Следниот дел

Претходниот дел

 бараат............3
Бог е во срцата на тие што го бараат.
Ежоа трева мнозина бараат за азно да отворат.
Што бараат у кауѓер деца и у Еѓуптин маштеница.
 барав.............1
По небо те барав, по земи те стретив.
 барал.............1
Што барал, тоа и нашол.
 барала............1
Шчо барала кучката, си нашла.
 барам.............1
Мајсторе, ти дам месо и коски, а ти барам само коски.
 бараме............2
Зашчо бараме многу, сме сиромаси.
Ланската година ја бараме годинава, а годинашнава в година.
 барат.............42
Ана барат мана.
Барат беља со борина.
Барат беља со пари.
Барат влакно в јајце.
Барат игла в плева.
Барат сешчо ко трудна жена.
Барат шута рогој, ќе ги загинит и ушите.
Блаѕе на тој шчо дат, а не барат.
Во неоља не се плачит, ами чаре се барат.
Волко го гледат и трагата му ја барат.
Волко магла барат да дави овци.
Ги барат Маркојте конаци.
Големата риба голема вода барат .
И од пиле млеко се наоѓа кога чоек да барат.
И од пиле млеко се наожџат, само чвек да барат.
И пес од сој се барат, камоли чоек.
И под волот теле не се барат.
Је барат татква си венчанина.
Кај што немат мачка, глувците барат пљачка.
Кога ќе и доит на кокошката јајцето на газо, тогај барат седело.
Кога ќе му дојт јајцето на гъзот, барат седело.
Кој барат жена без кусур, без жена ќе останит.
Кој барат многу, ќе го загинит и малуто.
Кој барат преку лебот погача, ќе останит без леб.
Мека постела сиромајот ако барат, гладен ќе си легнуат.
Му дале прасе, а тој је барат и мајка му на прасето.
На ланско огнишче оган барат.
На ланско огнишче оган не се барат.
Него в село не го пуштаат, тој од попо куќата ја барат.
Неољата барат пријатељ.
Од гол кошуља не се барат .
Од поп се барат пред луѓе.
Од пцоисан коњ плочи барат.
Од умрен душа не се барат.
Од цојсан коњ барат потковка.
Од цојсан коњ потковка не се барат.
Под волот барат теле.
Под волот теле не се барат.
Рибата го барат поглобокото, а чвек поарното.
Си ја барат татква си венчанина.
Татка си си го барат во торбата што посига.
Што ти куќа нема, тоа еѓупка ти барат.
 бараш.............7
Ако даиш со раце, ќе го бараш со нозе.
Врзи прс, за да бараш лек, да секоја баба ќе ти баи како што знаи.
Дури не врзиш прс и да бараш лек, да кому како ќе му текни, и лек ќе ти кажит.
Едниот го бараш, другиот го нема.
Поарно е да даш, отколку да бараш.
Тате, пате, скри се в јасли да бараш аспри.
Што бараш во трњето кога го гледаш патот?
 бараше............4
Бес си бараше, два си најде.
Шчо бараше баба на оро?
Шчо бараше лисица на пазар?
Шчо бараше, си најде.
 баре..............3
Ако зелќи не донесох, баре земја видох.
Да се баре, не ќе се наје.
Којшто своего не можи да си го варди, во туѓото ни баре можи да се опули.
 барем.............9
Ако е чвек сиромав, барем да е здрав.
Ако е чоек сиромав, ама да е барем здрав.
Ако не врни, барем нека капи.
Ако не врнит, барем ќе капит.
Ако не зедовме денеска пари, барем дадовме ја.
Ако не тече, барем да капе.
Ако се омрсам, барем за јагне печено да се омрсам, а не за јајце варено.
Ако си сиромав, барем не биди мрсулав.
Дури е чоеко жив, барем да е здрав, да ако е и троа сиромав.
 барет.............3
Белите ръце чужџа работа барет.
Го остајле питомјот, го барет дивјот.
Здравјето, парите и слободата се барет ко ќе немаш.
 барут.............7
Барут в оган не трает.
Барут и оган не се клавет едно до друго.
Барут и оѓин на едно место не бива.
Огон и барут на едно место не се клава.
Оѓин и барут на едно место не седат.
Со огон и барут шака не бидуат.
Сос оѓин и барут шега нема.
 барутот...........1
Арамјата е бериќетлија колку барутот.
 бастун............1
Ако од секое дрво бива сворче од мое бастун кафал.
 бастуне...........1
Кој не знае да држи на попадија фустане, ќе држи на попо бастуне.
 бафт..............1
Ја бафт ја тафт.
 бацам.............1
Да ти е жив калемот, дај да ти го бацам.
 бацил.............1
Го бацил татка си в гъз.
 бацни.............1
Бацни прачка, пиј вино.
 башка.............1
Во секое село и град башка адет.
 башча.............6
Башча и крвник бива.
Без башча — половин сирок, без маќа — цал.
Каков башча, таков син.
Научи башча ти ка се деца прават.
Ни башча ми аир не е видел, не па ти.
Сос пари мож да купиш се, башча и маќа не можеш.
 башчата...........1
Ка башчата и сино.
 башчати...........1
Башчати ако е умрел, ќерефеците не е однел.
 башчинија.........1
На ерлија чедо башчинија му не треба.
 башчованџија......1
На башчованџија не продаве краставици.
 бачија............3
Видел на кур урда, помислил си бачија е.
Една овца не бива бачија.
През сечко бачија не бива.

Следниот дел

Горе