
Колцина излегле арамиј, сите тукуречи умреле по апсаани. 5103
Комар мед не бере. 7536
Комитсќи мон комитска глава носи. 7537
Компир гледа дропка вади. 7538
Кому ал, и присмех. 7539
Кому како му е ќејф, така си прајт. 1751
Кому му дал господ, љуѓе не мојет да му го зејет. 1752
Кому му е квасо голем, побрго му кисни лебот. 5104
Кому не му е страм, не му е ни грев. 1753
Кому ниет, кому късмед. 1754
Кому со лајца, кому со пајнца. 1755
Комушто не му е куќата своја мила, ѓупцки пепел му е посолена. 5105
Комшијата е појке од брат. 1756
Комшијата ќе го видиш пред сънцено да го видиш. 1757
Комшиската кокошка појќе јајца носит. 1758
Комшиската кокошка се гљат како гуска. 1759
Комшисќите кокошќи погулеми јајца носат. 7540
Кон води — пешки оди. 7541
Кон да кара — пешки да оди. 7542
Кон за шило дрво не се врзува. 7543
Кон прдел — ат татнел. 7544
Коњ без узда не се повела. 5106
Коњ без узда си оди кај сакат. 5107
Коњ брз имат, ами широк мегдан немат. 5108
Коњ доб'р — пушти го, паѓа на нос; тргни го — на газ. 5109
Коњ за кобила, трампа, трумпа, напраи ја. 5110
Коњ зелен и даскал умен немат. 1760
Коњ и куче вера немет, 1761
Коњ можи и јунак можит, ама кога Бог не му поможуат. 5111
Коњ се фалит по еден месец, а чвек по една година. 1762
Коњето се ритаа, магарињата одеваа. 7545
Коњо алт'ни јадит и лепешки серит. 5112
Коњо и песо си познаваат стопано. 5113
Коњо сам ет арамија. 5114
Коњот влече, а кочијашот добива бакшиш. 10198
Коњот го дат, огламникот не го дат. 1763
Коњот на таткото, чвекот на вујкото. 1764
Коњот не го ранет зобта и сеното, ами очите од стопанот. 1765
Коњот сакат зоб, а жената роб. 1766
Коњот се ценит по тварот, а чвек по умот. 1767
Копавме гушчерица, ископавме змија. 1768
Копај, сади, други јади. 9928
Копат бунар крај река. 1769
Коприна носит, копри јајт. 1770
Копринена жена, вълнен мъж, попрости од сешчо. 1771
Корењата на учењето се горчли, ама плодојте благи. 1772
Корилешко мој до попа стој. 5115
Косата му обеле, и умот не му дојде. 5116
Коските и кожата уште му останаа на него. 5117
Кошулата ет поблизу до гаќите. 5118
Крадената стока тепељ не фашчат. 1773
Краденото грозје е послатко. 9929
Краденото е покаено. 7546
Крадец крадецот го препознава. 10357
Кражба не богати. 7547
Крај средина брани. 7548
Крајот го краси делото. 8664
Крајот делото го краси. 8673
Крастав коњ со крастав се чешат. 5119
Крастите магариња преку девет планини ќе се намирисет. 1774
Крв и нож. 1775
Крв ми е пред очи. 1776
Крвта вода не будува. 9930
Крвта вода не се прајт, ама понекогаш и гној се прајт. 1777
Крвта вода не се прајт. 1778
Крвта вода не се чини. 5120
Крвта вода не станува. 7549
Крвта не е вода. 9102
Крива Дрина не се исправа. 9515
Криви со ногата, оти го боли забот. 5121
Кривиот чоек и од сенката се боит. 5122
Криво да седим, право да думаме. 7550
Криво дрво ќе исправиш, крив човек не можеш. 7551
Криво засадено криво ќе расте. 9503
Криво рало — бела пченица. 7552
Криво седи, право вреви. 9103
Криво седи, право суди. 1779
Кришно се прца, јавно се кози. 7553
Крк-мрк нема, пари сум дал, ќе те јадам. 5124
Кркол сос кркол — пченица сос пченица. 7554
Крлежо е сиромах оти нема газ да сере. 7555
Кротката муа е побела куга те уапе. 7556
Кротките ќе ја наследат земјата. 9931
Кротките овци вълкот 'и давит. 1780
Кротко јагне од две маќи цица. 7557
Кротко како бубалче. 5125
Кротко како гулапче. 5126
Кротко како јагне. 5127
Кроткото јагне од две мајки цицат. 1781
Крпеж и трпеж две села поминале. 5128
Крпежот и трпежот го крепет веков. 1782
Крпежот је крепит куќата. 1783
Крпен биди во алиштата, ама не биди борчлија во чаршијата. 5129
Крста ми, леба ми, којшто ти вели, сака да те излажит. 5130
