Следниот дел
Претходниот дел
горела............1
Лани горела, а са смрдела.
горен.............1
Му се чинит оту немат горен праг.
горет.............1
Покриените јъглења појќе горет.
гореш.............1
Образ е гореш.
горештина.........5
Ако сака да изгорам од горештина, ама јас ќе одам.
Ако сака камено, нека пука од горештина, јас ќе траам.
Зинал како пес во горештина.
Кое лето без горештина.
Лето без горештина не бидуа.
гори..............15
Ако нема дрва, оѓине не гори.
Ако срцето за љубов ти збори, не дај му да гори.
Восоко го собираат безгрешните пчели, затоа се гори пред чесните икони.
Гори ле на комшијата кашчата, трчи да гасиш твоата.
За една болва не гори ја целата черга.
Знаит Господ чие масло гори во твоето кандило.
Куќата гори, оџахот не чури.
Ламба без газје и фитиле не гори.
Ни ражено да гори, ни ќебапо.
Покрај суото дрво гори и суровото.
Покрај суото и зеленото гори.
Свој свеќи гори, туѓи есапи праи.
Село гори — баба се поска.
Селото гори, баба се чешла.
Слабие оѓин повеќе дрва гори.
горит.............17
Ако горит куќата од комшијата, варди ја и твојата.
За бълвата јорган горит.
Заради сувото и сурото горит.
Знъјт господ чије масло горит во кандилото.
Ке ќе паднит огнот, таму горит.
Маж без пари и куќа без жена — огон да ги горит.
Му горит под нозете.
На глата оган му горит, а тој абер си немат.
Не горит образот од сънце, туку од страм
Огнот ке ќе паднит, таму горит.
Покрај суото и суроото горит.
Потаен жар поеќе горит.
Село горит, баба се чешљат.
Сиромајот од јанг'н не берит гајле, чунки ветвата ругузина не му горит.
Старјот пен посилно горит.
Старо бунишче појќе горит.
Ти се смејш, а мене срцево ми горит.
гориш.............1
Имаш ле маша, нема да си гориш прстите.
горк..............1
Колку што е медот благ, толку е и горк.
горнега...........1
Вјаај ме, желко, од горнега.
горнион...........1
Не ме газиш ти, туку горнион.
горниот...........1
Горниот да му дојт до ак.
горчеливоста......1
Не стравувај да ја вкусиш горчеливоста на успехот.
горчивото.........1
Требе да го г'тнеш горчивото, та после благото.
горчли............1
Корењата на учењето се горчли, ама плодојте благи.
горчлива..........2
Жената колку е блага, толку е горчлива.
Морската вода е горчлива за морето да не се смрдуа.
горчлио...........1
Чужџото корче е горчлио.
гос...............8
Бог да те чува од гнил мос и од прдлив гос.
Гос дојде, јајце снесе.
Гос е мил до три дена.
Гос сос една нога бос.
Дојде гос, расипа пос.
Неканен гос — готаво магаре.
Од бесно куче на пат и жена в кат, од гнил мос и прдлив гос.
Сит гос се не гошчава.
госје.............1
Поканила мечка госје, ат се скрила вов трњето.
госпад............1
Госпад е и горе и доле, и на небото и на земјата.
госпо.............1
Работата е од Госпо дадена.
господ............172
Ако ги слушаше господ кучињана, пастрма ќе врнеше.
Ако ги слушаше господ магарињана, ниеден самарџија не ќе останеше жив.
Ако е цар, не е господ.
Ако е чорбаџија, не е господ.
Ако рекол господ, да одречит.
Ако си ми татко, не си ми Господ, да што сакаш да ми се качиш како петел на врато?
Ако си помагаме еден други, и Господ ќе ни поможит.
Ако си поможиме еден со други и господ ќе ни поможит.
Арен е господ шчо не го држит.
Арен е господ шчо не трпи.
Арно е да имаш жена и умна и лична, арно ама Господ две добра на едно место не дава.
Арно е да имаш жена умна и лична, арно ама господ две добра на едно место не дава.
