Обичаи и верувања од Охрид

Обичаи и верувања од Охри

1. Одење со леб. Кога некој оди на туѓина или си дојде оттамо, вечерта пред да тргне на пат или
откако ќе си дојде, роднините одат кај него со вечера за испраќање или за добре дошол. Тамо
вечераат заедно со него и со неговите домашни и разговараат. Тоа го викаат ходење с леб.

2. Тргнување на туѓина. Во денот, кога ќе тргне на пат, сите роднини се собираат кај него, јадат
заедно и по ручекот го испраќаат до некаде (околу еден чад далеку од градот) со карта вино и со
молитви за добар пат и добра печалба (касмет). Кога патникот излегува од куќната врата пред прагот
му ставаат една стомничка со вода и над неа едно пресно кравајче. Тој, откако ќе се приближи до
вратата, го зема најпрвин кравајчето и го става во пазувата за по пат, со десната нога ја клоцнува
стомната со вода кон дворот на куќата. Лебот (кравајчето) значел да има добра печалба за време на
престојот во туѓина, а истурањето на водата кон дворот - да си дојдел поскоро здрав у жив.

3. Правење нова куќа. Кога некој ќе направи нова куќа, роднините му одат со леб. Кога за прв пат
ќе влезат во новата куќа да живеат претходно го канат енорискиот свештеник да освети вода и да го
пороси новото живеалиште. По водосветенито, свештеникот запалува нов оган во ново огниште.

4. Запопување или брада пуштање. Кога некој ќе се запопи или просто од старост ќе пушти (остави)
брада, кај него роднините одат со леб, носејќи му и дарови: марама, риза (кошула) или нешто слично.

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org