Како прајле свадби

Како прајле свадби
Свадби, пример, порано како прајле? Прво ќе напрат полувенец. Со попој порано прајле полувенец. Така велеа порано, полувенец. На пр. ја зна еее Живко. Не го знајш. Од Осој имаше тој жена. И ко се сврши за ова, мајка ми беше стројник. А негојте ни мајка му ни татко му знаја. И сега от село дојдоа и по дуќаниве праја полувенец, со поп, ќе донесат јадење, ќе менат некој нишани било што дали злато, дали материјал било што. То полувенец се викат, сега велиме није збор, веридба. Ама то полувенец се викало порано. Со поп дури прајле. Се сеќава ја на дуќан кај нас за Жифкота, онај Жифко што му умре жена му. Снае работеше во стоковнана. Та сна му една дебела. На Стеве роднина и беше нешто. Една уба. И ќе напрат полувенец и после веќе ќе прат договори. И сега ќе се договарат за свадбава, сега свекороф ојт кај сфатоф и го прашуват: "Што бараш? За свадбата да донеса месо, ракија?" И некој кој сакат дозволувал, демек: "Донеси ми." А некој не си дозволувал, кој е поеснаф. И ко ќе е прат свадбата. На пример сабота на вечер ќе се соберат, прво ќе го заклучујт зетот. Пак сите околу него со музиката ќе го заклучуваат. Пак ајде по то, после ќе го дотеруваат, сабајлето коњот негов, пак овие со коњи исто така, коњите ќи накитат со веленца убај, со како оние плетенки ќим плетат на опашкине, сака да реча па ќодат по невеста, па девер, кум, како да ти кажа. И сега ко ќе идат со невестата и муштулџија носат. Е тој ко ќе се приближел до куќата, а тој претходно идет порано и го земат муштулокот демек. Е носиме сната. Е свекрвата дома чекат: сито, сукалка, волна, вина, блага- вода. Свекрвата е дочекујат невестата, е оцкриват, на пример, и дават да запредет од волната и опашујт скутина, и дават од манџите, едно лепче да каснет. Од помијарникот кај што се фрлени. Слушаш! И ко ќе е донесат вечерва невестава и сите обичаи и прат сега. Чесна али била. Се собираат сабајле да видат, деверицата, свекрвата, свекорот, сите тије и после топлат ракија. Ако је исправна, ќе го накитат ова многу убо, ракијата. И чашата ќодат кај мајка е, татко е, да им кажат. Ако не е пак нестата пак ќе однесат рушена чаша. Со рушена чаша ќе појдат. Е некој до тамо ојле, до тамо ојле значи, наопаку ќе е качат на магарено и ќе е вратат кај мајка е. Наопаку на магаре и наѕат. Бог да чуват. А понеделникот сабајле е носат невестата на вода. Невестата таму на сите им потурат да се мијат и ди даруват. После е враќаат дома и то е понеделникот, демек крај.
И сега се договаарат првичето кога да бидет. Не ко сега одма се враќаат. Првиче е откај дејкава да појдат кај ќерка им на гости. То обично си закажувале, обично по две недели или за празниците како се, и сега, тогај обично сучат питиња, да се засучеле рабоќето. И ќе појдат прво кај ними и после кој сакат од фамилијава ќе и викат: "Дојдете кај нас, дојдете и кај нас!"И така (Се од зетоф фамилијава.) Ќе и викаат: нејѕините, од девојкава фамилијава. На пример, сега како тебе ко те зедо, е па сега ќе дојдат од кај мајка ти фамилијата на гости, па да и викнеме и ние на гости, па да и викнат и други роднини од маш ти и така. Така завршувала свадбата.

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org