Крстена вода кај-годе не се тура. 5131
Крстената вода вов река не тече. 7558
Крсти се и плукни си в пазуа кога да видиш пијаница. 5132
Кртот и под земи ојт и не мојт да се скријат. 1784
Круша под круша си паѓа. 8576
Крушата под круша падинат. 1785
Крушата си паѓа на корено. 5133
Круши без рачќи не бива, да не е се рачќи. 7559
Крушите капат до корено. 7560
Крцкат како кола без катран. 5134
Крцкат како колце без катран. 1786
Крцкат како скрипец. 5135
Крши витка, макај тиква. 1787
Кршчај го вълкон, тој пак си е вълк. 1788
Кршчај го вълкон, тој прдит. 1789
Куга двуица се караа, третие добива. 7561
Куга е дома мажо и ѕидовето појат, куга не е дома и стреите плачат. 7562
Куга е здравје, се има. 7563
Куга има масло и баба знае да меси зелник. 7564
Куга му дојде време, петлето само си пропое. 7565
Куга му дојде јајцето на газо, тогај тера седело. 7566
Куга му дојде умо, ојде си кумо. 7567
Куга на мене господ сос вреќа, јас на тебе сос торба. 7568
Куга не е дома мачката, глувците оро играа. 7569
Куга не ти е поданија, шчо ќе ти таа поганија. 7571
Куга нема дож, и градо помага. 7570
Куга ногу грми, малку врне. 7572
Куга пиеш вода, немој да а матиш. 7573
Куга повелаа свекрвите, јас бех снаа, куга станах свекрва, заповелаа снаите. 7574
Куга правиш манастир, тури му и врата. 7575
Куга си го дал газо на вересија, ќе трпиш. 7576
Куга си се родил, на газо си паднал. 7577
Куга си се фанал на орото, ќе поиграш. 7578
Куга ти цар ебе маќата, на кој ќе се жалиш? 7579
Куга човек неќе да услужи, за тове кол врзува коне. 7580
Кукавицата умира на буката. 7581
Куќа без дрва и без брашно, мошне му се гледат на домаќинката страшна. 5143
Куќа без жена и мъж без пари оган да 'и изгорит. 1796
Куќа без жена огнот је изгорел. 1797
Куќа без жена, воденица без вода. 9932
Куќа со инет не се вртит. 1798
Куќа — ламја. 1795
Куќата гори, оџахот не чури. 5144
Куќата ја кренаа на глаа децата од разлаачка. 5145
Куќата му горит, а тој песни си пеит. 9933
Куќата не лежит на земи, туку на жената. 1799
Куќата не тежит на земја, туку на плешчи. 1800
Куќен арамија е полош од јабанџија. 5146
Куќниот арамија 'и поткоивит темелите на куќата. 1801
Куќниот праг е на висока планина. 1802
Куќните арамии се многу поопасни од надвореѓните. 9104
Кули азно да имат пијаницата, пак не му втасуаат. 5136
Кум говна јал, и на кумата давал. 7582
Кум с празно ќисе и овца на празен амбар, нишчо не бива. 7584
Кум фара не е. 1790
Куме, ќе јадеш ле печено прасе, или да го пушча да пасе? 7583
Кумитсќи гробишча се не знаат. 7585
Кумитсќи кон — кумитска глава носи. 7586
Кумитсќи нож, турска глава сече. 7587
Купеното без потреба го продат и то шчо ти требит. 1791
Купи беља со пари. 5137
Купи ден помини, утре нов ден нова нафака ќе ни даит Господ. 5138
Купи опинци — капа нема. 7588
Купи си прво комшија, после прај кука. 1792
Купи си ум со пари и продај го без пари. 5139
Купи, ден помини. 1793
Кур са му гниди пројали, капата му ќитка иска. 7590
Кур се вари побрже од лешча. 7591
Курва врагува, ама знае и џуап да дава. 7589
Куртулисал арамијата од една беља, паднал во друга. 5140
Кус да рус и во забите како пес. 5141
Кус петел довек пиле. 9105
Кус петел, пиле довека. 1794
Кус ремен, дог живот. 10358
Куса болес, благи конец. 5142
Кусие пат секугаш излази под'г. 7592
Куту на куче ки помине (се вели за дете кога ќе се удри). 9106
Куц вълк и крастајте кучиња го късет. 1803
Куцат магаре од уше. 1804
Куче ако е чвек, та тој. 1805
Куче баница не јаде. 7593
Куче влачи — дира нема. 7594
Куче во врешче не влегвит. 1806
Куче и Турчин не са за вера. 7595
Куче кога вије некој ки умре. 9107
Куче куга спие и жена куга плаче, не веруве. 7596
