Следниот дел

Претходниот дел

 гибај.............1
Со уста јади, со ръце не гибај.
 гибет.............1
Ръце шчо гибет, никој ги неќит
 гизда.............1
Катаден Мара гизда, а на Велигден гнида.
 гини..............1
Алал стока не гини — и да загини, па ќе се најдит.
 гинит.............2
Зулум дури не биди, царсто не гинит.
Стоката алал не гинит и ако заѓинит, пак ќе се најт.
 гла...............45
Бесот гла ѓинит.
Блаѕе на умната гла и вредната ръка.
Брада царска, а гла водејнчарска.
Голема гла голема капа носит.
Гъз преку гла.
Даскалска гла — празна.
Двајца без душа, третјот без гла.
Една гла две капи не носит.
Една гла — една капа.
Една гла — една шија.
За голема гла, голема капа требит.
Ѕизд со гла не се рушвит.
Каква гла, таков брич.
Каква му гла, таква му капа.
Ке ти очи, таму ти и гла.
Къде бабат многу баби, децата без гла се рожџет.
Къде ти очи, таму ти и гла.
На гла ти седам, в уста ти прдам.
На гла ти седам, на брада ти прдам.
На ќеља гла, не требит капа.
На умната гла и едно око је доста.
Наведена гла јарем тргат.
Наведена гла сабја не је сечит.
Не се фашчат ни за гла ни з' опашка.
Немат гашчи на гъзишче, а на гла цвеќе ми клал.
Неоља гла ѓинит.
Од малчење гла не болит.
Од мирно седење гла не болит.
Од појќе ум гла не болит.
Од шчо најмногу се вардиш, на гла ќе ти дојт.
По гла гљај, по плешчи мај.
Поарно да си на овците гла, отколку на гојадата опашка.
Пресечена гла лек немат.
Со злато на гла не се излегвит.
Со лошото на гла не се излегвит.
Со свој камен по своја гла.
Со твој камен по твоја гла.
Со твојата пајнца по твоја гла.
Тешко на нозете под ула гла.
Тргала гла мъка, имала и зошчо.
Тројца без душа, еден без гла.
Фати го еднјот за ноѕе, удри го другјот по гла.
Шчо ми мислиш мене, на гла да ти бидит.
Шчо не се надејш, то ќе ти дојт на гла.
Шчо ти мисљам тебе, на гла да ми бидит.
 глај..............3
Ако е цар, не носит две глај.
Берберон секакви глај стрижит, та и ќељај.
Ѓаурски глај како тикви.
 глаа..............18
Заошто му е глаа кога му е празна?
Их, што бричена глаа имат!
Којшт нема ум, нека нема и глаа.
Куќата ја кренаа на глаа децата од разлаачка.
Му помина едно премреже преку глаа.
На такваа глаа таква капа.
На такваа глаа таков брич.
Наведена глаа под царска сабја поминуа.
Не би се шега да не ти дојди на глаа шегата.
Од молчење глаа не болит.
Ожени се да си земиш беља на глаа.
Очите во глаа му играат како на некој сатана.
Поарно е да бидиш глаа на мачките одошто опашка на 'рсланите.
Пријател верен кој имат, уште една глаа ќе имат.
Скрши глаа, си побегна, невратоо појде.
Со глаа ѕид не се турват.
Удрен зер ет в глаа, што толку вика.
Удри по очи, по глаа — на жена не бидуа, оти и таа има душа.
 глаата............24
Али се стори чоек арамија, тој веќе си ја клал глаата в торба.
Брадата арно ја има бела, туку глаата ја има зелена.
Их, што му сечи умо глаата!
Их, што шарен ѓаол ет: очите во глаата му играат!
Како му стори умо, нека му трга глаата.
Му ваќа умот во глаата како на камен.
Му дојде бељата на глаата, и пак не се сеќаат.
Му зела глаата вет'р.
Му падна капата, му се виде глаата ќелаа.
На глаата му седи, на брадата му е...
Најде глушецот дупка да си пикни глаата, па си врза и црпка на опашката.
Од умот ќе тргат глаата.
Остаре, обеле и умот во глаата не му дојде.
Рибата од глаата се смрдвит.
Свињата си копа за глаата.
Се што си тргат од глаата.
Секој си имат ум во глаата: нека мисли, после нека праи.
Со умо чоек грешаа, со глаата си трга.
Сол на глаата му триеше.
Удри си ја глаата, ако сакаш од најголемио камен, и пак фајде немаш.
Умот во глаата стоит, а не во капата.
Чис на татка си излезе, како да му ја скинал глаата.
Шапката му ет арна, ама глаата му ет празна.
Што ќе му иди на глаата на чоека некое лошо, нека му иди на стоката.
 глава.............46
Арна капа — лоша глава.
Арна капа, ама лоша глава.
Глава прави — глава тегли.
Глава прави — глава тегли.
Две раце за една глава.
Дигнал глава като бивол в просо.
Заошто му е брада кога нема глава?
Зашчо му е брада куга нема глава.
Ѕид се с глава не бута.
Инат глава ќине.
Јајце на глава ми се печит.
Каква глава, таква капа.
Каури глава кренале!
Комитсќи мон комитска глава носи.
Кумитсќи кон — кумитска глава носи.
Кумитсќи нож, турска глава сече.
Кучето шчо лае на две порти, без глава останува.
Ќе туркате ѕидот со глава.
Мажот е глава на семејството, ама жената е вратот.
На ќелава глава 'рѓава капа.
На луда глава капа не и требе.
На таква глава — таков брич.
На тврда глава — тврд клин.
Наведена глава сабја не а сече.
Наведната глава сабја не ја сече.
Не води инат, като ти е на глава.
Не ми требит над глава ќаја.
Од алој јајце на глава ми се печит.
Од евтиното месо и кучињата глава вртат.
Од инат се глава ќине.
Од кон паднеш — не се убвеш; од магаре — глава скршиш.
Од кука нога од камен глава.
Паметно косме не трпи будала глава.
Писано на глава на камен не оди.
Ракијата в буре е мирна, в глава е луда.
С глава се ѕид не шутка.
Се предал бидејќи друга глава немало во торбата.
Сложена глава сабја не сече.
Со глава се турка ли ѕид.
Сос глава се рид не бута.
Спушти раце — дигни глава.
Стис со глава не се турка.
Тешко на нозете под улава глава.
Триста алој си имам над глава.
Улава глава од ѕид се чука.
Учи, учи, глава бучи.

Следниот дел

Горе