Бериќето се раѓа кога и Господ го блаослава.
Брат од брат кога се помага, и Господ ќе ги даруа.
Варди се и господ да те вардит.
Господ бој му дал, ама ум не му дал.
Господ борч не плаќа.
Господ високу, а царот далеку.
Господ грев да не ми клајт.
Господ грев ќе ти пишит.
Господ да ме бранит од будали пријатели, а од душманите ќе се бранам сам.
Господ да ме вардит од пријателите, а од душманите сам ќе се вардам.
Господ да не те остајт со едно око и со едно дете.
Господ да те бранит да си измеќар на бел коњ и на калуѓер.
Господ да те бранит од гладна вошка.
Господ да те бранит од голи дебрани,
Господ да те бранит од голи фодули.
Господ да те бранит од дълги стапој и ниски тавани.
Господ да те бранит од дълги стапој и тесни сокаци.
Господ да те бранит од крстен ѓаол.
Господ да те бранит од ќосе, од ќор и од сакат.
Господ да те бранит од лош брич и од лоша жена.
Господ да те бранит од нов чорбаџија,
Господ да те бранит од оган, вода и од лоша жена.
Господ да те бранит од пијана жена и од бесна свиња.
Господ да те бранит од покондурен опинок.
Господ да те бранит од полошо.
Господ да те бранит од тап брич и од проста жена.
Господ да те бранит од учени луѓе, колку поучени, толку по будали.
Господ да те бранит од учени луѓе, колку поучени, толку побудали.
Господ да те бранит од учени луѓе.
Господ да те запази од лесици клеветници и од в'ци мурафетл'ци.
Господ да те чуа од гол та фодул.
Господ да те чуа од дива свиња в планина и од лоша дружина.
Господ да те чуа од лоши пријатели, да за од душмани сам ќе се чуаш.
Господ да чуа од долзи стапој и од ниски одаи.
Господ дава, ама в кошара не накарува.
Господ дава, Господ зема.
Господ дава, Господ зема.
Господ дават, ама в амбар не ти тура.
Господ дал на земјава се што му треба на чоека.
Господ дал, господ зел.
Господ дал, господ зел.
Господ дат, ама низ опак не пушчат.
Господ душа сакат.
Господ е еден и за богат и за беден.
Господ ет на небеси и наземи.
Господ забаат, ама не забораат.
Господ забавја, ама не заборавја.
Господ знае и за стари жени.
Господ знаи кому што праит.
Господ и на шега дат.
Господ ич не спиет.
Господ ка е, никој не е.
Господ кога да сакат и од амбар житото ти го земат.
Господ кога да сакат и од пазуа ти го земат.
Господ кого чуа, куршум не го ваќат.
Господ когого милуа, и го накажуа.
Господ љубовта да им ја артерисат.
Господ мене со вреште, јас тебе со торба.
Господ милоста да им ја умножит.
Господ на заем не земат.
Господ не гледа на лице, ами на срце.
Господ не гљат на љуѓето, ами на срцата.
Господ не е мачка да те драпнит одеднош.
Господ не одбират, а собират.
Господ ни куцата овца не ја остат.
Господ од луѓе скали прави.
Господ прво умот ќе му го зејт на чвека, а после стоката.
Господ се распасал.
Господ секому не можит како што сакат да му угодит.
Господ чвека без пријатељ да не го остајт.
Да беше арно, и господ брат ќе имаше.
Дрвен господ секој оправува.
Едно чвек кројт, друго господ прајт.
Заигра дури и дрвен Господ.
Здравје, здравје да имаме, да Господ ќе ни дајт, ако сега немаме.
Знаит Господ чие масло гори во твоето кандило.
Знъјт господ чије масло горит во кандилото.
И господ се смејт кога арамја на арамја ќе му украдит.
И јас мога, и кон може, ама господ не поможе.
И чоекот да ја сеит жито земјата, ама и Господ со сонце да ја стоплит.
Имат Господ и за нас.
Ка е господ, никој не е.
Каде е Господ никој не е.
