Како прајле крштефка

Како прајле крштефка
За крштефка, да ти кажа, си е канеле фамилијата и мајката не ојт на крштефка. И одат ф цркфа и до шес недели било крштевањето. Никако после шес недели. Исус Христос е роден на Божиќ, Рождение на Исус и тие не го крстиле, зато после е крстен. Крштевањето било на Јордан, на реката, тогај го крстиле на Водици. И сега ќе дојдат ф црква цела фамилија ќе даат ручек и цела фамилија ќе е држат и името немат ти како сакаш, како ќе си кажет кумот. Кумот! Како ќе си речет кумот така. Е-е дарувале цела фамилија. Кумот носел основни работи за бебето: платно бело, свеќи и во то платно тој не го бришет попон ко ќе го капет и му го дават на кумот во платното. И во платното морат да преспијат детево. Водено, водено. Без разлика. Во платното, голо. Во платното от кумот завиткано и со него морат да преспијет па после... Ручек обавезно дома. Дар на кумот и на другите, на сите. Сите што се присутни. Не само кумот. И кумот што ќе речет име, не ко сега.

Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org