Куче лае од осое. 7597
Куче лајт, ветар носит. 1807
Куче лајт, мече трајт. 1808
Куче немат за шчо да фатит. 1809
Куче од него да къснит ќе збеснит. 1810
Куче од укор не одбира. 7598
Куче што не лаи и не каса. 5147
Куче шчо лајт, не късат. 1811
Куче, маче, теле јагне, рипче, врапче и дете — сите се мили, дека се мали. 5148
Кучето го милуви и стапжт си држи. 9108
Кучето дека јаде лебо, там брани. 7599
Кучето е блосоено, а мачката е кълната. 1812
Кучето е верно на стопанот. 5149
Кучето е клето на трлата. 7600
Кучето кокале ни го лиже, ни на друг го дава. 7601
Кучето лае, карване си оди. 7602
Кучето си лаи, карвано си врви. 5150
Кучето старее од одење. 7603
Кучето стопана си не го познат. 1813
Кучето шчо лае на две порти, без глава останува. 7604
Кучето шчо лае, не апе. 7605
Кучињата ласт, карванот си врвит. 1814
Кучка за селото да го брани не лаит, ама за газо свој да си вардит. 5151
Кучка што јајт мас, јајт и стап. 1815
Къде бабат многу баби, децата без гла се рожџет. 1816
Къде е мршата, таму се и галојте. 1817
Къде кого го јајт, таму се чешат. 1818
Къде мътика не удират, грозје ке се рожџат. 1819
Къде си кршчал, отаде чекај погача. 1820
Къде ти очи, таму ти и гла. 1821
Къклицата требит од корен да се откорнвит. 1822
Късае, късае, дури го искъсае. 1823
Късат ко бесно куче. 1824
Късмедот барај го во работата, а не во надежта. 1825
Късни, куме, и од граов! 1826
Ќарот и зијанот браќа са. 8658
Ќарот и зијанот се браќа. 9045
Ќе биде ко ќе прдне квачка. 10478
Ќе биде ко ќе рикне магаре. 10479
Ќе го јадеше како леб и сол. 6377
Ќе го однеси матната лошио по реката. 6378
Ќе го робеше кога го завати со зборои да му вели. 6379
Ќе збере кашча колку прах на тапан. 8433
Ќе и го потполни самарчето. 9046
Ќе и замешаме капите, ако се степаме. 6380
Ќе и кинам чевлите, ако сака Господ. 9047
Ќе и мешаме капите. 9048
Ќе и плукниме под пенџерето. 9049
Ќе излезе дело на видело. 10480
Ќе ја затрнит куќата со умо што киниса. 6381
Ќе ја работи работата како вол за сламата. 6382
Ќе јадеш ле, куме, печено прасе, или да го пушча да пасе? 8434
Ќе ми плати на тој век, или на второ пришествие, кога ќе се суди. 6383
Ќе ми те сошие од кај што не си за шиење. 9050
Ќе му дојде умот, откога ќе си појде кумот. 10481
Ќе му дојди умо, ама ќе му појди кумот. 6384
Ќе му дојт умот, откако ќе си ојт кумот. 9051
Ќе му и плати парите лани на грозје брање. 6385
Ќе му и плати парите лани на лук брање. 6386
Ќе му и плати парите лани на Петроен. 6387
Ќе му стоит празен меот. 6388
Ќе пости кога нема што да јади. 6389
Ќе пројде како пците на Василица. 9053
Ќе прокопса лошио, ама кога ќе му никни на ќосо брада. 6390
Ќе прокопса, ама по смртта, или кога ќе си го видам тилот. 6391
Ќе пропиштите и вие како змија под пенушка. 9054
Ќе пукнит од мака како костен во пуза. 6392
Ќе се завалка грнето, ќе си го најде поклопчето. 9055
Ќе се запие кавгаџијата за чоека како некоја пијаица. 6393
Ќе се лути, лути и ќе се одлути. 9056
Ќе се најде и за твојата вреќа закрпа. 9057
Ќе се плаќаат до врева. 6394
Ќе си го лизни страмот како Еѓупче мрсул. 6395
Ќе си даит како поп. 6396
Ќе си даит клучеите, како што го гледам. 6397
Ќе си дојде на годините, ќе му легне умот. 9058
Ќе си седиш мадро како поп. 9059
Ќе слезе Мурто, ќе се качи Курто. 9060
Ќе соберит дом колку тъпан прав. 3694
Ќе т' опитат староста, ке ти била младоста. 3695
Ќе те јада како алва на Прочка. 9061
Ќе течит рекана ке шчо текла. 3696
Ќе траит алиштето од Бадник до Бадник. 6398
Ќе траит од новина до погибел. 6399
Ќе треснам ко орев на камен. 3697
Почеток | Назад | Напред | Крај
Пословици 4001 до 5000 од 9792

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org