Следниот дел
Претходниот дел
братја............4
Арни пријателје и од братја са помили.
Добри пријателје и од братја са помили.
Каре и зијане са братја.
Себапо и касмето били братја.
брата.............14
Брат брата не рани, тешко кој го нема.
Брат брата не рани, тешко му кој си нема.
Брат брата не ранит, тешко тој шчо го немат.
Брат за брата, сирењето со пари.
Брат по брата, сите низ врата.
Да се не веруаш и на брата ти, та да му кажиш некој скришим работи.
Дин-душман не биди на брата ти.
За брата до море, за љубе преку море.
Кој не го имат брата си за брат, ќе имат Турчин за господар.
Кој не го имат брата си за брат, на Турчин робуват.
Обесете го брата ми, оти мене ми се мели умот.
Продај брата — купи ата.
С брата до море, с маж и през море.
Чис на брата си се роди.
брате.............6
Арижај ми, брате, това шчо не може.
Брате, брате, пълна уста.
Брате, брате, пълна уста.
Лажи ме да те лажам, бре брате.
На маката чоек и на песо брате му велит.
Повели, брате, ручај леб и заби.
братец............1
Јас кат на братец, ти кат на свирец.
брато.............1
Брат од брато помогнен, појак е од град.
братсќи...........1
Јадење, пиење — братсќи, пазарл'к абанџисќи.
братска...........1
Чист есап, братска љубов.
братската.........1
Братската љубов појака е и од железно кале.
братство..........2
Арно братство, помило од богатство.
Братството за братство, брашното за пари.
братството........1
Братството за братство, брашното за пари.
брашнена..........1
Вреќа брашнена колку да ја тресиш, пак ќе прашит.
брашно............27
Будалата и на брашно се смејт.
Во секое брашно имат трици.
Воденицата неклепана брашно не мели.
Да имаше брашно и мас, и баба ќе посучеше преснеѕ.
Два камена лути не мелат брашно.
Два камења љути не мелат брашно.
Два камења љути не мељат брашно.
Два камна лути не мелат брашно.
Два љути камена брашно не мелет.
Добро вечер свекрво, дали праеш макало. Макало е каша која се прави од брашно
Додека има брашно, не е страшно.
Жито се мелит, брашно не падинат.
Знае воденичарот какво брашно турил во вреќата.
Кога брашно даве Господ, вреќата а зима ѓаволoт.
Кој саке да не месе, ден везден брашно сее.
Којшто има брашно дома, сиромав не слагај го.
Куќа без дрва и без брашно, мошне му се гледат на домаќинката страшна.
Многу е мачно кога чоек дома нема брашно.
На заем брашно згмечено се дава.
Назаем брашно, гнетено се врашчат.
Ов моме, ов душо, ов брашно, ов страшно!
Од малу брашно мало лепче.
Од секакво брашно не се сучит преснеѕ.
Само ока брашно да имаш, дај му го на мајсторот да го месит.
Сиромашчијата купвит п' една ока брашно и пак е повесела од богатите.
Со малу брашно мало лепче.
Со чоек што има една вреќа брашно поеќе од тебе не заваќај се.
брашното..........6
Брат за брат, брашното со пари.
Братството за братство, брашното за пари.
Еден тупа тапане, друг собира брашното.
Јас тропам тапане, друт го збира брашното.
Скъп на триците, евтин на брашното.
Ти тупаш тапане, друг собира брашното.
брблаица..........2
Брблаица жена е како некоја празна воденица.
Брблаица жена никој не ја милуа.
брбливио..........1
Брбливио поп ни тој разбира што пеи, ни тој што го слуша.
брборит...........1
Зборуат и туку брборит како газ на грозје брање.
брго..............17
Ако имаш пријатели за да ти пијат чаши дури е брго, оставај.
Ако имаш пријатели за да ти пијат чаши, дури е брго, оставај.
Ако се лути, брго ќе се одлути.
Без мера којшто јади, брго ќе се поболи.
Без мера којшто работи, брго ќе ее умори.
Вјасај за брго да втасаш, ама глеај да не се препниш.
Гугучката кога на брго гуга, пролвт наближуа.
Дете брго се лути и брго ќе се одлути.
Дете брго се лути и брго ќе се одлути.
Децата гајле не берат, затоа и брго растат.
Добрината брго се забораа, а лошотијата не се забораа.
Држ' пријатело чесно и верно за да не го изгубиш брго.
Кога петлите често пеат, брго ќе се разденит.
Кој се лути, брго ќе остареи.
Која мома момче пребират, брго не ќе се омажит.
Којшто дава милостина, многу брго осиромашуа.
Таткото и мајката берат гајле за децата, затоа брго ќе остарат.
бргу..............15
Бргу иде, бавно си оди болеста.
Брзата вода бргу истеквит.
Вера со пари кој купуа, тој бргу ја остаа.
Кој бргу судит, бргу се и кајт.
Кој бргу судит, бргу се и кајт.
Кој држит многу празници бргу осиромашвит.
Кој многу дробит, бргу ќе просит.
Кој се љутит, бргу ке остарит.
Која стомна појќе пъти ојт на вода, бргу се кршит.
Летото бргу поминвит.
Малото грне бргу се варит.
Негљани очи бргу се заборавет.
Силната вода бргу истеквит.
Стомна шчо ојт многу пъти на вода бргу се кршит.
Сторената добрина бргу се заборат.
брдилата..........1
Ништите и брдилата сет голема стока на жената.
Следниот дел
Горе