Следниот дел

Претходниот дел

 орев..............4
Два лешника еден орев го кршат.
Два лешника еден орев надвивјет.
Ќе треснам ко орев на камен.
Шиклата не е орев.
 оред..............1
Нека има маќа оред куго да бега.
 ореи..............2
Многу зборои — торба ореи.
Со вила ореи не се носат.
 орел..............5
Или биди мос да те газат сите, или биди орел та секој да клофаш.
Ни волк ги јаде, ни орел ги дига.
Од орел, ут.
Од ут — орел.
Се шири како орел во торба.
 орело.............2
Високо орело лета, затоа далеку гледа.
Орело си гледат на ноктите за кај има мрша за јадење.
 орелон............5
Вјавај ме, жељко, дури летат орелон над мене.
Зъјакон трпит да го вјат жељка, зашчо орелон е над него.
Зъјакот је рекол на жељката; Вјај ме жељко, дури орелон летат над мене.
Зъјакот трпит зашчо, орелон е над него.
Не ме вјаш ти, туку орелон, је рекол зъјакот на жељката.
 орелот............2
Вјајме желко, оти ево го орелот над мене.
Орелот слегвит ке шчо имат мрша.
 орео..............1
Додека не строшиш орео, не мож да изадеш јатката.
 ореоа.............1
Колку да ја џвакаш јатката ореоа, толку ти е послатка.
 ореот.............2
Во тебе е ореот, во тебе е каменот.
И ореот и каменот му се в ръце.
 ори...............3
И пој, попе, и ори.
Ори, копе, рани се, на кражба не наде се.
Трчи, ори, клечи, жниј.
 ориѓани...........1
Ориѓани добри мъжи, ченки садет тикви јадет.
 ориз..............2
Со зборој пиљав не се праит, оти сака ориз и мас.
Црн пипер на бел ориз се золит.
 оризо.............1
Мене дај ми копано, да ти јади го оризо.
 оризот............1
Пченицата си ја каснал, ама не знам кога ќе му го јадам оризот.
 орицка............1
Не ќе живејш со каљана орицка.
 орлите............2
Високо литаа орлите, па затова и надалеко гледаа.
По орлите и чавките се ранет.
 ормањето..........1
Ормањето скраја отидоа, затоа државата се оскапеа.
 орман.............3
В орман кадија не судит.
В орман ферман не се пејт.
Ферман в орман не се пејт.
 оро...............29
Ако знеш да играш фати се на оро.
Ако си заиграл на оро, ќе играш дури не досвирит.
В која кашча нема мачка, глувците оро водат.
Гладна мачка оро не игра, или сита мачка стопан не припознаа.
Гладна мечка оро не играт.
Грешка оро игра, уготка дома си седи.
Дала баба грош да се фатит на оро, после дала и јузлук да се пушчит, ама не је пушчале.
За тебе збор, за магаре оро.
Ке немат мачка, глуфците оро игрет.
Кога да ја нема дома мачката, глувците оро си играат.
Кога се фати сиромавио на оро, се скина тапано.
Кога си се фатил на оро, требит да играш.
Кој се фашчат на оро, требит да имат здрави ноѕе.
Куга не е дома мачката, глувците оро играа.
Ми насобрал оро и боро.
На какво оро се фатиш, така ќе играш.
На оро играле, гајди не виделе.
На празен мев оро играа.
Надвор од оро многу песми знъјт.
Насобрал оро и боро.
Не го сакале на оро, тој сакал до кумот да се фатит.
Некому глата му пукат, некому оро му се играт.
Оро кашча не врти.
Пари давам, оро играм.
Пизмела мома оро, та се омъжила за гајдаџија.
Сакала Мара оро, та се омъжила за гајдаџија.
Се фатил сиромајот на оро, се шчинал тъпанот.
Тъпан бијат во Калишча, оро играт во Вранишча.
Шчо бараше баба на оро?
 орово.............1
Ко си ни дошол во селово, ќе поиграш и на орово.
 ороспија..........2
Иако цел ден е пред икони, пак си е ороспија.
Ја напади таа ороспија сиромаштијата.
 ороспијана........1
Мрша скапана се сторило ороспијана.
 ороспијата........2
Држ'ми копилето, да се посмеам на ороспијата.
Му се посмеа курвата на ороспијата.
 орото.............8
Вонка од орото ного песни знае.
Доигра орото, се шчина гајдата.
Куга си се фанал на орото, ќе поиграш.
На орото бил гајдаџија и па нишчо не видел.
Пукна гајдата, се распушчи орото.
Се ватил на орото, сакат-неќит, ќе го играт.
Тргај, старче, орото да се збери селото.
Фати ле се на орото, ќе играш.
 ортак.............2
Ако си ортак во работата, не си ортак во верата.
Ако си ортак во работата, не си ортак во верата.
 ортачка...........1
Ортачка кобила в кал лежит.
 ортачкото.........1
Ортачкото месо кучиња го јадет.
 ортома............2
Муата се врзуа со едно влакно пајажиноо, а биоло со дебела ортома.
На ортомар ортома не продаве.
 ортомар...........1
На ортомар ортома не продаве.
 ортомата..........2
Али се стори чоек арамија, по себе си ја влечи ортомата.
Си ја влечка ортомата, ама ишала ќе го обесат со неа.
 осамни............1
Нема некому да му се стемни, та мене да ми се осамни.
 осамнува..........1
Каде пеат многу петли, подоцна осамнува.
 осветиле..........1
И светците згрешиле, ама пак се осветиле, откоа се покајале.
 осветуаат.........1
Сонцето и богатството дури и слепецот го осветуаат.
 осветуат..........1
Чоек се осветуат, а не камен и дрво.
 осила.............1
Ока осила не вреди — драм памет вреди.
 осиромашвит.......2
Кој држит многу празници бргу осиромашвит.
Од ефтино се осиромашвит, а од убо се заборчвит.
 осиромашел........1
Денеска бил богат, утре осиромашел.
 осиромашиле.......1
Мнозина луѓе се обогатиле и пак осиромашиле.
 осиромашит........1
Секој сиромав сакат да се обогатит, а богат неќи да се осиромашит.

Следниот дел

Горе