Следниот дел
Претходниот дел
пројали...........1
Кур са му гниди пројали, капата му ќитка иска.
пројде............1
Ќе пројде како пците на Василица.
проѕевка..........1
Ојт како проѕевка од уста на уста.
пробира...........4
Жаден кон вода не пробира.
Злото не пробира.
Кој пробира, он набира.
Урда кур не пробира.
провирале.........1
Кај ти што си шиел векот се провирале.
провирам..........1
Дека шиеш, там се провирам.
провират..........1
Низ иглени уши го провират.
провре............1
Се провре и оваа недела како глушец низ дупка.
прогљат...........4
Господи брани слепо да прогљат.
Да му ги извајш очине, пак ќе прогљат.
Ко ќе прогљат ќора кокошка и петелот ќе сакат да го јавнит.
Слепа кокошка ко ќе прогљат, ќе сакат и на петелот да му се качит.
прогледне.........3
Бог да те чува куга слеп прогледне.
Варди се од слеп да не прогледне.
Пази, боже, слепо да не прогледне.
прогоори..........1
Еднаш прогоори, дваш слушни.
прогори...........1
Поголем късај късни, поголем збор не прогори.
прогорит..........1
Камен ако прогорит, та тој.
прогориш..........3
Ако дојде ти да прогориш, та тој.
Имаш мустаќи да прогориш.
Имаш образ да прогориш.
продај............9
Дури не је опериш мечката, не продај је кожата.
Купи си ум со пари и продај го без пари.
Прво опери ја мечката, после продај јажата.
Продај ат — откупи брат.
Продај брата — купи ата.
Продај коња, купи седло.
Продај си го песот, лај сам.
Продај си кошулата и плати си вергијата.
Продај си палтото, исплати си вересијата.
продајш...........1
Марифет е од живо јаре кожа да продајш.
продаа............6
Имај си жена будала, ако сакаш по светот да те продаа.
Лицето го продаа девојчето.
Личната мома со личотата се продаа.
Нозе ми нема стоката, да затоа не ми се продаа.
Саде Господ лага не продаа.
Стоката арна сама зборуа и се продаа.
продаај...........1
На крастаичар не продаај крастаици.
продаат...........1
Лаги ти продаат, со опашки.
продааш...........1
Гледај да не купуаш тоа што не ти треба, оти да не продааш тоа што ти треба.
продава...........8
Арната стока сама се продава.
Арние таксидар продава и двата вола, а лошие едино.
Земан слама продава.
Лесица вов вреќа се не продава.
Лице пичка продава.
Пред оџава кашча сланина се не продава.
Сечко сечи, Марта влечи, Април кожи продава.
Шчо не се продава, не се ни купува.
продавање.........1
Имам стока за продавање, ама немат нога.
продаваа..........1
Мечката в гората, они и кожата продаваа.
продаваш..........1
Продаваш боза на бозаџија.
продаве...........5
На башчованџија не продаве краставици.
На бостанџија лубеници не продаве.
На качишчар качишча не продаве.
На ортомар ортома не продаве.
Не продаве сливи на габер.
продавет..........2
И лисицана е итра, ама кожата нејзина на ќуркчи је продавет.
На бостанџија крастајци не му се продавет.
продаде...........1
Кој купува това шчо не му требе, ќе си продаде и това шчо му најтребе.
продадеме.........1
Да ги продадеме кожите поскапо.
продадох..........2
Ако ти продадох кравата, не ти продадох ливадата.
Ако ти продадох кравата, не ти продадох ливадата.
продаиш...........4
Зборои треба да арџиш кога сакаш нешто да продаиш.
Имај стока, ќе ја продаиш, ами ако немаш, што ќе продаиш?
Имај стока, ќе ја продаиш, ами ако немаш, што ќе продаиш?
Не купуј тоа што не ти треба, оти ќе го продаиш и тоа што ти треба.
продал............3
И жена си за пари би је продал.
И татка си за пари би го продал.
Продал коњо, купил самаро.
продам............2
Без ќар ти го продам.
Како го купив, така ти го продам.
продат............19
Арната стока сама се продат.
Време бреме продат.
Време купвит, време продат.
За печена кокошка вера не се продат.
Занает никој не ти продат, ако не го зејш сам.
Идат време продат бреме.
Иктиза продат, иктиза купвит.
Кој купвит шчо не му требит, ќе продат и то шчо му требит.
Купеното без потреба го продат и то шчо ти требит.
Мачка во врешче ни се купвит, ни се продат.
На бавчанџија му продат пиперки.
Неоља продат, неоља купвит.
Осната платното го продат.
Продат рог за свешча.
Секој продат то шчо напрајл.
Секој само ум ти продат, а никој не ти помогвит.
Сечко сечит, марта дерит, април кожи продат.
Убајот коњ и на јасли се продат.
Убата стока сама се продат.
продумаш..........1
Поарно е да се п'знеш, ама лоша дума да не продумаш.
продумвај.........1
Голем залак г’тни, гулема дума не продумвај.
прозакрпен........1
Нека си прозакрпен да не бидиш борчлија на Евреин.
прозбори..........1
Два пати помисли, еднаш прозбори.
прозборуат........1
Парата, и нем да ет чоек, ќе го прозборуат.
проклено..........1
Отмено — проклено.
проклето..........4
Благословено е пиењето — проклето е пијанството.
Благословено пиењето, проклето пијанството.
Блаосоено вино, а проклето пијанство.
Пиењето е благословано — пијанството е проклето.
Следниот дел
Горе