Кај што старите не се слушаат, и Господ не му даат.
Како Господ што рекол.
Како што ти мисли комшијата, така да ти мисли и Господ.
Кинисало за назад, Господ да те чуат.
Ко делел господ ум, тој стоел зад врата.
Ко ќе ми дајт господ мене со врешче, јас тебе со торба.
Кога брашно даве Господ, вреќата а зима ѓаволoт.
Кога го отепал Господ, не треба ти да го тепаш.
Кога ќе те турнит Господ, и вредно и невредно ќе те туркат.
Кога од несакање ќе се згреши, и Господ ќе прости.
Кога работи ѓсолот што ќе прави Господ.
Кого го вардит господ, пушка не го бијат.
Кого милуат Господ, и го накажуат.
Колку ти што си ми дал мене, толку и Господ тебе.
Кому му дал господ, љуѓе не мојет да му го зејет.
Куга на мене господ сос вреќа, јас на тебе сос торба.
Купи ден помини, утре нов ден нова нафака ќе ни даит Господ.
Ќе и кинам чевлите, ако сака Господ.
Леб и сол што дал Господ.
Лели ме турнал Господ, и вредно и невредно ќе ме туркат.
Мнозина цареи и кралеи умреле, а Господ си живеит.
Му дал господ бој, ама не му дал ум.
Мъжот в куќи ко господ се пречеквит.
На кој рано станува и господ му помага.
На крава шчо буцат господ не је дат рогој.
На ќорото пиле господ му го прајт седелото.
На пала крава господ рогој не је дат.
На присмех и господ помага.
На сиромавиот ни Господ не му поможва.
На скрстени ръце господ не поможвит.
Наредил Господ да има и богати и сиромаси.
Не гљал господ ко дал.
Не гљат господ на нечисти опинци, туку на чисто срце.
Не лажи, не кради, ами работи, и Господ ќе ти наврти.
Не остави Господ никого без дар.
Ни господ в мјана, ни ѓаол в црков влегвит.
Ние од место, Господ на место.
Од белезан чвек господ да те бранит.
Од кај што се не надеиш, Господ ќе ти даит.
Од ќор и од сакат господ да те браниит.
Од млада свекрва и од бела кобила господ да те чува.
Од стар да неразбран Господ да те чуат.
Од тебе сефте, од Господ бериќет.
Паднал како чоек: еден Господ не паѓа.
Пијана душа господ не слушат.
По плач — и радос дават Господ.
Помогни си и Господ да ти помогне, со скрстеи раце ништо не бидува.
Поможи си сам и господ да ти поможит.
Работи и живеј со правина, за Господ и чоек да те милуаат.
Рекол Господ да умират чоекот.
Родот чоечки Господ го благосои за да се множи и да умрит.
Саде Господ знаит што има на сио век.
Саде Господ лага не продаа.
Сам Господ се чуди кога гледа поп да лажи и да кради.
Сам кој се издига, господ го снужува.
Само господ е чорбаџија.
Само Господ знаит што праит.
Само Господ ќе ги суди прао луѓето.
Се што дават Господ, арно ет.
Секој за себе, господ за сите.
Секој чоек што се раѓа, и к'сметот Господ му го дава.
Сите добра на едно место не и даат Господ.
Со темјан ѓаолот се трует, а Господ се покадует.
Суднико кога суди по правина, и Господ се радуат.
Ти мене, а тебе господ.
Царот далеку - Господ високу.
Чвек мислит едно, господ дат друго.
Чоекот ако се чуат од лошо, и Господ ќе го чуат.
Чоекот знаит колку еден чоек, а Господ го знаит сичкото.
Чуден е Господ во светиите.
Што дал Господ, леб и сол.
Што дал Господ, што да земи ѓаолот.
Што знаи Господ, нека знаи и светот.
Што не покрил Господ, и чоекот не можит да го покриет.
Што не покрил Господ, човек не може да покрие.
Шчо е господ, не е никој.
Шчо знъјт господ и љуѓе да знъет.
Следниот дел
Горе