Следниот дел

Претходниот дел

 кутур.............1
Стар чоек со стапче се потпират, а младио со стапчето кутур капа си игра.
 куц...............1
Куц вълк и крастајте кучиња го късет.
 куца..............1
Не куца магарето од самарот.
 куцат.............1
Куцат магаре од уше.
 куцата............1
Господ ни куцата овца не ја остат.
 куша..............1
Не атириса од белича за да му даиме на куша.
 кушо..............1
Да е имал кушо касмет, неќе да е имал куса опашка.
 кучќи.............1
Да сте кучќи, триста бачии ќе браните.
 куче..............72
Бесно куче и на чорбаџијата се фрла.
В'ко куче не станува.
Во куче ако имат чвештина, та во него.
Ги рашчепил вилиците ко бесно куче.
Гладно куче кога се најаде не знае шчо прави.
Го сакат ко куче стап.
Гола коска ни куче не сакат.
Домашарско куче овци не чува.
Домашното куче овци не паси.
Дури не ти се посерит чужно куче во ќесето, не се прајш богат.
Живеет ко куче и маче.
Живејт ко куче под стрја.
Зеј жена од сој, а куче од копанче.
Зло куче ни коската је гризит, ни другему је дат.
Кај оди, оди куче, се намен го толче.
Ко беше вълкот куче.
Кое куче ме залајало, избесело.
Кое куче од далеко лае, не апе.
Коњ и куче вера немет,
Куту на куче ки помине (се вели за дете кога ќе се удри).
Куче ако е чвек, та тој.
Куче баница не јаде.
Куче влачи — дира нема.
Куче во врешче не влегвит.
Куче и Турчин не са за вера.
Куче кога вије некој ки умре.
Куче куга спие и жена куга плаче, не веруве.
Куче лае од осое.
Куче лајт, ветар носит.
Куче лајт, мече трајт.
Куче немат за шчо да фатит.
Куче од него да къснит ќе збеснит.
Куче од укор не одбира.
Куче што не лаи и не каса.
Куче шчо лајт, не късат.
Куче, маче, теле јагне, рипче, врапче и дете — сите се мили, дека се мали.
Късат ко бесно куче.
Лете да си куче, зиме да си мачка.
Лошото куче ни само је јајт коската, ни на друго је дат.
М'комото куче е апливо куче.
М'комото куче е апливо куче.
Мирен човек — м'комо куче.
Му помина болеста како на некое куче.
На арс'з куче лоша опашка му не требе.
На бесно куче беге му од пате.
На бесно куче д'га опашка му не требе.
На голо куче опашка му не требе.
На дете и куче непара веруј се.
На калпаво куче не му требе д'га опашка.
На лошо куче д'га опашка не му требе.
На чужџо куче не дај му коска, зашчо и твојето ќе те остајт.
Научи ле се куче на касапница, не се одучува.
Нашел се на зор като куче на мос.
Не види црно куче на бел снег.
Немат куче ке да къснит.
Немат ни куче, ни маче.
Ни во куче вера, ни во лаком мера.
Од бесно куче на пат и жена в кат, од гнил мос и прдлив гос.
Од сој и куче.
Поминало ко на куче рана.
Попарено куче и од дожд се плашит.
Рани куче да те лае.
Се милват како куче и маче.
Се оближвит ко гладно куче пред касапница.
Се протегвит ко куче пред касапница.
Секо куче дома си лаит.
Секое куче пред портата си лае.
Сос пари си като куче сос бги.
Старо куче ко да лајт, требит да видиш шчо е.
Старо куче стадо вардит.
Фурка без рачка е като куче без опашка.
Чуве се од човек шчо трае и куче шчо не лае.
 кучето............30
Бегајте нозе стигна ве кучето, посра ве газо.
В'ко се од кучето не плаши, туку од лао.
Вечерва кучето и мачето заедно ќе спиет.
Да не речат за кучето дека е бесно, и да не е ќе побеснее.
Дете мало ет како кучето и мачето.
И за кучето опитвет од каков сој е.
И кога си пријатељ со кучето, не пушчај го стапот.
И кучето се од сој тера.
Јас кучето го извам од бунар, а то ме късат.
Како шчо го раниш кучето, така ќе ти ја вардит куќата.
Кучето го милуви и стапжт си држи.
Кучето дека јаде лебо, там брани.
Кучето е блосоено, а мачката е кълната.
Кучето е верно на стопанот.
Кучето е клето на трлата.
Кучето кокале ни го лиже, ни на друг го дава.
Кучето лае, карване си оди.
Кучето си лаи, карвано си врви.
Кучето старее од одење.
Кучето стопана си не го познат.
Кучето шчо лае на две порти, без глава останува.
Кучето шчо лае, не апе.
Му обуле на кучето опинци, то си изело нозете.
На две враќе кучето од гладост умират.
На кучето љутината, на чвека добрината пара чинет.
На кучето слама, на магарето коски му дат.
Насмени го кучето, крени го стапот.
Научи ле се кучето кокал да глода, се ќе си тера да глода.
Си живеат како кучето и мачето.
Со кучето и кога си пријатељ, не пушчај го стапот.

Следниот дел

Горе