Следниот дел
Претходниот дел
стара.............16
В стара кашча ред не туре.
Верата е стара и млада.
Јаре од стара коза.
Млада курва, стара светица.
На стара баба ак'л и не даве.
На стара баба гулем кур не покажуве.
На стара баба за тове не кажуве.
На стара баба не се кажува ка се легнува.
Од стара коза јаре.
Од стара мајка дете.
Поможи ми, стара, да си сплетам кошницава.
Риба и жена нема стара, нема мала.
Риба стара немат.
Риба стара непара имат, и ако има — кој ја познаа?
Срча 'ргосана и жена стара немат.
Стара шчица боја не фашчат.
старана...........2
Што вештица ет старана, со бубаќ крвта ти ја пиет.
Што Јуда ет старана, веднаш те предават.
старејт...........1
Галон колку старејт, толку црнејт.
старее............2
Ка старее, магарее.
Кучето старее од одење.
старек............1
Ако е чича ти кум, ти ќе си старек.
старец............3
Не би се шега на старец, оти и ти ќе остарееш.
Не учи старец да макат јајца.
Не учи старец да пасит кози.
стари.............9
Ако немаш пари, не барај од стари.
Без стари не се прават пари.
Бог да не чуа од стари неразбрани.
Господ знае и за стари жени.
За стари дни клај на стрна.
Муштерии стари, донесете пари.
Риба и жена никогаш не се стари.
Стари кости — младо месо не се носи.
Стари се, што рекле, не грешиле.
старие............4
И нов излак копе, и в старие не плуве.
Првата бразда старие вол искарува.
Старие вол дека тргне, там младие не може.
Старие човек не го буте, он сам ќе си падне.
старило...........1
Питај патило — не питај старило.
старио............4
Дека старио вол потргне, младие не може.
Младио има кувет (сила), а старио ум.
Старио се прегрбаил одошто многу работил.
Умре старио, падна од куќата дирекот.
стариот...........3
Вади си вода од новиот бунар, но не плукај по стариот.
Нов бунар копај, на стариот не плукај.
Уште не копнале нов бунар, го поганат стариот.
старите...........15
Децата ги јадат сливите на старите им трпнеат забите.
Држи се за новите пътишча и старите пријатели.
За младите е веков, а за старите катот.
Кај што старите не се слушаат, и Господ не му даат.
Ке не се честет старите, немат бериќет.
Младите ги јадат киселачките на старите им трпнеат забите.
Настанаа малите, кој ти ги слагат старите.
Настанаа младите, кој ти гледа старите.
Новите пътишча и старите пријатели барај ги.
Сложни браќа нови дворје градет, а несложни и старите ги уривет.
Старите волови дури не тргнат - јунчињата не можат да ја ораат меѓата.
Старите кажвет шчо напрајле, а младите шчо ке напрајет.
Старите му се чудат на младите оти си летаат со умоите.
Старите што работа да сработат, младите непара ја бендисуаат.
Чест на старите, път на младите.
старички..........1
Од две старички една младичка.
старо.............26
Ако не носиш старо, и ново нема да носиш.
Ветро крпи, конци губи; старо љуби, ноќ си губи.
Вехто крпи, конци губи; старо љуби, дни си губи.
Во старо село нов адет не прај.
Жена млада и вино старо земај.
За старо лек — мътика и лопата.
Кој не крпи старо, неќе да носи ново.
Млада жена имај си, старо вино купи си и ич гајле немај си.
Младо се преманува за убавина, старо за чес.
На старо дрво аршлама не ваќа.
На старо дрео калем не се фашчат.
Не е лесно старо бунишче куга се запали.
Од старо дрво обрач не се прави.
Од старо дрео обрач не се виткат.
Старо ако крпиш, конци арчиш.
Старо бунишче појќе горит.
Старо дрео не се пресадвит.
Старо за прилика — младо за убавина.
Старо куче ко да лајт, требит да видиш шчо е.
Старо куче стадо вардит.
Старо љуби дните губи, старо крпи конци губи.
Старо љуби дните губи, старо крпи конци губи.
Старо љуби, ден си губи.
Старо магаре не се учи раван.
Старо фали - младо фани.
Фето крпи, конци губи, старо љуби време губи.
старому...........1
Поарно старому под брада, одошчо младому под стрја.
старос............7
Збирај на младос, да имаш на старос.
Којшто на младос дење преспива, на старос ќе гладуа.
Којшто на младос растура, на старос ќе страда.
Којшто сака да се починит на старос, нека се помачит на младос.
Пилците си ведат пилиња и ги ранат без да се надеат оти на старос ќе ги гледаат.
Старос - грдос.
Шарени алишта со срма кој носи, можи на старос да проси.
старосват.........1
Сега ќе се прашаме, кој кум, кој старосват.
староси...........1
На староси два радоси.
старост...........11
До очи — свет, до заби — старост.
Жабине се плашет од шчркој, а женине од старост.
Кој на младост не учит, на старост ќе се мъчит.
Кој сакат на старост да си починит, на младост требит да се потит.
Младост за старост не се чува.
На старост - радост.
На старост магарост.
На старост раван не се учит.
Работај на младост, кри за старост.
Старост нерадост.
Старост чесна не е многу лесна.
Следниот дел
Горе