Следниот дел

Претходниот дел

 црнило............2
Женило — црнило.
Маж е и белило и црнило на жената.
 црниот............1
Лели имам женска челад и со црниот ѓавол ќе се сосвата.
 црно..............23
Бежаноа бело носи, а Стојанова црно.
Бежаноа мајка црно не носила, туку Стојаноа.
Бежаноа мајка црно не носила.
Бела книга, црно писмо.
Бело ми е лицево, ама црно ми е срцево.
Бело му е лицено, ама црно му е срцено.
Бело му е лицето, а црно му е срцето.
Бело преде — црно носи.
Белото не праи го црно кога те ваќа инато.
Белото си е секоаш бело, а црното — црно.
Белото црно не бидуа.
Грозјето е црно, ама ќе го изедеш; снего е бел, ама ќе клекнеш
И грозјето е црно ама е слатко.
И кафено е црно, ама бегој го пијет.
Мажот Бело Море и Црно ќе обидит за жената да ја преранит.
На бел снег и црно семе се јаде.
Не види црно куче на бел снег.
Не гледе црно, бело — гледе да е подебело.
Стојаноа мајка црно носила, а бежаноа не.
Црно е, ама мое ми е, рекла Еѓупката кога је рекле оту детето је било црно.
Црно е, ама мое ми е, рекла Еѓупката кога је рекле оту детето је било црно.
Црно кафе бегој пијет.
Црно магаре, црн зоб.
 црното............3
Белото си е секоаш бело, а црното — црно.
Црното бело не бидуат.
Црното грозје е поблаго.
 црнулка...........1
енулка — црнулка.
 црпит.............1
Море со олџица не се црпит.
 црпка.............2
Ако не во тиква, нека е во црпка.
Најде глушецот дупка да си пикни глаата, па си врза и црпка на опашката.
 цутит.............1
Да му цутит јъзикот.
 цуцнам............1
Да има да цуцнам та ако пукнам, рекол пијаницата.
 Чавка.............3
Чавка гулаб не бидуат.
Чавка зер умо му го испи на жена што се опила.
Чавка со чавка очите не си вадат.
 Чавки.............1
Чавки ти му го испиле мозокот.
 Чавкини...........1
Чавкини јајца и голаб да ги квачит, пак чавки ќ излезет.
 Чавките...........1
Чавките кога грачат, времето ќе го расипат.
 Чалма.............1
Чалма не ќе врзам, да ќе го жалам.
 Чафка.............1
Чафка му испила умо.
 Чаша..............2
Чаша отрув е поблага од печено јагне ко си во неоља.
Чаша пълна, деца гладни.
 Чашка.............2
Чашка по чашка напрчи опашка.
Чашка по чашка — напрчи опашка.
 Чвек..............22
Чвек вервит во шчо му се сакат.
Чвек двапъти се прајт домашен измеќар: кога е мал и кога ќ остарит.
Чвек е појак и од кремен, а помек и од лајно.
Чвек е појак од се, се е појако од чвека.
Чвек е појак од челик и помек од јајце.
Чвек е чвек, ама е и магаре.
Чвек е чвек, магаре си е магаре.
Чвек и од магаре да паднит, ќе отскапнит.
Чвек мислит едно, господ дат друго.
Чвек на чвека му е ѓаол.
Чвек на чвека се потпират.
Чвек не умират дури не му дојт денот.
Чвек остарвит, срцето не остарвит.
Чвек се пречеквит по рутишчата, а се испрашчат по муабетот.
Чвек се учит дур е жив и пак неучен умират.
Чвек се учит дур е жив.
Чвек себеси се си прошчат.
Чвек со едно око — куќа со една пенџера.
Чвек со зборој не се опервит.
Чвек со кола да донесвит, жената со игла да изнесвит, куќата празна останвит.
Чвек со пари не се купвит.
Чвек шчо работат вредит колку за десет шчо зборвет.
 Чвека.............2
Чвека ќе го познајш по работата.
Чвека по зборот ќе го познајш.
 Чвекот............6
Чвекот гнијат, борџот не гнијат.
Чвекот не е цвеќе да го помирисаш, та да го познајш.
Чвекот не се ценит по рутишчата, туку по умот.
Чвекот се врзвит за јъзик, а волот за рогој.
Чвекот се познат по работата.
Чвекот со се късмед се рожџат.
 Чвечката..........1
Чвечката мъка крај немат.
 Чвечкото..........1
Чвечкото око е лакомо и ненаситно.
 Чејнцата..........3
Чејнцата в уста си ја носит.
Чејнцата ојт ке ојт, пак водејнци ќе дојт.
Чејнцата пукнала од просото.
 Чедо..............1
Чедо рожџаш, брат не мојш.
 Чедото............1
Чедото и со Еѓуптин ќе те ставит.
 Чекан.............1
Чекан фали, од калем живеј.
 Чекаше............1
Чекаше мрзливиот да му падни од Бога алвица, ама си остана со зината уста.
 Чекошчина.........1
Поминал низ Чекошчина.
 Ченка.............1
Ченка сади, тикви јади.
 Чепкавме..........1
Чепкавме гушчерица, исчепкавме змија.
 Череп.............1
Череп шутарка прекарвит.
 Черлија...........1
Ако ти дадох кравата, не ти дадох и Черлија.
 Чес...............1
Чес има и у сиромасите.
 Чеснио............1
Чеснио чоек секој го веруат.
 Чесниот...........1
Чесниот чвек лесно се мъмит.
 Чесно.............1
Чесно име не ѓине.
 Чесното...........1
Чесното име никогаш не ѓинит.
 Чест..............1
Чест на старите, път на младите.
 Честа.............4
Честа е поскапа од злато.
Честа е поскапа од парата.
Честа не ет саде у богатите.
Честа чест носит.
 Честому...........1
Честому госту, зад врата место.
 Четри.............1
Четри Грци, пет капидани.

Следниот дел

Горе