Следниот дел

Претходниот дел

 посладок..........3
Од првнио залак посладок немат.
Посладок ет инатот од медо.
Посладок и погорчлив од јазик чоечки немат друтго.
 послал............1
Како си послал, така ќе легниш.
 послано...........1
Злато неброено да имаш послано, не ѓибат.
 послатка..........2
Бадијала киселина од мед е послатка.
Колку да ја џвакаш јатката ореоа, толку ти е послатка.
 послатки..........1
Послатки му сет на магарето трњето одошто сеното.
 послатко..........4
Од сон послатко ништо немат.
Од челад послатко и погорко немат.
Туѓото е послатко.
Чужџото е секугаш послатко.
 после.............45
А ага и чалма не може, прво ага после чалма.
Види го прво дрвото, да после седни под него.
Види му на чоека другарите и после есапи тој каков е.
Види му умо, да после есапи го домаќино.
Види си в кесе, да после купи си прасе.
Гледај го коњо во одот, да после влегуј во пазаро.
Гледај дури не ти летнало врапчето од рака, оти после мачно се ваќа.
Гледај се себе каков си, да после да гледаш светските кусури.
Господ прво умот ќе му го зејт на чвека, а после стоката.
Дала баба грош да се фатит на оро, после дала и јузлук да се пушчит, ама не је пушчале.
Девојката млада се љуби, после и нада губи.
Додека е млад, оди сос две, после сос три и на крае сос четири.
Есап прво стори, да после касап.
Жената Ева сопрво згреши, а после мажо.
Кој едношка измъмит, после и вистината да је кажвит, не му вервет.
Која работа се остат за после, никогаш не се битисвит.
Купи си прво комшија, после прај кука.
Лутото можеш после да го дојадеш, а смрдливото се фрла.
Мене ми е мака дури да го клаам борчлијата в рака, да после ќе си го клаам кај што прдат магарињата.
Мери, мери, та после крој и сечи.
Мъжи ја момичката дури ти тропет на врата, зашчо после ти ќе фатиш да тропаш по чужџи враќе.
На човеко прво му виж дузене, после му цени работата.
Напред крој сос главата, после сос ножиците.
Нек се раздени, да после ќе се видиме кој кај сме.
Нека дојди Видовден, та после ќе се видиме.
Откога ми го отру срцето, после благо ќе ми дават.
Пиши, па после избриши.
Понапре мери со ендезето, после крој и сечи со ножиците.
После бајрам и по газо да се намажеш к'на, нема фајда.
После свадба тапани не поминуваат.
Прво го суреди, после го уреди.
Прво есап — после касап.
Прво мери — после крој.
Прво мисли, после прај.
Прво опери ја мечката, после продај јажата.
Прво посеј, после жни!
Прво се ти боди сос нож, после други.
Прво скокни, после речи оп.
Прецеди ја лакрдијата, да после речи ја.
Секој прво да есапит, да после да касапит.
Секој прво есапи, та после касапи.
Секој си имат ум во глаата: нека мисли, после нека праи.
Суди ме, после губи ме.
Требе да го г'тнеш горчивото, та после благото.
Шака, шака, после лутина и карачка.
 последната........1
Јас сам последната дупка на свиралото.
 последниот........1
Последниот секогаш најблаго се смејт.
 послежен..........1
Послежен ум не излегуа прав.
 послешен..........1
Послешен ак'л пари не чини.
 послушува.........1
Од сто една се послушува на жаната.
 посмејал..........1
Се посмејал черепот на шутарот.
 посмеа............2
Му се посмеа курвата на ороспијата.
Се посмеа штрбло на чулета.
 посмеал...........1
Се посмеал ќељаиот на крастаиот.
 посмеам...........1
Држ'ми копилето, да се посмеам на ороспијата.
 посмрдвит.........1
Дури не прдниш, не посмрдвит.
 посмрделе.........1
Лани куќи изгореле, годинава посмрделе.
 посмртно..........1
Посмртно покајание не бива.
 посолена..........1
Комушто не му е куќата своја мила, ѓупцки пепел му е посолена.
 посра.............2
Бегајте нозе стигна ве кучето, посра ве газо.
Бегајте нозе, посра ве газо.
 посрал............1
Ако прднеш, ќе речат посрал си се.
 пост..............1
Дошол гост, расипал пост.
 постам............1
Постам со глата в ношви.
 постар............2
Кога зборвит постар, помладите требит да малчет.
Колку постар прчот, толку појак рогот.
 постаро...........3
Постаро е селото од попот.
Постаро е утрото од вечерта.
Селото е постаро од попот.
 постеља...........2
Два душмана лежет в една постеља.
Својата постеља е најмека.
 постељата.........1
Ако ти е топла постељата, ќе ти бидит студен ручегот.
 постела...........4
Болен лежи лошио чоек, на постела ет и пак од лошото не се остаа.
Двамина аги в една постела не може.
Дури е в постела болниот, ќе му земи поеќе пари еќимот.
Мека постела сиромајот ако барат, гладен ќе си легнуат.
 постелат..........1
Како ќе си постелат така ќе си легнат.
 постеле...........1
Кој как постеле така и легнуве.
 постелеш..........2
Ка си постелеш, така ќе си легнеш.
Какво си постелеш, на такво ќе си легнеш.
 постели...........1
Меките постели не сет за сиромаси.
 постелиш..........3
Ако си постелиш, ќе легниш.
Како ќе си постелиш, така ќе си легниш.
Пътов со злато да ми го постелиш, не идам.
 пости.............6
Велигденои пости многу сет долзи.
Кога немат манџа — пости, кога немат пари — великој пости.
Кога немат манџа — пости, кога немат пари — великој пости.
Ќе пости кога нема што да јади.
Лесно е да фалиш пости со пълн мев.
Со пълн мев пости да фалиш, лесно е.

Следниот дел

Горе