Валбата на Крале Марко

Валбата на Крале Марко

Са валел Крале Марко:
-Да ми а дает земјата, а кревам.
Чул Господ и му излегол на патот што одеше Крале Марко со коњот, со сабјата, едно друго и една
торба имал пуштено до него. Ко дошол Крале Марко му рекол стариот:
А бре момче, поткрени ми а торбава да а кла на рамо.
Марко го опулил. Е извал сабјата да му е поткрени торбата. Арно ама ко опнал, му се видело многу
тешко. Слегол. Ватил со раци. Му потонале нозете в земи до колена. Тога го удрил Господ во
полојната и му рекол:
-Помалу да си јунак, појќе да си итар.

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org