Следниот дел

Претходниот дел

 прднал............1
Не прднал, не замерисало.
 прднам............1
Да прднам, ќе умриш.
 прдне.............1
Ти му речеш да прдне, оно се посере.
 прднеш............1
Ако прднеш, ќе речат посрал си се.
 прдни.............1
Циц, козице, на планина, прдни Марту на брадина.
 прдниш............2
Дури не прдниш, не посмрдвит.
И да стисниш и да прдниш, не се мојт.
 преќие............1
Преќие пат е д'гие пат.
 преќине...........1
Тенко ле е влакното ќе се преќине.
 преќинува.........1
Дека е нишката тенка, тамо се преќинува.
 прејаден..........1
Од што е прејаден, ќе му пукнит меот.
 прејадуање........2
Од прејадуање нема здравје.
Поеќе луѓе умираат од прејадуање одошто од гладуање.
 пребира...........1
Кој пребира, тој забира.
 пребират..........1
Која мома момче пребират, брго не ќе се омажит.
 пребројш..........2
На път да ги најш, ќе ги пребројш.
Парите и на път да ги најш, ќе ги пребројш.
 преваре...........1
Не си преваре касмето.
 превари...........2
Кој варка, ќе си превари касмето.
Кој превари, он товари.
 преваро...........1
Кој оди по преваро, подоцно си дооди.
 преврли...........1
Преку девет планиње го преврли.
 превртил..........1
Го превртил листот.
 превртит..........3
И малото камче можит кола да превртит.
Ко ќе се најајт прасето ќе го превртит копанчето.
Ко ќе се превртит колата, пътишча многу.
 прегори...........1
Треба да гледаш и ќебапо да не изгори и режено да не прегори.
 прегрбаил.........1
Старио се прегрбаил одошто многу работил.
 пред..............66
Ако играт мечката пред вратата од комшијата, ќе заиграт и пред твојата.
Ако играт мечката пред вратата од комшијата, ќе заиграт и пред твојата.
Ако фрлиш зад тебе ќе најдеш пред тебе.
Ветрот е најсилен пред да тивнит.
Восоко го собираат безгрешните пчели, затоа се гори пред чесните икони.
Да знаеш ка се прди пред оџова кашча.
Детето се тепа пред да оди на вода.
За пред попо не остана ништо.
Зборот дури не го предумаш и преживаш арно, не зборуј го пред секого.
Земи си парите и истај ми се од пред мене.
Иако цел ден е пред икони, пак си е ороспија.
Истај ми се од пред очиве, оти како крв ми се гледаш.
Истрчал ко ждребе пред руда.
Кажуј праото пред секого и ич не бој се од никого.
Како смртта пред мене да си ја гледам кога тебе ќе те видам.
Кандило пред икона палење, без Христа чисто веруање — немат спасение.
Којшто дава на сиромав милостина, пред Бога му се, наоѓа.
Комшијата ќе го видиш пред сънцено да го видиш.
Крв ми е пред очи.
Молк замолк до три години, пред цареа порта жолта курешница.
Мршата од чоека во земјата, а душата пред Бога.
Најсилен е ветрот пред да тивнит.
Не гљај само пред себе, туку и зад себе.
Не истрчви ко прле пред магарица.
Не кревај се на големо пред царот и кнезот.
Не пушчај го јъзикот пред умот.
Не се сучит мустаќ пред рслан.
Од поп се барат пред луѓе.
Пари на рака пред Мара за рака.
Пред арслан мустаќ не сучам.
Пред бога сме сите еднакви.
Пред Божик прасето не се рани.
Пред да ја видит реката, си собул гаќите.
Пред да тивнит ветрон е најсилен.
Пред да употребиш сила, употреби ум.
Пред да шијаш, требит да кројш.
Пред зори мрзнит.
Пред кум вода не се газит.
Пред кум се вода не гази.
Пред оџава кашча сланина се не продава.
Пред поп не фали го господа, а пред жена ти чужџ мъж.
Пред поп не фали го господа, а пред жена ти чужџ мъж.
Пред слнце заогајне спијајне - азир бољка.
Пред тебе светец, зад тебе ѓаол.
Пред тебе ти се препраат светец, а зад тебе ѓаол ет.
Прст пред око не се гљат.
Се инати како магаре пред мосто.
Се оближвит ко гладно куче пред касапница.
Се протегвит ко куче пред касапница.
Секое куче пред портата си лае.
Секој да си метит пред порта.
Секој пред својата куќа метит.
Стоит како некој поп пред владика.
Стори добро, фрли го зад себе, ќе го најш пред себе.
Тепе го детето пред да иде на вода.
Тргаа ли во злото, ете го пред тебе дошло.
Три дни пред умирачката.
Трча како прле пред магаре.
Укит време прс пред око не се видит.
Улав пред кадија не излегуат.
Фрли зад себе, да најш пред себе.
Фрли зад тебе, ќе најдеш пред себе.
Чоек кога се раѓа, не знаит од кај иди, а кога ќе умират, знај оти пред Бога ќе се преставит.
Чоек колку да ет праведен, пак пред Бога е грешен.
Што ќе дојт на умот, не збори пред кумот.
Што ќе ти доит на умот, не зборуј пред кумот.
 преда.............1
Каква рачичка преда, таква газичка носила.
 предават..........1
Што Јуда ет старана, веднаш те предават.
 предаде...........2
Ќешке да не се родеше Јуда одошто го предаде Христа.
Си искина ѓаолот опинците, затоа го предаде.
 предал............1
Се предал бидејќи друга глава немало во торбата.
 преде.............6
Ако е село весело, и моата фурка ќе преде.
Анета преде, а Павле меле.
Бело преде — црно носи.
Весело срце кадел'а преде.
Камила гајтан не преде.
Фанала се попадија да преде па и се испришчили рацете.

Следниот дел

Горе